Инцидент на блокадата кај Соборен, Мехмети ќе биде уапсен?
На денешната блокада на „Шарената револуција“ на крстосницата кај Соборен храм, се појави човек со мотор со кого демонстрантите имаа расправија и тврдат дека е провокатор.
Се појави и видео на кое се гледа дека еден од учесниците на протестот го удри човекот.
„Иако во видеото сè се гледа и сè е јасно, сакам да потенцирам дека: Кога му се приближив на ликот кој воопшто не го познавам , и побарав да престане да провоцира, тој почна да ме навредува“ - напиша на Фејсбук Замир A. Мехмети.
Мехмети вели дека го известиле дека МВР го бара да го уапси.
Граѓаните велат дека провокаторот се доближил до демонстрантите и почнал да ги навредува и пцуе.
Слично
