Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Златко Крамариќ: Некои состојби во македонската демократија би требало да се „дотераат“!

ИНТЕРВЈУ Златко Крамариќ: Некои состојби во македонската демократија би требало да се „дотераат“!
Македонија е подготвена за преговори,  но политичките елити ќе ја докажат зрелоста за дијалог со Брисел ако имаат демократски капацитети за решавање на актуелната криза. Во интервју за Фактор амбасадорот на Хрватска во Македонија д-р Златко Крамариќ вели – “Политичкото однесување во Македонија што не е во соглансост со демократските стандарди може да генерира цела низа од несакани последици, како на внатрешен , така и на надворешен план. Некои многу сериозни и непријатени состојби  не  е можно да ги решавате ако не сте член на ЕУ .  Во неa важат јасни и недвосмислени правила, што не зависат од моменталните политички односи во државата”. Според хрватскиот амбасадор во земјаваа  не може да се прави паралела  меѓу хрватско-словенечкиот и македонско- грчкиот спор. „Вашиот спор е многу покомплексен . Хрватско-Словенечкиот спор се решава на суд, со арбитража. Но  нашето искуство може да помогне  да се согледаат можни излезе и за вашаат ни малку конфорна ситуација. Професорот Крамариќ се согласува со тезата дека “ случајот – „Санадер” докажува дека нема недопирливи политичари и олигарси . разговараше Горазд Чомовски Фактор: Како ја оценувате  политичката состојба во Македонија откако премиерот Груевски го обвини лидерот на опозицијата Заев за обид за пуч.  Од друга  страна,  претседателот на СДСМ вели дека поседува инкриминирачки материјали  за шефот на Владата. Дали е ова почеток на нова, голема криза и кои би можеле да бидат реперкусиите врз земјата, каков расплет би очекувале? Крамариќ: И јас, како впрочем и сите други амбасадори од членките на ЕУ акредитирани во Република  Македонија, очекувам кризата да се решава на еден единствен начин: Мирно и достоинствено, со целосно почитување на демократската процедура, од пресункцијата на невиност до независни и непристрасни институции. Сакам да верувам дека секој учесник во политичките процеси мора да биде свесен за сопствeната одговорност за иднината на својата држава. Политичкото однесување што не е во согласност со демократските стандарди може да генерира цела низа од несакани последици, како на внатрешен , така и на надворешен план . Фактор: Колку политичките случувања ја одалечуваат земјата од Европската унија? Крамариќ: Зошто ваквите случаи да не бидат и своевдиен предизвик, да претставуваат исклучителна прилика  на сите да им се покаже како на македонското општество не му недостигаат  демократски капацитети и дека тоа е во состојба самостојно да ги решава најтешките кризни ситуации . Фактор: Дали во Македонија имаме демократско или авторитарно владеење? Крамариќ: Во Македонија од 90-тите години на минатиот век  па се до денес, сите промени, а се сменија неколку различни политички гарнитури, се случуваа со највисоките демократски стандарди. Сигурен сум  дека и сите релевантни политички актери во Македонија ќе се согласат со мојата констатација дека некои состојби  треба да се „дотераат“  во најскоро време. Фактор:  Што се’ Хрватска  требаше да направи за да ги исполни потребните критериуми за прием во ЕУ, колку време и беа потребни за да го усогласи домашното со европското законодавство и сметате ли дека Македонија е подготвена за старт на преговори со Брисел ? Крамариќ: На европската комплексност и барања можете да им парирате исклучиво ако сте подготвени така да ги организирате и сопствените животи , согласно со таквата комплексност: Морате да бидете свесни дека тие задачи  не претставуваат сами по себе цел,  туку се трајни и болни процеси. Тие не престануваат ни кога ќе станете полноправен член на ЕУ. Секојдневно се соочуваме  со цела низа на нови и досега непознати права. Некои од нив по сензибилни  од оние што важеа до вчера, а денес се веќе застарени. Постојано ќе мора да се прилагодувате, ќе морате да имате правилни одговори за цел сен од нови ситуации. Колку до вчера родовата рамноправност беше апстракција за  што, некои од нас, предаваа на факултетите. Денес таа тема е сурова стварност што е невозможно да се игнорира. Македонија одамна е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ ! Фактор: Хрватска стана членка на ЕУ и НАТО со отворениот граничен спор со Словенија? Колку тоа искуство на фазно решевање е применливо и во случајот на македонската апликација во евроатланските сојузи наспроти спорот и блокадите со Грција? Крамариќ:  Случаите се само навидум слични. Вие со вашиот јужен сосед не спорите околу територјално-гранични прашања. Вашиот спор е многу покомплексен .  Хрватско-Словенечкиот спор се решава на суд, со арбитража. Но нашето искуство може да помогне  да се согледаат можни излези и за вашата ни малку конфорна ситуација. Пред се дали е возможна каква-таква спогодба со која билатералните односи и нерешените прашања нема да ја попречуваат вашата активна партиципација,  ни на каков било начин, во сите други процеси што се во функција на вашите  државни цели.  Во прв ред мислам на што поскорешно влегување и полноправно членство во НАТО и ЕУ. Фактор: Кои се придобивките од членството и зошто паѓа евро расположението во Хрватска, па и Словенија. Дали поради тековните финансиско - економски проблеми и развојна стагнација? Колку на Хрватска и се заканува сериозна криза во способноста да се сервисираат големите задолжувања на државата? Крамариќ:  Мислам дека не препорачливо, ниту политички коректно , кога нечие членство во НАТО и ЕУ се вреднува исклучиво со финансиско-економски  индикатори.  Како што ви е познато уште од 2008 година, голем број членки на ЕУ се наоѓаат во многу тешка финансиска, економско социјална и политичка ситуација. Бидејќи не сме изолиран остров во морето од несреќи, сите тешки проблеми се рефлектираат и врз хрватската политичка и економска ситуација.  Евроскептицизмот е легитимен поглед  кон светот,  па така и во Хрватска  постои таква појава и припадници кои ја заговараат оваа опција. Меѓутоа, цврсто сум убеден дека и денес , со големо мнозинство,  нашите граѓани би го поддржале   нашиот опстанок во ЕУ.  Многу бенефити  од ова членство се повеќе од видиливи- од аспект на безбедноста, па се до активното учество  во решавањето за сопствените економски политички судбини. Повеќе не сме во предворјето каде чекаме или  наслушуваме што другите решаваат за нас. Мислам дека вие во Македонија сте свесни за важноста токму на овој момент, на изглед не битен детаљ -   „да се биде во собата“ во која се решава или нервозно да се чека во нејзиното предворје. Во овој момент, кризата што ја спомнувате е проблем на оваа и за сите идни хрватски влади. Но мора да знаете дека фактот што сме дел од ЕУ семејството е олеснувачка околност  за решавање на оваа криза. Тоа е затоа што постојат јасни правила, цврсти правни и финансиски механизми , што треба да ги применувате. Фактор: Политичките, бизнис и криминални елити од регионот имаат испумано над 12о милијарди долари во последнава декада? Дали Хрватска и нејзините институции добија поддршка од своите странски пријатели и партнери поддршка во справувањето со криминалот на дел од партиските водачи и разоткривањето на нивните нелегални бизнис спреги од позиција на власт? Крамариќ: Мислам дека во прашањето веќе го дадовте и одговорот. Некои многу сериозни и непријатни состојби  не  е можно да ги решавате ако не сте член на ЕУ .  Во неа важат јасни и недвосмислени правила, што не зависат од моментални политички односи во државата. Почитувањето на тие правила оневозможува каква било спрега помеѓу политиката и (валканиот) бизнис. Фактор: Како падна хрватскиот премиер Иво Санадер. Кој ги даде  информациите за неговите криминални дејствија за тој да заврши зад решетки,  дали во целиот случај  беа инволвирани и одредени странски  служби? Крамариќ: Од 2008 година живееам вон Хрватска (Косово, Македонија) , така што одредени политички и други процеси во мојата земја  ги следам од „пристојна дистанца“ .  Судовите допрва треба да разјаснат многу околности околу случајот  „Санадер“. Фактор: Дали фактот што поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е  зад решетки е порака дека сѐ има свој крај, па и недопирливоста на најмоќните политичари и олигарси? Крамариќ: Токму така! Фактор: Колку и како Брисел инсистираше на независноста и непристратсноста на судството и обвинителството, како клучен услов за прием на Хрватска во Унијата? Крамариќ: Можам да потврдам дека во нашите преговори со ЕУ, Брисел се однесуваше како строг и крајно ригорозен професор кој од своите студенти  ги бараат одговорите на сите прашања.  Нашето искуство од преговарањето е единствено, егзенплар: Хрватска  е првата држава која во ЕУ не е примена во пакет  со други земји. Многу решенија, за првпат,  се применети токму  кон нас  и немаше попуштања.  Немаше   никакви „ повисоки интереси“ , што би ни овозможиле  некои тешки и помалку пријатни одлуки да ги оставиме за некои „ подобри времиња“. Се моравме сами да направиме и тоа на најдобар начин. Фактор: Меѓународниот суд за правда ги отфрли  заемните тужби на Хрватска и Србија за геноцид. Такво нешто немало, стои во одлуката на судот, но имало етничко чистење што не е геноцид затоа што при етничкото чистење не се целело на физичко уништување на специфична група луѓе. Дали е тоа обид за политичка еквидистанца наместо примена на меѓународното право? Крамариќ: Ако само малку по внимателно се прочита одлуката на Меѓународниот суд за правда, тогаш може да се каже дека таа не е симетрична, дека не е во прашање политичка еквидистанца. И повеќе од експлицитно во одлуката е напишано  кој бил агресор, а кој, пак, жртва.  Се разбира со оваа одлука,  не може да бидат задоволни жртвите. Останува горчливиот вкус дека злосторствата се извршени, но како да не постоела намера. Сега се на потег домашните судови , пред се’ во Србија. Од нив се очекува  да ги осудат сите злочини  за кои постојат евидентни докази. Судот во Хаг ги наведе сите места, подрачја, на територијата на република Хрватска каде се извршени злосторствата во периодот помеѓу 1991-1995 година. Се очекува поединците-извршители на овие злосторства да бидат сакционирани, во согласност со позитивните закони.  Со одлуката на Меѓународниот суд за првада во Хаг  се создадени сите потребни правни и други претпоставки и конечно да се   иницира судење  и на поединиците од самиот врв на ЈНА. Тие свесно дејствувале спротивно на принципите на военото право, кршејќи ги сите конвенции за војна.
Слично

Поврзани вести