ИНТЕРВЈУ Зиков: Никаде не пишува дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се вечни
Иако е формирана пред само нешто повеќе од еден месец, Алијансата за позитивна Македонија не е аутсајдер во изборната трка, вели лидерот на партијата Љупчо Зиков. Во интервју за Фактор тој потенцира дека нивната програма нуди решенија за економски бум и отворање на 100.000 работни места во Македонија, а има и начин како Македонија да ја внесе во ЕУ и НАТО. Ние не трчаме спринт, туку маратон, вели Зиков и очекува неговата партија да влезе во Парламентот со пратеничка група, односно најмалку пет пратеници. По изборите најавува дека ќе коалицира со секој мандатар, доколку тој ги прифати одредбите од нивната програма. На своите гласачи им препорачува да го дадат гласот и во вториот круг од претседателските избори, но да гласаат по сопствено убедување.
Фактор: Во трката за парламентарни избори влегувате како релативно нова партија во македонскиот политички спектар. Во регистарот на на македонски политички партии сте официјално впишани пред нешто повеќеод еден месец. Дали е тоа предност или хендикеп?
Зиков: Не постојат нови и стари партии или големи мали и партии. Постојат партии и движења со големи и мали идеи. Погледнете ги само имињата на основачите на нашата партија, Минчо Јорданов, Владо Бучковски и јас - Љупчо Зиков. Исто така и имињата на другите носители на нашите листи или видните членови во и околу раководството на партијата. Зарем може да се зборува за нова или постара партија. Ние долго време во овие 23 години независна Македонија делуваме на и околу политичкиот простор и ги даваме нашите идеи. Ние сме посветени на развојот на земјата секој на својот начин низ професиите што ги работиме. Сега се собравме и како политичка партија за да насочиме една силна општествена акција усмерена кон решавање на многу конкретни и важни проблеми на земјата како што е: невработеноста и немањето домашни инвестиции, многу ниските приходи што ги остваруваат македонските граѓани, должничкото ропство и сето тоа заедно како најголема причина за драматичното исселување на македонските млади луѓе од земјата.
Фактор: Колку сте подготвени за ова изборно соочување во поглед на мрежата и партиската инфраструктура и какви резултати очекувате?
Зиков: Одлични сме на теренот. Силно работиме. Имаме над 34 општински канцеларии и многу луѓе во нив. Нашата идеја за развој на македонското општество и економија продира низ сите градови на земјата. По изборите нема да застанеме. Продолжуваме со силно темпо. Проценуваме дека за релативно брзо време штабовите и општинските канцеларии пак ќе ни требаат.
Фактор: Зошто не понудивте свој кандидат за претседателските избори, а не подржавте ниту еден од понудените?
Зиков: Повеќе пати изјавивме во јавноста дека вака поставениот изборен модел за избор на претседател на Македонија е само формалност. Не е во ред и не е логично да трошите време, енергија и пари да се борите во арената кога многу, многу однапред се знае кој добива. Се е тоа договорено. Заради начинот на кој функционира нашата “космодиск” демократија се знаеше кој е претседател. Затоа ние се фокусиравме на парламентарните избори, и направивме стратешки одличен потез.
Фактор: Дали Вашата позиција како партија во поглед на претседателските кандидати останува иста и во вториот круг? Ќе ги советувате Вашите гласачи да не даваат поддршка на ниту еден од двајцата кандидати?
Зиков: Нашата позиција не е таа што вие ја опишавте во прашањето. Напротив... ние на сите наши членови и симпатизери им порачавме, а и сега ја користам приликата истото да го направам, е да гласаат на претседателските избори, а својот глас да го дадат по своја совест, волја и наоѓање за кој кандидат сметаат дека треба. Ова е нашиот став.
Фактор: Коментари предизвикаа билбордите за кампањата на вашата партија. Зошто избравте на билбордот фронтално место да го има Минчо Јорданов, додека Владо Бучковски па и Вие како партиски лидер останавте да му „чувате грб“ во позадина?
Зиков: Распоредот на билбордите е израз на нашето воспитание, усул, чувство, мера и култура. Се друго поразлично од овој распоред е невоспитание. Навистина не знам што не е јасно на билбордот. Немам друг коментар на Вашето прашање.
СИЛНИ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА 100.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА
Фактор: Во целите на Алијансата за Позитивна Македонија се наведува: економски развоен бум со 100.000 работни места во реалниот приватен сектор на претпријатијата, интензивни рурални политики за аграрот како најголема фабрика на отворено. Дали ова се приоритетите во вашата изборна програма и со кои конкретни мерки ке ги остварите?
Зиков: Мерки за силна подршка на домашниот македонски бизнис. За храбрите претприемачи кои ќе отвораат нови работни места со нови инвестиции, како и за оние без кои ова општество едноставно не може да дише, а тоа се занаетчиите. ”Повеќе државност, а помалку држава во економијата и работата на македонските фирми” е главната наша мисла сега кога ги објавуваме мерките на нашата идна Влада или Владата во која Позитивна Македонија ќе учествува. Овие мерки се само дел од нашите аргументи за реализацијата на големиот проект 100.000 нови работни места, во сосема нови фирми, во период од 4 години. 30.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА во првите 365 дена на Владата на Позитивна Македонија, или Владата во која Позитивна Македонија ке учествува.
Законот за Претприемништво кој денеска го ветуваме содржи конкретни ДОГОВОРИ со преприемачите, инвеститорите и занаетчиите. Овој закон и мерките што следуваат ке придонесат Македонија во следните две години да отпочне со годишни стапки на раст од над 6% на бруто општествениот производ. Ова се некои од проектите:
- ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА НА МБПР. Владата на Позитивна Македонија, или Владата во која Позитивна Македонија ќе учествува објавува дека, во првите 6 месеци, ќе ја докапитализира и ќе го зголеми кредитниот потенцијал на Македонската Банка за Подршка на Развојот (МБПР) која и понатаму ќе остане државна банка. Ќе го зголемиме кредитниот потенцијал од сегашните 300 милиони евра на 900 милиони евра во првата година, на 1,5 милијарди евра во втората година, и на 3 милијарди евра кредитен потенцијал во третата година од мандатот. Со МБПР ќе управува менаџер со најсилни банкарски перформанси кој ќе биде избран на меѓународен конкурс објавен во светските дневни весници и часописи. Тој ќе склучи менаџерски договор со најголемиот акционер во банката (државата).
- Во првите 100 дена ќе формираме ФОНД во рамките на МБПР или посебно управуван ФОНД за нови проекти, бизниси и нови фирми, со гаранција и до 100 отсто од инвестицијата, најмногу до 300.000 евра (дел ќе бидат инвестициски средства, а дел обртни средства). Инвестициските средства ќе бидат со повластена каматна стапка, а кредитите ќе бидат среднорочни и долгорочни. Нема да има никаква потреба од ХИПОТЕКИ, а основа на хипотекарното обезбедување ке биде самиот проект. Овие кредити ке бидат наменети исклучиво за производство, за иновативни проеизводствени фирми извозно ориентирани, и нема да се однесуваат за трговија.
- (МАКЕДОНСКИ GENEX)... ДРЖАВНА КОМПАНИЈА ЗА ИЗВОЗ ... Владата на Позитивна Македонија или Владата во која Позитивна Македонија ќе учествува ќе ФОРМИРА НА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА ЗА ИЗВОЗ која структурално ќе биде составена од оддели за купување или посредување, и ПОНАТАМОШНО ПРОДАВАЊЕ И ИЗВОЗ на производи од стратешки дефинираните сектори и индустрии, како и аграрните стратешки сектори дефинирани во Стратегијата за развој на претприемаштвото и бизнисот. Производите треба да бидат произведени во Македонија, понатаму, домашни брендови, и нивен извоз и продавање на балканските, источно/европските, европските и светските пазари. Важно е што ДРЖАВНАТА ИЗВОЗНА КОМПАНИЈА во соработка со Владата ќе дава погодности, стимулации и ќе прави заеднички истражувања и настап за превземање на странски компании од страна на наши фирми, но единствено ако таквите превземања го зголемуваат пазарот за производите произведени од Македонија.
Фактор: Најавивте „младоменаџерска“ револуција во Македонија. Што значи тоа и како ќе се реализира?
Зиков: Излезот на Македонија и нејзините граѓани од оваа долгогодишна транзициска криза е во отворањето нови можности за граѓаните. Новите можности се новите фирми. Новите фабрики каде ќе се создаваат македонските нови менаџери. Затоа велиме дека на Македонија и е потребна “младоменаџерска револуција”.
АЛИЈАНСАТА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ТРЕТА, ТУКУ ПРВА ОПЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Фактор: Се декларирате како партија која целосно ќе ги комплетира НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија. Како ќе го постигнете тоа? Имате ли решение за спорот околу името?
Зиков: Да. Ние знаеме како. Затоа што ние имаме политичка волја Македонија да ја однесеме во НАТО и во ЕУ. Одговорно тврдам дека ниту една политичка елита во земјата во 23 години, ниту една Влада, освен можеби Владата која ја предводеше Бучковски, немаа политичка волја за овие прашања. Кога немате волја воопшто и не ги решавате проблемите. Сега ќе ме прашате зошто мислам дека немале политичка волја нашите влади до сега. Одговорот е .... за да биде темно низ годините на транзиција да можеше да се направи тоа што се направи ... една страшна приватизација, осиромашување на граѓаните кои останаа без работа, нивните деца ја напуштија татковината, а сите оние кои останаа во Македонија останаа практично без опиплива перспектива. Оваа Македонија која денес ја гледаме е земја во која 1 отсто се супер богати, а остатокот од 99% отсто се без некои реални перспективи на подолг рок. Со ваква пропорција не можете да имате ништо друго пред очи освен партократија. Партиска демократија во која се се решава во партијата, многу малку во Владата, а речиси ништо во Парламентот. Тогаш прашањето е што всушност зависи од граѓаните ...Ништо.
Затоа чмаеме пред портите на НАТО и ЕУ и веројатно уште долго ќе си “скапуваме” вака.
Фактор: Постоеле неколку обиди за формирање на трета политичка опција во Македонија, но сите без некој поголем успех. Има ли потенцијал Алијансата за Позитивна Македонија да стане трета политичка опција?
Зиков: Ние не тргнавме да формираме трета опција. Ние формираме прва опција за македонските граѓани. Подготвени сме да ја градиме секојдневно со сиот наш интелектуален потенцијал што го поседуваме, без разлика на резултатите од овие избори. Во ниту еден политички тестамент за Македонија нема дека вечни партии овде се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Таман работа … Затоа на македонските граѓани им порачуваме дека ние не трчаме спринт, туку маратон. И ќе победи нашата идеја ве уверувам. Многу брзо ќе се случи тоа … Македонија и нејзините граѓани дефинитивно чекорат во тој правец.
Фактор: Што после изборите? Доколку влезете во Парламентот дали ќе се стремите кон коалиции со условно поголемите политички блокови или ќе се обидете да задржите неутралност?
Зиков: Ќе влеземе во идниот парламент со пратеничка група. Понатаму се ќе зависи од тоа дали ќе биде прифатена нашата конкретна економска и политичка програма. Ќе коалицираме во Влада без разлика кој ќе биде мандатар за составување на владата. Без нас нема да можат да ја формираат, но претходно програмата што им ја ветивме на граѓаните ќе мора да биде прифатена.
Б.А.

Слично