Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Влатко Поповски, Агенција за вработување: 25% од работниците во фирмите се во сива зона!

Интервју Влатко Поповски, Агенција за вработување: 25% од работниците во фирмите се во сива зона!
Намалувањето на стапката на невработени на 28,8% е резултат на владините прокети за стимулирање на невработенсота а не на административните мерки за бришење од списоците.  Програмите за вработување даваат ефект, но за оние што не го почитуваат договорот ќе се соочат со обврската да ги вратат средствата на државта. Во фирмите, околу 25% од работниците работат на црно. Ова се дел од одговорите на директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски дадени во интервју за “Фактор“.  Работа на црно: 25% од работниците во фирмите се во сива зона! ФАКТОР: Агенцијата за вработувања веќе еднаш ја споведе постапката за регистрација на активни и пасивни баратели на работа. Податоците покажаа дека бројот на пасивни баратели на работа е поголем од бројот на активни баратели на работа. Што покажуваат најновите податоци, каков е тој сооднос?  Поповски: Согласно измените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Агенцијата во првите пет месеци од 2013 година спроведе постапка на пререгистарција на невработените лица. Со пререгистрацијата невработените лица се изјаснија и потпишаа изјава дали сакаат да се воведат во регистарот на невработени лица (активни баратели на работа) или во регистарот на други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа). По завршување на пререгистрацијата, со состојба на 31.05.2013 година, беа евидентирани следните состојби:  98 726 невработени лица и 125 431  други лица кои бараат работа. Со состојба на 31.10.2013 година, во Агенцијата за вработување, евидентирани се  92 799  невработени лица и 130 094  други  лица кои бараат работа. Односно од вкупно регистрираните лица во Агенцијата за вработување (222 893), 41,6% се изјасниле дека сакаат да бидат воведени во евиденцијата на невработени лица, а 58,4% се изјасниле дека сакаат да бидат воведени во евиденцијата на други лица кои бараат работа.  ФАКТОР: Како се објаснува таа бројка на пасивни баратели на работа? Зошто невработените не сакаат да се на списокот активни баратели ?  Поповски: Според сознанијата на Агенцијата за вработување, како и од добиените согледувања од истражувањата за детектирање на причините поради кои лицата се изјасниле како „други лица кои бараат работа“, можеме да заклучиме дека голем дел од овие лица се изјасниле како пасивни баратели на работа заради тоа што неможат да се пријавуваат секој месец во евиденција, заради болест или неспособност за работа, грижа која ја имаат кон трети лица во семејството; дел од овие лица работат во домаќинството, односно во своето селско стопанство како земјоделци, но сеуште не се регистрирани во системот како индивидуални земјоделци; некои од овие лица се пријавиле во регистарот на пасивни баратели на работа заради својата возраст или заради своето несоодветно образование и квалификации, кои реално ја намалуваат нивната можност за побрзо вклучување на пазарот на трудот како активни баратели на работа. Се разбира дека постојат и лица кои поради нивна неинформираност се одлучиле и го избрале за нив погрешниот регистар, односно регистарот на други лица кои бараат работа, но и лица кои после долгогодишно отсуство од пазарот на трудот, како и несоодветното образование и недоволните вештини, изгубиле надеж за вработување и го одбрале регистерот на пасивни баратели на работа.   Со цел да се потврдат и проверат податоците за секое лице од двата регистри дали се точни или не, во тек е проверка на податоците внесени во регистарот на евидентирани невработени лица и регистарот на други лица кои бараат работа и истата треба да заврши заклучно со 30.11.2013 година.  Исто така при оваа проверка на податоците им се дава можност на невработените лица повторно да се произнесат (со потпишување на изјава) дали сакаат да се пријавуваат во регистарот на невработени лица (активен барател на работа) или во регистарот на други лица кои бараат работа (пасивен барател на работа). ФАКТОР: По сите анкети и анализи што го спроведовте, дали има податок колку луѓе се вклучени, работат и заработуваат од сивата економија?  Поповски: Таква евиденција се уште не може да  се воспостави, но според последните мерења што ги направија Организацијата на работодавачи и Конфедерацијата на работодавачи, околу 25% од луѓето кои работат во фирмите се вработени на црно. Најголем дел од нив се пријавуваат во Агенцијата како невработени лица или како други лица кои што бараат работа. ФАКТОР: Што се случува со оние невработени кои се изјасниле како пасивни баратели. Дали го губат правото на евентуалниот паричен надоместок што им следува ?    Поповски: Невработените лица кои се корисници на паричен надоместок, согласно законските прописи спаѓаат во регистарот на невработени лица, односно активни баратели на работа и ги имаат законски утврдените права кои им следуваат како право по основ на невработеност. Земале државни кредити а не го почитувале договорот ФАКТОР: Заклучно со септември, во Агенцијата за вработување се регистрирани вкупно 221 575 невработени, без разлика дали се активни или пасивни баратели на работа. Во споредба со лани, истиот месец има намалување. Како резултат на што? Бришење од списоци поради ненавремено законско пријавување, вработувања во приватен или вработувања во државен сектор?  Поповски: Измените во законската регулатива имаа за цел точно утврдување на вистинските баратели на работа, утврдување на структурата на барателите на работа, креирање на соодветни активни политики и мерки за вработување прилагодени според потребите на барателите на работа и можностите на пазарот на трудот, целисходно користење на човечките и финасиските ресурси за работа со лицата кои навистина бараат работа. Со  одредбите  од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, точно е утвредено кое лице е невработено лице, а кое лице е друго лице кое бара работа, како и правата и обврските на лицата регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ. Но и пред да настанат овие измени во законската регулатива во периодот 2007-2012 година, евидентираната невработеност континуирано се намалуваше. За да се добие пореална слика за невработеноста во земјата не е доволно да се земат во предвид само податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија, туку треба да се имаат во предвид и податоците на Државниот завод за статистика, кои се и официјално споредливи податоци. На намалувањето на невработеноста големо влијание имаат политиката и стратегијата за вработување утврдени во повеќе стратешки документи, согласно предвидената  Програмата за работа на Владата. Намалувањето  на стапката на невработеност под 30% (28,8% во второто тромесечие од 2013 година) укажува на позитивните ефекти од реализацијата на политиките за вработување,   насочени кон отворање на нови работни места, како и ефектите кои ги даваат ново креираните  работни места од мултинационалните  компании кои отпочнаа  нови инвестиции или пренесоа дел  од нивните деловни активности во технолошко - индустриските развојни зони во Македонија. ФАКТОР: Агенцијата за вработување спроведува програма преку која треба да се обезбеди вработување на невработени преку различни модели. Какви се ефектите од овие програми? Колку нови бизниси се отворија и колку нови работни места се создадоа?  Поповски:Програмите и мерките за вработување што се имплементираат согласно годишните оператвивни планови за активни програми и мерки за вработување , генерално се поделени во две групи: Програми и мерки кои водат до вработување,имаат за цел намалување на невработеноста преку започнување на сопствени бизниси и отворање на нови работни места како и стимулирање на побарувачката на работна сила на пазарот на трудот и Програмите и мерките за вработување што се имплементираат согласно годишните оператвивни планови за активни програми и мерки за вработување , генерално се поделени во две групи: Програми и мерки кои водат до вработување,имаат за цел намалување на невработеноста преку започнување на сопствени бизниси и отворање на нови работни места како и стимулирање на побарувачката на работна сила на пазарот на трудот и Програмите за подготовка за вработување со цел стекнување и дополнување на знаењата и вештините на невработените лица заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот. Исто така од 2008 година се имплементира и проектот на Владата на Република Македонија  “Проект за самовработување со кредитирање“.  Цел на овој проект е на заинтересираните невработени лица кои сакаат да го легализираат својот неформален бизнис или да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места со цел самовработување. Овој проект се реализира во континуитет во периодот 2008-2013 година.  Од 2012 година, Агенцијата за вработување спроведува уште едне проект  на Владата на Република Македонија, “Проект кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отварање на нови работни места.  Со Проектот за Самовработување со кредитирање во периодот 2008-2013 година регистрирани се вкупно 2445 правни субјекти и 1335 регистрирани индивидуални земјоделци и вршители на земјоделска дејност, а  вработени се вкупно 2935 лица и 1335 индивидуални земјоделци. ФАКТОР: Во јавноста беа обелоденети примери за успешни бизнис-приказни. Што се случува со оние што добиле државна финансиска поддршка за сопствен бизнис, но не успеале да опстојат?  Поповски: Навистина, со програмите за самовработување, било да се работи за неповратни средства или за кредитирање, се остварија доста успешни бизнис приказни, што особено не радува. Секако, околностите на пазарот се променливи, па се случува некои бизнис идеи да немаат можност успешно да се реализират. Според Договорот за неповратни средства за Програма Самовработување и корисникот, доколку по истекот на првите два месеца од регистрација на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции преку УЈП, добива писмо за опомена за неактивност на фирмата од Агенцијата. Доколку по истекот на три месеци од денот на доставување на опомената корисникот на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во УЈП, Агенцијата ќе започне постапка за враќање на средствата одобрени со овој Договор.  Доколку корисникот и основач на фирмата престане со вршење на дејност пред истекот на 1 година односно 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето – основач на фирмата има обврска да врати во период од 12 месеци: 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема или материјали,  односно доколку престане со вршење на дејност пред истекот на роковите 60% од финансиските искористени средства. Доколку корисникот престане со вршење на дејност пред истекот на 1 година односно 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот на негово место треба веднаш да се вработи друго лице, кое мора да  е од списокот на невработени лица  Во Проектот за самовработување со кредитирање, кредитокорисниците потпишуваат Договор за кредит и согласно договорот пред да биде исплатен кредитот должен е да регистрира фирмаодносно да ја регистрира дејноста и да ги реализира вработувањата за кои му се одобрени средства од страна на Управниот Одбор на Проектот. Корисникот на кредит е должен отплатата на кредитот да ја врши во точно утврдени рокови со договорот за кредит со деловната банка и амортизациониот план. Во случај на ненавремено враќање на доспеаните обврски по кредитот, деловната банка ја активира гаранцијата која е понудена од страна на корисникот на кредитот. Кои професии се најбарани на пазарот на труд ФАКТОР: Имате ли анализа за тоа кои професии во моментов се најбарани и најатрактивни на пазарот на труд?  Поповски: Кога станува збор за профили кои се барани на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба за работници за следните занимање и соодветен степен на потребно знаење: програмер, информатичар,  градежен инженер, архитект, машински инженер, инженер-технолог, фармацевтски технолог, електроинженер, инженер за електроника, инженер – технолог за прехранбени производи,  економисти и правници се исто така побарувани профили со високо образование  од страна на работодавачите.  Кога станува збор за профили со средно образование како побарувани се јавуваат градежен техничар,  машински техничар,  електротехничар, компјутерски техничар, оператор на телекомуникациска опрема, комерцијалист, администратор, техничар–технолог, шпедитерски техничар, медицинска сестра (со положен државен испит), текстилен техничар, техничар во прехранбена индустрија, фармацевтски техничар, графички техничар, истo така како побарувани занимања на пазарот на трудот се и  занимањата како што градежен работник, кранист, градежен работник за одржување на згради, монтер на градежни елементи, армирач, автомеханичар,  заварувач, ѕидар, текстилни работници (шивачи, кројачи), чевлар, келнер, готвач, пекар,  бравар, столар,  возачи на товарни возила  и др.  Занаетите како лимар, ѕидар, кројач, слаткар, заварувач, аргон заварувач, армирач се секогаш барани  струки на пазарот на трудот. Притоа посебно треба да се напомене  дека работодавачите ја нагласуваат потребата од вработување работници  со работно искуство, како и стекнати дополнителни знаења и вештини (сертификати за стекнати знаења). Во врска со барањата за посебни знаења и вештини  кои треба да ги поседуваат потенцијалните кандидати за вработување, особено при вработување на лица со повисок степен на образование (високо, средно),  работодавачите најмногу ја нагласуваат потребата од познавањето на странски јазици познавање на основни компјутерски апликации како и стекнати  напредни знаења и вештини од областа на информациската технологија. Притоа работодавачите ја нагласуваат потребата од задолжително поседување на сертификати за стекнатите знаења. ФАКТОР:  Работодавачите велат дека структурата на невработени не може да одговори на техничко-технолошкиот развој на компаниите? Каде да се бараат решенијата за намалување на невработеноста?  Поповски: Активностите на Агенцијата за вработување, како значаен учесник на пазарот на трудот, се насочени кон поуспешно поврзување на понудата и побарувачката на работната сила, како и активности за зголемување на капацитетите за вработување на невработените лица, со цел нивна успешна интеграција на променливиот пазар на труд. Агенцијата за вработување реализира бројни активни мерки за вработување во кои значајно место заземаат мерките за здобивање на вештини и квалификации кои се барани на пазарот на труд.  На тој начин директно се допринесува за зголемување на конкурентноста и флексибилнота на работна сила и се зголемува нивната можност за побрзо вработување.  Воедно, потребно е континуирано да се работи на усогласување на образовниот систем и образовните курикулуми според барањата на пазарот на трудот. Исто така, значајно е да се стави поголем акцент за информирање на јавноста, пред се на децата од завршните години на школување и нивните родители, во врска со занимањата и професиите кои се перспективни и побарувани на пазарот на трудот. А.Д.
Слично

Поврзани вести