Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Владо Поповски: На Македонија ѝ треба претседател кој ќе делува надпартиски!

ИНТЕРВЈУ Владо Поповски: На Македонија ѝ треба претседател кој ќе делува надпартиски!
Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ останат на својот не попустлив став за сопствен кандидат, кој би бил неприфатлив за еден од партнерите, тогаш се доведува во прашање и самата  коалиција, смета професорот Владо Поповски. Тој во интервју за Фактор вели дека идејата за консензуален Председател на ДУИ е добра но доаѓа во неподготвен политички амбиент. Владо Поповски е универзитетски професор, еден од ко-авторите на македонскиот Устав, човек кој долго време  беше во политиката, како министер во неколоку влади и на СДСМ. Тој се смета за одличен познавач на историјата на државата и на правото. Поповски кој сега е кадар на ВМРО –ДПМНЕ во јавноста се споменуваше како еден од  можните адути на владејачката партија која би застанал зад неговата номинација за иден преетседател на Македонија. Охридскиот договор е во битието на одржливоста на Македонија како државна заедница која го обезбедува и македонскиот национален идентитет. На државата и треба надпартиски Претседател за кого приоритет треба да бидат - демократскиот развој, меѓунационалните односи, човековите и медиумските слободи,  јакнењето на меѓународната позиција на државата. Договорот за добрососедство со Бугарија Македонија треба да го прифати-оценува проф. Поповски, како дел од експертскиот тим  за негова подготовка. Поповски   ги смета како шпекуалција   пишувањата  на одредени медиуми дека токму тој   би можел да биде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за иден Претседател на Македонија. Фактор: Некои од медумите објавија дека владејачката партија токму на вас типува како можен претседателски кандидат прифатлив и за Албанците со оглед на Вашиот политички беграунд во јакнењето на меѓуерничките релации во државата?  В. Поповски: Тоа е шпекулација.  Јас бев отсутен 15-тина од државата.  Тогаш ми се јавија  и повикувајќи се наводно од  кругови во ВМРО –ДПМНЕ дека јас сум бил кандидат. Сето тоа тргна  од весникот Слободен печат. Лесно е новинарот да каже според наши извори или според извори од ВМРО-ДПМНЕ. Лично мислам дека е една  шпекулација за да се покрене една тема. Лично ценам дека тие предлози и околу моето име  се  разговарало во кругови надвор од ВМРО ДПМНЕ. Всушност и досега немам никакви идикации дека во ВМРО ДПМНЕ се разговарало за мене и затоа сметам дека е шпекулација за да ве прозиваат и да почнат да ве анкетираат. Фактор: Како го оценувате инсистирањето на ДУИ за „консензуален претседател “ и условувањето од нивнта страна дека доколку не се прифати  нивното барање тогаш се поизвесно ќе биде дека покрај изборите за шеф на државата ќе бидат распишани и  предвремени парламентарни избори? В. Поповски: Мислам дека од страна на ДУИ има добра намера. Меѓутоа, сметам дека тоа може тешко да оди бидејќи досега немало  таква практика ниту некоја поширока подлога за заедничко предизборно настапување било да е за одредување на кандидат за Претседател или предизборна коалиција за парламентарни избори. Што значи дека општата политичка клима во Македонија  не е навикната на современи форми на етничка кохабитација. Затоа секоја политичка партија, вклучително и ВМРО –ДПМНЕ, инсиситира на свој партиски кандидат  во процедура која што  ја нарекува конвенција,  како еден масовен собир за номинација и мобилизација на членство за престојните избори. Доколку ја прекине таа досегашна пракса и го прифати предлогот ќе се создаде партиска конфузија, зашто ќе се појави еден непотребен  ризик,  едно непотребно трошење на енергија. Во нашиот политички дискурс видно е дека не се употребуваат само логични и коректни  пристапи. Затоа и идејата за консензуален Председател е добра но во неподготвен политички амбиент. Тоа во  иднина  може да се случи доколку се воспостваи пракса заедничко предизборно  коалицирање со заеднички програми и слично. Меѓутоа сега за сега   навистина тоа е нереално. Има и други дилеми? На пример што значи  тоа „консензуален кандидат?  Консензуален кандидат во секој случај  и во крајна линија би значело  прво  или случајно двете страни претхоно да имаат ист предлог, да се води изборна промоција за единствена платформа . Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ останат на својот не попустлив став за сопствен кандидат, кој би бил неприфатлив за еден од партнерите, тогаш се доведува во прашање и самата  коалиција. Затоа и тензиите, што имаат карактер на ултиматуми дека штом  ВМРО ДПМНЕ го избере само својот канддиат, без согалсност од владиниот партнер, тогаш  за ДУИ се отвараат сите комбинации вклучувајќи и нови  избории тогаш дефинитивно владината коалиција би била ставена на коцка. Во таков случај,  ВМРО ДПМНЕ ќеги заостри односите со интегративците,  во обид да ја  зајакне партиската позиција кај сопствениот електорат. Во сегашниот миг минимум платформа би била создадена ако владините партнери, во предизборите, би можеле да разговараат за некои заеднички програмски вредности во остварувањето на функцијата Претседател на државата. Меѓу другото  дали и како идниот шеф на држаавта да биде Претседател на сите граѓани, кој нема да фаворизира одредена партија и кој би можел да обезбеди  согласност и од власт и од опозицијата за одредени надворешнио-политички приоритети.  Би било добро кога идниот Претседател со своите изјави и постапки би ја уверил јавноста дека не завзема страна, не е партиски експонент. На Македонија и е потребен Претседател  кој ќе дејствува како надпартиска личност. Во неговиот политички и морален дискурс треба да се најдат темите за демократскиотр развој, меѓуетничките односи, слободаѕа на медиумите,  дијалогот меѓу власта и опозицијата, непристраноста на судовите и јакнење на меѓународната позиција на државата. Фактор: Дали инситирањето на ДУИ за „консензуален претседател “водат кон  фактичка федерализацијана државата? В. Поповски: Мислам дека причината е во еден менталитет, во инерција,  во страв особено кај Македонците - а дојде некој предлог од албанската партија тогаш веднаш тоа се толку како опасност од федерализација. Иста реакција имавме и кога се бараше користење на албанскиот јазик или на јазикот коишто го говорат 20 отсто на различно нивоа. Мислам дека во предлогот на ДУИ има една, така да се каже добро намера. Албанците, освен во случајот со претседателот Трајковски, за претходните шефови на државата мислат дека не им придавале значење на нивните етнички права и политички слободи или  заземале теснопартиски интереси и дека тие, Албанците биле маргинализирани. Не можете да ги мајоризирате правата и интересите на немнозинските етнички заедници. Критиките за нецелосно реализирање на Охридскиот договор, што е приговор од албанската страна за некои поранешни претседатели,  е предупредување и за сите идни кандидати. Тие приговори, многу сериозно,  треба да се сфатат пред се кај Македонците. Зашто  мислам дека на Македонците се повеќе  ќе им треба реално доостварување на Охридскиот договор поради одржливоста на државата чие име е Македонија и со кое  се утврдува  националниот идентитетот  на мнозинското население во државава. Фактор: На два месеца пред избори главните ривали не предлагаат претседатески кандидат. Мислите ли дека се бара личност што би бил „политички жртвеник“ кој би ставил потпис на нова спогодба со Атина и би ја промовирал новата референца или име на држаавта? В. Поповски:  Веднаш да одговорам дека  не се бара кандидат-жртва зашто нема понуда за реално решавање на спорот.  Нема ниту личност која би прифатила предлог за бришење на се што означува  вистински и реален национален идентитет на Македонците. И меѓународната заедница не може да не присили, а ми се чини дека тоа и не го прави. Затоа и не гледам поврзаност со одолговлекувањето на председателските номинации и некакво тактизирање околу можното решение на македонско- грчкиот спор. Спорот со името не може да се реши ако имате обиди за поништување  на националните интереси и идентитет што историски е граден, од народот кој преку името Македонија,  се идентификува со своја држава.  Постојат многу историски податоци, особено од 19 век, што јасно укажуваат за свеста за постоење на македоснки национален идентитет.  Најплитка и најнајивна е тезата дека Македонија е измислена од Тито, Коминтерната и Ѓорги Димитров. Таа гази по идентитетот на Македонецот, на многу чувства на живите, а ги поништува вековните и генерациски идеали на претходниците,  со нивните жртви да се стигне до самостојна и слободна македонска државаа, со која ќе управуваат нејзините граѓани . Фактор :  Сите пораки се со заеднички именител -неопходен е компромис за името за да се одблокира  евроинтегративниот пат на Македонија Што за Вас ви било прифатливо како решение за името? Поповски: Мислам дека граѓаните се повеќе прифаќаат да се бара компромис, но за промена на референцата, за можно име во меѓународната комуникација со Македонија. Со резолуцијата на ОН, е утврдена правнатаа рамка на преговорите околу спорот со името. Ни во еден случај не се работи за преименување на јазикот  или некој да ни го одземе правото на самоименување. Не постои Влада во светот, ниту меѓународен сертификат, норма од правниот поредок што  некому му дава за право да признае идентификација  или именување на сопствениот јазик, култура или да го промени името на луѓето што со него се самоидентификуваат. Фактор: Како ја оценувате иницијативата и притисокот од  Бугарија за потпишување на Декларација за добрососедство со која меѓу другото се предлага заедничко прославуавње на историски настани и личности? В.Поповски: Мислам дека треба да ја потпишеме Декларација за добрососедство.   Јас колку што знам , прво е потпишан еден Договор од страна на владата на Љубчо Георгиевски, меѓутоа сега е обновена од бугарска страна интензивно сметајќи дека постои антибугарско расположение што  мислам дека веќе не држи вода. Можеби во некое претходно време во бивша Југославија се одржуваше тој курс со притисокот  од Север. Меѓутоа  сега веќе меѓу народот нема антибугарско  расположение. Прелиминарно е договорено  да се создадат експертски групи  што ќе разговараат во областа историјата,  јазикот културата . Верификацијата и одбележувањето на историски личности и настани што имаат идентично место и улога на овие македонски историски простори. Ние можеме да се фокусираме на  борбата за држава на пример во 19 век, па се до Втора Светска војна да се утврди заедно кои се приговорите или кои се спорните  извори и историски факти кај едните и другите. Така ќе биде можна објективизација на поимите и термините во случај кога  некој веќе доживува фрустрација. Од македонска страна, особено во онаа група  во која јас учествувам,  е даден е предлог за разговор, но треба да се добие одговор од бугарска страна но се уште нема никаков одговор од официјална Софија. Јас се надевам дека ќе се сретнат мешовитете групи од двете земји и дека ќе се разберат освен ако нема претенциозни , априорини ставови коишто би биле секогаш политички, но јас очекувам дека ќе успееме да најдеме заеднички јазик. Мислам дека она што е најважно е процесот да не се политизира. Дијалогот може да се води смирено во оној правец како што е замислено да се формираат заеднички тимови, и доколку се направи тоа  мислам дека ќе се надмине проблемот со Бугарија. Г. Ч
Слично

Поврзани вести