Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ  ВЛАДИКА  КЛИМЕНТ: Нема да попуштиме за името и автокефалниот статус на МПЦ-ОА!

ИНТЕРВЈУ  ВЛАДИКА  КЛИМЕНТ: Нема да попуштиме за името и автокефалниот статус на МПЦ-ОА!
Синодот на МПЦ не договара трампа ниту за името, ниту за судбината на Вранишковски. Но неможе да биде негов заложник во рестарт на деликатните разговори околу судбината на црковните прашања и позицијата на МПЦ-ОА во храмот на православието. Во интервју за Фактор Владиката Климент категоричен: “Никој од архирејите во Синодот нема да дозволи  да се потпише договор со СПЦ без конкретна,  јасна и недвосмислена употреба на севкупното, полно, уставно и црковно име на МПЦ-ОА. Mитрополитот Иларион во Македонија допатува по налог на Рускиот Патријарх Кирил кој претходно потпиша меморандум со Српскиот Патријах Иринеј. Конструктивноста од неговата посета ја гледам во придвижувањето и расплеткувањето на напластените јазли.“ Отец Климент предупредува на растечки антагонизам меѓу религиите кои се испреплетуваат и низ овие балкански просотори – “Коренот на парискиот инцидент лежи во општествено-политичкиот и социјално-економскиот фактор кој во епохата на неолибералниот капитализам генерира сериозни проблеми”. Унијатството е депласирана идеја, како одговор - признавањето на афтокефалноста на МПЦ да се бара во засолниште под Ватикан, одговори отец Климент, со чиј посебен ангажман се ситражуваат сите мистики на пештерите кај манастирот Зрзе. разговараше Горазд Чомовски Фактор: Владиката Вранишковски наскоро би требало да биде на слобода.  И  МПЦ даде поддршка на овој чин. Дали е тоа знак  и за внатрешно помирување во македонската црква, откако довчерашниот расколник, како беше нарекуван Јован,  станува кота за старт на меѓуправославниот дијалог на МПЦ-СПЦ,  со модераторство на Руската патријаршија? Владика Климент:  Констатиравме дека случајот Вранишковски создава ефект на изолираност и меѓуцрковна блокада. Недозволиво и неодговорно е да се овозможи на еден човек во свои раце да го држи во заложништво црковниот дијалогот. Рестартот на дијалогот е придобивка и можност да се изразат македонските црковни позиции и истите аргументирано да се бранат. Овој пат е создадена можност тоа да се прави пред црковен  медијатор.  За двете инволвирани црковни страни вредно е да се исползува оваа прилика на соочување и аргументирање во присуство на трета, посредничка страна. КРАЈНА ЦЕЛ Е ПРИФАЌАЊЕ НА ФАКТОТ ДЕКА МПЦ-ОА Е РЕАЛНОСТ Фактор: Синодот на МПЦ-ОА се согласи со ваква правно-верска трампа во име на повисоки цели. Кој се тие, каква разврска би се очекувало околу статусот на МПЦ-ОА – автономија до афтокефалност? Владика Климент: САС на МПЦ не се согласил на никаква трампа. Синодот упати апел за милост. Милоста е духовна категорија. Секој човек има право да се надева на милост. Бог вели: „Милост сакам а не жртва.“ Повисоката и крајна цел ја гледаме во конечно прифаќање и признавањето на македонската црковна реалност и нејзино потврдување од соборното православие, а тоа е легитимната автокефалност. Фактор: И досега имаше верски емисари од Москва, многу домашни и српски политичари ветуваа лобирање кај српскиот и цариградскиот поглавар но одделни аналитичари се сомневаат дека признавањето на автокефалијата на МПЦ се оспорува и поради придавката Македонска. Има ли „пакет Иларион“, кој допатува, како што рече, во БЈРМ?  Што вети влијателниот владика на Рускиот синод? Владика Климент: Не постои никаков пакет на кој што вие алудирате и митрополит Иларион (Алфеев) никогаш не ја нарекол Република Македонија со кратенката БЈРМ. Претседателот на одделот за надворешни работи на Московската Патријаршија митрополитот Иларион во Македонија допатува по налог на Рускиот Патријарх Кирил кој претходно потпиша меморандум со Српскиот Патријах Иринеј. Конструктивноста од неговата посета ја гледам во придвижувањето и расплеткувањето на напластените јазли. Процесот на отварањето на македонското црковно прашање е многу осетлив и сложен и мора прецизно да се интервенира. Станува збор жива материја. Црковна Москва е еден од поважните центри во православната икумена. Нејзината заинтересираност и конкретна ангажираност во решавањето на отвореното македонско црковно прашање влева надеж за прием на МПЦ-ОА во семејството на помесните православни цркви. НЕМА КОМПРОМИС СО ИМЕТО НА  МПЦ-ОА Фактор: Дали се почестото именување на Црквата со Охридската Архиепископија е дел од играта за обезличување на народот и државата? Дали бришењето на МАКЕДОНСКОТО  од црквата и државата нема само да ја потврди тезата дека и МПЦ и Република Македонија се вештачки создадени творби на комунистите? Владика Климент: МПЦ-ОА е официјалното, уставно и црковно име на нашата црква. Тоа е интегрално, неделиво и неодвоиво. МПЦ-ОА е реалност и носител на црковниот живот во Република Македонија. Никој од архиерејите во Синодот нема да дозволи  да се потпише договор со СПЦ без конкретна,  јасна и недвосмислена употреба на севкупното, полно, уставно и црковно име на МПЦ-ОА. Накратко кажано околу името на црквата МПЦ-ОА нема да постои никакво остапување. otec kliment3 Фактор: Во црковните кругови, но и во регионалните дипломатски игри, постои скриена симбиоза  за промена на името на МПЦ-ОА и уставното име на државата. Се склопуваат и временски термини – 2о16 како клучна година за компромиси околу црковното и државното име? Владика Климент: Веќе ви одговорив, нема да има компромис и промена на името на МПЦ-ОА. АВТОКЕФАЛНОСТ НА МПЦ-ОА Е РЕАЛНОСТ   Фактор: Дали Синодот има намера референдумски да го праша својот православен народ дали ќе избира меѓу автономија или автокефалност на МПЦ-OA во православниот свет? Владика Климент: Крајната цел на САС на МПЦ-ОА не е автономија туку  автокефалност и тоа таква автокефалност која ќе биде прифатена од севкупното православие. Верниот народ Божји преку својот личен и соборен опит вековно и трпеливо граден на ова поднебје, ја легитимирал за своја матична црква МПЦ-ОА а не некоја друга црква. Тоа е така затоа што токму во неа тој духовно се раѓа и преку светите тајни се крштева, венчава и погребува со надеж на воскресение и живот во идниот век. Тоа е взаемно изграден, доверлив и родителски однос. Токму затоа во овој духовно семеен амбиент на зрела доверлива релација на црквата со народот, за референдумот (кој се покажа како успешна демократска алатка за придвижување на општествено-политички цели), не сме размислувале истиот да се примени и во црковен контекст. Особено кога кај нас не постои дилема за избор меѓу автономен или автокефален статус на црквата. Фактор: Колку и како е остварлива идејата за унијатство, приклонување на МПЦ-OA кон Ватикан? Пред осум години секој петти верник на МПЦ ја подржуваше ова идеа.Не спорно дека со самото формирање на национални балкански држави полекасе губи "екуменскиот карактер" на православието поради државните антагонизми на православните балкански народи? Владика Климент: Идејата за унијатство во Македонија е депласирана. Универзалната димензија на темелните вредности во православното христијанство наспроти сите политички антагонизми на балканскиот простор е присутна и има  реален потенцијал да интегрира. otec kliment Фактор: Отец Климент, во едно интервју ќе констатирате дека „Чувството дека не сме сателити кои што гравитираат околу некои центри е нешто што мене ми создава чувство на благодарност. Придобивка е тоа што не треба да чекаме што ќе каже Белград или некој друг.“ Владика Климент: Да така мислев и така сè уште мислам. Оваа изјава е дадена по повод дваесетгодишнината од осамостојувањето на Република Македонија. ПОТРЕБНО Е ДА ЗАШТИТИМЕ ОД РЕЛИГИОЗНИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ И ЕКСТРЕМНИОТ АТЕИЗАМ Фактор: Деновиве сте активни во оценките околу терористичките напади во Париз. Јавно изразивте сомнеж дека светот оди кон жесток религиски судир? Кој и зошто го монтира како дебаланс на цивилизациски вредности? Кој сака БОГ да го “судри“, како Христос-контра Мухамед? Па нели Господ-Бог е едно? Владика Климент: Предупредив дека е потребно да се изолира инцидентот во Париз како исклучок без можност за мултиплицирање. Но иако религиозниот момент во случајов е најлесно воочлив  сепак мислам дека коренот на парискиот инцидент лежи во општествено-политичкиот и социјално-економскиот фактор кој во епохата на неолибералниот капитализам генерира сериозни проблеми. Ме загрижува процесот на  губењето на верата во единството како и раздробувањето  на  кохезивните врски во општествениот живот. Тоа ја зголемува драмата на невтемеленоста на луѓето, кои полека ги губат своите сопствени кординати во актуелниот тек. Така се станува лесен плен на центрите на моќ, кои потоа лесно манипулираат со изгубените души. Фактор: Поглаварот Стефан јавно говори за страв од случувањата во Западна Македонија, Босна, на Косово, пред налетите на радикалниот ислам. Вие пак предупредувате од опасностите на верскиот фундаментализам и во Македонија? Владика Климент: За мене поденакво се опасни веќе пројавените радикални движења, кои пред сè имаат политичка заднина и претензии, иако се претставуваат како религиозни. Тие за жал виреат и мутираат на денешнава светска глобална сцена. Во нивното мноштво ќе издвојам две екстремни движења и тоа религиозниот фундаментализам и крајно екстремниот атеизам. Колку и да се надеваме дека на нашиве простори нивните „вируси“ ќе нè заобиколат, сепак треба превентивно да се заштитиме од нив. Фактор: Неодамна во Турција при средбата помеѓу поглаварите на Ватикан и Цариградската патријаршија, Папата  иницира дебата за обединување на Христијанството, пред налетот на заканите од радикалниот ислам? Владика Климент: Нивните изјави се искажани под силно влијание од невидените страдања на христијаните на Блискиот Исток, извршени под налетот на исламските екстремисти. За жал не само исламот туку во секоја религија постои потенцијал за екстремизам. Обврска на прогресивните сили е таа тенденција за верски фундаментализам ефикасно да се елиминира. „НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ОДДЕЛЕН ОД МОЈОТ  ВЕРЕН НАРОД “ otec kliment4 Фактор: Во една прилика ќе речете: „Секогаш кога разговорам со политичарите од позиција на духовник го напоменувам следново: никогаш од никого не очекувам да направи рај во Македонија, меѓутоа оние кои добиле мандат од народот ги замолувам да сторат сè што е во нивна можност да го спречат адот, кој што се заканува да ги проголта пред сè ниските социјални слоеви. Исчезна средната класа во Македонија“. Дали црковните великодостоинственици, со својот луксуз, па и хедонизам, се одделија од својата верниците(паствата), го загубија чувството за скормност, милосрдност и чесност? Владика Климент: Прашањето е многу конретно и затоа можам да ви одговорам во мое лично име, а не во името на неименуваните црковни великодостоинственици. За себе ќе кажам  дека не се чувствувам одделен од мојот верен народ, затоа што повеќе од две декади живеам во скромна монашка келија а заработеното со труд и пот го делам со монасите од трите пелагониски манастири во Зрзе, Варош и Трескавец.  При тоа  не заборавам и на најранливите социјални слоеви, но во духот на Евангелието, кој од нас бара анонимност, не правам од тоа медиумски сензации.
Слично

Поврзани вести