ИНТЕРВЈУ Виктор Папаконстантиноу: ОКТА е столбот на индустриската и економската сила на земјата!
Виктор Папаконстантиноу е главен извршен директор на ОКТА. Тој во интервју за Фактор објаснува дека ОКТА останува главен гарант за снабдување на Макеоднија со гориво, иако рафинеријата, како што е познато веќе не произведува. „ОКТА губеше повеќе од 70 американски долари за секој тон произведено гориво. Повеќе од очигледно беше дека задржувањето на оваа состојба е невозможно, ставајќи го во ризик сигурното снабдување со гориво на цела земја“, вели Папаконстантиноу.
Сега ОКТА е во друга позиција „Следејќи ги промените на нашиот оперативен модел и нашата организација, сега со сигурност можеме да тврдиме дека ОКТА е главен гарант за снабдување на земјава со гориво. Во исто време планираме да ја задржиме нашата флексибилност за да одговараме на понатамошните пазарни промени. Во моментов земјава ужива најголема сигурност во снабдување со гориво со доста конкурентна цена. Инфраструктурата на ОКТА со 350 милиони литри капацитет за складирање дава сигурност дека ќе има доволно гориво за економијата да се движи и во случаи на непредвидливи прекини во снабдувањето“, вели Папаконстантиноу.
Фактор Со какви деловни резултати ОКТА ја завршува оваа 2014-та година?
Папаконстантиноу 2014 година за ОКТА беше година на пресврт. Како одговор на промените на глобалниот пазар на нафтени деривати, успеавме да се трансформираме од бавно движечка индустриска компанија во флексибилна, ориентирана кон потрошувачот, трговска компанија којашто гарантира непрекинато и сигурно снабдување на земјава со гориво. Може да се каже дека овој проект, што беше завршен за само година и пол, e исклучителен пример за овој регион. Во извештајот за 2014 година ќе објавиме зајакнат пазарен удел, намалени трошоци, намален работен капитал и значително подобрена ликвидност. Се разбира, треба да се очекува во делот на објавените профити на крајот на годината, влијание да има и континуираниот забрзан пад на цените на нафтата, кои ги оптоварија на глобално ниво сите нафтени компании со девалвирање на нивните залихи.
Фактор Финансиските резултати од третиот квартал веќе покажаа зголемен пазарен удел и на македонскиот и на косовскиот пазар. На што се должи ова?
Папаконстантиноу Ова е резултат на фактот дека во овој регион нема многу компании што може да го понудат истото што ние го нудиме на нашите потрошувачи: гаранција за сигурно и стабилно снабдување со исклучително квалитетно гориво. Сите промени што ги направивме во ОКТА, во изминатиот период, помогнаа дополнително да се подобри сигурноста на нашите операции и да се гарантира квалитетот за нашите потрошувачи. Во исто време, со самиот факт дека ОКТА е дел од голема меѓународна групација Хеленик Петролеум, значи дека компанијата работи според највисоките стандарди за квалитет кои се во согласност со најстрогите меѓународни спецификации. Факт е дека честопати сме обврзани да се натпреваруваме со компании кои увезуваат нафтени деривати со низок квалитет и ги нудат на пазарот по навидум пониски цени. Но, повеќето од нашите клиенти го разбираат долгорочниот економски бенифит од користење на високо квалитетни горива и придобивката да се има сигурен снабдувач кој може да ги покрие сите нивни потреби во најкус можен рок. Во исто време, имаме тесна соработка со надлежните институции, за да се осигураме дека нелегалната трговија ќе биде намалена до миниум, што ќе помогне, во голема мера на економијата, средината и на јавните финансии.
Фактор Ако споредувате, дали сте позадоволни од работата на македонскиот или на косовскиот пазар и зошто?
Папаконстантиноу Тоа се два различни пазари и бараат различна стратегија. Не можете во суштина да ги споредите ситуациите во двете земји. Најдобриот одговор на ова прашање е дека применуваме најсоодветен пристап во секоја земја.
Фактор Производството во рафинеријата е целосно стопирано, а фокусот е ставен на трговијата со нафтени деривати. Ова е трајна определба за ОКТА?
Папаконстантиноу Ситуацијата во нафтената индустрија е драматично променета во последниве години и како што самите приметувате продолжува да се менува на најнепредвидливи начини. Сведоци сме на многу затворања на рафинерии во Европа и за очекување е дека тоа ќе продолжи. Сведоци сме на голема достапност на нафтени деривати во овој регион, за разлика од суровата нафта, што им донесе предност на трговците со нафтени деривати, а на сметка на рафинериите. Сведоци сме на замена на потрошувачката на мазут и бензин, со дизел и ТНГ, што пак ги доведе во неповолна ситуација рафинериите со стари технологии. Сите овие, како и многу други случувања нé доведоа до ситуацијата да го преиспитаме оперативниот модел на ОКТА, земајќи го предвид долгорочното постоење на компанијата како и потребата да се обезбеди континуирано снабдување на земјата со нафтени деривати.
Со оглед на сите овие околности, одговорот на ситуацијата беше едноставен и неспорен. Во моментов може да опстанат само технолошки напредни рафинерии и оние со пристап до море или до поевтини извори на сурова нафта. ОКТА нема пристап до море, користи веќе застарена технологија и во голема мера произведува мазут, што веќе не може да биде искористен целосно во нашиот регион. Релативно малиот капацитет на рафинеријата и ограничената големина на соседните пазари покажаа дека нема економска оправданост да се инвестира во надградба и модернизација на преработувачките капацитети во ОКТА. Кога нашите пазари се отворија на конкуренцијата од надвор, ОКТА се најде во неповолна ситуација, почна да го губи пазарниот удел и стана целосно неекономична. Во јануари 2013 година, последниот месец на производство, ОКТА губеше повеќе од 70 американски долари за секој тон произведено гориво. Повеќе од очигледно беше дека задржувањето на оваа состојба е невозможно, ставајќи го во ризик сигурното снабдување со гориво на цела земја.
Следејќи ги промените на нашиот оперативен модел и нашата организација, сега со сигурност можеме да тврдиме дека ОКТА е главен гарант за снабдување на земјава со гориво. Во исто време планираме да ја задржиме нашата флексибилност за да одговараме на понатамошните пазарни промени. Во моментов земјава ужива најголема сигурност во снабдување со гориво со доста конкурентна цена. Инфраструктурата на ОКТА со 350 милиони литри капацитет за складирање дава сигурност дека ќе има доволно гориво за економијата да се движи и во случаи на непредвидливи прекини во снабдувањето. Развивме врвен логистички систем што ни дозволува да имаме 100 камиони и неколку вагони на пат во секое време, притоа обезбедувајќи постојани проверки на квалитетот, како и контрола на секоја фаза од транспортот, истоварот и складирањето.
Фактор Ваквата промена негативно се одразува врз македонскиот БДП. На почетокот за ова имаше забелешки од македонската Влада. Дали недоразбирањата се решени?
Папаконстантиноу Не мислам дека имаше недоразбирања. Кога прекинувате со активност која носи загуба тоа може да има само позитивно влијание на економијата како целина, а тоа се покажа и во пракса. ОКТА останува столбот на индустриската и економската сила на земјата и ние ќе продолжиме да се стремиме за доброто на сите наши засегнати страни и на локалната економија.
Фактор Во последниот период забележителна е зголемената општествено одговорна активност на ОКТА, вклучувајќи ја донаторската кампања за Детската клиника, учеството на вработените во кампањата на Црвениот крст „Светскиот ден за борба против гладот”, донација на опрема за Технолошко-металуршкиот факултет и слично. Дали ова е еден начин да се подобри имиџот на компанијата во очите на граѓаните?
Папаконстантиноу Општествено одговорните активности од секогаш биле дел од стратегијата на компанијата. Иако изминатите години можеби не беа толку видливи за јавноста, нашите заложби и посветеност да вратиме назад на општеството каде функционираме, се постојано присутни. Со самото тоа што сме дел од најголемите компании во земјава, веруваме дека со користење на нашите ресурси и човечка сила може да придонесеме и да влијаеме за општественото добро.
За таа цел ја започнавме кампањата Шанса за живот, наменета да се подигне свесноста и да се подобрат условите на Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје. На наше големо задоволство кампањата е исклучително добро прифатена од јавноста, што доведе до вклучување на илјадници граѓани, компании и организации со нивни донации и поддршка. Имајќи предвид дека Одделот има потреба од голема инвестиција, одлучивме да ја продолжиме кампањата и во 2015 година, очекувајќи дека ќе имаме поголем одѕив и ефект кај граѓаните оваа година.
Важна улога во општествено одговорниот концепт на компанијата, имаат и нашите вработени. Свесни за позитивните влијанија што може да ги имаат во заедницата, нашите вработени многу често самите иницираат и волонтираат во разни хуманитарни активности.
Знаејќи дека нашите општествено одговорни инцијативи се навистина ценети и секогаш добредојдени, ќе продолжиме да бидеме посветени кон постигнување на видливи и мерливи бенифити за нашите вработени, нашите потрошувачи и општеството пошироко.
Фактор Со каква деловна стратегија влегувате во 2015-та година? Ќе има ли промени во начинот на работа на ОКТА?
Папаконстантиноу Нашата стратегија останува фокусирана на профитабилно зголемување на пазарниот удел и сигурното снабдување на земјава со нафтени деривати. Во моментов инвестираме во повеќе значајни проекти за да се зголеми капацитетот на нашите инсталации за полнење, да се подобри ефикасноста на нашите комплетни логистички операции, а со тоа да се направат позитивни промени за зачувување на животната средина. Во исто време, ја зајакнуваме соработка со нашите потрошувачи, каде се најголемите индустриски капацитети, поголем дел од бензинските станици и најголемите трговци со нафтени деривати во земјава.
Фактор Со оглед на подобрените резултати од работата, може ли да се каже дека тешкиот период е веќе зад ОКТА и оти компанијата ја очекува позитивен период?
Папаконстантиноу Мојот одговор на ова е едноставен. Да.

Слично