Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Виктор Илиески: Штетата од законот за хонорари е веќе направена!

ИНТЕРВЈУ Виктор Илиески: Штетата од законот за хонорари е веќе направена!
Владата го измени Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, но измените не ги исполнија очекувањата и барањата на засегнатите старни. Дел од синдикатите, граѓанските здрженија и невладините остануваат на ставот дека ова законско решение треба комплетно да се повлече. Хонорарците денеска најпрво ќе протестираат пред Собрание, а потоа пред министерство за труд и социјална политика, по што ќе одат пред Влада, а  на крајот поддршка ќе дадат во Слободна студентска зона УКИМ. Од Синдикатот за култура велат дека законските одредби ќе девалвираат уметноста и креативноста. Резултатите во уметноста не се мерливи со никакви статистички показатели, а повторно ставање на лимити значи дестимулирање за секој граѓанин кој има можност и има интелектуални капацитети и може да искреира повисок обем на работа, вели Виктор Илиески, претседател на Синдикатот за култура. Фактор: Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување претрпе одредени измени, дали новите измени значи и прифаќање на некои вашите барања? Илиески: На дел од барањата се направија промени, но факт е дека и понатаму нема никаква комуникација со засегнатите страни, кои се последица од овој штетен за вработените од културата. Фактор Дали со новите законски решенија очекувате да ви се намалат ангажманите и крајно висината на хонорарите? Илиески: Во овие месец и половина штетата е веќе направена. Ангажманите згаснаа, немаше експерт во Македонија кој до 06.02.2015 година  знаеше како ќе се пресметуваат дополнителните давачки.Таквиот начин на функционирање е недопусливо, бидејќи кога се носи еден закон и во моментот кога треба да стапи на сила треба да се знаат сите правила и прописи. Како ние да прифаќаме ангажмани кога не ја знаевме точната цена на трудот.Ние сме специфична фела, каде што имаме конкретни стандарди за прифаќање на дополнителни проекти, имаме своја цена, во ситуацијата не дозволивме сами да си ја спуштиме цената. Како последица  од новата ситуација имавме предлози да ги стопираме сите хонорарни настапи надвор од институциите. Фактор: Како новите давачки ќе се одразат во овие професии  чие функционирање е поврзано со креативност? Илиески: Имено, луѓето кога носат одлуки од позиција на моќ, не се свесни дека со нивните одлуки можат да направат штета што можеби никогаш нема да се исправи. Резултатите во уметноста не се мерливи со никакви статистички показатели,или на било кој друг начин. Повторно со ставање на лимити (21300 ден) значи дестимулирање за секој граѓанин кој има можност и има интелектуални капацитети и може да искреира повисок обем на работа. Но со оваа најнова одлука сепак вработените се во поповолна ситуација, со тоа што постојано укажувавме дека – парадоксално е дуплирано да се плаќаат придонеси за социјално и пензиско осигурување. Фактор: Поради новиот закон за хонорарци престанаа со работа двата култни орекстри на Македонската радио телевизија„Биг-бендот“  и „Фејмс“ замре , во кој што беа ангажирани повеќе од 100 музичари, како го коментирате? Илиески: Да нагласам дека згаснувањето на Биг Бендот оркестарот на МТВ покрај овој закон кој во ситуацијата беше најавен дека ќе се имплементира со неповолни статистички показатели, има и дополнителни негативни импликации. На голема врата постојано го најавуваа враќањето на сите оркестри во МРТВ, покрај Биг Бендот, Народниот оркестар и оркестарот на чалгиите. За жал во моментот нема никаква одлука да се види кој е долгорочниот план за одржување на овие оркестри. Немаат оправдувања  одлуките да се финансираат награди на песни кои траат 3 минути, а од друга страна нема долгорочна стратегија како да се искористи специфичниот кадар, кој што вреди конечно во државава покрај искусните дејци имаме изведувачи кои се здобиле со одлично школување надовор од државата. Загуба на државата е тие музичари  да седат дома и не се искористени за унапредување на концертниот живот во државата. Скопје е метропола на која и недостасуваат такви настани со живи оркестри, жалосно е што се изместени вредностите, а за тоа најголемо влијание имаат медиумите. Кога ќе погледенте во етерот се форсира шунд и турбо фолк, медиумската агресија со неквалитет врши големо влијание вра младите и сето тоа произведува негативен ефект.Што се однесува до оркестарот за филмска музика, штета што тој оркестар не е многу популарен бидејќи работи студиски. Квалитетот на овој оркестар е во светски рамки за снимање филмска музика, снимени се преку 100 филмови за Холивуд, на некој начин се изгради една успешна продукција каде што изведувачите имаа конечно еден стабилен извор за да живеат подобро. Фактор: Уметниците алармираа дека ваквите законските решенија ќе создадат нелојална конкуренција, што значи тоа? Илиески: Тука се поставува прашањето, зошто странски уметник да плаќа само 10%, а домашните 35%? Треба исто така да се запрашаме дали на продуцентите им е поисплатливо да најмат музичари од Бугарија, Србија и да платат само 10% персонален данок или да најмат домашен музичар,актер и да платат 35% Фактор: Кои се вашите барања во однос на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување? Илиески: Ние сме убедени дека е доволен персоналниот данок кој го плаќавме со години. Средствата кои што се земаат дополнително се капка во морето во државниот буџет, односно фондовите. Има други начини каде што Владата може да го полни буџетот. Фактор: Граѓанските здруженија, но и уметниците реагираа дека при носењето на законите никој од надлежните не ги консултирал, колку често како синдикат ве консултираат кога се носат нови закони или правилници од вашата област? Илиески: Тоа е главната причина што е парадоксална во една нормална држава која е кандидат во евроатланските институции. Да престане и доста беше, да се освестат сите надлежни институции дека закони не се носат во една канцеларија со 5 државни службеници. Земајќи ја во предвид целата ситуација во општеството, гледајќи што се случи со донесувањето со законот за образованието, истакнувам дека на најбезобразен начин се донесени обемни измени од законот за култура без никој да биде известен.  Измени кои се неуставни, парадоксални и тврдам дека се на штета на сите вработени во културата. Синдикатот почна процедура со членството и имаме одлуки кои набрзо ќе се објават со конкретни барања до Министерство за култура за повлекување на овие измени. Фактор: Што се случува со колективниот договор дали го потпишавте, кои се вашите барања? Илиески: Прв чекор и цел како синдикат ќе биде најпро да се повлечат измените од Законот за култура кои се изгласаа во еден ден заедно со 145 други закони. Ова го зборувам од перспектива што во законот се веќе втемелени и категоризирањето на работните места, со што се суспендира правото за преговарање на колективниот договор ( работните места само ќе се препишат во колективниот, доколку останат во сила овие измени).Другата работа и најбитна е што треба да ја нагласам е дека СОНК синдикатот кој што не направи ништо за културата, само на хартија е преговарач во цел овој процес. Кога за bакви штетни законски решенија не излезе ниту со една изјава против овие измени, што да образлагаме понатаму. Заради тоа ги презедовме нашите права во свои раце, се окрупнуваме како Синдикат кој ќе ги претставува правата на вработените од сите институции од Културата. На одличен пат сме да ја оствариме оваа идеја. Фактор: Зошто кога во 2005 година тој колективен договор се потпиша на ниво на цела култура, само Македонската филхармонија и Македонската опера и балет го одбија? 10966753_10153171563775628_261947181_nИлиески: Точно така. Само овие две институции не ги потпишаа колективните бидејќи ние не бевме задоволни со покачување на платите само со 12%. Во 2006 година влеговме во штрајк пред Владата на Бучковски. Во тие моменти иако Македонска филхармонија и Македонска опера и балет беа членови во СОНК, во тие моменти замислете,не не поддржа, како резултат на тоа ние истапивме од синдикатот. Формиравме нов самостоен синдикат кој ги застапуваше правата на членовите од двете институции МФ и МОБ. Како резултат на нашите штрајкови непосредно пред заминувањето на претходната Влада, со доаѓањето на оваа Влада ни беа покачени платите 60% . Последното институционално покачување се случи 2007 година. После 8 години, кога ќе ги пресметаме сите параметри, резултатот е дека повторно по стандард сме на исто ниво, пред корекцијата на платите.Ако платата на еден хорски уметник пред 8 година била под просечната плата и денес платата на хорски уметник е под просечната плата во Македонија.Исто така платите во музеите, конзерваторските центри, библиотеките, локалитети се многу ниски. Фактор: Очекувате ли какао синдикат да издејствувате да се подобри сосотојбата на вработените во вашиот сектор? Илиески: Наша идеја како синдикат кој што во моментот се окрупнува, ни се приклучуваат синдикални организации  е поздравена од сите институции на Културата во Државата. Наша цел е донесување на колективниот договор, но со преговарање од наша страна како синдикат кој ќе се избори за своите специфики, секој претседател на синдикалните организации од матичната институција ќе дава конкретни предлози и ќе ги застапува правата на своите вработени, а сите проблеми од сите установи од културата конечно ќе бидат ставени на маса во министерството за култура, со тоа ќе се направат најквалитетните решенија пред се за подобрување на функционирањето на институциите, а второ за нивелирање на платите во културата, бидејќи фактичката ситуација укажува дека е огромна разликата во платите во целата култура. Исти работни места од различни институции од иста дејност со огромни разлики во плати. Заклучувам дека на овој пат имаме многу пречки, најпрвин од Министерсвото за Труд на кое му требаше цели 6 месеци, вклучувајќи и управни инспектори за да постапат законски по предметите за регистрација во  централниот регистар, а има и незаконски притисоци од страна на директори кон вработените. Ќе ја оствариме целта за подобрување на статусот на сите вработени во културата. Ј.С
Слично

Поврзани вести