Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју СВЕТОМИР ШКАРИЌ: Имаме дефектен парламент, а делумни избори не се решение!

Интервју СВЕТОМИР ШКАРИЌ: Имаме дефектен парламент, а делумни избори не се решение!
Дали политичката криза може да се надмине со формирање техничка Влада, кој ќе биде одговорен за суспендирањето на парламентарната демократија, како да се одстрани внатрешната самоблокада на евроатланскиот пат? Идентични оценки од интервјуираните професори по Уставно право и Политички ситем – Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска и Осман Кадриу.  Но тие имаат и различни сугестии за надминување на постизборната криза. “Веднаш избори за попoлнување на испразнетите места, но ако и во тој состав нема опозиција тогаш Парламентот повторно ќе биде дефектен. Проблематично е формирање техничка влада”, одговара професор Светомир Шкариќ, во денешната мини - серија на Фактор – разговори. Фактор:  Колку Собранието ефективно може да функционира по депонираните оставки на опозицијата? Шкариќ:  Ќе биде дефектно се додека не се изберат нови пратеници. Тоа значи дека Собранието треба што поскоро да распише дополнителни избори, да не чека да поминаат неколку месеци во „игра“ пополнување со други канидати од листата, па тие осум дена да чекаат што ќе кажат. Сето тоа ќе значи напразно губење на време. Пратениците не треба да се впуштаат во полнување на испразнетите пратенички места од листата на опозицијата, туку да Спикерот веднаш да распише избори за пополнување на тие места. Фактор:  Дали со враќањето на пратеничките мандати,  Македонија запаѓа во политичка криза? Шкариќ:  Ние сме во перманентна политичка криза, како траен процес. Во овој случај Собранието е во деликатна ситуација и токму затоа сметам дека треба веднаш да се распишат дополнителни избори за пратеничките места кои ги напушти опозицијата. Но ако и во тој состав нема опозиција тогаш Парламентот повторно ќе биде дефектен. Парламентот не може да функционира без опозиција, опозицијата е движечки фактор во демократската постапка и односи. Не извлековме поука од сличната ситуација од периодот 1994-1998 година, кога ВМРО-ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски и Демократска партија на Петар Гошев го напуштија вториот изборен круг. И тогаш  фактички имавме  Парламент без опозиција. Во тој период беа донесени многу лоши закони. И сега постои слична опасност ако нема опозиција овој Парламент да се гласаат и прифаќаат лоши или неиздржани и контарверзни закони. Фактор: Како актуелната ситуација ќе се одрази врз евроатланските аспирации на земјата? Шкариќ: Очигледно многу негативно, затоа што мора да се воспостави политички дијалог меѓу власта и опозицијата. Тие мора да седнат на заедничка маса. Не исклучувам медијација и од надвор, од ЕУ и НАТО, но тие може само да посредуваат, да нудат  идеи. Во основа лидерите во змејава, внатре во македонското општество мора да постои волја и иницијатива за дијалог и соработка. Ако не постои волја за решение, тогаш не може да функционира ниту парламентарната демокаратија, ниту Македонија може да смета на членство во ЕУ и НАТО. Фактор: Но опозицијата е децидна - бара формирање на техничка Влада што би организирала и спровела фер и демократски избори? Шкариќ: И формирање на техничка Влада е проблематично. Основно е двете клучни политички партии од македонскиот блок да седнат и да изнајдат заеднички јазик за надминување на кризата. Во спротивност  ќе продолжиме да тапкаме во место, а тоа подразбира назадување како на демократијата, внатрешната општествена и економска стабилност, како и на сите други внатрешни процеси. Фактор: Кои се можните сценарија за излезе од ваква ситуација?  Шкариќ: Мислам дека  ЕУ, ќе мора да се анагжира.  Како што знаете и „Мартовскиот договор“ беше дело на политичарите од Брисел, но и тој не се испочитува. Долго време  се преговараше,  17 состаноци се одржаа, но и тоа што беше договорено не се реализира, целосно или доследно. Што значи дека ако нема волја да се спроведуват преземените обврски, тоа што е договорено, тогаш нема активен и позитивен политички живот за подинамични демократски процеси. Фактор: Дали сметате дека одлуката на опозицијата да го бојкотира парламентот беше изнудена, правилна и ефективна за неа и државата? Шкариќ: Тоа е нивна политичка одлука. Сметаат дека изборите не беа слободни и демократски, дека Собранието со ваков парламентарен состав не е легитимен. Тие поаѓаат од уставните темелни вредности што Уставот ги гарантира преку слободните и непосредни избори. Тие се стожер на демократијата. Доколку  изборите не се слободни и демократски тогаш и парламентарната демократија ја губи смислата. Практиката и реакцијата на коалицијата околу СДСМ ќе покаже дали опозиционерите  ќе бидат способни  вонпараламентарно да дејствуваат или пак ќе останат стерилни. Тоа, пред се, зависи од нив самите, но и од улогата на парламенатрно мнозинство, како и идната владина коалиција.  Пратениците, владејачките партии, сега треба да покажат поголема ширина и одговрност бидејќи се помоќни и од нив произлегува зголемената одговорност. Горазд Чомовски Следуваат ставовите на Проф. Гордана Силјановска - “Политичките актери во Македонија се однесуваат нерационално, конфузно, непредвидливо. Покрај името си накалемивме и отсуство на политчки дијалог “ Предходно Проф. Осман Кадриу, за Фактор - “Законодавниот дом вака десеткуван неможе да функционира долг период. Сите, акти, закони и одлуки што ќе бидат донесени без опозиција ќе бидат оспорувани од политичка гледна точка.”
Слично

Поврзани вести