Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Светлана Пљакоска - извршен директор на Олимпиа Моторс: Не постои работно време кога работите за да сте успешни

Интервју Светлана Пљакоска - извршен директор на Олимпиа Моторс: Не постои работно време кога работите за да сте успешни

Како извршен директор на чело на семејната компанија Олимпиа Моторс застанала кога имала само 24 години. 

И требало време за да знае што сака да направи и создаде, а токму тоа време инвестирано во компанијата се исплатело. Денес Олимппиа Моторс е успешна бизнис приказна која трае 33 години. 

Светлана Пљакоска е дамата, директор и менаџер на Олимпиа моторс и Олимпија моторс аутлет со која разговараме во ова интервју.

Покрај грижата за клиентите и вработените оваа компанија се грижи да биде опшествено одговорна и тоа го покажува постојано.

За почетоците, подемите, рецептот за успех, новитетите во секторот, мотивацијата во животот на Светлана Пљакоска, читате во редовите подолу.

Јас ја живеам и живеам со работата секој ден. Не постои работно време кога работите за да сте успешни....тоа е животен стил кој или го сакате или е премногу за некој. Образованието е важно, но пресудно е да се има континуитет во новитетите и истите да се следат, како и континуираната работа на себе, на личен развој но и развој на најблиските соработници со кои ги градите успесите-вели Светлана.

Важно е човек да знае што сака и да најде начин за самиот да се инспирира.

Раскажете ни за вашите почетоци со Олимпиа Моторс – како почна приказната, колку години сте на чело на компанијата?

-Она што денес го работиме е резултат на семејниот бизнис кој отпочна уште пред 33 години. Моите родители од секогаш се занимаваа со автомобилизам и беше природно да се продолжи по истите чекори. Почетоците се во Охрид каде отпочнавме со работа како еден од првите дистрибутери за возила, прво со брендот Nissan, а потоа со Opel и Chevrolet.  Во 2004 год го проширивме нашето работење во Скопје со сегашната Олимпиа Моторс која годинава прави 18 години.

Секако низ годините самиот бизнис помина низ различни фази на транзиција, за среќа до ден денес сите успешни.

Денес Олимпиа Моторс е овластен сервисен центар за Opel и Chevrolet, како и мултибренд сервис за лимаро-фарбарски услуги. Во 2017 групацијата на Олимпиа Моторс ја прошири својата делатност со уште една компанија Олимпиа Моторс Аутлет, која е лидер на пазарот на премиум користени возила во Македонија, но и лидер во продажба на користени електрични возила. Дејноста оваа година ја надополнивме со продажба на полначи за струја на електричните возила за кои станавме дилери на  Wallbox и Keba.

Што е новитет во вашата компанија, на што актуелно работите, кои се новостите во секторот ?

-Следејќи ги светските трендови во автомобилската индустрија, земајќи ги предвид предизвиците поврзани со фосилните горива и последиците кои тие ги носат врз планетата земја, се приклучивме на глобалната заедница која има за цел да создаде свет напојуван од обновлива енергија.  Како резултат на одлични реакции од клиентите – правни и физички лица, сигурни сме дека ќе се развиваме во оваа насока но воедно и свесни сме за потребата од вложување и во инфраструктура за полнење на електричните возила која недостасува во нашата земја.

Нашето мото е да направиме свет поубав за живеење, преку паметно користење на ресурсите и преку наша севкупна општествена одговорност. Во таа насока оваа година ја реализиравме инвестицијата на вградување на фотоволтаична централа поставена на двата објекти со кои располагаме.

Повеќе детали на Женски магазин

Слично

Поврзани вести