Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Суреа Таук: ПСУ „Јахја Кемал” е македонски бренд кој се занимава исклучиво со наука, а не со политика!

Интервју Суреа Таук: ПСУ „Јахја Кемал” е македонски бренд кој се занимава исклучиво со наука, а не со политика!

“Ги отфрламе сите шпекулации дека сме поврзани со некаква организација и дека се наши акционери или сопственици. Имаме пет сопственици од Турција кои се занимаваат исклучиво со образование, еден од Германија и еден од Македонија. Шпекулациите дека сме мета на можно затворање, и дека може да биде доведен во прашање стартот на новата учебна година ги отфрламе. За жал во незгодно време се појавија шпекулациите, но ние ги уверуваме нашите ученици и нивните родители како и вработените  дека сме спремни успешно да ја стартуваме школската година” - вели во интeрвју за Фактор, Суреа Таук-  директор за односи со јавност во “Јахја Кемал”.

Фактор: Како ја примивте информацијата лиферувана од некои медиуми дека  во земјава се можни  мерки за ограничување на организациите поврзани со Фетула Ѓулен, што би опфатило затворање на невладини и образовни институции, а како најекспонирано во јавноста беше посочено токму  вашето  училиште “Јахја Кемал”?

surea taukС. Таук: Се појавија низ медиумите разни шпекулации дека сме поврзани со некаква институција. ПСУ “Јахја Кемал” е македонски бренд, но може слободно да се каже и светски познат и признат бренд кој  се бави исклучиво со наука, а не со политика. Ги отфрламе сите шпекулации дека сме поврзани со некаква организација и дека се наши акционери или сопственици. За жал во незгодно време се појавија шпекулациите, ние на нашата фб страна и веб портал им гарантиравме на учениците и родителите дека сме спремни успешно да ја стартуваме школската година. Имаше неколку случаи односно  неколку родители кои се по потекло од Турција или имаат бизнис од Турција кои  си ги повлекоа децата, тоа се  околу 12 мислам. Тие работат во турски институции и се уплашија да нема консеквенци кон нивните работни места и ние ја разбираме ситуацијата. Но од друга страна  во моментов имаме нови 14-тина деца новозапишани кои се вратени од странство и се запишаа во нашето училиште.

Фактор: Дали учениците и родителите се вознемирени од новонастаната состојба и како реагираат?

jahja kemalС. Таук: Вчера беа видно вознемирени но ние им кажавме дека нема простор за страв и паника. Воспоставиме контакт со министерот за образование, тој во моментов не е во земјава,но нам ни е кажано дека важи изјавата од 5-ти август –“Подгответе се со школото и почнете со работа”!Имавме инспекциски надзор во седум области од образованието и  го поминавме со највисока можна оценка – 4.00.Тоа е доволен доказ за нашата  професионалност  и посветеност во образовниот процес. Деновиве имав повеќе од 400 јавувања. Телефонот не прекинува да звони.  Се јавуваат ученици, родители за да изразат  голема подршка.Мило ми е што имаме толкава подршка, ние сме секогаш тука за нив, а се покажа дека и тие ја ценат нашата работа и труд.

Фактор: Шефот на дипломатијата Никола Попоски рече дека „Владата има донесено одлуки, a сите одлуки кои би ги носеле и ќе ги носат ќе бидат во согласност со нашето законодавство и нашите национални интереси“. Како ја оценувате изјавата и каква порака испраќа?

С. Таук: Во нашите шест училишта во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и Струмица има околу 2000 ученици и 426 вработени. Објектот во Карпош е плод на првиот роуд шоу во Турција на господинот Никола Груевски. Вложени се 8 милиони евра инвестиција,  а има и  банкарски кредити.  Покрај ваква подршка на роуд шоуто како и перманентна подршка од сите институции неприфатливо е да има ваква одлука.Мислам дека изјавата на  шефот на дипломатијата е повеќе  дипломатска отколку политичка изјава. Едноставно големи се вложувањата со подршка од владата како странски инвестиции. Ние работиме професионално, според највисоки стандарди и согласно законот. На таква култура и во таков дух ги образуваме и нашите ученици. Како познат и признат бренд кој го градиме макотрпно со години не е само да добиете  квалитет во образование ,поентата е да се развива соживот и толеранција меѓу учениците, почитување на законот и нормативите на ова општество.  Ние ги спремаме децата за ЕУ,  каде секој ќе се почитува и ќе го каже своето мислење,  да нема унифицирано мислење. Такви деца ни требаат и  веруваме дека успеваме во тоа.

Фактор: На прагот на новата учебна година и покрај предизвиците со кои се соочувате, дали се е подготвено за успешен старт?  Што ќе им порачате на идните и оние ученици кои го продолжуваат образованието во вашите училишта?

jahja kemal1

С. Таук: Во тек е нов конкурс за 41 професор кои ќе бидат хонорарно ангажирани по неколку часа за целосно комплетирање на наставната програма. Треба да се потпишат договорите и очекуваме тоа да се заврши следната недела. Подготвени сме, на наша страна се знаењето и квалитетот.  Како одговор на  сите инсинуации може само да кажам  дека оваа година ќе го удвостручиме квалитетот.

Слично

Поврзани вести