Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Стојан Андов: За легалноста на Буџетот мора да расправаат институциите!

Интервју Стојан Андов: За легалноста на Буџетот мора да расправаат институциите!
Она вчера што се случи е голем преседан, вели поранешниот претседател на  Собранието, Стојан Андов. И порано имало тензични ситуации, но сме ги решавале по мирен пат. Имало и мешаници меѓу пратениците, но досега не случило, од собранискта сала насилно да биде изнесен и да оди во болница затоа што е повреден. За легалноста на донесениот буџет допрва треба да се произнесат институциите, смета Андов, бидејќи само така може да се оцени целата постапка. Андов дава мислење и за Вељановски, смета дека актуелниот претседател на собранието сигурно бил изложен на голем притисок. Г-дине Андов, Како ги оценувате случувањата  во Собранието? Во моето искуство во повеќепартискиот  Парламент, од неговиот почеток на работа, па до сега ова не се случило, иако имало тензии. Ова е првпат и е преседан. Обезбедувањето не може да биде виновно. Може да биде виновен оној кој ја дал наредбата. А тоа е, Претседателот на Собранието. И, треба да се докаже во каква постапка тој обезбедил право на тој начин на интервенира.  А, за да го превземе тоа ,тој треба да го свика претседателството на Собранието, да ги ислуша сите и да заклучи дека тој ќе ја превземе оваа постапка. Може и да го свикал претседателството на Собранието, но, колу што видовме, вчера Макрадули беше цело време во салата. Него или не го повикале или одбил да оди. Тоа е прашање што треба да се расчисти, за да се знае дали Претседателот на Собранието ги прекршил прописите при интервенцијата на обезбедувањето во собраниската сала. Кој треба да ја сноси одговорноста? Одговорност сигурно лежи и кај претседателот на Собранието, ако за ништо друго, тогаш заради тоа што тој на пратениците, барем на оние од опозицијата, материјалот за оваа точка, дополнет предлог на Буџетот го испратил истиот ден кога се држи и седницата. А, така сложена материја бара барем еден ден може да се разгледа. Очигледно некој го убедил така да постапи, иако човекот сигурно сам бил  убеден дека невожможно е да се добие Буџетот и веднаш за него да се дискутира. Тоа  е обемен документ пропратен со доста акти, кои треба да се проверат, дали извештаите од надлежните Комисии се потпишани од овластени лица или некое надгласување има и таму, што е повреда на постапката. Значи, едноставно оневозможил вистинска проверка на валидноста на постапката до започнувањето на седницата штом така постапил и штом истиот ден кога го испратил материјалот закажал и седница да се држи. Но, амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет не заврши ? Дали завршила или не, треба да се види од извештаите на комисиите, (без нив не може да се ерасправа за дополнетиот предлог на Буџетот ), извештаите на комисиите се оние документи кои треба да се проверат дали тие  ги исполнуваат услови и дали со нив е повредена некаква постапка. По Деловникот, извештаите на Комисите се валидни само ако се потпишани од претседателите на комисиите, секој претседател на својата комисија, во друг случај тоа е фалсификат. Ако нема потпис, тогаш извештајот некој го фалсификувал или неовластено потпишал. НАЈВАЖНО Е ДА СЕ УТВРДИ КАКВИ СЕ ПРОПУСТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА, БЕЗ ТОА НЕМА ДЕМОКРАТИЈА Дали овој Буџет, вака донесен е валиден? За тоа дали е валиден Буџетот треба да се направи цела една прецизна експертиза за постапката во која е донесен. Да имаме ние Врховен суд кој ги надгледува основните судови, сигурно би биле поништени такви одлуки во судовите. Постапката е срж на демократијата, на процедурата. И на крајот на краиштата, државата е систем на процедури. Ако некои процедури се згазени тоа не само што не е демократија туку не функционира како држава. Заради тоа сега основно е да утврди постапката по која е донесен и бројните прекршувања, колку ги има и од каков карактер се, на постапката што е применета. Има ли инстутуционален капацитет тоа да се реши ? Ова е егзактна работа, мора да се утврдат и не може со надгласување да се квалификува дали нешто било и не било, има датуми, часови, во кои се постапувало, има потпис, има Деловник, Закон, Устав. На пример, никој не може да го лиши пратеникот од правото да предлага закони и да поднесува амандмани на од друг предложените закони. Ако не може никој да го лиши, тогаш не може никој да запре постапка да се расправа по тие амандмани со образложение дали има време или нема време. Тоа прекршување на Уставот. Ние не можеме со надвикување и со маѓусебни закани да ги решиме отворените проблеми кои се од чисто процедурален  карактер кои фактички ни кажуваат дали ние имаме демократија или немаме демократија и дали имаме парламентарен систем или имаме систем на надвикување - кој повеќе ќе се закани на другиот. Дали со тоа што ДУИ даде поддршка на носењето на Буџетот на ваков начин, всушност даде легитимитет истата постапка да се примени и во носењето на Законот за бранители? Ако не се испита работата и не се докаже дека постапката не е повредена т.е ако се докаже спротивното и сепак остане вака оваа одлука, односно ако се прејде преку тоа, таа ситуација ќе ни се повторува секогаш. Дури и кај Законот за бранители да не се повтори, бидејќи коалиционите партнери може да се договорат да не се примени ова туку со друг излез, но веќе е отворена врата да процедурата во Собранието, што е пропишана со Устав, Закон и Деловник, не важи. Ќе се применува според тоа дали сака мнозинството или не сака мнозинството. Кое е вашето мислење за Трајко Вељановски? Местото на Трајко Вељановски, е изложено на неверојатни тешкотии и притисоци, тоа е најтешка функција која се врши пред очите на целата јавноста. Во подолг рок, тој е изложен на неверојатни тензии и барања од него, да на работ на законитоста ги поставува своите постапки. Сигурно сега е барано нешто повеќе од него и не издржал на притисокот, па се случило толку процедурални пропусти да се направат. Не знам кои се причните за тоа но секој мора да биде свесен дека за такви работи мора да се сноси одговорност. Наташа Стојановска, Алсат - М
Слично

Поврзани вести