Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Стевчо Јакимовски: Седнале во црните мерцедеси и не чувствуваат како живее народот!

Интервју Стевчо Јакимовски: Седнале во црните мерцедеси и не чувствуваат како живее народот!
Како поранешен министер за труд и социјала, како ги оценувате состојбите со Фондот за ПИОМ? Има ли простор пензионерите да бидат загрижени за своите пензии? Јакимовски: Трошоците што му ги наметнаа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување неминовно ќе доведат до зголемување на дефицитот во Фондот. Тоа значи дека,  од некои 27 отсто во  2006 - та година (процент на пензии што се намируваа од Буџетот) сега имаме 35 отсто со сериозни индиции дека следната година ќе бидат 40 отсто. Тоа значи, 40 отсто од пензиите се намируваат од Буџетот.  Ако вака продолжи, за некои 12 до 13 години,  Република Македонија ќе треба половина од буџетот да даде за пензии. Тоа е многу сериозен проблем. Или втора варијанта, тогаш ќе мора драстично да се намалат пензиите или пак да дојде до драстично зголемување на покачување на придонесите. Каде се направени грешките според Вас ? Јакимовски: Прво, грешката е  во намалување на придонесите. Никаде во свет,  стимулирање на вработување нема со намалување на придонесите за пензиско. Тие се стиумулираат со макроекономската политика , фискалната политика, монетарно кредитната, одржлив развој,  поддршка на мали и средни претријатија, а не со намалување на придонеси.  Тоа е првата грешка. Второ,  зголемуваат пензии со одлука на Влада.  Надвор од пропишаната законска фромула која вели дека пензиите растат со порастот на тршоците за живот и порастот на цените на мало  и со тоа пензиите не се обезвреднуваат. Тие пак , некои пензии ги зголемуваат за 24 или 27 отсто.  Што сакам да кажам?  Оние што имаат мали пензии, таму може да се интервенира со мерки на социјалната политика. Пример ако има 5 илјади денари пензија тие му се малку, тогаш додава Владата преку социјалните политики како социјална помош, но доколку добие некакви други приходи во меѓувреме тогаш се одземаат. Ова што се направи со линеарно зголемување на пензиите тоа значи дека на долг рок направи се огромни трошоци за Фондот за пензиско и тој е неодржлив на долг рок. Колку новото зголемување на пензиите дополнително ќе влијае на Фондот за ПИОМ? Јакимовски: Ем, од една страна викаат дека е неодржлив Фондот за ПИОМ, ем сега пред избори за да им се додворат на граѓаните ќе ги зголемеле за дополнителни 5 посто пензиите. Јас, одговорно тврдам дека овие работи ќе нанесат огромни штети на Фондот за пензиско и цела среќа што се долго на власт па може да ги видат ефектите од промашувањата што ги направија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Ќе растат пензиите но не и платите на администрацијата. Ако велите дека порастот на пензиите е предизборна игра, тогаш зошто не растат и платите на администрацијата ? Јакимовски: Ѓаволот ја однел шегата. Има една изрека која вели дека, не може ем да везеш,  ем да предеш, ем бостан да чуваш.  Тие не може ем енормно да ја зголемуваат администрацијата,  ем енормно да ги зголемуваат платите. Таа работа мора да пукне. Владата несвесно си направи и оловни нозе да не може да отскокне.  Стави голем терет во Буџетот ,  а тоа се платите и второ тоа се трансферите кон Фондот за пензиско.  И во услови на криза како денеска таа не се откажува од Скопје 2014, како  непродуктивни расходи. А, полека но сигурно доаѓа делот за развој на државата кој јасно дека стагнира.  Се зголемуваат долговите кон стопанството.  Ние имаме чудна ситуација во која бројот на вработените во стопанство се намалува, а бројот на административците се зголемува. Можам да ви дадам примери Бетон имаше 1700 луѓе сега има 1000 луѓе, Гранит  имаше 3000 вработени  сега има 1600,  Охис имаше 1800 сега помалку од 800.  Која фирма и да ја земете , бројот на вработените ќе видете дека е намален. Од друга страна Владата ја намали основицата за оние што ќе бидат пензионери од догодина но велат дека намалувањето ќе биде незначајно. Какви се Вашите проценки ? Јакимовски: Или ќе треба да се зголемуваат придонесите или да се намали пензијата. Тие, веќе ја намалија пензијата ама ја намалија пензијата на оние пензионери  кои од Нова година ќе одат во пензија. Од 1,8 заменска годишна стапка (основица) ја сведоа на  1,6 отсто .  И тоа е скоро за 7 отсто помала пензија, кои пак на долг рок се многу пари. Овие пензионери сите треба да знаат дека ќе имаат помала пензија за 7 отсто. Поради воведување на бруто - плата оваа мерка може да ја воведете после триесет години, бидејки пред три години ја воведоа бруто-платата. А сега место 1,8 отсто се пресметува 1,6 отсто на целиот стаж, што значи тоа  дека работникот 40 години наназад што работел на сите 40 години му се пресметува 1,6 отсто  и тоа е намалување од некои 7 отсто. Загрижен ли сте Вие за Вашата пензија и пензиите на герациите што доаѓаат ? Јакимовски: Нашите генерации, генерациите што доаѓаат после нас, ќе бидат во тешка ситуација токму во најтешките години од живото. И со ваквите потези што ги прави Владата ја загрозува иднината на своите граѓани. Бидејки во пензискиот систем ако денеска направите микрон промашување тоа на 20 години е цел километар. Кои се решенијата според Вас? Јакимовски: Под итно да се вратат придонесите такви какви што беа. Не може да внесуваат ад хок пензионери како што направија со полицајците кои со највисоки плати отидоа во пензија, а не со просек од целиот рабтен стаж. Такви случаи не смее да има. Како ги оценувате владините политики за справување со сиромаштијата ? Јакимовски: Очигледно дека поединци се надвор од векот. Седнати во црните мерцедеси со затемнети стакла не чувствуваат како живее народот.  Тие може  да ги штелуваат статистиките и да покажуваат намалување на сиромашријата, но има други методи кои покажуваат колкава е сиромаштијата. Ако ви се зголемува бројот на фирми кои не поделиле плати, ако личните доходи се намалуваат, ако паѓа профитабилноста  на претпријатијата, вие неможе да кажете дека ја намалувате сиромаштијата, а во исто време да ви се зголемува населението кое чука на портите во  заводот на вработување. Тоа со мерки „пиши бриши“ не се решава туку напротив со економските политики кои не се соодветни. новинар: Наташа СТОЈАНОВСКА Интервју за економската емисија на АЛСАТ –М  
Слично

Поврзани вести