ИНТЕРВЈУ СТЕФАНОВ: Катица Јанева може да предизвика суштински промени во македонското општество!
Политичките водства треба да бидат тие кои ќе предничат и инститираат во декриминализација и демократизација на државата . Од нивниот ангажман и примерот што ќе го дадат ќе зависи и охрабрувањето кај граѓаните да се вклучат во сузбивањето на системската корупција, вели Руслан Стефанов, Директорот на економската програма на Центарот за европско лидерство во Бугарија кој заедно со романската обвинителка Ковеси и обвинителите Зврлевски и Јанева беше еден од говорниците на конференцијата „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на системи?“. Тој вели дека суштина на Специјалните обвинителства е истрага и следење на корупцијата во високите ешалони на валста.
„Во македонскиот правосуден систем се’уште нема институционална независност како во случајот со романската Специјална обвинителка. Ако Катица Јанева покаже резултати тоа ќе има огромни ефекти врз македонското општество кои како бранови ќе предизвикуваат промени во целиот политички систем, ќе се подобри социјалниот амбиент, а ќе се зголеми и довербата во институциите. Во Скопје почувствував огромна енергија и големи надежи од активностите на Специјалната јавна обвинителка. Затоа од исклучителна важност се ефектите што ќе произлезат од дејстување на Катица Јанева “ , порачува во интервју за Фактор Стефанов кој работи на различни проекти во областа на борбата против корупцијата, сивата економија и управување.
Нашиот соговорник кој е член на тимот на експерти кој работи во подготовка на годишниот економски извештај на претседателот на Република Бугарија оценува дека од исклучителна медумите имаат огромна улога во справуавњето со организираниот криминал и корупцијата .
„Ми се чини дека македонските медиуми недоволно партиципираат во разоткривањето и справувањето со корупцијата и криминалот. Не треба да заборавиме дека медиумите и судствто се клучни фактори во подобрување на системот на упраување во една држава, дециден е Стефанов .
Разговарааше Горазд Чомовски
Фактор: Какво е Вашето искуство од спроведеното истражување во борбата против корупцијата во земјите од Југоисточна Европа и каде се наоѓа Македонија на листата споредбено со државите од регионот?
Стефанов: Од 2001 година до сега имаме направено четри истражувања. Од нивните резултатите произлегува дека државите од Југоистична Европа имаат значително повисоко ниво на корупција од земјите во ЕУ . Развиени се сите видови на мито . Во сите земји , вклучувајќи ја Хрватска и Турција развиени се сите алатки и методи на корупција. Македонија се наоѓа на средината по стапката на корупција во државите во регионот а во неа 15 насто од граѓаните се вклучени во корупциските зделки. Според анкетите во Македонија најкорупирани с е цариниците, лекарите , полицијата, што е каракатеристика за цела Југоисточна Европа.
Според сознанијата од истражувањата многу е мал бројот на граѓани кои не сакаат да даваат мито за остварување на одредени услуги . Тоа значи дека нема упорност во борбата против корупцијата и многу е мала довербата во институциите и Владата дека можат реално да се справат со растечката корупција . Од сите држави во регионот само кај Храватите има расположение за битка против корпцијата, а Романците имаат доверба во постојните институции кои се справуваат со овој облик на криминал .
ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА СТИМУЛИУРААТ, А НЕ ДА ОПСТРУИРААТ РАЗОТКРИВАЊЕ НА КРИМИНАЛ
Фактор: Како во една земја во која стапката на корупција е релативно висока, а со обелоденувањето на аферата „Прислушшување “ се покажа и влијанието на извршната во судската власт може да се обезбеди независно, непристрасно и професионално функционирање на институциите?
Стефанов: Битката со корупцијата е долгорочен и повеќеслоен проект. Битката со корупцијата претпоставува сериозни ресурси за независно обвинителство, судство и истражни органи. Но, историски погледнато, одредени европски држави, пред се’ скандинавските , во САД, како и во Средноисточните азиски држави кон средината на 20-тиот век успеа да ги трансформираат своите општества и држави во справувањето со системската корупција . Тие прераснаа во општества со добро управување но за да стигнат до таков режим на добро упраување на овие дражви им беше потребно да помине период од неколку децении.
Мислам дека треба да бидеме на јасно дека Македонија и земјите од Југоисточна Европа треба да поседуваат огромна волја за системски промени за стабилизирање на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата. Политичките водства, партиите и лидерите треба треба да бидат тие кои ќе предничат и инститираат во декриминализација на и демократизација на државата . Од нивниот ангажман и примерот што ќе го дадат ќе зависи и охрабрувањето кај граѓаните да се вклучат во сузбивањето на системската корупција. Тие треба да бидат гаранти за независните институции и истражните органи во битката со овој криминал. Тоа важи и за Македонија зашто за нејзините граѓаните последна и голема надеж е работата и ефектите штои би прозлегле од дејствувањето на Специјалното јавно обвинителство во разотркируавњето на сите кривични дела од аферата „Прислушување“. Тоа е една од ретките шанси да се трансформира и општествена свест но и да се обезбеди сигурност на граѓаните дека ќе бидат заштитени од институциите со самостојно и независно дејстување, без влијанието на на партиите и нивните лидерства.
ФУНКЦИЈАТА НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА Е ДА „ЛОВИ “ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈАТА ВО ВИСОКИТЕ ЕШАЛОНИ НА ВЛАСТА
Фактор: Мислите ли дека Специјално јавно обвинителство може за релативно кратко време кривично да ги гони сите оние кои работеле спортивно на законот и учестувале во инкриминирачки дејствија?
Стефанов: Рано е да коментирам какви ќе бидат резултатите, но што побрзо се покажат како ефикасни тоа ќе биде сериозен сигнал за враќање на довербата и способноста на институциите да се справат со високите стапки на корупција . Во битката против корупцијата од исклучителна важност е угледот и влијанието на Обвинителот.
Истовремено потребна е соработка меѓу институциите во откривањето на сторители и прибирањето на доказите. Тоа зависи од поделбата на извршната и судската власт, зашто битката со организираниот криминал не може да се води со сторителите или заштитниците на кривичните дела. И во дел од Западна Европа постои корупција во царината и полицијата но тоа не се ендемски појави , Но разликата е во тоа што државите од Југоисточна Европа корупцијта е вгнездена во највисоките врвови на власта. Ова го потврдија сите досегашни истражувања при што се покажа непосредната поврзаност меѓу извршната и судската власт.
Не може да се зборува дека 5о проценти зделките во јавните набавки зависат од висината на митото , а притоа да очекувате дека ќе се одвива рамноправна економска конкуренција. Евидентно е дека во Западна Европа е многу помал бројот на откриените коруптивни скандали за разлика од постранзициските дражави каде што тоа е систем на живеење, управување и економија.
Фактор: Вашата организација соработува со романското Специјално обвинителство. Дали Романија е пример кој Македонија треба да го следи особено што имаат слична институционална и правна поставеност?
Стефанов: Романија може да биде пример за моделот со кој се направи пробив, Но и во Романија се уште има проблем со корупцијата. Но факт е дека функционирањето на Специјалното обвинителство ја промени атмосферата. Но искуството од Романија ни покажува дека треба да се исполнат одредени предуслови за да се појави Обвинител од типот на Ковеси. Но и на нејзиното појавување претходеа многу законски предуслови за јакнење на институциите, за создавање нормативен амбиент што му овозможи на романскиот специјален обвинител да влезе во битката и да има резултатите во спарувањето со корупцијата и криминалот. Непосредно е дека романската Обвинителка доби и огромна поддршка од ЕУ.
Тоа што треба да се изучува е начинот на кој романските партии, и покрај својата политичка конкуренција дозволија и прифатија формирање на Специјално обвинителство, како независно тело, без можност партиските лидери да вршат дирекно влијание врз истражните постапки. И Хрвaтите имаат сличен орган на Обвинителство . Треба да се изучува и искуството на Специјалното обвинителство во Хонк Конг како модели за спраување со организираниот криминал . Но и за овој тип на независни институции важна е транспарентност и очетноста . Добиените резултатите се само зацврстување на довербата во Обвинителството.
Суштина на Специјалните обвинителства е истрага и следење на корупцијата во високите ешалони на валста. Да не заборавиме и на искуствата од САД каде се истражувани примања на поткуп кај конгресмени , но таму постапките почнуваа и завршуваат.
Во државите од Југоисточна Европа, политичките лидери, министри како да не се подложни на истраги за криминал за кои обично граѓаните јавно зборуваат. Затоа и не ме чуди што речиси се празни листите на гонети и пресудени политичари од највисоките ешалони од власта за примање на мито, незаконски одлуки и трансакции .
Фактор: Дали Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева би можела да биде македонската Лаура Кодрута Ковеси ?
Стефанов: Времето ќе покаже. Но тоа што го гледам во Македонија , во правосудсниот систем се’уште нема институционална независност како во случајот со романската Специјалната обвинителака, а претходно и со нејзнината претходничка Маковеј . Ако Јанева покаже резултати тоа ќе има огромни ефекти врз македонското општество кои како бранови ќе предизвикуваат промени во целиот политички систем, ке се подобри социјалниот амбиент а ќе се зголеми и довербата во институциите. Факт е дека во Скопје почувствував огромна енергија и големи надежи од активностите на Специјалната јавна обвинителка . Затоа од исклучителна важност се ефектите што ќе произлезат од дејстување на Катица Јанева .
МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ НЕДОВОЛНО УЧЕСТУВААТ ВО РАЗОТКРИВАЊЕТО НА КОРУПЦИЈАТА
Фактор: Пред влезот на Бугарија во ЕУ земјата важеше за една од најкурумпираните земји. И денес таа се вбројуваа меѓу една од земјите членки на ЕУ каде што организираниот криминал и корупцијата има висок процент...
Стефанов: Кога Бугарија стануваше членка на ЕУ 2003-2006 година стапката на корупција беше релативно ниска. Тоа е доказ дека е важна надворешната контрола врз домашните институции. Сите бугарски институции значително ја зголемија ефикансост и отпорноста кон корупцијата . Но со самиот влез во ЕУ се поменија формите на корупција во Бугарија особено со злоупотреба на парите од европските фондови. Затоа државата беше подложна на контроли од Брисел, замрзнување на средствата од европските фондови кои беа наменети за Бугарија . Но евидентно е дека после влезот на Бугарија во ЕУ нејзините институции стануваа се покредибилни . Има многу повеќе контрола . Но во однос на дејстувањето на Обвинителствата се‘ уште има поплаки од граѓаните. И во споредбата со романските искуства, Бугарија уште има простор за подобрување на вмрежувањето на институциите и јакнење на самостојноста на судството и пред се’ Обвинителството. Но граѓаните ја почуствуваа сигурноста која ја црпат од ЕУ зошто им станаа достапни нејзините институции во битката против корупцијата во Бугарија .
Прашање : Каква е улогата и влијанието на медиумите во борбата против корупцијата и организираниот криминал ?
Стефанов: Искучително голем! Но и во Бугарија забележува пад на влијанието на медиумите, поради економската и финансиска криза. Повторно се реактивирани влијанијата на политички-економските елити врз медиумите. Но и во оваа област членство во ЕУ има одредени предности , пред се’ преку интересот на европскките медуми за случувањата во Бугарија, нивните погледи и анализи во земјата на нашите граѓани им овозможува друга слика и информација освен од домашните медиуми . Ми се чини дека во Македонија, медиумите не учестуваат или барем недоволно партиципираат во разоткривањето и справувањето со корупцијата и криминалот .
Не треба да заборавиме дека медиумите и судствто се клучни фактори во подобрување на системот на управување во една држава.
Слично
