Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ СТЕФАНО ВОЛПЕТИ: Иновација и промена на навиките во визијата на Филип Морис за иднина без чад

ИНТЕРВЈУ СТЕФАНО ВОЛПЕТИ: Иновација и промена на навиките во визијата на Филип Морис за иднина без чад

Од развој на производ до усогласување со пазарот, патот до трансформацијата често е исполнет со противречности и предизвици. Во ексклузивното интервју после одржаната конференција “Technovation” која се одржа во швајцарскиот град Ношател во центарот за развој и истражување на Филип Морис Интернешнл, Стефано Волпети, претседателот на категоријата производи без чад и главен директор за потрошувачи, објаснува како одлучноста за промена поткрепена со научни истражувања се основата во создавањето на тутунски алтернативи без чад кои можат да го променат животот на милиони пушачи во светот.

Филип Морис често зборува за иновацијата како двигател на промените, но секој од нас различно го разбира зборот „иновација“ - производ, начин на размислување, корпоративна култура. Што претставува вистинска иновација за вас?

Волпети: Иновацијата значи да се има храброст да се направи смел чекор, како што направивме ние во 2016 година, со цел да им понудиме подобра алтернатива од цигари на пушачите, и да поставиме цел до 2030 година, две третини од нашите приходи да доаѓаат од производи без чад. Тоа значеше вложување во големи инвестиции, поставување на цел која значи трансформација на  иднина без чад..

14 милијарди долари се вложени во развој на производот, во негово научно поткрепување и комерцијализација. Ако внимателно следите, ќе забележите дека постојано ги унапредуваме сите наши производи – секогаш има нова верзија и тоа е иновација што е фокусирана на потрошувачот. Секоја нова верзија на производот е резултат на повратната информација што ја добиваме од корисниците.

Денес имаме над 39 милиони корисници на производи без чад ширум светот, и тоа ни обезбедува огромна количина податоци за да разбереме кој е нашиот следен чекор и што треба да направиме за да им помогнеме на пушачите во процесот на транзиција. Најголем предизвик во овие иновации беше елиминацијата на согорувањето, затоа што кога ќе се елиминира согорувањето, штетата кај производите без чад се намалува до 95%.

Кога една компанија зборува за трансформација, тоа звучи прилично амбициозно. Гледајќи од Ваша страна, со какви предизвици се соочуваше и се соочува Филип Морис на патот кон овие промени?

Волпети: Ова навистина е многу амбициозна трансформација ако ги земеме предвид сите категории на производи за широка потрошувачка, веројатно и најголемата трансформација што се случила во последните десет години. Ако ги погледнеме бројките, приходот од алтернативите без чад на Филип Морис годинава на глобално ниво изнесува 42 проценти, веќе имаме 23 пазари со резултати поголеми од 50 проценти, а инвестиравме 14 милијарди долари во развој, научна потврда и комерцијализација на алтернативи без чад. Овие бројки сами по себе се доказ за голема трансформација.

Ако ги погледнеме и надворешните показатели, на нашите најуспешни пазари, како Јапонија, стапката на пушење е намалена за речиси 50 проценти, а во Шведска од над 20 проценти на помалку од 5 проценти. Тоа се огромни достигнувања. Нашата најважна одлука беше полнолетниот пушач да го ставиме во центарот на сите наши активности. Преку спознавање на пушачите, разбираме кои се најважните карактеристики на алтернативите без чад што ќе им помогнат полесно да ја направат транзицијата.

Сето тоа веќе е видливо и присутно: инвестиции во наука и технологија за научна поткрепа на алтернативите без чад – што е клучен чекор за нас. Научната поткрепа продолжува и за сите нови производи.

Филип Морис е во постојан контакт со своите потрошувачи. Кои сознанија за потрошувачите според вас имаа најголемо влијание врз промената на работењето на компанијата во последните години?

Волпети: Мислам дека ако сте пушач или имате пријатели кои пушат, најчестата реченица што ја слушате е: „Те молам, престани со пушење, престани,“ но тоа решение не е прифатливо за сите. Затоа го прифативме следниот пристап: „Ако не пушиш – не почнувај, ако пушиш – престани, ако не можеш да престанеш – промени“. За  пушачите кои не се откажуваат, обезбедувањето помалку штетна алтернатива беше најдобрата идеја. Секој од нас, кога сака да ги промени своите навики, полесно се откажува ако има алтернатива.

Имајќи предвид дека компанијата е присутна во различни пазари од регионот, можете ли да ни кажете какви разлики постојат во однос на ставовите кон производите без чад во различни земји, и каков е пристапот со оглед на тие разлики?

Волпети: Нашиот сегашен пристап е полнолетниот пушач, односно  потрошувачот да биде  во центарот на сите наши активности. Пушачите и потрошувачите не се исти насекаде низ светот – постојат различни нивоа на подготвеност за премин кон алтернативи без чад, а на тоа влијаат и различните законски регулативи ширум светот. Ги земаме предвид сите овие разлики – од рационални, физички, сензорни аспекти и потоа ги вклучуваме во процесот на развој на нашите производи.

Секогаш велам дека ние не сме тука само за да продаваме производи туку сакаме да ги промениме секојдневните навики, а кога се стремиш кон тоа, не можеш да се фокусираш само на производот, туку на целото искуство. Затоа инвестираме и во нашите продажни објекти за да обезбедиме вистинско искуство.

Се фокусираме на искуството на промена на тие секојдневни навики. Без разлика дали се наоѓате во Азија, Европа или САД, почетната точка секогаш ќе биде различна – сите наши искуства се специјално прилагодени на потребите на потрошувачите во различни делови од светот. Добрата вест е што сме присутни на 95 пазари ширум светот и на секој од нив имаме барем еден производ без чад. На 46 пазари имаме два, а на 16 три производи  и таа бројка постојано расте. Клучен дел од овој процес е и регулативата, која исто така влијае врз однесувањето на потрошувачите.

Слично

Поврзани вести