Интервју Станковска-Костова: Професионално израснав во Кроациа Осигурување, силно верувам во овој бренд
Целата
професионална кариера ја градела во Кроациа
Осигурување-Живот АД Скопје. Маја Станковска-Костова во моментов е директор
на Секторот за поддршка на продажба и
едукација во компанијата, каде што е ангажирана на координација и едукација на
позадинските процеси, логистика на продажните канали на друштвото, следење на
пазарот на осигурување, светските трендови. Во интервју за „Фактор“ вели дека
својата иднина ја гледа во Кроациа Осигурување,
бидејќи силно верува во брендот на оваа компанија, која е најуспешна на пазарот
во земјава, и понатаму продолжува да ја зацврстува лидерската позиција.
Бројките говорат дека заклучно со 30 јуни годинава, дури 44 отсто од вкупната
премија на пазарот за животно осигурување е на Кроациа. Таа зборува и за Банко
осигурувањето, нов канал на продажба кој е во подем, а каде најчесто продаван е ризико производот, со кој се осигуруваат
кредитите што клиентите ги зеле од банките. По повод денешниот Светски ден на осигурувањето, први
ноември, се промовира Детското штедно
осигурување, со кое од најмлада возраст родителите ќе можат да ја обезбедат
иднината и реализирањето на соништата на своите најмили.
Во моментов сте на позицијата Директор на поддршка на продажба и едукација во Кроациа Осигурување-Живот АД Скопје. Колку долго сте на оваа позиција и која е Вашата главна професионална преокупација во компанијата во моментов, на кои деловни задачи сте главно сконцентрирани?
На оваа работна позиција сум речиси пет години, почнувајќи од стартот на 2015 година. Работните задачи кои ги извршувам тековно и на коишто сум сконцентрирана се разнолики. Секој ден е различен од претходниот и секој ден носи различни предизвици во работењето. Како главни активности што се извршуваат во овој Сектор би ги навела координација и организација на работни активности во позадински процеси, логистика на сите продажни канали на друштвото, следење на пазарот на осигурување и светските трендови во делот на осигурувањето, учество во интерните проекти за развој на производи, подобрување на работни процеси, активна комуникација со банките во насока на зајакнување на соработка и креирање на нови бенефиции за осигурениците, кооординација и организација на активности поврзани со грижа на корисници, организација и следење на усогласеноста согласно ИСО-стандардите, подготовка на анализа, како и следење на процесот на едукација на вработените.

Може ли да ни кажете нешто повеќе за Вашиот развоен пат, како и каде почнавте и како се градеше Вашата професионална кариера низ годините?
Професионалната кариера ја започнав пред повеќе од 10 години, почетокот на 2009 година. Можам да кажам дека во Кроациа Осигурување професионално израснав, тука ја изградив целата моја кариера. Од 2009 година почнав како постар интерен застапник во продажба, тоа е она прво ниво во рамките на Секторот продажба во Кроациа Осигурување. После една година, веќе имав можност да се вклучам во друга служба, во Службата за управување и развој на застапничка мрежа, каде што мојата главна задача и преокупација беше регрутација на застапници, едукација, креирање на програми за едукација за надворешни застапници и следење на тој целокупен процес на развој на еден од каналите на продажба. Понатаму, се вклучив во организација и следење на сите позадински процеси, а потоа, во 2015 година, го презедов целосното водење на оваа служба за позадинска поддршка на продажба и едукација. Морам да кажам дека во Компанијата научив многу, се изградив, тука ги стекнав знаењата за осигурување, бидејќи пред да дојдам во Кроациа Осигурување немав никакви допирни точки со осигурувањето.
Како успева една сопруга и мајка секогаш професионално да одговори на деловните задачи?
Можеби личи како клише, но, ако се сака, за сè се наоѓа време. Работата ме исполнува и не ми претставува товар. Секогаш ми е предизвик нешто ново да направам и да успеам во тоа. За мене е клучен успехот – ако успеам, не жалам за потрошената енергија или за посветеноста на работата. Така што, во моментов, мислам дека добро балансирам со сите тие обврски – и дома, и на работа. Секогаш знам дека може повеќе, значи да се сработи повеќе на работа и да се постигнат повеќе успеси. Успесите на компанијата ги доживувам како нешто лично – дека придонесувам кон успехот на Компанијата.

Какви се Вашите лични и професионални амбиции за наредниот период, каде ја гледате својата иднина?
Силно верувам во брендот Кроациа Осигурување и во понатамошниот развој на Компанијата. А, согласно тоа, гледам и можност за мој кариерен раст и развој во една од најуспешните компании за осигурување на живот во државава. Задоволство е да се работи во компанија којашто постојано расте и ја зацврстува лидерската позиција. Ние сме горди што сме лидери на пазарот и што постојано ја зацврстуваме оваа позиција. За тоа говорат и бројките. Заклучно со 30 јуни, 2019 година, 70 отсто од сите продадени полиси во земјава се на Кроациа, a 44 отсто од вкупната премија на пазарот за животно осигурување е премија од Кроациа Осигурување. Тоа ми дава дополнителен мотив да верувам дека ќе продолжиме понатаму да растеме и дека граѓаните гледаат еден долгорочен партнер во Кроациа. Бидејќи сите наши производи се долгорочни производи, изборот на партнер за животно осигурување мислам дека е клучна одлука на секое семејство. Работиме во тим полн со ентузијазам, подготвен за нови предизвици, победнички дух, што ми дава дополнителен мотив за преземање на нови предизвици и очекувања за продолжување на успесите понатаму.
Банко осигурувањето е во подем во овој период. Би Ве замолила, малку подобро да ни објасните што всушност претставува Банко осигурувањето, каков бенефит тој им носи на клиентите, кои ќе бидат нивните придобивки доколку го користат?
Преку Банко осигурувањето производите на Кроациа станаа доста подостапни до самите клиенти, односно до крајните корисници – граѓаните. Банките овозможија достапност на сите финансиски продукти на едно место, со што клиентите добиваат повисок степен на услуга и воедно партнер којшто се грижи за клиентите да обезбедат капитал којшто им е потребен во иднина за реализација на нивните планови, реализација на плановите на нивните деца и семејства, како и финансиска заштита за најблиските во најтешки моменти, при загуба на член на семејството. Како компанија сме посветени кон континуиран развој на нови продукти, креирање на нови производи поврзани со банката, со цел да се зголемат бенефициите на клиентите и да се пресретнат нивните барања и очекувања. Најчесто продаван производ кој можам да го издвојам во соработката со банките е ризико производот, кој се продава како врзан со кредитите на банките. Најголемиот бенефит за клиентот од овој производ е тоа што доколку во текот на траење на договорот за осигурување настапи смрт на осигуреникот, значи најлошиот момент, во таков случај Кроациа ја презема обврската за плаќање на неотплатениот дел од кредитот кон банката. Значи, во таква немила ситуација за едно семејство, нашата соработка со банката овозможува заштита на семејството – понатаму да немаат долгови. Ние го исплаќаме кредитот. На пример, ако семејството купило стан на кредит, во таков случај станот веќе ќе биде исплатен и ќе нема хипотеки. Така што, тука има една заштита на целото семејство.
А колку чини премијата?
Премијата е различна. Зависи од осигуреникот, од траење на договорот, како и од висината на осигурената сума, односно износот на кредитот. Така што, за секој клиент имаме поединечен пристап при пресметка на премијата. Тоа не е некој голем износ што би го оптоварил и самиот клиент, и кредитот. Значи, овој производ е достапен за граѓаните.
Со кои банки соработува Кроациа Осигурување-Живот во делот на Банко осигурувањето?
Кроациа Осигурување-Живот е лидер и во Банко осигурувањето. Ние работиме со две банки во моментов и веќе сме пред започнување на соработка со трета банка. Можам да истакнам дека ние сме единствена компанија за живот која има соработка со повеќе од една банка. Соработката ја почнавме во 2015 година со НЛБ Банка АД Скопје, а во 2018 година почнавме соработка и со Халк банка. Остануваме посветени на развојот на овој канал и тука гледаме можност за почнување на соработка и со нови банки. Кога зборувам за лидерската позиција на Кроациа Осигурување-Живот, тоа може да се потврди низ бројки. Согласно последните достапни информации што ги имаме за пазарот на животно осигурување при продажба на полиси, од вкупно реализираната премија преку банки со 30.6.2019, 78,5 отсто е премија којашто е реализирана од банките со коишто Кроациа соработува.

Какви се плановите на компанијата за наредниот период?
Иако пазарот на животно осигурување е млад пазар, Кроациа Осигурување-Живот е прва компанија која донела одлука тука да започне со продажба на животно осигурување. Групацијата Кроациа има стратешка определба да го развива животното осигурување на нашиот пазар. Во следниот период верувам дека ќе продолжи со развојната линија на компанијата и јакнење на брендот на Кроациа Осигурување-Живот на нашиот пазар. Кроациа е посветена на креирање на нови производи и развој. При развојот секогаш се следат барањата на клиентите и нивните потреби, како и светските трендови на осигурување, воведување на дополнителни бенефиции за осигурениците, јакнење на сите продажни канали, а особено Банко осигурувањето и интерните канали, за кои сметам дека се канали на продажба коишто не одвојуваат од останатите на пазарот. Во идниот период очекуваме дека Кроациа ќе остане лидер на пазарот, и по премија, и по број на продадени полиси.
Денеска е први ноември, Светски ден на осигурувањето. Каква акциија подготви Кроациа Осигурување-Живот за граѓаните по повод овој значаен датум за осигурителниот бизнис?
За развојот на пазарот на животно осигурување и зголемување на свесноста за потребата за животно осигурување, веруваме дека едукацијата е клучна. И тоа почнувајќи од најмала возраст, значи од возраста на децата. Поради тоа, овој месец ќе го посветиме на децата, на најмладата популација, и ќе ги поттикнеме да размислуваат за осигурување, воедно и штедење. Овој месец ќе го поврземе со нашиот производ КОКО - Детско штедно осигурување, којшто е наменет за деца од нула до 13 години. Со овој производ – Детско штедно осигурување, се овозможува да се остварат нивните соништа и да се реализираат нивните цели во животот, така што, преку овој производ родителите, бабите и дедовците овозможуваат собирање на капитал којшто ќе биде понатаму наменет за образование на децата, за почнување на сопствен бизнис, или која било друга цел што ќе си ја постави детето. Така што, во овој контекст, во текот на ноември ги повикуваме сите наши осигуреници – деца да се приклучат на означување на овој месец на осигурување, и да ни достават цртежи на тема осигурување и штедење, со што ќе ја искажат својата креативност и ќе ни покажат како го доживуваат осигурувањето и штедењето. На почетокот од декември, врз основа на сите овие собрани творби, комисија ќе одлучи кои три творби ќе бидат најкреативни. Тие три творби ќе бидат наградени и ќе бидат јавно објавени. Сакаме наградите да бидат некој личен бенефит за децата затоа една од наградите е ваучер за велосипед.
Повеќе информации за учество во акцијата на следниов линк: http://cro.mk/News.aspx?news=10335
Н.Н.Ф.