Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Спиро Ристовски: Старосната граница за пензионирање нема да се зголемува!

Интервју Спиро Ристовски: Старосната граница за пензионирање нема да се зголемува!
Неодамна предупредивте на опасноста од неодржливост на Фондот за  ПИОМ? Постои ли опасност за исплатата на пензиите ? Ристовски: Мојата  изјава пред некое време апсолутно беше извадена од контекст. Сепак и меѓу Вашите колеги има новинари кои не секогаш целосно професионално се однесуваат. Таа изјава беше дадена во контекст на прашањето поврзано со наталитетот и поврзано со активното работоспособно население. Во Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е стабилен и веќе долги години наназад пензиите се исплатуваат навреме. Ние најавивме дека пензиите ќе се исплаќаат првата седмица во месецот без разлика на група и категорија. Така и се исплатуваат. Континуирано провејува приказната дека Фондот оваа година ќе крахира, па, следната година ќе крахира. Но, тој никако да крахира. Тоа е само желба на опозицијата и нормално е ги таргетира пензионерите, бидејки во дел од  семејствата пензијата можеби е основен избор на егзитсенција. Во Република Македонија ние немаме проблем со функционирањето на Фондот. Јас, она што го говорев, го говорев во однос на она што не очекува во следните 20, 30 или 50 години. Имено, во изминатите 30 -тина години имаше 5 активни работници  на еден пензионер. Сега има  1,75 работници  на еден пензионер, што не е тренд само на Македонија. Значи, да бидеме на чисто, најголем дел од Европа се среќава со овој проблем. Проблем наречен  стареење на населението.  Животниот век на актуелните пензионери и оние што биле пензионери пред 50 години пензионери, сега е различен. Старите лица сега живеат подолго од она што се живеело пред 30 или 50 години. Намален е и природниот прираст со што се намалува и очекуваната работна сила, а тоа резултира со намалени човечки ресурси за вработување, а со тоа се намалува уплатата на средства по однос на придонес во Фондот и тоа може да резултира со проблеми во исплатата во нередните 30 односно 50 години. Велите за 30 години. Тогаш , дали сте загрижен за Вашата пензија, бидејќи тоа е период кога ќе бидете пензионер ? Ристовски: Не, од причина што Македонија го реформираше системот за пензиско и инвалидско осигурување односно се воспостави третиот пензиски столб и се воведе  вториот столб како задложителен. Вториот пензиски столб односно задолжителното капитално финансирање овозможува делумна рационализација на ризикот кој постои во делот на стареењето на населението. Можноста на овие друштва да управуваат и инвестираат со овие средства на корисниците во насока на правилна инвестиција, инвестирање на домашни хартии од вредност, депозити, инвестирање на  странски берзи со целосна контрола од страна на државата, овозможува гаранции за зголемена пензија која треба да ја земат корисниците . Тука е третиот столб, кој треба да овозможи на доброволна основа дел од корисниците , доколу сакаат сами да си уплатуваат дополнителени средства, што ќе им овозможи полесно остварување на целокупниот износ на пензија. Од година во година растат парите што ги префрлате од Буџетот кон Фондот. Од друга страна ги намаливте придонесите а со тоа и приходите на Фондот? Дали тоа беше погрешна политика ? Ристовски: Политиката на намалување на даноци и намалување на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување е една од најдобрите мерки што оваа Влада можеше да ги спроведе. Во првите две години односно во  2007 и 2008 година се до почетокот на светската криза, податоците  говорат дека тоа беше исклучително разумен потег, во насока на обезбедувањето на толкавиот раст што Македонија го оствари во тие години.  Но факт е дека по доаѓањето на кризата тоа ни создаде проблеми.  И , не само на нас,  истото продолжување на кризата кое следеше со ресијата во Европа, само го продложи проблемот и следните години. Но, политиката од старт донесе успех, полесен пристап, полесен бизнис, можност за компаниите да се одлучуваат да инвестираат и да ја реинвестираат својата добивка. Сега кога настапи кризата, навлегуваме веќе во ризична фаза ако продолжиме да ги намалуваме придонесите и затоа е запрено натамошното намалување на придонесите до 2014. Потоа ќе процениме дали ќе продолжи намалувањето или не.  И затоа не би требало да се воведуваат или да се продложат одредени реформи кои можат делумно да ни ја усложнат и така веќе сложената ситуација со уплатата на придонесите . Колку пари следната година ќе префрлите од Буџетот во Фондот за ПИОМ?          Ристовски: Следната година вкупниот буџет на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е  40 милијарди денари , од кои 39,9 милијарди денари се за исплата на пензиите. Тие средства се планирани и ќе бидат реализирани и пензионерите воопшто не треба да се грижат. Трансферите од централниот Буџетот се планирани.  И да, тие растат од година во година,  но и тоа е контролирано и воопшто не сме доведени во некаква ризична фаза.  Ние би биле среќни тие трансфери да се намалуваат,  но нормално е како што расте бројот на пензионерите тие средства да зголемуваат. Некаде  од прилика  15 милијарди денари е трансферот годишен што ние го реализираме кон Фондот за пензиско и тоа е планиран трошок а од друга страна Фондот и исплатата на пензиите е врвен приоритет на оваа Влада и затоа никој не треба да се грижи дали ќе му биде исплатена пензијата. Можно ли е да се случи зголемување на старосната граница за пензионирање? Ристовски: Не. Тоа, би сакал да го демантирам. Како се наближуваат избори, секогаш, без исклучок се појавуваат шпекулации дека Владата на затворена седница, размислувала,  разговарала .... Но не етака. Најотворено сакам да го демантирам тоа. Владата во оваа фаза воопшто не размислува да ја покачи старосната граница за пензионирање. Ниту пак сме дискутирале да се прави таква измена. Дали и Вие сега во пресрет на изборите во март им се додворувате на пензионерите и ќе им ги зголемите пензиите во интерес на што повеќе гласови? Ристовски: Не. Ова не е поврзано со изборите, бидејки нашата предизборна програма ја правевме во 2011 година и со таа излеговме на избори, но проценивме дека сепак пензионерите и корисниците на социјална помош се граѓани на кои во овој момент повеќе би им била потребна подршката од државата и покачување на нивниот приход,  пензија или социјална помош, тоа не е врзано со изборите. А, точно е дека тоа ни ги зголемува трансферите кон Фондот за пензиско и инвалидско, но и тоа е пресметано во буџетот и за истото нема да има проблем да се исплати. Со оглед дека енергенсите стануваат се поскапи, колку пари наменивте за енергетска сиромаштија? Ристовски: За енергетска сиромаштија имаме покачување за 17 отсто на износот  планирани за следната година.  Има  80 милиони денари наменети за оваа ставка, што е резултат на анализа на претходните години покачена за соодветниот процент. Стигнуваат ли тие средства  до социјално загрозените категории со оглед дека има тврдења дека е мал бројот на оние што ги добиваат парите?  Ристовски: Јас не би се сложил со тоа дека мал број на луѓе го добиваат ова право. Ниту дека не успеват да ги обезбедат документите.  Ние мора да имаме гаранција по однос на средствата што ги исплаќаме од буџетот и затоа бараме легитимен или легален документ дека извршил легална набавка на енергенсот. Дрва , нафта , струја . На пример, не може корисник кој бесправно сечел дрва да бара да му дадеме пари. Дали со 110 денари зголемување на социјалната помош сметате дека ќе им се помогне на социјално загрозените? Ристовски: Покачувањето во зависност од категоријата изнесува од 110 до 270 денари. Јас не мислам дека тоа е енормно зголемување или зголемување од кое тие ќе бидат задоволни, но сепак е зголемување. Тоа сепак ќе им дојде добро на корисниците. Во услови, кога одредени корисници земаат 2000 денари и тие 100 денари ќе им бидат доволни. Би било илузорно да кажам дека тоа е сосема доволно. Не е, но е обид  и покрај тоа што е тешка ситуацијата да најдеме начин како да им помогнеме. Лично сметам дека треба уште да се помогне но сметам дека поголем приоритет на министерството треба да биде тие корисници да се активираат во системот на работа.  Тие корисници, согласно нивните можности, треба да бидат вклучени во активниот систем на работа како на пример јавни работи.  И таквиот начин многу повеќе придонесе за нив отколку пасивно очекување на социјална заштита. Според статистиката во Македонија има 27,3 % на сиромашни но бројката е поголема ако од нив се исклучат оние што добиваат пензии и социјална помош , односно во тој случај сиромашни се 43 отсто ? Ристовски: За мене релевантен е 27,3 проценти, изнесениот податок  врз основа на кој,  во однос на претходните години има намалување . Мотивирачко е тоа . И, мораме да продолжиме со тоа. Но, не можеме да очекуваме дека за една година или еден мандат ќе сузбиеме проблем кој дваесет години  е креиран . Не навлегувам оваа или  таа Влада .  И тогаш и сега се случува да  определени состојби креираат нешто што ние не можеме наеднаш да го решиме. Новинар: Наташа СТОЈАНОВСКА   Интервју за економската емисија на АЛСАТ-М
Слично

Поврзани вести