Интервју со Виктор Груев: Очила преку кои се гледаат невидливите канцерогени клетки
Сензорската технологија е нова технологија што се користи во медицината и е базирана на очите на пеперутките кои можат да видат многу повеќе бои отколку што може тоа да го направи човекот
Виктор Груев е вонреден професор и истражувач во одделот за компјутерски науки и инженерство на универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис, а е приклучен и во одделот за електротехника и во одделот за биомедицински инженеринг. Груев развива сензорски технологии со примена во здравствениот сектор.
Фактор На сегашниов самиот ќе говорите за сензорските технологии применети во здравствениот сектор, може ли нешто поконкретно околу тоа да ни кажете?
Груев Ќе зборувам за една нова технологија што се користи во медицината. Оваа технологија е базирана на очите на пеперутките кои можат да видат многу повеќе бои отколку ние што можеме тоа да го направиме. Според тоа, имаме направено камера која е репликација на очите на пеперутките. Овие камери се интегрирани со очила со кои можат да се видат канцерогени клетки. Оваа технологија се користи во нашата болница во Сент Луис и во моментов почнуваме со комерцијализација на оваа револутивна технологија.
Фактор Како истражувач и професор кој што се фокусира на медицинската технологија, како ги усогласувате вашите достигнувања во праксата?
Груев Крајна цел со секоја технологија што ја развиваме во мојата технологиј ни е да се користи на дневни бази во медицината. Важно е да се работи на технологија што можеби после неколку години усовршување ќе има импакт во медицината. Работам и на технологии што секојдневно се користат во медицината. Се насочувам спрема технологија која ќе биде евтина, но и ефикасна. Таа технологија да може да се користи низ цел свет и на места каде што ресурсите се ограничени.
Тој ќе учествува на Македонскиот економски самит во организација на „Македонија 2025“ кој ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември. Самитот претставува собир на експерти кои ќе дадат свое мислење на теми како достигнување технолошки развој и иновации, нивна комерцијализција и како Македонија може да стане технолошки понапредна.
Фактор Господине Груев имате добиено безброј награди, може ли да ни кажете од кои области?
Груев Моето истражување опфаќа една широка област од електроника, нанотехнологија, сензори, алгоритми и био-медицински инструменти. Јас и мојата група на студенти со кои ги работам овие истражувања имаме добиено повеќе награди: најдобар напис на IEEE - конференција, најдобар “live demo” на IEEE, повеќе најдобри написи во списанија за електроника и био-медицина, награда за иновација во медицината и итн.
Фактор Од каде црпите инспирација за вакви ефикасни и ефективни истражувања?
Груев Едноставно имам детска љубопитност спрема науката и ме интересирало зошто функционираат работите во природата како што функционираат. Ме интересира биологијата и како во природата други организми примаат информации на еден едноставен начин. Ме интересира како можеме да ја ископираме природата во лабораторија и да креираме сензори кои се мотивирани од природата. На тој начин ќе можеме да направиме нови сензори и да откриеме нови работи што досега не сме можеле. Едноставно ме интересира тоа што сме го мислеле дека не е возможно да се направи и да се реализира.

Слично