Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју со Пеце Гугучевски: Половина од штедачите во ТАТ сѐ уште се необештетени

Интервју со Пеце Гугучевски: Половина од штедачите во ТАТ  сѐ уште се необештетени
Меѓународниот Суд за човекови права во Стразбур,кој беше последна надеж за илјадниците ограбени граѓани во најголемата финансиска афера во поновата историја на Република Македонија, ја врати нивната тужба против државава од чисто формални причини. Претседателот на здружението на сѐ уште необештетените штедачи во некогаш најпопуларната штедилница во земјава, Пеце Гугучевски, вели дека Судот во Стразбур нема да се занимава со нивната тужба поради административна грешка, но дека Здружението сега упорно настојува да го елиминира и неа, па, ако биде можно, тужбата да ја преиспрати на адреса на истиот Суд. Фактор: Може ли ни објасните зошто Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур ја врати тужбата и одби да расправа за тужбата? -Минатата година во мај, ние добивме одговор од Врховниот суд во Македонија дека сме од таму одбиени. Тоа беше последната судска истанца и последниот правен лек во државата. Потоа во рокот од шест месеци после пресудата во Врховниот суд, ние испративме жалба до судот во Стразбур, од каде по еден месец ни испратија одговор дека наводно било направена грешка во пополнувањето на апликацијата на тужбата.  Тоа не е грешка сигурно. Меѓутоа, предметот беше вратен по два основа, а вториот основ беше дека немало доказ дека пресудата од Врховен суд сме ја добиле на 9 мај во Македонија и дека сме го запазиле рокот. На тоа ние поднесовме писмена жалба до претседателот на судот во Стразбур и до администраторот на судскиот совет, меѓутоа до ден денес немаме добиено одговор дали сме одбиени или не. – вели Гугучевски.  Фактор: Колкав е точниот број на необештетени граѓани и колку изнесува вкупниот износ на изгубени штедни влогови? Во 1997 година кога пропадна штетилницата ТАТ беа околу 12.000 штедачи, со депозити што заедно надминуваа 120 милиони тогашни германски марки. Сега сме има над 5 000 сѐ уште необештетени штедачи. Што значи дека на половина од штедачите не им се исплатени загубените депозити. Изјавата на лидерот на штедачите на ,,ТАТ”, Кире Ковачев во емисијата ,,Јади бурек” кој рече дека уште 5 отсто од штедачите се необештетени, можам да ја демантирам бидејќи тоа не е точно. Се работи за бројка од над 30 милиони евра кои треба да им се исплатат на необештетените граѓани. Фактор: Што планирате понатаму да преземете ако Судот во Стразбур одбие да расправа за случајот ТАТ? Понатаму секако дека ќе преземаме други активности, се зависи од одговорот во Стразбур. Доколку Судот нѐ одбие, тогаш, најверојатно ќе пробаме да се договориме со нашата Влада, иако веќе неколку пати пробавме, но не ни се одзваа доволно, па случајот тапка во место. Секако дека ние нема да застанеме и ќе продолжиме да бараме начин да се реши случајот.   Ирена Каревска            
Слично

Поврзани вести