Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју со Наумовска: Со континуирани инвестиции во мрежата, А1 Македонија обезбедува најбрз интернет за своите корисници

Интервју со Наумовска: Со континуирани инвестиции во мрежата, А1 Македонија обезбедува најбрз интернет за своите корисници

Неодамна Агенцијата за електронски комуникации го објави Извештајот за состојбата на квалитетот на јавни електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни електронски комуникациски мрежи за Скопје, Куманово, Тетово и Илинден кој покажа дека А1 обезбедува најбрз мобилен интернет во овие четири општини. Со ова, мрежата на А1 доби своевидно признание за квалитет што секако најмногу оди во прилог на корисниците, но ја покажува и посветеноста на компанијата во обезбедување премиум корисничко искуство. За работењето и плановите на А1 од аспект на мрежата, нејзиното усовршување и идни планови, разговаравме со Маја Милосавлевска Наумовска, дирекорка на одделот за техника во А1 Македонија.

A1 Македонија е компанија која нуди конвергентни услуги односно мобилна телефонија, мобилен интернет, фиксни услуги и телевизија. Што значи ова портфолио од аспект на мрежата на А1 и кој е резултатот за крајните корисници?

Далечно минато е времето кога едно домаќинство, компанија или мал и среден бизнис користеа само услуги со една технологија. Брзината и ефиксноста независно од локацијата доби исклучително значење, а оттука се променија и потребите за комуникација во сите заедници. Како компанија свесна за промената на навиките на корисниците, постојано развиваме портфолија кои ќе ги пресретнат овие потреби, а за тоа неопходна е софистицирана мрежа која ќе ги опслужи сите, на што пак ние во А1 Македонија интензивно и константно работиме.  Конвергенцијата значи нови комбинирани услуги кои што ги нудиме кон крајните корисници како и нов начин на деловно работење и интеракција со општеството. Основниот тип на мрежна конвергенција е комбинација и поврзување на платформите и мрежите, што од своја страна овозможува поврзување на различни типови на мрежи преку одредени заеднички стандарди и протоколи. Таквиот начин на мрежно и платформско поврзување е oсновата за  новиот начин на на групирање на корисничките услуги во еден пакет, односно конвергенција на телекомуникациските услуги.

Кои се клучните фактори за обезбедување непречена комуникација или кои се факторите кои влијаат за непречено функционирање на мрежата? 

Tелекомуникацискиот сектор е еден од најбрзо растечките во светот. Во таа насока,  телекомуникациските оператори покрај тоа што инвестираат сериозно време и ресурси во иновациите и развој на мрежите и платформите, максимално се фокусираат пред се на обезбедување на квалитет на услугите и задоволство на корисниците.

Непреченото функционирање на мрежата е еден основните приоритети во оперативното работење на техничкиот оддел на А1 Македонија. Секако за да се постигне супериорно ниво на функционирање на мрежата кое што обезбедува непречена комуникација, потребно е да бидат обезбедени повеќе клучни фактори како што се добар дизајн на мрежата и на клучните мрежни елементи, eднозначни и ефективни оперативни процеси кои што се еден од клучните фактори за нормално работење на мрежата, нејзиното управување и одржување, робусни системи и процеси за да овозможуваат соодветно ниво на перфорамнси, како и лојални и дедицирани вработени со максимално ниво на подготвеност и копметенции.

А1 Македонија е дел од големата А1 Телеком Австрија Групација. Дали може да направите споредба со мрежата на земјите членки во групацијата со нивото на развој на македонската? Ги користите ли взаемно искуствата?

Како дел од А1 Телеком Австрија Групација, А1 Македонија има навистина уникатна можност на дневно ниво да разменува информации и искуства со колегите од другите компании членки на оваа групација. Секако во таа насока, сите компании дел од А1 Телеком Австрија Групација работат според заеднички воспоставен и унифициран систем за следење и мерење на квалитетот на нашите мрежи. Според тој систем за мерење и следење на квалитетот на мрежата, А1 Македонија гордо се носи рамо до рамо со сите членки на А1 Телеком Австрија Групација што секако ги става нашите корисници во позиција да добиваат квалитет како и корисниците во западно европските земји. Во таа насока, особено би сакала да го истакнам фактот дека според годинешнoтo рангирање на реномираниот сaјт connect.de во категоријата за „најдобри мрежи во Европа”, А1 Македонија се најде на 13. место во Европа, а 2. место во рамките на А1 Телеком Австрија групацијата. Секако размената на искуствата со сите членки во групацијата и секојдневното заедничко работење на оперативно подобрување, оптимизација, иновации и модернизации на мрежите е значаен фактор кој што придонесува за обезбедување на супериорен квалитет и виско ниво на развој на нашата мрежа. 

  Кои се иновациите кои следуваат во иднина од аспект на техника и мрежа?

Се работи интензивно на зголемувањето на ефикасноста во оперативното работење и одржување на мрежата со примена вештачката интелегенција (AI)  со цел пресретнување и на најмали отстапувања во мрежата и системите за испорака на услуги со цел нивно навремено спречување пред да бидат почувствувани од страна на корисниците. Секако подготовката за најголмата иновација во телекомуникацискиот сегмент односно воведувањето на 5Г технологијата е еден од главните фокуси во одделот за техника. 5Г трансформациската програма ќе донесе гигабитен интернет во сите краеви на државата и ќе има сериозно големо влијание на развојот на економијата и дигитализацијата на општеството.  

А1 Македонија е една од компаниите кои во време на Ковид кризата обезбедуваше една од највиталните услуги за корисниците , а тоа беше непречена комуникација преку мобилната телефонија и интернет. Кој беше најголемиот предизвик со кој се соочи одделот на техника? Имаше ли енормно зголемување на сообраќајот?

Новата, за повеќето од нас, непозната и неочекувана состојба, на затварање на целиот свет во своите домови , селејќи ги и своето работно место, училница во својот дом, нормално и неминивно ја зголеми потребата од поголем капацитети на мрежата и системите преку кои што ги обезбедуваме нашите услуги. Од втората полвина на март, говрниот и интенрет сообраќајот бележат секојдневен пораст . Од почетокот на кризата до денес, интернет сообраќај е зголемен за 60 проценти, додека говорниот сообраќај за 25 проценти. Ваквиот пораст на сообраќајот бараше брза реакција и итни проширувања на капацитетите на голем број мрежни елементи и клучни системи. За таа цел, реализирани се повеќе од 600 помали и поголеми надградби и проширувања во мрежата. 

Оперативните технички тимови веќе 9 месеци фунционираат во специјален режим на работа, својствен и предвиден според воспостевниот систем за справување со кризи, кој сам по себе, освен различен начин на организација и спремност за реакција, бара и континуиран процес на секојдневно следење на перформансите на мрежата и брза  реакција во случај да се појави потреба за таква интервенција.

Новонастаната состојба не само што бараше зголемување на нашите инфраструктурни и системски капацитети, туку во исто време значеше и наоѓање на најбрзо и ефикасно техничко решение кое ќе овозможиме поголемиот дел од нашите колеги од безбедносни причини да останат во своите домови, а сепак да продолжат непречено да ги извршуваат своите секојдневни работни обврски.  На тој начин овозможивме уште на самиот почеток на кризата околу 80 отсто од вработените да работат од дома и домовите ги претворивме во канцеларии.

Извршувањето на секојдневните обврски се повеќе се темелат на дигиталниот начин на живеење. Се работи, се учи, се забавува on line. Кои се условите што треба да бидат исполнети за стабилна конекција и дали А1 Македонија е подготвена да ги опслужи сите корисници имајќи го предвид новиот начин на живеење?

Секако за стабилна конекција потребно е да бидат исполнети многу услови, пред се мрежа со доволен капацитет за да ги испорача услугите со квалитет и брзина која што ги задоволува корисничките потреби, добро димензионирана транспортна мрежа која што ги поврзува крајните точки во мрежата од каде што се испорачува услугата до крајниот корисник со клучните мрежни елементи одговорни за обезбедување на тие услуги, робусни системи, добро воспоставени процеси и на крајот, еден од клучните фактори, добро подготвени експертски тимови спремни за брза реакција доколку за тоа има потреба.  Во оваа насока многу се работеше и инвестираше од страна на А1 Македонија, а резултатите се видливи. Особено ме прават горда скоро објавените резултати од мерењата на квалитетот на мобилните мрежи во Македонија објавени од страна Агенцијата за електронски комуникации  (АЕК), според кои што во главниот град Скопје А1 Македонија обезбедува просечна брзина на интернет услугата од 102Мbps,во Куманово  96Mbps, а во Тетово 100Mbps. Тоа се брзини за два пати повисоки од поставените стандарди на АЕК, а во исто време далеку повисоки во однос на брзините измерени на останатите мрежи. Секако ова е плод на долга и макотрпна работа на оптимизација и зголемување на капацитетот на мрежата од страна на техничкиот тим на А1 Македонија составен од врвни професионалци, кој што продолжува со иста динамика и посветеност и понатаму да работи на обезбедување на најдобри услови за непречена и квалитетна испорака на услугите кон нашите крајни корисници.  

 Дали тоа значи дека инвестициите во мрежата се константни?

Без констатни инвестиции не е возможно да се држи чекор со времето ниту со самата технолошка еволуција која се движи со рапидни брзини. Секако и секојдневната зголемена потреба од користење на интернет услугата побарува значително инвестирање во осигурување на капацитет и квалитет на сервис каков што нашите корисници го заслужуваат. А1 Македонија константно и паметно инвестира во надградба и модернизација на мрежата со цел да ги задоволи потребите на своите корисници. 

Корона кризата се уште не е позади нас, но сите имаме искуство повеќе. На што треба да обрнат внимание телекомуникациските оператори во иднина?

Брзата реакција е клучна за справување во кризи, а за тоа потребна е исклучителна организација, предвидувања на кризни сценарија кога ни од далеку нема можност од криза со цел овозможување на континуитет на работењето. Тие практики не само што треба да останат на агендата на секој ентитет туку сега и реално можеме да ги надградиме од искуството кое го стекнуваме. Кризата ни покажа и не потсети колку ни се значајни човечките ресурси односно нашите вработени и затоа и ние како компанија го ставаме на прво место нивното здравје преку обезбедување на заштитна опрема .Без разлика на степенот на технолошката еволуција, процесите на автоматизацијата и роботизацијата, сепак во клучните кризни моменти најзначајниот фактор за обезбедување на конитинуитет во работењето се самите вработени. Од оваа криза сите треба да излеземе многу попаметни и со многу научени лекции, а секако една од главните за мене е инвестиција во вработените како еден од клучните ресурси и фактор за успех. 

Колкав е предизвикот да се биде на водечката позиција во сегмент кој важи за „машки”?

За мене „родова пристрасност и стереотипи” никогаш не биле нешто што сум го сметала за релевантен фактор кој што би можело да претставува предизвик или пречка во развојот на мојата професионална кариера.Секогаш сум се водела од  довербата во  сопствените амбиции,  способности и компетенции. Во таа насока, за мене никогаш не постоеле „машки” работни позиции. Во телекомуникациската индустрија работам веќе 20 години, повеќе од 16 години сум извршувала повеќе менаџерски позиции во различни области на одговрност во рамките на техничката област. За целиот овој период не сум почувстувувала предизвик кој што е на било каков начин поврзан со мојот пол, односно со тоа што сум жена. А1 Македонија секогаш креирала и креира работна средина во која професионалноста се вреднува независно од полот, возраста, националната или етничка припадност. За тоа говорат и 52 отсто од вкупниот број вработени припаднички на женскиот пол, а 42 проценти се на менаџерски позиции.

Секако, позицијата технички директор на една од најдобрите копмании во Македонија е само по себе предизвик, бара премногу вложување, инвестирање во сопствениот професионален развој, носи со себе голема одговорност,  ризици и голем број предизвици со кои што треба да се соочиш, но секако со вистински пристап кон работите и посветен и лојален  експертски тим покрај себе сметам дека секој предзвик може да се надмине.  


Слично

Поврзани вести