ИНТЕРВЈУ Кристина Кастратовиќ, топ менаџер во Дубаи: Ништо во животот не доаѓа на тацна!
Сместен јужно од Персискиот Залив на Арапскиот Полусосторв, Дубаи е еден од седумте емирати на Обединетите Арапски Емирати ( ОАЕ). Според пишаните историски документи градот што лежи во срцето на Арапската пустина, постои речиси 150 години пред создавањето на ОАЕ. Од мал рибарски град во минатото, со пронаоѓањето на црното злато, нафата, започнува рапидно да се развива во секој поглед, од економски, технолошки и инфраструктурен аспект. За кратко време станува еден од најбогатите светски градови кој на посетителите им нуди невиден луксуз.
Во 2008 година бруто домашниот производ во Дубаи изнесувал 82,11 билиони долари. Проценките се дека Дубаи произведува од 50.000 до 70.000 барели нафта дневно и значителни количества гас. Поради фактот што нафтените резерви се намалени, економијата најмногу се потпира на туризмот, градежништвото, трговијата и недвижностите. Од овие причини градот денес е познат по бројните лускузни хотели, облакодери, шопинг центри и најпоознатите острови во вид на Палми. Според последните податоци економската криза не го заобиколи овој емират, па сеуште се опоравува од претпрениот колапс на пазарот со недвижности, но тоа не ги спречи инвеститорите и понатаму да продлжат со нови уште поекстравагантни проекти. Како што неодамна пишуваше весникот Wall Street Journal, сега се готви изградба на луксузен подводен хотел во вредност од 120 милиони долари, со апартмани кои ќе се продаваат по цена од 50 до 150 милиони долари.
Дубаи е познат исто така како град од злато, бидејќи голем дел од економијата е базирана на занаетите со злато. Минатата година вкупното тргување со злато изнесувало 580 тони со просечна цена од 1,445 долари. Од друга страна во овој град кој е во постојана трка со технологијата, во ниту еден момент не ја напушта традицијата, и сеуште ја задржува својата силна исламска култура. Дубаи е град во кој исламот е официјална религија, иако има многу христијани, хиндуси, будисти и друго. Официјалната валута е дирхам кој изнесува 0,185 евра.
Овој со право наречен космополитски град, е еден од најпопуларните светски туристички дестинации, а последните години и привлечно место за работа за секој странец, па и за Македонците. Кристина Кастратовиќ, веќе седум години живее и работи во Дубаи. Како што се развивал градот, приближно така се развивала и нејзината кариера, доказ за тоа е сегашната нејзина позиција како портфолио менаџер на најдобрите и најскапите вили во Дубаи.
Фактор: Од сите земји во светот, зошто токму Дубаи го одбравте за град каде што ќе ја градите вашата кариера?
- Во Дубаи живеам седум години и бев сведок на импресивниот развој на градот во тој временски период . Една од најголемите причини поради која што се одлучив да го одберам токму Дубаи како постојано живеалиште и место каде што ќе ја градам мојата кариера, е токму фактот дека е импресивен град од архитектонски и економски аспект. Брзината со која што се изгради, бизнисите кои се отворија и начинот на накој што функционираат нештата, едноставно те прави да станеш зависен од начинот на живот овде.
Фактор: Како започна вашата кариера во Дубаи, и на која работна позиција сте во моментов?
- Би била неискрена ако кажам дека почетокот беше лесен, сите сме свесни дека нештата не доаѓаат на тацна, и дека треба да се бориме да се искачиме онаму каде што сме си поставиле цел да стигнеме. Моите почетоци во Дубаи се вразни за угостителството и организирање и продажба на конференции, меѓутоа многу набрзо имав можност да навлезам во областа наречена “facilities & property management”, односно опремување, одржување и управување со имоти во заедничка сопственост, позиција која беше доста интересна за мене и во која имав можност да напредувам како професионалец. Имав можност да работам со најголемите инвеститори во Дубаи и Абу Даби, каде што раководев со бизнис единици за оджување на портфилиото на вили и станови на вториот по големина инвеститор во Абу Даби, и исто така на островот во вид на Палма во Дубаи, каде што воедно бев и дел од тимот на интегриран управител на заедниците. Во моментов работам како Портфолио менаџер на најдобрата и најскапата вила однсно заедница во Дубаи, изгардена и менаџирана од инвеститорот која ја изгради највисоката зграда во светот. Во контекст на мојата работа во Абу Даби, како компанија бевме први во интегрирање и спроведување на комплексни Ассет манаџмент интегрирани технологии и технологии на употреба на тренинг системи на работниците , поради кое освоивме награда Meadle East Facility Maganment Yearly, а на таа претходеше награда за инволвирање во едукации на локалното население, и давање можности за нивно напредување како професионалци. Во контекст на тие и други достигнувања кои ги имавме како компанија магазинот – Facility Management Meadle East - издаде статија посебно за мојот одел и нацинот на кој е раководен.
Фактор : Што точно значи позицијата портфолио менаџер и колку е лесно или тешко да се менаџира со најскапите вили во Дубаи?
-Работата е премногу интересна и мотивирачка, имајќи во предвид дека портфолиото вклучува пет хоризонтални вили (заедници ) односно населби со 10.000 вили, вклучувајќи комплетна инфраструктура, комуналии, вештачки езера и зеленило. Работата се состои во комплетно компелтно менаџирање на Здружението на сопственици според новиот Закон за заедничка сопственост врз недвижен имот во Дубаи, до комплетно менаџирање на сите работи од инфраструктурен карактер, како комуналиите, зеленилото, наводнувањето, вештачките езера и многу проекти за подобрување на заедниците, од горенаведениот крактер, како организирање на настани за подобрување на социјалната сфера во заедниците и друго. Законот за заедничка сопственост врз недвижен имот во Дубаи е новитет, иако донесен во 2007 година сеуште е во фаза на имплементиранје од страна на RERA, Регулаторната агенција за недвижности. Според него сопствениците, да земам за пример една зграда, мора да имаат легализирано здружение со избран одбор и манаџер на тоа здружение, каде сто секоја одлука во однос на таа зграда мора да биде одобрена, вклучувајки буџет, компании кои би ја одржувале, код на однесување во населбите односнизградите, социјални настани и слично. Во однос на финансирањето на заедничката споственост на одредените заедници, секој сопственик плаќа одредена сума на годишно ниво во зависно од квадратните метри (на ниво на висококатница, приближна цена би се движела од 3-5 евра во зависност од зградата, или од 0.2 до 1 евро во хоризонталните заедници ) на нивниот стан или земјишето на кое ја имаат вилата. На тој начин придонесуваат во целосното одрзување на таа населба и на елементите кои се од заедничка употреба од сите сопственици ( како на пример: патишта, фасади, лифтови, езера, базени, фитнесс опрема, обезбедѕвање, чувариу, чистачи и многу други елементи).
Фактор: Од една страна како град со најбрз развој, кој секојдневно се развива во секој поглед, економски, финансиски, инфраструктурно, а од друга страна како град каде мажите се тие кои го водат бизнисот, дали беше тешко за една Македонка да изгради вакво успешно портфолио?
-Позади секој успех стои апсолутна посветеност и љубов кон нештата. Тоа е случајот кај мене. Кога поставуваш цел работиш неуморно на нејзиното достигнување, без разлика колку и да е тешко или временски ограничено. Јас си поставив одредена цел во мојата професионална кариера и сеуште работам кон достигнување на тоа.
Фактор : Каков е Дубаи како град за живеење, од социјален и економски аспект?
- Дубаи е град каде што живеат повеќе од 100 различни националности и е комплетно мултикултурен. Тоа е град во кој може да се види огромен луксуз меѓутоа и град во кој што може да се види и огромна експлоатација. Социјалниот живот е разновиден, и еден обичен граѓанин може да си дозволи да проба од целиот луксуз кој е достапен. Eден ручек може да ве чини 30 евра, меѓутоа може да ве чини и 300 евра во зависност се разбира од локацијата, ресторанот и на крај од тоа дали и колку алкохол ќе се исконзумира бидејќи алкохолот е премногу скап.
Фактор: Дали сте помислиле истатата оваа работа да ја работите и во Скопје?
- Македонија и конкретно Скопје, имаат поразличен систем на кои нештата функционираат во однос на работите поврзани со недвижности. Така што работата која јас ја работам би била распределена во локалната самоуправа и во општините на ниво на град Скопје. Меѓутоа од друг аспект, многу се радувам на фактот дека од скоро беше донесен Закон за домување со кој на некој начин се регулираат односите на одржување на заедничката сопственост на зградите во Македонија, и според сега мора да се има транспарентност и можност за надворешни правни лица да раководат со истите и каде што сопствениците ќе мора поактивно да учествуваат во одржувањето на заедничкиот дел на зградите. Мора да наведам дека културата на одржување на заедничкиот дел меѓу различни сопственици на станови во Македонија не беше развиена воопшто. Треба да се работи на едуцирање на сите соптсвеници на станбен или било каков објект дека рокот на времетраењето на тој објект најмногу зависи од тоа како истиот ќе биде одржуван. И од истото ќе произлезат низа други позитивни ефекти, како на пример зголемена продажна цена, зголемени ренти, и друго. Како на пример ќе земам, една просечна зграда во Дубаи има 25-45 години трајност, а една просечна зграда во Лондон има 100 години трајност.
Фактор: Коку за вас беше предизвик да работите како раководител на едно од најлуксузните места во Дубаи, островите во форма на Палма и на сегашнатa позција Портфолио менаџер на најскапите вили во Обединетите Арапски Емирати?
-Работата како раководител е многу предизвикувачка, пред се од самиот факт дека луѓето кои ги раководиш доаѓаат од различни средини, различни начини на размислување итн, и треба да се биде флексибилен до одреден степен, меѓутоа како и секаде секогаш со примарната цел за напредок на компанијата во која што работиме. Од друга страна самото портфолио на недвижности на кои што јас работев, вклучително и островите во вид на палма „The PalmJumeirah”, заедниците за Абу Даби, и сегашните заедници на вили кои се едни од најдобрите и најлуксузните моментално во Дубаи „Emirates Living”, е мотивирачки, така што секое нешто кое што треба да се сработи треба да биде одлично, а за да се постигне и тоа мислам дека е предизвик на многу полиња.

Слично