Интервју со Игор Трпковски, Комерцијален директор на Иуте Македонија: Довербата е клучот за одржлив и успешен бизнис
Иуте Македонија зад себе бележи исклучително успешна година. Кои беа клучните достигнувања по кои ќе ја запомните?
Трпковски: Ја затвораме годинава со исклучителни резултати. Надминавме квалитетно кредитно портфолио од 47 милиони евра со пораст од 48% во однос на минатата година. Сервисиравме 45.000 наши граѓани за кои креиравме дополнителна вредност. Имаме пораст од 87% на базата на нови корисници што резултираше со 81% повеќе ново-склучени договори. Овие бројки се јасен сигнал дека пазарот ја препознава вредноста и релевантноста на нашите понуди и услуги.
Како одговорна и транспарентна компанија и дел од естонска групација која котира на европските берзи, редовно и транспарентно известуваме за нашите финансиски резултати. Во тој контекст, на пазарот пласиравме преку 70 милиони евра, за 40% повеќе од минатата година, обезбедувајќи решенија кои традиционалните финансиски системи не ги нудат а се целосно во линија со новите преференци и очекувања на корисниците.
Сите резултати се плод на плански активности, дисциплиниран раст и значително зголемена ефикасност – сето тоа без зголемување на оперативните трошоци.
Сепак, клучното достигнување не се единствено бројките. Најголемиот успех е внатрешната синхронизација на луѓето кои стојат зад овие постигнувања. Вистинска среќа е да се работи со професионалци кои поседуваат пред сè извонредни човечки квалитети, а потоа и експертиза и интегритет кои резултираат во одлични перформанси. Ова е формулата што создава одржлив и долгорочен успех.
Кои промени и предизвици ја одбележаа изминатата година во Иуте?
Трпковски: Кај нас, технологијата не е тренд, туку дел од нашата групациска ДНК и наше секојдневие. Од друга страна, трендовите се менуваат вртоглаво брзо, исто како и иновациите во технологијата. Токму затоа оваа година дополнително го засиливме користењето на дигитални и AI алатки кои ни овозможија уште подлабоко разбирање на потребите на корисниците и креирање персонализирани понуди.
Воведовме целосно автоматизирано одобрување на апликациите управувано од алгоритми базирани на машинско учење и одлучување базирано на податоци, со јасно дефинирани параметри, како и нови функционалности во Myiute апликацијата. Постојано го надградуваме нашиот еко-систем со напредни технологии, ажурирања и автоматизации.
На ниво на групација, оваа година се реализирани инвестиции во технологија во износ од 12 милиони евра, а во следните пет години имаме планирани инвестиции до 60 милиони евра. Визијата на која работиме е сите интегрирани услуги – за лични финансии, осигурување и дигитален паричник – да бидат достапни преку Myiute SuperApp, со целосна персонализација и услуги во реално време.
Сите споменати активности придонесоа за подобар квалитет на портфолиото, подлабока и поинтензивна интеракција со корисниците и, секако, поголема профитабилност.
Партнерската мрежа на Иуте забрзано расте – речиси 1.000 продажни места, 800 партнери и над 100 е-продавници. Како се развиваше овој процес?
Трпковски: Во Македонија, моделот „Buy Now, Pay Later“ за првпат беше воведен токму од Иуте. Купувањето е достапно и физички во продавници, и онлајн, а достапно е и со едноставно скенирање наQR код. Целиот процес е целосно дигитален - од аплицирање до одобрување и потпишување, како и следење на состојбата преку апликацијата Myiute. Процесот на идентификацијата се врши преку интегрирана регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст.
Несомнено е дека овој начин на плаќање доживеа вистински бум и во нашата земја. Сè повеќе потрошувачи го препознаваат како пософистицирана алтернатива на кредитната картичка – решение што овозможува подобро планирање на домашниот буџет, плаќање на рати без никакви трошоци (0% камата) и можност за одложување на ратите.
Во следниот период, посебен фокус ќе ставиме на секторот на обновливи извори на енергија, со цел да им овозможиме на граѓаните пристап до соларни и геотермални решенија по најповолни услови на пазарот – инвестиција со силна финансиска и општествена вредност.
“Само од почетокот на годинава ја проширивме партнерската мрежа со над 200 нови партнери и 230 нови продажни места, и физички и онлајн. До овој момент, над 37.000 клиенти ги користеле бенефициите од “Купи сега плати подоцна”, а само минатата година забележавме раст од 40% во онлајн исплатите.
Партнерите бележат повисоки приходи, нови клиенти и дополнителен продажен канал, додека купувачите добиваат поголема слобода и финансиска флексибилност. Овој модел, кој и глобално расте со огромна брзина, станува омилен начин на плаќање и кај нас.”
Што ја прави Иуте различна како финтек компанија – од аспект на технологија, услуга и иновација?
Трпковски: Во центарот на сè што правиме се корисниците. Нашиот фокус е постојано на корисничкото искуство – брзо, едноставно и сигурно. Токму затоа инвестираме интензивно во целосно дигитални решенија кои се прилагодени на индивидуалните потреби на секој корисник.
Она што нè издвојува е целосно автоматизираниот процес – од апликација, преку одобрување и дигитално потпишување, до исплата во рок од 24 часа. Без комплицирани процедури, без непотребна документација и целосно преку мобилна апликација.
Автоматизацијата донесе поголема ефикасност, подобро корисничко искуство и можност за вистински персонализирани понуди, што дополнително ја зацврсти нашата лидерска позиција во финтек индустријата.
Достапни сме 24/7, и целиот процес – од аплицирање до одобрување – трае само неколку минути. Кога велиме скратена постапка и одобрување кое се мери во минути, мислиме на целосно автоматизиран напреден позадински систем, кој ги обработува сите неопходни податоци за клиентот, идентично како што се прави во банките, но го прави тоа многу побрзо и понапредно, со алгоритми и модели за риск сегментација и предиктивно однесување кои даваат проценка за најдобра понуда за клиентот, базирано на неговата кредитна историја, финансиска состојба и моментална задолженост. Токму тоа ни овозможи да изградиме исклучително квалитетно портфолио, во кое 84% од корисниците се од сегменти со ултра низок и низок ризик и редовно ги сервисираат своите обврски.
Имаме јасно дефинирана стратегија за одговорно кредитирање и целосна транспарентност, со фокус на градење доверба и долгорочни односи– и токму тоа е нашата мисија - да им помогнеме на корисниците со нас да бидат и дигитално и финансиски посилни.
По што лично ќе ја паметите оваа година?
Трпковски: Извонредно искуство на лично ниво. Финтек индустријата е динамична, а Иуте е средина која навистина го поттикнува учењето, напредокот и иновацијата.
Надминавме бројни предизвици – од реорганизација на процеси, до имплементација на напредни автоматизации и AI решенија. Учеството на бројни настани како лидери во дигиталната трансформација е дополнително признание за кредибилитетот и реномето што го градиме, а од друга страна останавме доследни во поддршка на заедницата преку општествено-одговорни проекти, водени од чисто алтруистички дух да се даде помош онаму каде што е најмногу потребно, од ранливи категории, до млади и талентирани луѓе кои ја носат иднината напред.
Минатата година го проширивме и нашиот еко-систем со официјалната лиценца за електронски пари и платежни услуги доделена на IutePay. Со тоа ја заокруживме финтек приказната и отворивме ново, возбудливо поглавје во ерата на дигиталните финансии.
Финтек сцената се подготвува за новата дигитална ера. Она што го издвојува Иуте како активен учесник на финансиската сцена, е фактот што компанијата е веќе подготвена со дигитални процеси и технологии. Со примената на дигиталните стратегии и новите напредни модели, Иуте се позиционира како финтек лидер и компанија која ќе ја води финтек индустријата напред.
