Интервју со Емилијано Грилоти, новинарот кој прв извести за разорниот земјотрес во Аматриче

При доделувањето на наградата во Фросиноне на 13-от интернационален форум за заштита на природата успеавме да поразговараме со Грилоти и страшното искуство при кое е неопходно да се задржи професионалноста на новинарот и присебноста.

„Ние сме локални новинари и тоа не го криеме. На денот на земјотресот бевме во Рим го гледавме натпреварот Рома-Порто. Враќајќи се веднаш се упативме кон погодените градови во Риети. Пристигнавме во 4 изутрина кога таму практично пристигнуваа полициските екипи и првите спасувачи на цивилната заштита, се потсетува Грилоти.
Глетката на терен била застрашувачка, целиот град речиси разрушен, но владеела ужасна тишина. Тие први моменти ги внеле новинарите на Rieti Life во реалноста и веднаш ја сфатиле тежината на својата задача.

„Знаевме дека е многу важно информациите за тоа што се случува во Аматриче веднаш да ги дознае јавноста и светот со оглед на тешките последици. Ние бевме постојано покрај полицајците, спасувачите, пожарникарите, медицинските екипи и доброволците. Нашите камери беа сведоци за светот за тоа каква е состјбата“, посочи Грилоти.

Во периоди на природни катастрофи често се калкулира со вистината, со точниот број на загинати или повредени, но Грилоти вели дека неговиот тим немал такви проблеми.
„Сосема извесно беше дека мораме да ги пренесеме точните бројки, секако властите не ги криеја бидејќи и сами бевме сведоци на се што се случуваше, вели Грилоти за factor.mk.

Христијан Станоевиќ
