Интервју Славчо Чадиев: Велес мора да избере развој, нови индустриски зони, а не враќање назад!
Славчо Чадиев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес. Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград а магистрирал на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје и ја носи титулата: Магистер - Сурдолог. Вработен е во „ЈЗУ Општа болница“ Велес, и е потпретседател на Сојузот на дефектолози на Македонија . Роден е во 1959 година во Велес. На својот противкандидат од редовите на СДСМ Аце Коцевски, му порачува дека тој останл запаметен по лажните ветувања, ароганцијата, и неодговорно работење. И затоа велешани го казнија на минатите локални избори, а сега повторно, Коцевски се обидува да се врати во градоначалничката фотеља од чисто личен интерес, но тоа нема да го дозволат велешани.
Фактор: Кои се економските проекти со кои на велешани ќе им понудите локален економски развој ?
Чадиев: Локалниот економски развој значи потреба од директна работа за економско засилување на локалните области за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните. Успехот на општествата денес зависи од способноста на локалните средини да се приспособуваат на брзите промените во светот и од способноста да ја засилат сопствената конкурентност. Со добар и реален план, нашата цел ќе биде да продолжиме да вложуваме максимални напори за зголемување на економскиот раст во нашата општина. Создавајќи предуслови за локален економски развој и нови вработувања, ќе продолжиме да ги развиваме индустриските зони во УЗУС и Речани, а ќе отовирме и нова близу с. Караслари. Наша примарна цел ќе биде да привлечеме нови инвеститори, да се отвораат нови фабрики.
Фактор: Најавувате изградба на индустриска зона кај село Караслари, какви се Вашите очекувања со оглед дека се уште сме во услови на светска економска криза?
Чадиев: Во нашата изборна програма е предвидена и изградба на нова индустриска зона во близина на с. Караслари. Оваа индусустриска зона би имала одлична местоположба земајќи ја предвид близината до градот од 8 километри. Исто така значителна улога има и нејзината поставеност на магистралниот пат М1 (Гевгелија-Скопје), а воедно поврзана и со автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија). Површината на која е предвидено да се изгради зоната е 24 хектари со намена за производство, дистрибуција и услужни дејности. Во првата фаза зоната ќе се уреди инфраструктурно со комунална и сообраќајна инфраструктура. На тој начин ќе се овозможат услови за парцелите да се понудат на потенцијални инвеститори. Со ова се отвора можноста за забрзан економски развој и отворање на нови работни места.
Фактор:Кој ќе биде адутот со кој ќе истапите пред граѓаните, а кој ќе биде во насока на зголемување на вработеноста?
Чадиев: Со отворањето на нова индустриската зона во с. Караслари и доуредувањето на УЗУС и Речани, очекувањата за привлекување домашни и странски инвеститори ќе станат реалност. Веруваме во тоа знаејќи ги искуствата на оние што веќе инвестирале и успешно работат во индустриските зони низ Република Македонија. Сигурни сме дека инвеститорите и во Велес ќе ги препознаат предностите што им се нудат во рамките на обезбедувањето на поволната бизнис-клима како и трудољубивоста и чесноста на работниците и стручниот кадар.
Фактор: Ќе се обновува туристичкиот локалитет езеро Младост. Какви содржини се планираат и како ќе се обезбеди финансиската конструкција за овој проект?
Чадиев: Во наредниот период Општина Велес ќе биде посветена што повеќе да ги искористува своите конкурентски предности и максимално ќе се залага да ги развива и промовира најразличните видови туризам, особено спортскиот, културниот, руралниот и други алтернативни форми на туризам. Со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусовите на туристите, а нашата општина ќе настојуваме да ја направиме погодна и препознатлива дестинација на туристичката мапа на Македонија. Во нашата програма е предвиден проект за создавање на Туристички локалитет - Езеро Младост .
За таа цел во согласност со донесените урбанистички планови, ќе се понудат парцели за изградба на аквапарк, хотели, автокамп, викенд-куќи, концесионирање плажи и спортски терени за мали спортови и тенис и други туристички објекти. Средствата за реализација на овој проект би се обезбедиле од Буџетот на Општина Велес а истиот би се завршил оваа 2013 година.
Фактор: Ќе дозволите ли да се изгради одново велешката топилница, доколку инвеститорите го побараат тоа?
Чадиев: Моите ставови за рестартот на топилницата се јасни и јас повеќепати сум повторил дека сум против загадувањето од овој индустриски капацитет. Став против рестартот на Топилницата уште од почетокот зазема и ВМРО-ДПМНЕ и тој став е непроменет. Ние ќе вложуваме максимални напори за економски развој и просперитет на Велес, но не по секоја цена. Велес мора да биде чист град.
Ми причинува задоволство што велешани се обединети околу ова прашање и што тој став го искажаа и на мирниот протест изминатата година. Само така Велес ќе истрае во својата битка за здрава животна средина.
Фактор: Очекувате ли поддршка од централната власт, доколку ја добиете довербата на граѓаните и колку таа е важна за развој на општините?
Чадиев: Поддршката за Велес од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е неминова. Заедничката соработка, соработката меѓу нас, меѓу граѓаните и општината, меѓу општината и Владата ќе донесе подобра иднина за сите! Заедно со централната власт во наредниот период ќе продолжиме да биде фокусирана токму на локалниот економски развој и градење партнерство со бизнисот. Заедно ќе воведеме вистински европски стандарди во функционирањето на идната локална самоуправа. Соработка со Владата, а не отпор, ни е неопходна за довршување на започнатите проекти. Општина Велес мора да продолжи да создава дела.
Фактор: Што ќе му порачате на Вашиот против кандидат, кој еднаш веќе беше градоначалник?
Чадиев: Јас сум единствен од досегашните кандидати кој понуди програма за овие избори со конректни рокови, средства и план за реализација. Мојата мотивација не е лична кариера, туку можноста да влијаам на развојот на Велес и создавање на нови дела за Велес. Политиката не е и не смее да биде груба борба за власт. Велес не смее да биде заложник на личните амбиции на Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски и на нивните соработници од градот. Велес мора да избере дела, а не отпор. Велес мора да избере развој, а не враќање назад.
Токму давањето на глас за Аце Коцевски е глас за враќање назад. Тој е човекот кој имаше можност, како никој друг, да го даде својот придонес за подобар Велес. Ниту еден актуелен политичар немал толку можности да го подобри животот на велешани, да го направи Велес подобро место за живот. 4 години беше пратеник во Собранието, 9 години градоначалник на Велес. За тој период наместо по проекти и по решавања на проблемите, Коцевски остана запаметен по лажните ветувања, ароганцијата, нетранспарентното и неодговорно работење. И затоа Велешани го казнија на минатите локални избори. Сега повторно, Коцевски се обидува да се врати во градоначалничката фотеља од чисто личен интерес. Затоа на Велес му треба градоначалник кој ќе се грижи за решавање на проблемите, а не само за своите лични апетити за власт.
Фактор: Каква битка очекувате за Велес?
Чадиев: За жал, на овие избори не добивме можност за натпревар на идеи со СДСМ. Општинската организација на СДСМ, нивниот кандидат за градоначалник и кандидатите за советници, покажаа дека нив не им се важни проблемите на граѓаните на Велес. Бојкотирајќи и условувајќи, СДСМ во Велес целосно се стави во служба на личната кариера на Бранко Црвенковски. Затоа наместо идеи, наместо проекти, тие правеа блокади. Крајно неодговорно и навредувачки за велешани. Затоа на овие локални избори, Велес ќе препознае и ќе одлучи помеѓу: Развој или уназадување, проекти или блокади, посветеност или суета, Никола Груевски или Бранко Црвенковски, Славчо Чадиев или Аце Коцевски. Уверен сум дека граѓаните ќе изберат дела за подобар Велес.

Слично