Интервју Сашо Кокаланов: Плачам на моите кози!
Сашо Кокаланов е еден од „основоположниците“ на „Коза ностра“, заедно со Sвеки, Јофе, Бране.... Кокаланов во интервју за Фактор признава дека соработува со странските служби во разнебитување на Македонија а зборува за начините на кои ќе ја реформира јавната куќа МРТВ, сега откако и тој чул за гласините дека е поставен за директор.
Кокаланов ја скенира и медиумската сцена во земјава, при што, смета дека во Македонија не само „Коза Ностра“ туку сите медиуми биле хумористични и сатирични! Всушност целото интервју е една голема коза, така да читајте релаксирано, но крајно внимателно.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Сицилијанската мафија позната како „Коза Ностра“ односно „Наша работа“ се актуелизира со појавата на истоимениот македонски неделеник . Дали специјалното илинденско издание кога се продадоа неколку милиони примероци беше клучниот мотив да го збогатите домашниот медииумски простор и на читателите да им понудите вести, анализи, интервјуа и колумни со сосема еден поинаков агол на посматрање на состојбите во земјата?
Кокаланов: Не, тие неколку милиони примероци што ги продадовме од специјалното издание не беа клучни, но беа доста охрабрувачки. Нашата првична цел ни беше да се збогатиме ние самите. Кога во тоа успеавме, кога веќе си се обезбедивме материјално до крајот на животот за уште неколку колена по нас, дури тогаш решивме да го збогатиме и медиумскиот простор. Откако ќе го збогатиме и него, не знам што ќе правиме, веројатно ќе отвориме некоја фондација и ќе почнеме со хуманитарни активности.
Фактор: „Слобода на печатот се троши само ако не се користи“ беше слоганот на францускиот весник Le Canard Enchaine (Окована патка) по масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник Шарли Ебдо. Колку денес во време на поларизираност на домашниот политичко општествен амбиент е „здраво “ да се исмејуваат политичари, бизнисмените , амбасадори, судии, интелектуалци... ?
Кокаланов: Кај нас слободата на говорот не се троши оти е скапа, не оти ја нема. Кој ти дава денес пари за слобода на печат на оваа немаштија! А имаш Звезде гранда на телевизија беспари. Инаку, ние не исмеваме личности, скраја да е. Го исмеваме најчесто она што го прават или што не го прават, а се платени со народни прави да го прават или да не го прават. Колку е здраво, навистина не знам, тоа баба Рада може треба да се праша, а точно е и јас сум чул муабети дека е доста нездраво. Викаат не само за луѓето, и за колата било опасно, можело да ти се појават гребнатинки од друго возило.
Фактор: Сатирата е литературен род што се бори против сите девијантни појави во општеството. За кого и против кого ќе се бори Коза Ностра?
Кокаланов: Мислам дека во земја каде што странски сили работат на нејзино разнебитување, излишно ви е прашањето за кого и против кого работи „Коза ностра“. Па ние први јавно признавме дека соработуваме со странските служби и со нивната фејсбук-страна во Македонија, а се со цел да и наштетиме на оваа земја и на нејзината легитимно избрана влада. Не знам што тука не е јасно!
Фактор: Колку нашите политички елити се суетни и како реагираат на критиките и исмејувањата во кои тие се главни јунаци ?
Кокаланов: Работиме две години и до сега не сме добиле ниту еден демант. Добро, има некои најави дека претседателот Ѓорге Иванов ќе ја демантира својата ексклузивна колумна во првиот број на „Коза ностра“ и ако тоа навистина се случи – ние демантот ќе го објавиме во целост. Лично, не сум присуствувал на моментот кога некој од нашите главни јунаци ги читаат критиките за себеси. Но, знаејќи ги нивните демократски капацитети, сигурен сум дека редовно не читаат и дека потоа со висока политичка свест се трудат да си ги исправат грешките.
Фактор: "Во една земја на која сите и` се смеат, на народот обично не му е до смеење. Дали ова е можеби време кога на граѓаните повеќе им се плаче отколку што им е до хумор?
Кокаланов: Јас лично досега се имам неколку пати од срце исплакано на неколку мои кози. Така што ние не би сакале на читателите да им сугерираме дали треба да се смеат или да плачат додека не читаат. Тоа е прашање на личен избор. Старите велат многу смеење не е на арно, ама па и со 25 години плачење не гледам дека добивме нешто поарно.
Фактор: Ако хуморот и сатирата се важни барометри за демократскиот амбиент на една земја каква оценка од 1 до 5 би и дале на Македонија?
Кокаланов: Десетка. Со барометар се мери притисок, а овде имате доста притисок. Освен тоа, Македонија има најмногу сатирични медиуми во целиот регион, а можно е да сме и најмалку трети во Европа. Со исклучок на неколку, вака посериозни медиуми, меѓу кои ја вбројувам и „Коза ностра“, сите други се сатирични и хумористични, па ако е тоа мерило ние сме и преку десетка.
Фактор: Своевремено бевте главен и одговорен уредник на Дневник. Зошто дневниот весник потклекна на предизвикот да ја издржи борбата против здружените сили на некои македонски бизнис и политички магнати?
Кокаланов: Понудата да му се направи ова на „Дневник“ беше одамна ставена на маса, се бараше само човек што ќе се нафати. Мислам дека го најдоа вистинскиот човек, или можеби вистинските луѓе. Само не знам и не ми е јасно зошто сега кога ги најдоа вистинските луѓе за таа работа, им ги намалуваат платите. Нелогично ми е. Па, нели „Дневник“ сега е супер, зошто не им качат платите на луѓето. Но, тоа се медиуми што се бават со хумор и сатира, јас во тоа не се разбирам и не би сакал да се мешам.
Фактор: Дали Срѓан Керим весниците Утрински, Дневник и Вест целосно ги стави во функција на политичко партиската пропаганда на владејачката партија а за возврат доби владина поддршка за канидатурата за Генерален секретар на ОН или тоа е резултат пред се’ на неговата блискост со екс директорот на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев?
Кокаланов: „Коза ностра“ исклучително ги цени напорите на Владата - Македонија да завладее со Обединетите нации и да го даде следниот генерален секретар. Како што знаете, бевме и на промоцијата на книгата на д-р Керим во Пекинг, Кина, и известувавме од лице место. Помагаме колку што можеме. Дури и сметот кога го фрламе, правиме сепарација, пластиката и пластичните шишиња ги двоиме, да не затребаат за во кампањата. Спремни сме да помогнеме и веруваме дека проценката на Владата дека оваа кандидатура ќе успее е правилна и ќе даде резултат на крајот.
Фактор: Дали вината за поевтинувањето на новинарскиот труд и девавлирањето на професијата треба да се бара исклучиво во сопстевниците на медиумите и некои политички моќници или за ваквата лоша состојба проблемот лежи и во самите новинари ?
Кокаланов: Како заклучивте дека поевтинел новинарскиот труд? Новинарите никогаш не биле толку ценети. Па, гледајте што се случува, дури и тендери за медицинска опрема нас ни ги даваат. Умре времето кога живеевме како мечки во пештера со бедни 1.500 евра. Па, што уште сакаат новинарите, стварно не знам! Еве од МПМ јавно се пожалија дека 6.000 евра плата мора да му плаќаат на еден нивен уредник. Па, ве молам, кога имало такви плати во минатото? Никогаш!
Фактор: Кога ќе може да зборуваме за независен и професионален јавен сервис, и каква трансформација е потребна за да се врати достоинството на МТВ ?
Кокаланов: Видете, за МРТ последно што имам чуено е дека јас ќе сум бил директор. Немам причина да верувам дека нема да биде така, па веднаш заедно со колегите од „Коза ностра“ се зафативме со работа и веќе имаме нацрт-план како кадровски да се освежи јавната куќа, пардон, јавниот сервис. Мислиме дека Мирка треба под итно да биде испратена за дописник во Вашингтон, Миленко треба да го води Советот на честа на МТВ, Диме Спасов го планирам за водител на училишната програма Ѕвон... Сепак, се уште сме во консултации со луѓето што ги планираме за во новата МТВ, па ќе дозволите целиот план за реформи да го образложиме во наредниот број на „Коза ностра“, кој излегува веќе в четврток.

Слично