ИНТЕРВЈУ Сашко Коцев: телевизиските ПИПЛ-МЕТРИ го уништуваат македонскиот филм!
Сашко Коцев актер во филмот „До Балчак“, кој деновиве дигна многу прашина во јавноста. Коцев отворено зборува за лошата организација, македонската кинематографија, за соработката со Столе Попов.
Фактор: Зошто Вие како и останатите актери кои сте дел од за филмот „До Балчак“ молчевте околу неиспалтените хонорари туку одлучивте да проговорите дури сега?
Коцев: Свесно влеговме во овој долг. Знаевме дека ќе ни се задолжи продукцијата. Знаевме каде води сето тоа уште вториот месец од снимањето, а снимавме 4. А, дали два-тројца се откажаа и не работеа до крај. Е зошто? Зошто? ....не верувам дека тоа може да се објасни со зборови.
Фактор: Како ја оценувате реакцијата на Столе Попов кој ги омаловажува новинарите како и неговата оценка дека фестивалот преставува „селска манифестација“?
Коцев: Оценувам како на времето – ПОКАЖА ОСОБЕН ИНТЕРЕС И УСПЕХ
Фактор: Актерите не се уметници, ако нивната креакција се третира како мануелен труд. Колку „До Балчак“ е синоним за продукцискиот аматеризам во филмот?
Коцев: Многу ми е криво што се се дозна од зад завесата на оваа ``претстава``. Тоа публиката не треба да го знае, но ете. Многу ми е криво и што почина коњот за време на снимањето, нормално тоа беше ненамерно . Многу ми е криво што се продолжи снимањето 4 недели. Многу ми е криво што Драги ДЕНИРО банкротираше после филмот, а е еден од најголемите мецени на уметноста кои ги познавам ...за многу работи ќе ми е криво.
А , најмногу ако филмот не го види никој, ако не е добар и ако публиката не го прифати. А сепак за многу филмови не знаеме како течело нивното снимање и што се случувало, а филмовите ги обожаваме. Не знам каков е „До Балчак“. Публиката ќе каже и таа ќе каже што треба да се заборави а што не.
Јас сакам да ја заборавам Ваквата организација , а да се повторат се повеќе и повеќе добри филмови .
Фактор: На фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ гостите продефилира на црвениот тепих , но проекцијата на филмот „Облаците на Силс Марија“ во кој главната улога ја игра актерката од светски ранг Жулиет Бинош протече во полупразна сала. Дали сме заложници на македонско провинциска помодарска култура на црвениот тепих да не видат, наместо да гледаме?
Коцев: Па ако сме заложници на тоа , тогаш ќе било преполно и ќе дошле да бидат видени.Вака изгледа не е тоа. Заложници сме на гратиси, а и заложници сме на ``ПРОТОКОЛ`` . Се канат луѓе,за тој ПРОТОКОЛ , ама ете оваа година веројатно погрешни,некои кои не биле заинтересирани па не дошле, а картите не ги откажале, што исто така не е пристојно. Заложници сме и на цицки. Немало цицки ,разголени ВЕЛИКИ БРАТ, МЕЊАМ ЖЕНУ и трудна турска глумица па не им е интересно да ја гледаат ``некоја си `` Жулиет. Не верувам дека е пропуст на организацијата, тие си ја знаат работата одлично. Мислам дека е подобро што било празно. Веројатно дошле баш тие на кои им значи филмот, фестивалот и творењето.
Фактор: Каде оди македонската кинoмaтографија и по бројот нa снимените филмови и по привлечност на филсмките сценарија?
Коцев: Бранот кој ќе ги зафати уметниците никој не може да го предвиди, така да не знам каде оди. Сакам разбирливи филмови, такви сака и публиката. Доброто сценарио можеш да го снимиш само со мобилен, никој нема да замери. Никој не излегува после проекција зборувајќи дека 2-3 кадри биле во дефокус(освен на МАНАКИ ФФ, каде фестивалот е наменет токму за тоа). Сите ќе кажат глумците беа катастрофа. Таа битка е вечна, помеѓу она што е најмногу го сака публиката и помеѓу уметникот кој не сака да се предаде лесно и да кокетира со неа. Е кога ќе се најдеме на средина, тогаш имаме одличен филм.
Фактор: Зошто нема домашна продукција на играна серија и до кога актерите ќе биде репродуктивци чија улога се сведува на синхронизација на турски серии ?
Коцев: Нема ни да има .Тешка е таа работа , а и многу скапа. Мал пазар, на кој серијата не може да се исплати. А за добрите сценарија кои би поминале вон Македонија нема буџети, така да, јас сум сериозно исплашен ако почне да се снима со мали буџети и во овие услови и критериуми. Е дури тогаш ќе ги бараме турските серии. Мора да се отвори видикот и да се снима серија која ќе го помине барем Врање. Исто така фамозните ``пиплметри`` ја кочат работата. Тие диктираат вкус и критериум за тоа што ќе биде гледано....а баш ме интересира кај каков профил на луѓе се поставени? Јас такви не познавам изгледа.
Фактор: Кое е нивото на културата на полемиката за естетските и културните вредности?
Коцев: ``пипл- метарско ``
Фактор: Зошто фејсбук речникот станува критички и естетски суд, во постфестум изјавите на довчерашните соработници Манчевски и Михајловски?
Коцев: Не сум запознаен со овој случај Манчевски – Михајловски, а и не знам каде соработувале. Инаку фејсбук и другите социјални мрежи одлично им дојдоа на многу луѓе. Штета што телефоните не се направени подолго да држат батерија. Замислете ....
Разговараше Горазд Чомовски

Слично