ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Македонија треба да се фокусира на изградба на енергетски објекти!
Во разговор за Фактор Сања Божиновска директор на секторот за трговија со електрична енергија во Руднап, една од најголемите компании за трговија со струја во Југоисточна Европа, вели дека Македонија би требала да се фокусира на изградба на енергетски објекти и да се намали зависноста од увозот на електрична енергија. Исто така, процентот на обновливи извори е сеупте многу мал и тој треба да се зголеми. Енергетската поврзаност со околните земји треба да се интензивира со цел да се осигура стабилно снабдување на енергија во Р.Македонија. Моментално треба да се работи на директно поврзување со Србија бидејќи далеководите поминуваат низ Косово, а исто така Македонија нема ни енергетска поврзаност со Албанија.
Во Македонија сте присутни преку партнерската компанија Енерџи сервисис, кој е бенефитот за компаниите да ве одберат Вас како снабдувач со електрична енергија?
Енерџи сервисис е еден од првите 4 лиценцирани снабдувачи со електрична енергија во Македонија, која дава сеопфатни услуги во делот на снабдување и трговија со енергија. Располага со респектиран тим кој соодветно може да предвидува, планира и реализира трговија и на меѓународно ниво, да обезбеди конкурентна цена, да им помогне на компаниите да обезбедат балансирана потрошувачка, заштеда, намалување на трошоците, и со тоа зголемена ефикасност. Да креира флексибилни решенија за секоја компанија без оглед на нејзината големина.
Колку компаниите треба да внимаваат на оптимизација на електричната енергија, на отстранување на тесните електрични грла, и така да имаат заштеди?
Набавката на енергија е едно од прашањата кое треба најодговорно да се планира како би се обезбедило заштеда и пониска цена на долг рок. Потрошувачката може саатно да се следи, и заедно со претставниците од компанијата да се направи соодветен модел прилагоден за потребите на секој субјект, а компанијата Енерџи Сервисис да биде нивен стабилен и долгорочен партнер, благодарение на својот стручен тим и поддршката од стратегискиот партнер компанијата Руднап, една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Југоисточна Европа.
Кои се вашите очекувања околу цената на струјата во периодот кој следи?
Цената на струјата зависи од многу фактори. Таа може да е индексирана на некоја од регионалните берзи (на пример во Словенија или Унгарија) што значи дека во момент кога купувачот ќе одлучи може да купи количини на електрична енергија за одреден период по фиксна цена. Во случај да купувањето на енергија се врши на дневно ниво, временските услови можат да влијаат на формирањето на цената. Да потсетам исклучувањето на нуклеарните централи во Германија имаше големо влијание на поскапување на цените во регионот, а исто така и може да има влијание и цената на нафтата и останатите енергенси. Во околните држави не се забележува некој значаен индустриски пораст така да побарувачката за енергија е на исто ниво.
Важите за значаен експерт во енергетскиот сектор. Кој е вашиот совет околу иднината на Македонија на ова поле?
Македонија би требала да се фокусира на изградба на енергетски објекти и да се намали зависноста од увозот на електрична енергија. Исто така, процентот на обновливи извори е сеупте многу мал и тој треба да се зголеми. Енергетската поврзаност со околните земји треба да се интензивира со цел да се осигура стабилно снабдување на енергија во Р.Македонија. Моментално треба да се работи на директно поврзување со Србија бидејќи далеководите поминуваат низ Косово, а исто така Македонија нема ни енергетска поврзаност со Албанија.
Во сите земји, државните електростопанства се многу активни во трговијата со електрична енергија од продажба и куповина на дневно ниво до долгорочна трговија, па се надевам и дека македонскиот ЕЛЕМ можеби ќе биде поажурен во ова.
Како директор на секторот за трговија со електрична енергија во Руднап, една од најголемите компании за трговија со струја во Југоисточна Европа, директно ги следите состојбите во регионот. Кои се регионалните тенденции?
Трговијата со електрична енергија е специфична дејност на која влијаат многу фактори, а секако поплавите кои што се случија во соседна Србија, БИХ И Хрватска имаат големо влијание на регионалните цени. Што се однесува до енергетскиот сектор во Србија поплавите имаа голем удар врз целиот енергетски систем, што влијаеше да се преполови производството на јаглен а најголема штета претрпеа површинските ископи на јаглен на Рударскиот базен Колубара од кој се снабдуваат ТЕ Никола Тесла (Никола Тесла учествува со 54% во целокупното снабдување), и затоа ЕПС-( Електростопанство на Србија) беше принуден да врши увоз на електрична енергија од 478 милиони киловат саати струја, во вредност од 20,18 милиона евра. А од 15 мај кога беше прогласена вонредна ситуација до крајпт на јули ЕПС набавил 714 милиони киловат-саати за 30,5 милиона евра.
Моментално Бугарија е извозник на струја и последните месеци извезува енергија за Турција, Грција и Македонија. Албанија и понатаму е увозник на енергија исто како и Грција особено во летниот период. Што се однесува до либерализацијата, во Србија е веќе започнат процесот на либерализација од 2014год. а во остантите држави како Хрватска, Бугарија, Унгарија пазарот е веќе одамна либерализиран и сегментиран. Исто така според правилата на Европска Унија, секоја држава треба да се придружува кон тенденцијата 20% од енергијата да биде од обновливи извори, што е и обврска на државите од регионот.
Како е да се работи во ваков исклучително динамичен сектор, каде грешките скапо се плаќаат. Колку притисокот е мотив?
Секторот за трговија со електрична енергија е многу динамичен, тоа е работа 24/7. Се случува да се има закупено енергија од некоја електрана во регионот, во меѓувреме да се случи некоја хаварија, што наметнува потреба да се бара друг извор, да се обезбеди таа количина на енергија, а тоа во реалноста значи можеби и купување во други држави, и вршење пренос на таа количина низ многу држави, а се е поврзано со временски рокови во било кое време од денот. Ова е исклучително стресна работа, меѓутоа тимот во Руднап е составен од професионалци со долгогодишно искуство и сите заедно се трудат процентот на грешки да се сведе на минимум. Тука секако е и поддршката на партнерските фирми и на државните електростопанства во регионот. Притисокот е голем, меѓутоа сите се справуваат одлично со тоа.

Слично