Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ САИГОН: Критиката во Македонија значи борба за егзистенција!

ИНТЕРВЈУ САИГОН: Критиката во Македонија значи борба за егзистенција!

Карикатуристите ја делат истата судбина со другите професии во овие времиња. Нивниот “глас” е загушен како што е загушена и слободата на изразување,  оценува  Сабедин Ејупи - Саугон. Се чувствувам  беспомошно, немајќи поддршка од никого да го работам она кое го бара мојата професија, да критикувам со цел подобрување на работите во општеството. Наместо тоа сум приморан комерцијално да изработувам карикатури, односно за егзистенција“ вели во интервју за Фактор карикатуристот и портретист  кој зад себе  има богата меѓународна кариера. За Саигон најинтересните карикатури  настанале  во периодот во 2008 год кога работел за Дневник и кога весникот  критички бил  настроен кон се.  

На Сабедин Ејупи -Саигон, најинспиративна личност  за „обработка“  му е актуелниот премиер на Владата Никола Груевски, додавајќи дека македонсиите политичари  тешко го прифаќаат хуморот на нивна сметка.

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Повеќе од 30 години Ваша главна пасија се изработката  на карикатури и портрети. Сте работеле во Хрватска, Грција, Турција, Албанија.   Пред речиси 10 години во ТЦ Рамстор  отворивте  мини атеље. На кој дел од  Вашата кариера сте  особено горди?

С.Ејупи -Сајгон : На секоја моја карикатура или портрет која резултира со позитивна реакција од спротивната страна сум подеднакво горд. Сепак, како поинтересни моменти во мојата кариера би ја издвоил самостојната изложба која ја имав во 2008 год. во културниот центар Точка и соработката со дневниот весник Дневник во времето кога уредник беше Сашо Кокаланов.

СаигонФактор: Што се случува со македонската карикатура денес, каде се карикатуристите,  дали се изгуби нивниот „глас“  во критиките на општеството  и во прикажувањето на сите негови мани?

С.Ејупи -Саигон : Карикатуристите ја делат истата судбина со другите професии во овие времиња. Нивниот “глас” е загушен како што е загушена и слободата на изразување. Можеби им е страв бидејќи нема кој да ги заштити.

Фактор:  Во еден период  на свој начин  ги опсервиравте  случувањата на политичката сцена Како ја доживувате македонската траги-комедија  , гледајќи што се’  ни се случува во државава  од осамостојувањето па до денес ?

С.Ејупи -Саигон : Како и сите останати и јас се доживувам беспомошно, немајќи поддршка од никого да го работам она кое го бара мојата професија, да критикувам со цел подобрување на работите во општеството. Наместо тоа сум приморан комерцијално да изработувам карикатури, односно за егзистенција.

КРИТИКАТА  ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ПОДОБРИ РАБОТИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО

12325202_518992814950225_1007775775_nФактор: Кои се Вашите најдобри  и „најубиствени“  политички карикатури  кои сте ги  нацртале. Колку домашната политичка сцена, а и генерално нашето општество  е добар материјал да се најде под моливот на еден карикатурист?

С.Ејупи -Саигон : Најинтересните карикатури настанаа во периодот во 2008 год кога работев за весникот Дневник и кога тоа беше весник кој критички беше настроен кон се. Го критикувавме судот, владата, опозицијата, верските инситуции, претседателот итн. Би го истакнал предновогодишниот број на Дневник 2008-2009 год. со карикатурата со 10 личности. Беа претставени Фуере како евроамбасадор со Ивица Боцевски тогашен вицепремиер за евроинтеграции, заедно качени на ѕид со бодликава жица, како брана за влез во европската унија. Пред нив накитена елка, до која стојат Мендух Тачи и Али Ахмети држејќи транспарент на кој пишува “Фер и демократски избори 2009“, со тоа што зборот избори е прешкртан и на негово место допишано Касапана, а во рацете држејќи по еден калашњиков. Пред нив, Зоран Заев му ја носи претстедатеската партиска фотелја на Бранко Црвенсковски тогашен претстедател на државата, а тој пак претставен како грчки војник на почесна стража. А спроти Црвенковски стои премиерот Никола Груевски качен на коњ како Александар Велики, опкружен со својата фаланга составена од Ставрески, Милошоски и Јанкулоска. Инаку нашето поднебје изобилува со материјал за карикирање.

СТРИПОТ ВО ФОКУС, „КОЗА НОСТРА“,  „КОНТРА ВEСТИ“, ВНЕСУВААТ ВЕДРИНА  ВО НАШАТА ТАЖНА РЕАЛНОСТ

Фактор: Некогаш Остен беше расадник на млади карикатуристи и можност за афирмација. Дали појавувањето на телевизиското сатирично шоу „Контра вести“  весникот „Коза ностра“, анимираната серија  „Еднооки“  се добар издувен вентил во “долгиот темен  тунел“?

С.Ејупи -Саигон : Остен беше светска изложба на карикатурсти и беше место каде се раѓаа нови таленти. Но, за жал веќе не постои. Контравести и Козаностра се одлични. Внесуваат ведрина во оваа тажна реалност. Одличен е и стрипот на „Фокус“.

ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ МИ Е НАЈИНСПИРАТИВЕН  ЗА  „ОБРАБОТКА“

груевскиФактор: Имаат ли карикатурите и новинските стрипови влијание врз јавноста, а со тоа и врз политичката елита, или се само убава забава ? Дали сте забележале дека некое Ваше дело придонело да се донесе или да се промени политичка одлука?

С.Ејупи -Саигон : Кај нас не мислам дека влијаат на менување на одлуките, иако политичарите честопати биваат погодени и тешко го прифаќаат хуморот на нивна сметка.

Фактор: Дали добар политички сатиричар може да биде човек со умерени ставови, или мора да е барем малку „екстремен“?

С.Ејупи -Саигон: Секако, во најмала рака треба да биде малку екстремен, во спротивно нема ни да го забележат !

Фактор: Кој од македонските јавни личности Ви е најинспиративен за „обработка“?

С.Ејупи -Саигон : Се разбира, актуелниот Премиер на Владата.

Црвенковски Георгиевски

Ахмети

Слично

Поврзани вести