Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Руфи Османи: Пендаровски е модерен политичар, со Иванов нема перспектива!

ИНТЕРВЈУ Руфи Османи: Пендаровски е модерен политичар, со Иванов нема перспектива!
Идниот Претседател не треба да биде политичка марионета на идната Влада и иако нема реални политички компетенции треба да зрачи надеж и респект за сите граѓани како потик за излез од ова општа депресија во која се наоѓаат сите граѓани Ако победи Иванов и ВМРО-ДПМНЕ  ќе имаме нова епизода на стариот филм кој го гледавме досега.  Ако пак победи Пендаровски верувам дека тој  има перформанси  да биде позитивен модел на модерен Претседател, независно кој ќе победи на парламентарните избори, вели во интервју за Фактор Руфи Османи, претседател на партијата за  Национална демократска преродба (НДП), поранешен пратеник, екс-градоначалник на Гостивар, универзитетски професор      Според него, ни треба нов Устав за да се спречи сепаратистичкиот национализам кај Македонците и Албанците, а без Попис и со актуелната депопулацијата, во Македонија лесно ќе се манипулира со отсутните 500 илјади гласови.  Овој доктор по економски науки, во 1997 година, за време на мандатот на Црвенковски, заврши зад решетки, поради неговото барање за легализирање на албанското знаме во Гостивар, но денес важи и за жесток критичар на Груевски поради неговата „антиалбанска политика“.    ФАКТОР: ДПА има свој претседателски кандидат, владејачката ДУИ ќе го оспори идниот шеф на државата? Дали е тоа позицирање за нова идна владина коалиција Груевски-Тачи? ОСМАНИ: НДП имаше принципиелен став дека ако албанските политички партии не кандидираат заеднички кандидат за Претседател со реални можности да се влезе во вториот изборен круг се друго е игра во полза на ВМРО-ДПМНЕ. ДПА со својот маргинален кандидат само е во функција на овозмозување на мултиетничка конкуренција бидејќи таа партија нема кредибилитет да ја добие довербата кај албанскиот електорат. ДУИ со своето инаетење поради отпорот само Иванов да не се кандидира  туку да кандидира друг Македонец, под превезот на „консензуален кандидат“ го одглуми и реализира филмот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. За уште еден мандат за тандемот Груевски-Ахмети. Ролјата на ДПА во ова фарса личи на она народната - ако пукне основната гума тука е резервната гума за замена, со иста перформанса Владтелот да владее. ДПА со својата арогантна политика кон другите албански опозициони субјекти, особено кон НДП, ќе се соочи со уште еден пораз и на овие избори.  ФАКТОР: На почетокот бевте приврзaник на технократско-економската политика на Груевски, денес сте остар критичар на неговиот национализам. Дали тоа не оддалечува од НАТО и ЕУ и во таков политички спектар би биле дел од Неговата нова Влада? ОСМАНИ : Во 2008 година неговата економска програма оставаше впечаток дека ќе понуди решение за голем број на проблеми со кои се судрува економијата и земјата. Со тек на годините се покажа дека освен реформата во даночниот систем што нема позитивни ефекти, во сите други сегменти на неговото владеење нема резултати. Состојбата ја влошува и институционалната корупција, монополот над медиумите, изборните корупции и екстремната партизација и политизација на сите институции. Груевски го промовира македонскиот национализам преку откривање на „античкиот идентитет“  со што дефинитиво го блокираше процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ. Секој одговорен политичар треба да знае дека инает не се тера со земја членка на НАТО и ЕУ. Со „антиквизација“ сами си ги затворивме вратите кон ЕУ и НАТО. НДП не планира да биде дел од владина коалција ВМРО-ДУИ бидејќи нема ништо заедничко со ова владина коалиција. ФАКТОР: Како по овие избори ќе изгледа мултиетничката коалиција, ќе се суспендира ли мајскиот договор Груевски-Ахмети или е тоа навестување за ревидирање на Рамковниот договор. ОСМАНИ : Ја слушам најновата реторика на Ахмети - не го признаваме идниот претседател,  или , ќе произведуваме криза  за да се избира идниот во парламент?? Ваквите слогани во суштина се политички приказни за мали деца и признавање на крахот на ова политика. Нејзините промотори овозможија демаскирање на лагата и манипулацијата, што тие ги продаваа кај албанскиот народ. На овој политичар (А.Ахмети) треба да му се објасни дека во парламентот и владата е алоцирана целата власт и од тие институции потекнува дискриминацијата кон немакедонците и дека Претседателот не е вистинската адреса за поплаки. ФАКТОР: Се заговараат Уставни промени за т.н. конзенсуален претседател избран во Собранието? Дали тоа е алиби за отворање врата закон уставни промени. како дел од договорот за решавање на спорот со Грција околу примена на новото име? ОСМАНИ : НДП е едниствениот легален политички субјект кој има релевантни констатации дека уставната положба на албанскиот народ во Македонија не е решена со Охридскиот договор.  НДП е на став дека во пакет со унапредување на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО треба да се промени Уставот на РМ како  плод на еден поширок консензус помеѓу македонскиот и албанскиот фатор од сите сфери. Македонија треба да биде држава на двата конститутивни народа , македонскиот и албанскиот, со два службени јазици и со консензуални механизми за избор на Влада, усвојување на буџет и исклучување на можноста од мајоризација за прашања од стратегиски и национален интерес за двата народа. Ваквото устројство би гарантирало дека Албанците не би можеле да го искористат правото за отцепување од Македонија, додека Македонците не би можеле да го користат правото за здружување со друга држава без заедничка согласност на двата народа. Првиот устав на Македонија се донесе со мајоризација на албанците, втората промена на уставот се случи преку војна на бунтовникот А.Ахмети. Крајно време е да се донесе еден консенсуален миротворен устав по мерка на сите. Ваквите промени на устав не е исклучено да се усвојат во пакет со компромисот за името со Грција иако лично мислам дека тандемот Грувески-Иванов ако раководат со земјата и наредниот мандат тоа нема да го реализираат бидејќи во тој случај ке го потрошат нивниот политички капитал идентификуван  како „антички македонски национален идентитет“. ФАКТОР: Кон средината на 90-тите Црвенковски Ве стави зад решетки, но сега  сте жесток критичар на премиерот Груевски кој според Вас води антиалбанска политика која е погубна за земјата. Што идниот Претседател треба да направи за развивање толерантен политички дијалог и активна меѓуетничка кохабитација? ОСМАНИ: Хазардеската политика на Црвенковски по рецепт на неговиот ментор Глигоров координирана со политиката на Милошевиќ во временски период 1992-1998 се идентификуваше со крвавите настани околу Тетовскиот универзитет во 1994 и гостиварските настани во 1997 и таканаречената афера со албанската паравојска во комбинација со криминалната приватизација и со финансиските скандали на штедилниците ја чинеше СДСМ губење на власта и доведување на таа политичка структура во состојба на распад. Рехабилитацијата и реформирањето на СДСМ под раководсво на г.Заев ќе биде процес што ќе трае подолг период.  Никола Груевски продолжува по патеките на Црвенкоски, тоа го прави без калкуации и без демагошки настапи преку корумпирање на челниците на ДУИ на кои јавно им возвраќа за востанието што поранешната УЧК, денешна ДУИ, го направи во 2001 година. Идниот Претседател не треба да биде политичка марионета на идната влада и иако нема реални политички компетенции треба да зрачи надеж и респект за сите граѓани како потик за излез од ова општа депресија во која се наоѓаат сите граѓани Ако победи Иванов и ВМРО-ДПМНЕ  ќе имаме нова епизода на стариот филм кој го гледавме досега.  Ако пак победи Пендароски верувам дека тој  има перформанси  да биде позитивен модел на модерен Претседател, независно кој ќе победи на парламентарните избори. ФАКТОР: Без Попис на населението оспорен е бројот на гласачите, постојат услови за нерегуларни избори, а недостигаат и јасни индикатори за економската и демографската политика? Дали со се помасовен „одлив на мозоци“ земјата останува без креативни кадри кај Македонците, без новата генерација високообразовни експерти кај Албанците? ОСМАНИ: Се согласувам со вашите констатации. Едноставно една Влада која нема капацитет да спроведе попис како статистичка операција од причини што двете страни на ова Влада претендираа да ги фалсификуваат бројките не може да спроведува легални и фер избори. Од овие принципи НДП беше единствен политички субјект кој предлагаше техничка Влада на широка владина коалиција со цел организирање на фер избори и надминување на спорот со името со Грција.  Според актуелните статистики во Македонија има над 1,8 милиони избирачи , присутни граѓани нема повеќе од 1,7 милиони лица  додека бројот на учениците е 400 илјади лица. Овие бројки математички произведуваат фантастична бројка од над 500 илјади гласови кои можат да бидат предмет на злоупотреба и манипулација. Треба да се каже објективно дека во Македонија интензивно се реализира процесот на депопулација на граѓаните независно од етничката припадност , особено овој процес е многу интензивен кај младите образовани кадри како лекари, медицински сестри, информатичари, инжинери и среднисти со специјализација. Македонија може со сигурност да се каже дека станува земја на пензионери и стари лица. ФАКТОР: Како ги оценувате економските движења, посотои ли опасност од перманентните задолжувања што (не)ќе може да ги враќаме? ОСМАНИ: Без дискусија „најголемата придобивка“ од овие политики на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  е перманентното задолжување на земјата. Формалните бројки дека сме земја меѓу најмалку задолжени во Европа не се точни бидејки во јавниот долг не е вклучен долгот на јавните претпријатија на централно и општинско ниво со кој долг јавниот долг ќе биде најмалку за 10% поголем. Не само висината на долгот туку и задолжувањето на земјата за финансирање на непродуктивни јавни инвестиции, за финансирање на гломазната јавна администрација каде дел од нив  седат дома и земаат плата, субвенционирање на земјоделците по партиски клуч и задушување на социјалниот мир создаваат една тажна слика за можностите за враќање на долгот во наредниот среднорочен период. Убеден сум дека за наредните 2-3 години кога доспеваат за плаќање над 1 милјарда евра главница и камата буџетот ќе крахира. Степенот на задолужување на земјата не кореспондира со ниедна теорија во смисла на пораст на БДП и можностите за зголемување на јавните приходи над јавните расходи како потенциал за навремено сервисирање на долгот. ФАКТОР: Странските инвеститори, имаат привилегирани економски и статустни бенифиции, како и евтин труд. Големите инфраструктурни проекти ги реализираат странски компании. Каде и каква е македонската додадена вредност? ОСМАНИ: И покрај  сите привилегии што им се даваат на странските инвсетитори, Македонија, по обем и квалитет на инвестиции, е последна во Западен Балкан со исклучок на Косово. Највпечитлива е приказната околу Субрата Рој и неговиот криминален капитал. Финансирање на двата автопати се без дискусија инвестиција која е проблематична од аспект на легалност, пред се реална цена на чинење и квалитет со кој треба да се реализира. Едноставно македонската додадена вредност, како компаративна предност на македонската економија и како стандард на граѓаните, е само дел од кампањите во владините медиуми што перманентно создаваат вештачка слика за реалноста. А во секојдневието  живееме  во беда и безпреспективност. ФАКТОР: Македонските интелектуалци се помалку се критични и гласни.  Дали после 20 години свои национални Универзитети и албанските високообразовани кадри како да стануваат  поданици на власта? ОСМАНИ : Денес се е потчинето на власта од чуварот до универзитетскиот професор, колку е жалосно толку е и трагикомично. Интелектуалецот  како никогаш порано стана  голем страшливец и нем набљудувач, пред машинеријата на Власта која урива се пред себе. Убеден сум дека социјализацијата на високото јавно образование денес е рак рана на високото образование која пак овозможи голема инфлација на кадри со магистратури и докторати кои во суштина во најголем број на случаеви се само формални  диплома без реална научна вредност. Вака конституирани јавни универзитети во ,,секое село и град ва земјата,, со политики на масовно школување без стандарди и квалитет, без никаква координација со пазарот на трудот, во нелојалната конкуренција, единствено  што ќе постигнат ќе биде да ги затворат  малиот број на квалитени приватни универзитети и нема да придонесат во развој на економијата и подигање на свеста на граѓаните. Албанскиот интелктуалец денес  е „парализиран пред политичарите“  и не може да се препознае во смисла на основната функција на критичар-мислител, како најквалитетен ресурс на глобализација и модерниот свет. Г.Ч.
Слично

Поврзани вести