ИНТЕРВЈУ РАУНИЧ: Авторитарниот систем нема шанси за победа, сè додека постои организиран бунт!
Заплашува потребата на властите да владеат со репресија и органичување, вели хрватскиот новинар Филип Раунич од Телеграм.
Македонија останува единствената земја во светот, заедно со Сомалија, без попис на населението, но затоа споменици не и недостасуваат, смета Раунич од Телеграм. Според Раунич, кој пред извесно време беше во Скопје, да известува за протестите и политичката нестабилност во земјава, сите револуции во светот имаат свои симболи, а можеби токму „бакнежот“ на девојката со црвен кармин на штитот на полицаецот на едни од протестите е симболот на македонската револуција.
Фактор:Раунич, Вие бевте во Скопје пред околу десет дена. Што е првото нешто што ви остави впечаток кога дојдовте?
Раунич: Кога дојдов во Скопје, про што ми падна во очи беа две работи. Првата е споменикот на „Александар Македонски“ на аеродромот во Скопје. Од самиот влез во земјата, присутно е промовирање на култура на воини и војни. Многу од тоа имаме и овде во Хрватска, и некои одвојната и напнатоста многу добро живеат и не сакаат тоа да престане. Втората работа што ја забележав беше ентузијазмот на луѓето кои протестираат против Владата. Новинари и поранешни функционери, граѓани, сите тие се многу оптимистички, или барем оставаатвпечаток дека актуелната Влада наскоро ќе се сруши, и дека потоа ќе следуваат подобри денови.
Фактор:Каков впечаток Ви остави проектот „Скопје 2014“?
Раунич: Проектот "Скопје 2014" ми се чини како дел од некоја паралелна реалност во којаживеат македонските граѓани. Сето ова изгледа како експеримент ексцентричен милијардер, и во таков случај тоа би било вест за таблоидите и може да биде предмет на некои социолошки анализи. Но, знаејќи дека овој проект се гради со државни пари додека голем број од наслението тешко живее, сето ова претставува голем скандал.
Имајќи во предвид дека половина милијарда евра се потрошени во овој проект, а министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека нема пари за попис, сето тоа се добива една апсурдна нота. Така, Македонија останува единствената земја во светот, заедно со Сомалија, без попис на населението, но затоа споменици не и недостасуваат. Целата оваа работа за мене е како забавен парк.
ДЕВОЈКАТА СО КАРМИНОТ СИМБОЛ МАКЕДОНСКИ
Фактор:Како новинар на telegram.hr присуствувавте на анти-владините протести во Македонија. Кои се вашите впечатоци од овие протести?
Раунич: За младите луѓе кои на протестите беа мнозинство во моментите кога јас бев во Скопје, не видов дека тие имаат страв од властите. Напротив, ми се чини дека, и покрај сè, атмосферата на улиците на Скопје беше оптимистичка. Се додека постои организиран граѓански бунт, а во Македонија очигледно постои, тога тоа е гаранција дека авторитарниот систем нема да биде во можност да го заокружи своето постоење и да ја постигне својата цел - контрола на животот на сите граѓани. Единственото нешто што се чини дека е опасно тоа се гласините во врска со организацијата на контра протести. Потоа, во толпата, лесно може да се стигне до голем конфликт, и ако такви работи се случат, тогаш тоа тешко е да се запре.
Фактор:Ја баравте девојката која со црвен кармин остави бакнеж на штитот на еден полицаец за време на протестите. Каква порака видовте во таа фотографија?
Раунич: Кога пристигнав во Скопје, еден од моите уредници, на шега, ми рече да ја најдам девојката која остави црвен бакнеж на штитот на еден од полицајците. Ја најдов девојката и ја интервјуирав, бидејќи понекогаш е здодевно да читате ладни политиколошки анализи, а сите револуции, немири и протести имаат свои симболи. Можеби овој бакнеж на штитот на полицаецот е вашиот симбол, македонски.
Девојката работи во Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија, така што можев да направам интервју со неа и без овие фотографии. Но, секако самата фотографија и пораката наЈасмина дека се шминка за да го поправи уморениот изглед од задушување на политичката слобода" е многу силна. Подоцна изјавата беше пренесена и на порталот BuzzFeed. Мислам дека примерот на оваа девојка многу добро покажува оптимизам и ентузијазам за политичка борба против корумпиранате влада.
Фактор: Како ја оценувате политичката ситуација во Македонија?
Раунич: Пред неколку дена во Дубровник беше забранета претставата "Елементарните честички" Мајкл Houellbecqa. Локалниот градоначалник Никола Добриславич, побара да се провери таа претстава, и на крајот беше забранета од страна на полицијата поради "безбедносни аспекти". Иако во таа претстава нема ништо спорно, за властите во Дубровник спорни се поранешните анти-исламски ставови на овој писател. Оваа претсава со години се изведува во Париз, и романот "Елементарните честички" е преведен на 48 јазици. Заплашува таа потреба на властите со репресија и ограничувања да воспостават свои правила, па дури и култура.
Слично на тоа, јас ја гледам ситуацијата и во Македонија, со една важна разлика, а тоа е дека во Македонија, ситуацијата е веќе метастазирана, додека Хрватска се 'уште се бори против оваа болест, а ние имаме шанса да тоа да се спречи на следните избори. Но, едно е сигурно, оваа ситуација во Македонија е неодржлива. Авторитарните влади нема да бидат задоволни со делумна контрола, туку оди кон целосна диктатура, и демократијата не може да функционира без независните медиуми, правдата, плурализмот и граѓанските слободи.
УКРАИНА БЕШЕ НА КРСТОСНИЦАТА НА ИМПЕРИИТЕ
Фактор: Премиерот Никола Груевски, преку МВР набавил луксузен автомобил од 600.000 евра. Тоа е дел од т.н бомби на опозцијата. Како ги коментирате аферите што се отвораат во Македонија?
Раунич: Тоа ја покажува неговата маска. Личните интереси на поединци од власта, како во Македонија, така и во Хрватска и во регионот, се претставуваат како интерес на сите. Но, ваквите скандали каков што е со набавката на луксузните автомобили, сосема ги демаскираат. Авторитаризмот на Балканот е резултат на многу едноставни причини, контролата на сите сфери на животот, особено во судството, за да се олесни грабежот.
Фактор:Дали настаните во Македонија имаат сличности со настани од другите земји на Балканот?
Раунич: Кога бев во Скопје, на македонски новинар му реков оти се надевам дека нема да се случи за неколку години тој да престојува во Хрватска и да известува за авторитарен систем на владеење. Всушност, на изборите што ќе се одржи кон крајот на оваа година или почетокот на следната година, според анкетите е водечка партијата на Томислав Карамарко, Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Карамарко отворено најавува дека актуелната владејачка партија, Социјалдемократската партија (СДП), по освојувањето на власта е ја сведе на 5,6 проценти. А, застрашувачка е и изјава во која Карамарко најавува во врска со конфликтите во 90-тите години, тука познат како "Граѓанска војна", во своите четири ѕидови може да мислат слободно, но во јавните настапи сите ќе треба да се држат до одредени норми и ставови.
За Карамарко, како и Груевски, опозицијата е тука само за да ја задовили формата. Инаку, Карамарко, за време на големиот корупциски хрватскиот грабеж за кој поранешниот хрватски премиер Иво Сандаер е во затвор, беше шеф на тајната служба, а потоа и министер за внатрешни работи. Значи или учествувал во целата таа корумпирана афера или е крајно неспособни и не знал што се случува.Во секој случај, сето тоа не му дава премногу квалификации за премиер. А, уше пострашни се неговите најава за тоа како ќе владее.
Фактор: Како ги оценувате балканските политичари, особено политичари во балканските земји кои се уште не се дел од Европската Унија?
Раунич: Очигледно е дека нашите балкански политичари се многу поблиску до авторитарноста, отколку до демократијата. Либералните идеи се појавуваат од време на време, но едноставно не може да се втемелат на подолго време. Ние не треба да се залажуваме дека Ангела Меркел и Барак Обама ќе се осврнат на овие наши балкански лидери и нивниот пат кон авторитарно владеење, се додека Балканот е стабилен.
Само кога корумпираната и авторитарна власт ќе ја загрози стабилноста на Балканот, било внатрешната или надворешната, само тогаш овие промотори стануваат "интересни" за Западот.
Додека земјата е стабилна, западните лидери за ситуацијата тука не е премногу заинтересирани. Демократијата, граѓанските слободи и социјална плуралноста ние треба да ги изградиме сами. Тоа е процесот за што се потребнидецении. За жал, се добива впечаток дека, дека по напредокот, често се враќаме назад на почетокот. Мислам дека политиката на ЕУ кон проширувањето е погрешна и ЕУ дозволи враќање на некои други сили на Балканот, пред се Турција и Русија. Да не се залажуваме дека си дете, како некогаш, ќе балансираме помеѓу повеќе сила и од тоа ќе имаме корист. Земјите кои се наоѓаат на крстосницата на „империите" завршуваат како Украина.
С.Н.

Слично