Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ПРОФ. ДЕЈАН  ДОНЕВ: Државата не може долго да се држи во заложништво!

ИНТЕРВЈУ ПРОФ. ДЕЈАН  ДОНЕВ: Државата не може долго да се држи во заложништво!
Универзитетскиот професор  Дејан Донев  предава на повеќе додипломски и последипломски студии во областа на етиката во медиумите и односите со јавноста, менаџерска и бизнис етика, политичка етика, етика и јавната админситрација. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (Катедрата за философија, Катедрата за  одбранбени и мировни студии и Катедрата за психологија), на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (Студиите по новинарство, Правните студии, Институтот по новинарство, медиуми и комуникации и Институтот за политички студии) и на додипломските студии при Еуро Колеџ - Факултет за бизнис администрација во Куманово „Во поширок и просторен и временски контекст, „давањето право“ на Претседателот за амнестија не е ништо ново, затоа што таков пример имавме ми се чини пред 8 години. Она што е ново е контекстот, тајмингот и затскриената намера која е навредувачка до срж кон македонскиот народ: „заради кожата на неколку недоветни министерски постапки и учесници“ Претседателот треба да ја има улогата на нивен Спасител, додека помилувањето, за да не се преакцентираат изборните измами, се дава и става и на педофилите и на терористичките акти и на шверцерите и на криумчарите... Оттука, мојата дилема до идејните креатори на ова решение е следно: што е поболно – повредата во душевна или телесна смисла;“ вели Донев. Разговара Горазд Чомовски Фактор:  Живееме ли во општество во кое  се дерогирани моралните вредности и во кое луѓето 10-те Божји заповеди ги „реализираат“ спротивно од нивното примарно значење. Потребно ли е, според Вас, постојано потсетување на човечките вредности како љубов, чест, вистина, трудољубивост, хуманост, сочувствителност...? Па нејсме, луѓе сме! Паметиме, но и забораваме, особено во вакви времиња на техничко-технолошки развој, но и на транзиција. Потребно е потсетување за да останеме и понатаму сме луѓе, т.е. да се очовечиме повторно, да ја (ре)хуманизираме или (о)хуманизираме нашата исконска основа. Фактор: Дали односот кон етиката и (не)морал во политиката  е еден од  основните  проблем заради кој Македонија е на самото дно во речиси  сите области од живеењето? Не! Не се согласувам во целост со Вашето прашање и став кој се надѕира од него. Неморалот или аморалноста во политичките води во Македонија е само највидлив  пример како ние не знаеме да се „носиме“ со слободата и со демократското. А највидлив е согласно „пробиениот“ од страна на политичките партии, а со тоа и злоупотребен стариот менаџерски модел на „аргатисување“-  Принципот на морковот и стапот. Со тоа, свесно (иако не верувам дека некој интенционално го прави тоа од политичарите), а многу повеќе несвесно се прави еклатантно навредување на народот во обидот дасе воспостави и почитува, односно реализира демократијата, сведувајќи го со самиот акт на проста машинерија за гласање. Фактор: Дали македонските политичари и функционери, кои во догледно време нема да ги достигнат европските стандарди за градење на нивниот политички интегритет  заслужуваат да ги понесат атрибутите - одговорен и  зрели политичари ? Сметам дека одговорот е содржан во Вашето прашање. Нема во догледно време да ги достигнеме европските стандарди токму затоа што имаме незрели, а најмалку одговорни политичари. По логиката на нештата, со зрелоста доаѓа и повисокиот степен на одговорност, иако и тука кај нас се видливи отстапки. Но нејсе, власт не се прави, а уште помалку се води (не владее или менаџира) држава со групација на „недоветни деца“. За одговорност треба изградена свест за постапките и самосвесност во прифаќањето на последиците од постапувањето, т.е. она што во политички контекст се уште е непознаница за учесниците во македонската политика, попрецизно политиканство. Фактор:  Како ја коментирaте одлуката на Уставниот суд  со која му се дава право  на претседателот  на државата да помилува  лица за изборни нерегуларности и  да  амнестира педофили? Во поширок и просторен и временски контекст, „давањето право“ на Претседателот не е ништо ново, затоа што таков пример имавме ми се чини пред 8 години. Она што е ново е контекстот, тајмингот и затскриената намера која е навредувачка до срж кон македонскиот народ: „заради кожата на неколку недоветни министерски постапки и учесници“ Претседателот треба да ја има улогата на нивен Спасител, додека помилувањето, за да не се преакцентираат изборните измами, се дава и става и на педофилите и на терористичките акти и на шверцерите и на криумчарите... Оттука, мојата дилема до идејните креатори на ова решение е следно: што е поболно – повредата во душевна или телесна смисла? Дали повеќе би требало да ме боли крадењето на мојот идентитет и основно право, отколку телесната (која оди заедно со душевната) болка нанесена од педофилски акт? Фактор: Дали морално и вредносно изграден политичар е синоним за добар и едуциран граѓанин? На „прва топка“ би рекол дека тоа е номинално и условено. Но логично би било тогаш да се претпостави дека секој добар и едуциран граѓанин е потенција за создавање на морално и вредносно изграден политичар, со што не се сложувам затоа што секој од нас не носи потенција за се. Напротив, се чини дека и биолошки и духовно сите сме предодредени за одредени нешта, а нашата упорност, истрајност, желба за актуализација  ќе не претвори во она што треба да сме. Со други зборови, за морално и вредносно изграден политичар треба да го имате она 5% God given thing и да имате желба да се доразвивате. Во спротивно, демократијата од репрезентативна би требало да биде непосредна, како во античкиот свет, на Агората. Едновремено, погледнато од другата страна на „кованицата“, сте сосема во право! За да се биде морално и вредносно изграден политичар, прво морате да научите се што е потребно за да се биде добар и едуциран граѓанин. Само тогаш можете да бидете морално и вредносно изграден политичар. При ова, најважното е да не ја загубите по пат оваа релација, туку да знаете како да го користите бенефитот од истиов фидбек – да знаете да ослушнувате, да го слушате гласот на оној кој Ве бира како свој претставник! Фактор: Зошто наместо демократизација и европеизација на државата се соочуваме со ерозија на општеството, поделеност на граѓаните. Сведоци  сме на фантомски избирачи,  злоупотреба на право на глас ? Затоа што не сите кои ја водат државата, вистински ја водат, а уште помалку знаат на каде ја водат, заслепени од моќта која ја стекнаа и од патолошката незаситна желба се да почнува со нив! Па така, во болната и искривена перцепција за реалноста која ја создаваат вештачки за народот (во нивниот случај поданиците), со текот на времето и самите се „дават“ верувајќи дека се е така розово и дека тие се кралевите, наместо да се спуштат и ги слушнат барањата не на поданиците, туку на своите избирачи. Со тоа се прави ерозија на општеството по сите основи, а онаа најболната е поделеноста на народот на „наши“ и „ваши“, иако сите сме граѓани на оваа земја. Ова особено ако го „пробиете“ изборниот моделот за победа, тогаш имате сигурна win-win ситуација дури и без довербата на народот креирајќи фантомски избирачи. Сета среќа што историјата на демократијата бележи низа на неуспешни вакви обиди за долготрајно „држење на државата во заложништво“!    
Слично

Поврзани вести