ИНТЕРВЈУ ПОПОВСКИ: Државата е разорена и треба обнова
По преговорите во Брисел ке биде појасно каква институционална разврска не очекува и кој ке бидат приоритетите на идната Влада. “Би било неблагодарно да кажувам дали ќе остане Груевски идали треба да остане премиер. Тоа ќе одлучат партиите и Собранието кое ќе треба да гласа за доверба на преодната влада”, вели професор Владо Поповски ви интервју за Фактор. Тој оцени декасдсмовската капања, но и содржината на “бомби не се еднозначни. Тие, во секој случај, покажаа изораност на системот особено на институциите. Второ, натрупаа толку многу проблеми и почнаа да ги тресат темилите на општество и на државата”.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Дали компромисот за датум за избори е навестување за расплет на политичката криза и дали е возможно да не „изненади“нов планиран безбедносен инцидент?
Поповски:Последните пораки од Брисел и Вашингтон се всушност во насока на разрешување на кризата. Го очекуваме вториот дел од модалитетите за т.н преоден период до утврдените предвремени избори во април 2016 година. Што значи дека тој втор дел кој ќе се одржи наредната седмица во Брисел е значаен за да се заокружи самата одлука. На Вашето потпрашање , дали може да не „ изнанади“ планиран безбедностен инцидент,одговорот е дека не очекувам нови безбедносни турбуленции.Сметам дека ниту еден политички субјект може и сака до тој степен да го жртвува јавниот интерес на граѓаните и на државата.
Фактор: Дали евентуалното формирање на нов владин кабинет преставува и вовед во конечно заминување на клучните актери на продуцираната политичка криза и кај македонскиот, но и кај албанскиот блок?
Поповски: Евентуално новиот владин кабинет во ова т.н преодно време до изборите како што знаете мора да биде избрана од Парламентот. Не постои ни еден друг орган, тело или институција што може легално да избере нова Влада или друга Влада без разлика дали таа ќе биде техничка, експертска или политичка.Ако биде постиган договор следната недела во Брисел очекувампратениците на СДСМ да се вратат во Парламентот и тогаш Собранието е полногласно да реши каков вид на Влада ќе биде избрана.
Фактор: Како би функционирала владата во овој транзициски период и што би биле нејзини приоритети и дали е возможно да се обезбеди ревитализација на институциите, формирање на непристрасно и департизирано судство како и професионален и независен Јавен сервис.
Идната преодната влада ќе има полна кошница со обврски . Прветнствено ќе треба обезбеди услови за одржување на фер, демократски и слободни избори. Тоа подразбира претходно прочистување на избирачките списоци за да нема простор за сомнеж од злоупотреби со гласчите. Во делот на прашањето за независноста на судство, ќе биде потребно подигнување на стандарди преку законски решенија на зајакнување на статусот на независноста особено во делот на Судскиот совет и Јавното обвинителство, вклучувајки и избор и разрешувањето на судиите.
Во однос на медиумите, ќе треба да им се овозможат еднакви шанси на презентација на изборните програми, но и крјано избалансирано и непристрасно известување . Првиот канал на МТВ да биде на македонски, вториот на албански јазик и третиот канал за помалите немнозински заедници.
Следното прашање е Изборниот законик. За него партиите треба да се договорат дали ќе се оди со една изборна едница наместо сегашните шест или можеби да се размисли и за идејата со отворени листи.
Собранието, во нардниот период, ќе мора да излезе од сенка на Владата . Изборите мора да бидат мониторирани од домашни и странски набљудувачи. По дефиницијата Влада е сервис на граѓани. , а не се граѓаните сервис на Владата . Добро е што ќе има избори, бидејќи треба да се провери мандатот на актуелна владејачка гарнитура, по објавувањето на т.н .бомби на СДСМ што создадоа голема конфузија во јавноста.
Фактор. Дел од универзитетските професори оценуваат дека Македонија не е само во политичка, туку и во правна,уставна, институциона, морална криза. Значи ли ова дека ситуацијата е многу покомплексна отколку што изгледа и дека периодот од 10 месеци до избори е недоволен за подготовка на теренот за спроведување избори според европски стандарди?
Поповски: Нема држава особено, не на Балканот, на која што не и недостасуваат низаод овие атрибути во било кое поле - како што Вие рековте, институционално, уставно, политичко, прашањето на степенот на легитимноста на процесите. Не може сите проблеми да бидат решени во овие 10 месеци до изборите, меѓутоа е важно е да се врати довербата во правниот систем, да се насочи во рамките зајакнување на респект и почитување на Уставот, како враќање на нарушениот углед на Собранието. Клучен фактор е партиите и нивните лидерства, а тоа ќе се покаже преку нивните капацитетии волјата за политички компромис.
Фактор: Колку т.н бомби на СДСМ извршија влијание врз растечкото критичко мислење кон методите на владеење на владата и пред се’ елитата на ВМРО ДПМНЕ во кабинетот на Никола Груевски?
Поповски: Тие бомби не се еднозначни и тие во секој случај покажаа изораност на системот особено на институциите. Второ, натрупаа толку многу проблеми, почнаа да ги тресат темилите на општество и на државата. Токму затоа потребно е низ една легална постапка ако не веднаш , тогаш за релативно кусо период да се даде одговор на сомнежи и обнивување од страна на СДСМ а се адресирани до власта. Сите индикации кои што укажуваат на евентулани злоупотребни од страна на власт кои што имаа инкриминирачи дејствија треба да бидат испитани, тоа е во делот на правната разврска . На ниво на политичка одговорност тоа би можело да се разреши со формирање на Анкетни комисии во Собрание кој што би имало паритетен состав и каде претседател би бил од редовите на опозицијата.
Фактор: Колку и на каков начин Европската комисија би можела да ја „награди“ Македонија со одредуваање на датум за почеток на преговори наместо т.н скриниг од Брисел?
Поповски: Добро ќе биде доколку Брисел ја повтори препорката за почеток на преговори со ЕУ. Евентуалното унапредување само би било поголема шанса за стабилизација на Македонија, ама тоа значи да се авансира унапрдување на нивото поради политички или други безбедносни причини. Таков случај и постапка беше направена на почетокот од распадот на Варшавскиот пакт, каде што одредени земји станаа членки на НАТО и добија забрзан тек за влез во ЕУ и поради тоа беа авансирани со голем политички кредит и безбедносен чадор.
Дали е на повидок крај на политичко патриотската манипулација со граѓаните и неговата демитологизација со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Никола Груевски?
Поповски: Употребата на патриотизмот како политичка реторика, фраза, како флоскула постои од почетокот. Тоа не еексклузивно резервирано за некоја политичка гарнитура па сега да ја врземесо атрибуцијата само со ВМРО ДПМНЕ. Поранешниот престедател на Макеоднија, екс премиер и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, трубеше со патриотизам и државништво . Патриотизмот мора да биде демонстриран преку конкретни мерки кои подразбираатиднидвидулано и колективно да се унапредуваат интерсите на граѓаните или јавниот интерес, просперитетот на државата.
Дали со патриотизмот се манипулира или се фундира со реални политики тоа останува да одлучи народот.
Фактор: Дали е изводлив концептот што проф. Љубомир Фрчкоски го предлага кој подрзбира подолгорочна и трајна коалиција меѓу четрите најголеми парртии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА?
Поповски: Не мислам дека таа идеја на проф. Фрчкоски е продуктивна. Мора да се оди преку изборно генерирање на структурата на институциите. Во Владата и во Собранието се доаѓа преку избвори, се друго би било создавање на конфузија меѓу граѓаните.
Фактор: Дали пакетот за останување или евентуално заминување на Никола Груевски од премирската позиција го вклучува и решавањето на на македонско-грчкиот спор за името?
Поповски: Тоа прашање е дел од преговрачкиот процес кој треба да се постигне низ преговрои на четрите субјекти и конечно да се санкционира преку одлука на Собранието, нема друга рамка. Би било неблагодарно да кажувам дали ќе остане Груевски идали треба да остане премиер. Тоа ќе одлучат партиите и Собранието кое ќе треба да гласа за доверба на преодната влада.
