ИНТЕРВЈУ ПИРОВСКА: Контрапротестот е провокација, се надевам дека ќе нема нереди!
Уставниот суд е востановен за да го штити Уставот на Република Македонија и со тоа да претставува своевидна гаранција за остварување на човековите права во земјата. Според тоа, граѓаните имаат право да го изразат својот револт и незадоволство од работата на овој суд, посочува Уранија Пировска. Според директорката на Хелсиншкиот комитет, ако се има предвид дека од изборот на новите судии беа донесени неколку несреќни одлуки многу важни за човековите права и слободи, како што е одлуката за законот за лустрација, за законот за спречување на бременост како и за исфрлањето на новинарите од Собранието, тогаш несомнено дека може да се очекува судот да донесе и таква одлука за СЈО.
Пировска, не исклучува на вечерашните протести пред Уставниот суд каде во истовреме едни ќе изразуваат револт опд работат на Уставниот суд, а други ќе дадат поддршка на работата на судиите да дојде до нереди.
„Контра протестите станаа начин на однесување на владеачките партии како одговор на сите поважни протести што беа организирани од сите оние што не се согласуваат со нивната политика. Опасноста од нереди секогаш постои кога станува збор за две спротивставени групи но се надевам дека полицијата ќе биде подготвена и во соодветен број, за да ги спречи таквите инциденти“..
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Евидентно е дека судството веќе одамна ги изгуби своите основни атрибути – самостојноста и независноста. Како да се заштити судството од влијанијата врз неговата независност ?
Пировска: Не е проблемот во законодавството кое ја третира оваа област туку во фактот дека повеќе години наназад се избираат за судии луѓе блиски на владеачките структури со сосема јасна цел - да служат на партиските интереси. Како резултат на овие состојби сведоци сме на случаи на селективна правда што на крајот резултираше и со речиси целосна недоверба на граѓаните дека во судските постапки можат да ја добијат правдата и да ги заштита своите права. Да не заборавиме и дека влијанијата од извршната власт врз судството го уриваат и принципот на поделба на власта.
Фактор: Ако порано забелешка за македонското судство беше лоцирана во недоволната ефикасност, во последните извештаи на Европската комисија како главни проблеми се посочуваат нарушената независност и квалитетот на судските одлуки како и тоа дека во нашето судство постои атмосфера на притисок и недоверба. Дали протестот пред Уставниот суд може да се толкува и како свовиден приитоск врз институцијата и судиите?
Пировска:Државните институции и судовите се востановени и постојат за да им овозможат на граѓните остварување и заштита на нивните права. Уставниот суд е востановен за да го штити Уставот на Република Македонија и со тоа да претставува своевидна гаранција за остварување на човековите права во земјата. Според тоа, граѓаните имаат право да го изразат својот револт и незадоволство од работата на овој суд. Ова особено поради фактот што во последните години односно од изборот на новите судии блиски до партиите на власт, стана очигледно дека претставува инструмент за остварување на интересите и потребите на власта. Патем, правото на здружување и мирен е собир на граѓаните е право утврдено во Уставот на Република Македонија.
Фактор: Политичката криза станува се’ посериозна. Дали Македонија се наоѓа само во политичка или станува збор за правна, уставна и морална криза ?
Пировска:Апсолутно станува збор и за морална криза ако се има предвид содржината на прислушкуваниот материјал кој го објави лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој материјал говори не само за целосна девастација на правната држава туку и на моралот. Изместени се критериумите за вредност кои некогаш беа некаков репер во општеството, а граѓаните и нивните права се наоѓаат на маргините кога станува збор за интересите на власта.
Фактор: Ако се има предвид мнозинството во Уставниот суд, се претпоставува дека судиите ќе ја донесат одлуката со која ќе му отворат пат на претседателот да помилува за изборни нерегуларности. Што доколку ваквата одлука биде изгласана и дали може да се очекува дека следниот чекор би било преиспитување на уставното на Специцијалното јавно обвинителство?
Пировска:Ако се има предвид дека од изборот на новите судии беа донесени неколку несреќни одлуки многу важни за човековите права и слободи, како што е одлуката за законот за лустрација, за законот за спречување на бременост како и за исфрлањето на новинарите од собранието на РМ, тогаш несомнено дека може да се очекува судот да донесе и таква одлука за СЈО.
Фактор: Постои ли опасност од нереди ако се земе во прердвид дека едни ќе ќе изразуваат незадоволство од работата на Уставниот суд, додека во истовреме други ќе даваат јавна поддршка за начинот на кои работат судиите?
Пировска: Контра протестите станаа начин на однесување на владеачките партии како одговор на сите поважни протести што беа организирани од сите оние што не се согласуваат со нивната политика. Опасноста од нереди секогаш постои кога станува збор за две спротивставени групи но се надевам дека полицијата ќе биде подготвена и во соодветен број, за да ги спречи таквите инциденти.
Слично
