Интервју Пецо Грујовски: ССМ тотално го изгуби кредибилитетот на заштитник на правата на работниците!
Денеска е 1-ви Мај, Меѓународен Ден на трудот. Овој празник е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, се слави ширум светот. Денот на трудот е всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. Во повеќето држави на овој ден работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права. Протести на овој ден се одржуваат и во Македонија. Но годинава синдатите се поделија. Четери синдикати и неколку граѓански и невалдини организации денеска преку протести ќе ги браната работничките права. Од друга страна, лидерот на Сојузот на синдикати Живко Митревски, организира “Марш на солидарност”. Зошто се поделија работничките синдикати, колку и како се штитат работнички права во Македонија? Синдикатот на УПОЗ се одлучи за протести бидејќи тоа го бара членството, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници ги вознемирија вработените во јавниот сектор, вели во интервју за Фактор, Пецо Грујовски,претседател на Синдикатот на работниците од Управта, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република македонија (УПОЗ).
Фактор: Работничките синдиакти на денот на трудот се поделија, едни излегувате на протести други на Марш на солидарност, која е причината за ваквата поделба?
Грујовски: Потписниците на повелбата за солидарност ја сочинуваат навистина автентични и независни синдикати кои имаат поинаков пристап кон синдикализмот. Во фокусот на нивниот интерес пред се се членовите и нивните права. Статичните синдикати кои од канцеларија ги застапуваат интересите на работниците и се загрижени само за себе и нивните лични интереси ќе ги прегази времето. Затоа тие нема ништо да организираат или од немај-каде ќе организираат Марш на солидарноста (со кого ќе се солидаризираат?) а ние потписниците на Повелбата за солидарност (Синдикатот на УПОЗ, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници,Синдикатот на македонската дипломатска служба,од минатата година Конфедерацијата на синдикалните организации а од оваа година и Синдикатот на културата и Мултиетничкиот синдикат за образование како и Здружението за социјална правда „Ленка“ и левичарското движење „Солидарност“) трета година по ред ги организираме протестите за Први мај. Од година во година имаме се повеќе поддржувачи и верувам дека денешниот протест ќе биде најмасовен и ќе упатиме силни пораки до власта.
Фактор: Зошто УПОЗ се одлучи за протести и каква порака ќе испратите?
Грујовски: Синдикатот на УПОЗ се одлучи за протести бидејќи тоа го бара членството. Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници ги вознемирија вработените во јавниот сектор. За една негативна оценка во текот на годината можат да го изгубат работното место. Потоа, независно од оценката (дури и во случај сите во една установа да бидат оценети со високи оценки), 5% од вработените мораат да бидат парично казнети. Законот за административни службеници дава предност на казните, а стариот Закон за државни службеници имаше награди односно степен на кариера и вработените имаа шанса да напредуваат и да бидат наградени. Затоа на Први мај сакаме да го дигнеме гласот против лошите закони кои се на штета на вработените административци,против антиработничките закони кои имаат за цел да ги држат работниците во една потчинета положба, во страв и зависност, едноставно да ги претвори во модерни робови.
СЕ НАМАЛУВААТ ПРАВАТА
Фактор: Каква е состојбата со работнички права во Македонија, односно колку и дали се штитат?
Грујовски: За жал секој Први мај констатираме дека правата на работниците во Македонија се намалуваат. Од осамостојувањето на Македонија до 2005 година кога се донесе новиот Закон за работни односи, едно по едно се губеа стекнатите права на работниците. Синдикатите секогаш делуваа отпосле, со соопштенија, наместо со конкретни акции. Синдикатот во тој период на транзиција не се избори за вистинското место и улога која ја има во државата, но и работниците како сеуште да живееја во стариот систем и очекуваа некој друг да се избори за нивните права. Иако во тој период во однос на последниве години имаше многу штрајкови,изостануваше солидарноста меѓу работниците и не беше организиран генерален штрајк за одбрана на фундаменталните права на работниците. Вториот удар беше во 2005 година при донесувањето на новиот Закон за работни односи. Тогаш имаше обид со тој закон да се скратат многу права на работниците и да биде по мерка на работодавачите. ССМ тогаш добро се организираше и успеа како рамноправен партнер да задржи во законот некои права кои работодавачите сакаа да ги укинат. За жал, од тогаш до денес се направија петнаесет измени на ЗРО и со секоја измена се намалуваше некое право, а во повеќето случаи ССМ како социјален партнер ги поддржуваше тие измени, а другите синдикатии како по обичај беа во длабок сон.
Фактор: За неколку години се донесоа и изменија серија на закони што ги тангираат работниците и нивните права, како Закон против психичкото малтретирање на работното место закон за минимална плата, бенифициран стаж за рударите, се воведоа спогодбени откази.Колку од овие закони се во корист или на штета на работниците?
Грујовски: Последниве десетина години се донесоа неколку закони кои требаше да ја подобрат работно-правната положба на работникот. За жал некои закони,како што е Законот за мобинг, не ги дадоа очекуваните резултати. Значи, колку и да е добар тој закон ако во пракса нема позитивен исход, нема ниту една пресуда за мобинг во корист на работниците, а знаеме дека мобингот го имаме на секој чекор, во секоја организација и установа. Тој стана „современ“ начин на малтретирање на работниците а од законот нема големо фајде.
Фактор: Како ја оценувате моменталната социјална и економска положба на работникот во Македонија?
Грујовски: Моменталната социјална и економска положба е мошне сложена, со многу ниски плати кои не дозволуваат пристојна егзистенција, работниците особено во приватниот сектор се повеќе се екплоатираат, странските инвеститори даваат македонски плати од 9.000 денари до најмногу 12.000 денари, што повеќе претставува социјална помош отколку плата со која работникот ќе ги задоволите семејните потреби, не им дозволуваат на работниците синдикално да се организираат, а онаму каде им е дозволено синдикално организирање, Синдикатот е под контрола на работодавачите.
ССМ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ СИНДИКАТ НАД СИНДИКАТИТЕ
Фактор: Каде е Македонија во споредба со регионот во однос на заштитата на работничките права?
Грујовски: Не е никаква утеха ако кажеме дека и во земјите во опкружувањето состојбата со работничките права е слична и дека и таму се намалуваат правата на работниците. Иако до скоро, условно, бевме во некаква предност, сега мислам дека во однос на синдикализмот а со тоа и социјалното партнерство сме далеку зад нив. Нашите синдикати никогаш не учествувале со свое мислење во креирањето на буџетот, никој не ги прашува за висината на платите во јавниот сектор, синдикатите не учествуваат во утврдувањето на вредноста на бодот и тоа е во надлежност на владата.
Фактор: Колку според вас Сојузот на синдикати на Македонија работи на подобрување на правата на работниците или дали наместо работничките права се штити позицијата?
Грујовски: ССМ во последниве години мислам дека тотално го изгуби кредибилитетот на заштитник на правата на работниците. Причини за таквата позиција има повеќе. Непостоењето на моќни гранкови синдикати и цврсти лидери на истите ја става во доминантна позиција улогата на ССМ кој е поставен како синдикат над синдикатите, иако не е така. Силата на синдикализмот е во силни синдикати кои заради остварување на своите заеднички права се здружени во сојузи, конфедерации, унии. А во ваквата ситуација е мошне погубно за синдикатите, независно колку тие се автентични и независни од власта и работодавачите, ве гледаат низ призмата на активностите на ССМ, односно низ политиката на претседателот на ССМ, кој најчесто изнесува свои ставови во однос на сите битни и заеднички прашања, отколку ставови на синдикатите.
Ј.С.

Слично