ИНТЕРВЈУ ПАЈКОВСКИ, Дуна Компјутери: Спинакер софтверот за фискални каси ќе значи револуција во работењето на фирмите!
Во Интервју за Фактор Александар Пајковски, генерален Директор на Дуна компјутери вели дека визијата на Дуна Компјутери е основа на нејзиното движење напред.
„Идеите кои што ги имаме стратешки ги развиваме, а се со цел секоја наредна година да понудиме нешто ново и поинакво на нашите корисници“ вели Пајковски. Најваува силна регионализација на компанијата, но и новитети коие ќе имаат голема примена во аграрот.
„Во моментот засилено работиме на развој и подготовка на софтвер за паметно набљудување и развој на земјоделските култури, првенствено на виноградинарство и лозарство кој што ќе ни овозможи во блиска иднина и излегување на европскиот пазар. Дополнително, во развој е и нова платформа и производ кој што исто така ќе биде наменет за земјоделството, но овој пат за пчеларите“, вели Пајковски.
Дуна Компјутери веќе 22 години е на македонскиот пазар и како водечка македонска IT компанија нуди целсони решенија за компаниите и останатите клиенти,
„Дуна Компјутери на македонскиот пазар е најпрепознатлива преку оперативните услуги (услугите за одржување, сервис и комплетна грижа) кои што како пакети ги нудиме на нашите корисници“.
Освен тоа Дуна компјутери одамна е и во секторот продажба на фискални каси, а од годинава разви и специјален софтвер кој значајно ја олеснува работата на корисниците.
„Spinaker е софтвер кој е целосно развиен со следење на препораките на законската регулатива, со воведување на барања од наши корисници и со употреба на најнови техники за развој на кориснички софтвер. Со тоа очекуваме нашите корисници на фискални уреди да си го дополнат своето секојдневно работење со инсталација на овој софтвер бидејќи истиот ќе го намали времето кои што корисникот го поминува во пополнување на документите кои се задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објект“ вели Пајковски во интервјуто за Фактор.
Како водечка македонска IT компанија која што обезбедува целосни решенија за интеграција и одржување во компаниите, мобилни решенија и услуги за управување со документи соработувате со голем број на компании. Какви услуги најчесто се користат?
Пајковски Дуна Компјутери во своето 22 годишно постоење се покажа и докажа како лидер на македонскиот пазар не само во застапништво на светски најпознатите и најголемите брендови туку и како своевиден пионер во презентирање на услуги кои се нудат на корисниците. Сите европски и светски тенденции во ICT технологиите се трудиме најбрзо да ги претставиме на македонските корисници и да им понудиме врвна услуга.
Дуна Компјутери на македонскиот пазар е најпрепознатлива преку оперативните услуги (услугите за одржување, сервис и комплетна грижа) кои што како пакети ги нудиме на нашите корисници. Поголемиот број сектори во нашата компанија нудат оперативни услуги за нашите корисници за целосно покривање на сите информатички услуги кои што на една компанија и се потребни за непрекинато и квалитетно работење.
Обезбедувањето на целосни оперативни пакети на мултифункциски печатари од најреномираниот светски производител Ricoh е услуга која што е носечка во однос на барањата на клиентите. Преку истата тие обезбедуваат најквалитетни печатари за својата компанија и целосна услуга за нивно одржување. Со овие пакети корисникот не добива само најсофистицирана опрема туку целосна услуга за соодветниот печатар и тоа: редовна месечна контрола на секоја машина, редовно обезбедување со тонери и потрошен материјал, резервни делови и сервис, кусо време на одзив на било кое барање од корисник. Дуна Компјутери е една од ретките компании која што во своите договори нуди замена на машина доколку истата не е во функција до нејзино повторно оспособување со што корисникот непрекинато ја извршува својата дневна работа. Договорите за користење на услугите на Дуна Компјутери на корисникот му обезбедуваат најсофистицирана опрема бидејќи истите се потпишуваат најчесто во рок од 3 до 5 години, а со потпишување на нов договор на корисникот повторно му се обновува целата опрема. Практиката покажува дека над 90% од корисниците ги обновуваат своите договори за изнајмување со обновување на печатарската опрема.
Што ќе ни кажете за софтверските пакети?
Пајковски Традиционално, корисниците на Дуна Компјутери исто така имаат можност да изберат набавка или пак услуги за оперативно користење на софтверските пакети на Дуна Компјутери. Во последно време корисниците се почесто се определуваат за оперативно користење на софтверот за материјално, комерцијално и финансиско работење ULTIMA преку користење на услугата за месечен наем на истиот наместо за целосна набавка која што за некои компании е голема инвестиција, а посебно за нови или start-up компании. При користење на овие оперативни услуги корисникот добива: комплетна инсталација, имплементација, обука за користење и работа на ULTIMA и дополнително можност за секојдневна консултација и помош при обезбедување, користење и дизајнирање на работните процеси и дефинирање на корисничките извештаи.
Во последно време услугите за изнајмување во секторот за конференциска опрема и одржување на настани стануваат исклучително важен и популарен сегмен за модерните компании. Следејќи ги најновите трендови за анимирање и презентација на нови услуги, производи или друг тип на настани компаниите сакаат да остават впечаток не само на бизнис заедницата туку и воопшто. За да можат тоа да го постигнат секако дека бараат највисок квалитет, опрема, и целосна супервизија на настаните кои што целосно им се обезбедени од страна на Дуна. Имено, Дуна Компјутери на едно место нуди можност за оперативно користење на определен временски период или по потреба (соодветен настан) високо квалитетна опрема (конференциска опрема, озвучување, бина, осветлување и слично), тим (професионален технички и сервисен тим за техничка помош и поддршка при одржување на настаните) и услуги за непрекинато и најквалитетно одржување на настаните.
Не е ни за занемарување користењето на услуги за обезбедување на компјутерска опрема и техничко одржување на истата бидејќи сведоци сме на многу мисии, проекти и проектни канцеларии кои што се отвораат кај нас, а кои што се времено ограничени и немаат потреба од набавка туку само од оперативно користење на компјутерска опрема (Apple компјутери, no name и брендирани компјутери, софтвер и слично). Овие услуги се дополнително поддржани и со технички тим за одржување на опремата и обезбедување непрекината оператива на истата во периодот на нејзино користење..
Изнајмувате и техничка опрема за организација на настани, како аудио и видео опрема, шатори и простор за настани. Оние кои соработувале со Вашата компанија велат дека сте придонеле кон подигнување на стандардите во евент менаџмент сегментот. Колку оваа работа е предизвик, со оглед на тоа дека не е ваша основна работа.
Пајковски Бизнис настаните, конференциите и презентациите од било кој домен веќе го надминаа стандардите за нивно одржување и одамна преминаа кон модерно осмислување на истите преку одржување на отворено (со шатори), со користење на модерна аудио и видео опрема (со дигитализација), со квалитетен звук и видео, а се со цел истите да остават впечаток на заедницата. Дуна Компјутери на своите корисници им обезбедува комплетна опрема за одржување на сите настани со можност за реализација според замислата на клиентот или, пак, со целосна идеа до реализација од наша страна.
Event менаџментот е предизвик за нашата компанија поради фактот што во годините кои што следуваат очекуваме целосна негова транзиција и поскоро приближување кон светските и европски трендови. Ние ги поттикнуваме нашите корисници и сите компании кои што сакаат да бидат забележани и да остават впечаток со своето претставување да ни се обратат за да нивните идеи успешно ги реализираме. Тука многу е значајно да споменеме дека, овие настани повеќе не се насочени само кон бизнис заедницата туку и кон целото општество, до сите кои што треба да ги препознаат, а се почесто и кон вработените во компаниите на кои што работодавецот сака да се заблагодари за нивната посветеност. Би сакал оваа прилика да ја искористам да го споменам настанот кој што се случи ова лето, Family Days во Dräxlmaier, каде што Дуна Компјутери организираше и спроведе комплетна реализација на настан за сите вработени и нивите фамилии во дворот на фабриката со детски реквизити, детско хорче, со познатите ликови од најпопуларните Disney филмови, со забава за возрасните како бенд, игри за возрасни, со скара и многу подароци и кој настан беше посетен од над 12000 посетители.
Се надеваме дека и следната година ќе бидеме присутни со воведување на нови стандарди не само во организирањето на настани туку и во нивната реализација и финален производ, а се во насока на следење на светските тенденции.
Кои се предностите за една компанија да изнајмува ИТ опрема, наместо да купува?
Пајковски Тенденијата на модерните компании е да се насочат кон користење на услугите на изнајмување поради намалување на своите инвестициски трошоци во насока на обезбедување на најмодерна опрема за своите потреби, а за истата да не реинвестираат постојано. При изнајмувањето на опрема Дуна Компјутери прави целосен мониторинг на работењето, потребите и очекувањата на компанијата, а потоа предлага соодветно решение кои ќе ги задоволи корисничките тенденции. Решението не само што одговара на потребите на корисникот туку ја зголемува енергетската ефикасност при користење на опремата, ги намалува месечните трошоци на компанијата и соодветно одговара на потребите на вработените. При изнајмување на опрема, корисникот не троши дополнителни ресурси за одржување и целосно се насочува кон извршување на своите дневни активности и водење на својот бизнис, а оперативната опрема работи во позадина квалитетно и непрекинато за што комплетно се грижи Дуна Компјутери.
За водење на својот бизнис компаниите мора да буџетираат определени средства за планирање на капитални и оперативни трошоци. Преку купување на опрема компанијата капитално вложува за да набави основни добра за работа (хардвер) или услуги, кои што директно ќе придонесат за зголемување на приходот на компанијата. Доколку амортизациониот период на набавената опрема е подолг од една година тогаш мора да се капитализираат овие трошоци со помош на амортизација и во наредните години како што е определено од страна на даночната регулатива. Најчесто тоа е период од 3 до 10 години. Од друга страна оперативните трошоци се оданочуваат еднаш во годината кога се направени. Капиталните трошоци бараат многу време за планирање, обезбедување на средства и прибирање на најквалитетна и најприфатлива понуда која што процедура најчесто знае да влијае на оперативноста и квалитетот на работење во компанијата. Тенденцијата на динамичните бизниси и модерните компании денес е насочена кон обезбедување на стабилно годишно планирање на оперативните трошоци (во кои што влегува и изнајмувањето) но да не се намали квалитетот на дневните работни задачи и функционирање на компанијата. Изнајмувањето е исклучително атрактивна опција ако компанијата е лимитирана со cash flow, а сака да ги следи технолошките подобрувања и оперативно да користи најсофистицирана опрема што е случај со најголемиот број на компании во Македонија и во регионот.
Она што е најважно за корисникот кога се одлучува да направи избор дали ќе користи оперативни услуги или ќе набави опрема е грижата за таа опрема која што целосно е обезбедена од наша страна.
ФИСКАЛНИТЕ УРЕДИ ИСКЛУЧИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ ЗА НАЈПРИСТАПНА ЦЕНА
Колку се задоволни компаниите од фискалните апарати кои ги нуди ДУНА и што се нудите во пакет? Колку овој пазар е профитабилен?
Пајковски Дуна Компјутери е реномиран производител на фискални уреди во Република Македонија од 2001 година. Со стапување на сила на новиот закон за готовински плаќања Дуна Компјутери во 2014 година на пазарот понуди три нови модели на фискални уреди, Вардарец, Развигорец и Северец. Фискалните уреди покрај тоа што ги задоволуваат потребите и барањата на корисниците, секоја во својот домен на работа, понудија исклучителен квалитет за најпристапна цена. Корисниците без посебни тешкотии и прекин во работењето успеаа лесно да се прилагодат и да го совладаат работењето на новите уреди така што лесно транзитираа кон прифаќање на новиот систем на работа. Во моментот Дуна Компјутери подготвува нов фискален печатар, целосно македонски производ, кој што ќе го презентира на македонсикот пазар во почетокот на наредната година.
Фискалните уреди се нудат во повеќе пакети од кои што за корисниците најпримамливи се пакетите на фискален уред со бар код читач и фискален уред со фиока за пари. Тука несомнено е споменувањето на хартија за фискалните уреди која што пропратно се набавува во пакет со истите. Со презентацијата на новото софтверско решение на Дуна Компјутери за малопродажно работење, Spinaker доста е атрактивен и баран пакет на фискален уред, Spinaker и компјутерски систем (компјутер+монитор или лаптоп) за работа во малопродажните објекти и дуќаните на нашите клиенти.
Тука несоменено сакам да напоменам и да потенцирам дека на задоволство на нашите корисници ние им обезбедуваме можност на едно место да ги најдат сите потребни производи и да си набават соодветен пакет за непречено функционирање на нивниот систем за работа.
Оваа година го креиравте и Spinaker новиот софтвер за малопродажно работење, кој овозможува да се изработат фискални сметки и сторно сметки, а кои се поврзани со фискален принтер и компјутер. Какви се извештаи може да се извадат со помош на овој софтвер?
Пајковски Дуна Компјутери повеќе од 20 години го работи, развива и пласира својот ERP софтвер ULTIMA. Овој софтвер секојдневно го користат и од истиот се исклучително задоволни голем број на компании од различни профили и индустии, како и со различни дејности во кои оперираат. ULTIMA ги покрива нивните потреби за комерцијално работење, финансово работење, попис на основни средства, контрола на возен парк, производство, пресметка на плати и водење на човечки ресурси, дистрибуција и слично. Во однос на поврзување на нашите два производи, софтверот ULTIMA и фискалните уреди корисниците го користеа нашиот софтвер за малопродажно работење ULTIMA POS. Се со цел да се унапреди софтверот, да се зголемат неговите перформанси и истиот да ги пресретне барањата на корисниците Дуна Компјутери го претставува својот нов софтвер за малопродажно работење Spinaker.
Spinaker е софтвер кој е целосно развиен со следење на препораките на законската регулатива, со воведување на барања од наши корисници и со употреба на најнови техники за развој на кориснички софтвер. Со тоа очекуваме нашите корисници на фискални уреди да си го дополнат своето секојдневно работење со инсталација на овој софтвер бидејќи истиот ќе го намали времето кои што корисникот го поминува во пополнување на документите кои се задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објекти.
Spinaker освен основните функционалности креирање фискална сметка, сторно сметка, вадење на извештаи обезбедува пополнување на приемни листови, водење на каса по касиер, оперативна забрана и привилегии на корисниците на софтверот, вадење на голем избор на извештаи за менаџерски потреби и автоматизирана контрола на креирање на документи. Дополнително, големите компании кои што оперативно работат со ULTIMA или со некој друг софтвер можат без проблем да го имплементираат Spinaker и лесно и едноставно да го поврзат за да можат автоматизирано да ги добиваат сите потребни информации и документи од своите малопродажни места. Софтверот е развиен на user friendly платформа лесно достапна за инсталација и работа на истата.
НОВИТЕТИТЕ НА ПАЗАРОТ
Благодарение на ДУНА компјутери во Македонија ги имаме и најновите Apple производи и лаптопи MacBook. Што ново да очекуваме во овој сегмент, и кои категории на луѓе и компании се најчести корисници?
Пајковски Apple како бренд на македонскиот пазар е авторизирано присутен од 2006 година и тоа благодарение на Дуна Компјутери. Сите најнови производи и достигнувања на Apple Дуна Компјутери ексклузивно ги презентира и на своите корисници. Во иднина можете да очекувате дека и понатаму ќе продолжиме да ги презентираме новитетите во нашиот продажен салон Duna iStore во ГТЦ и секој нов производ на Apple соодветно ќе можете да го пронајдете таму. Исто така, Дуна Компјутери е овластен сервисен центар за производите на Apple па корисниците во овој сегмент се на највисоко и најквалитетно ниво услужени и пречекани од нашите Apple специјалисти. Бидејќи гаранцијата на Apple е признаена низ целиот свет Дуна Компјутери услужува корисници на Apple не само од Македонија туку и од целиот свет, а кои што случајно во моментот се наоѓаат во Македонија. Со тоа потврдуваме дека квалитетот и услугата која што им ја пружаме на нашите корисници го постигнува Apple стандардот.
Во минатото најчести корисници на Apple беа професионалци кои што поради природата на нивната работа користеа Apple опрема и компании кои што имаа потреба од Apple. Денес, можам слободно да кажам дека Apple како бренд повеќе не е луксуз туку навистина потреба да се користи и да се работи на нешто квалитетно кое што ќе придонесе до поквалитетни резултати во работата. Ме радува што се повеќе млади ја разбираат приказната и филозофијата на Apple и одлучуваат да користат Mac оперативен систем наспроти сите останати бидејќи се свесни колку на денешно време стабилноста, заштитата на податоци и брзите перформанси се клучни за испорачување на квалитет.
Што ново да очекуваме од ДУНА во периодот кој следи?
Пајковски Секогаш сакам да кажам дека визијата на Дуна Компјутери е основа на нашето движење напред. Идеите кои што ги имаме стратешки ги развиваме, а се со цел секоја наредна година да понудиме нешто ново и поинакво на нашите корисници. Сепак, Дуна Компјутери не е нова компанија на нашиот пазар и само по себе како нормална претензија се отвори можноста за проширување на нашите потенцијали во регионот. Веќе пет години Дуна Компјутери е присутна на Албанскиот пазар преку својата компанија ќерка, Дуна Албанија, а од пролетта 2015 година сме присутни и на српскиот пазар со нашата ќерка фирма, Дуна Инт. Регионализацијата на Дуна Компјутери ќе овозможи застапништво и презентација на некои од брендовите кои што во Македонија авторизирано ги увезуваме но поголем потенцијал гледаме секако во можноста за пласман на нашиот софтвер ULTIMA на регионалниот пазар.
Во моментот засилено работиме на развој и подготовка на софтвер за паметно набљудување и развој на земјоделските култури, првенствено на виноградинарство и лозарство кој што ќе ни овозможи во блиска иднина и излегување на европскиот пазар. Дополнително, во развој е и нова платформа и производ кој што исто така ќе биде наменет за земјоделството, но овој пат за пчеларите.
Како што споменав погоре, следењето на светските трендови и воведување на истите во секојдневното работење на Дуна Компјутери континуирано и обезбедува можност за развој и проширување на своите области на делување. Уште повеќе што тие претензии нам ни овозможуваат проширување на нашата дејност и интернационализација на компанијата.

Слично