Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ НОВАКОВСКИ: Аномалии има, конечната состојба на списокот по теренската проверка!

ИНТЕРВЈУ НОВАКОВСКИ: Аномалии има, конечната состојба на списокот по теренската проверка!
Не сум запознат која методологија ДИК ја применува, но ако овој состав на ДИК ја презел методологијата која ние ја изготвивме 2010 со експертот кој сега работи во ДИК на списокот, тогаш таа е применлива и ке даде резултати во предвидените рокови. Колку ке е потребна теренска проверка во овој момент никој не може да процени, вели во интервју за Фактор Александар Новаковски екс претседател на ДИК. Фактор:Откако се објави апликацијата за проверка во избирачкиот список, за само еден ден на виделина излегоа илјадници фантомски гласачи или по 50-тина гласачи на една иста адреса. Според вас, дали има време да се прочисти Избирачкиот список и дали ДИК има капацитет тоа да го стори до изборите на 5 јуни? Новаковски: Оваа апликација постоеше повеке години , но според мои информации последниве месеци не функционираше со цел да се изготви нова. Податоците во оваа апликација се според добиени податоци од Државниот завод за статистика, а се надевам дека ДИК во предвидените рокови ке ги спореди, странските експерти кои работат на ова ќе ја доведат базата  на податоци во технички исправна состојба, па врз основа на проверките и покажаните аномалии, ДИК ке излезе со првични неофицијални податоци, а по теренската проверка и со конечна состојба на списокот. Се до тогаш ,сите неофицијални податоци кои доагаат наводно од извори на ДИК, ги сметам за шпекулации. ДИК има и техничка и стручна помош и буџет, да сето тоа го заврши во предвидениот рок. Фактор:Кога за прв пат беа забележани вакви гласачи во избирачкиот список и дали било реагирано? Новаковски:ДИК во 2010 изготви план и програма за преземање на избирачкиот список од надлежност на Министерство за правда во ДИК, и тоа со помош на истиот експерт кој сега ги вкрстува податоците. Врз основа на план на Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ,а во соработка со ДИК, Министерство за правда и други институции, со оглед да ДИК тогаш не беше надлежен за списокот , се утврди дека има над 20.000 гласачи кои треба да бидат избришани од списокот. Овие податоци беа јавно објавени во февруари 2011. Дали овој процес продолжи во следните 5 години до сега не знам бидејки од февруари 2011 не сум дел од составот на ДИК и немам такви информации. Фактор: Дали сте запознат со методологијата на прочистување на списокот, дали ќе биде доволно вкрстувањето на податоците? Дали има време за теренска проверка? Новаковски: Не сум запознат која методологија ДИК ја применува, но ако овој состав на ДИК ја презел методологијата која ние ја изготвивме 2010 со експертот кој сега работи во ДИК на списокот, тогаш таа е применлива и ке даде резултати во предвидените рокови. Колку ке е потребна теренска проверка во овој момент никој не може да процени. Ниту  експертите, ниту најголемите оптимисти, ниту песимистите. Но едно е битно, сега ДИК има и стручна  помош, има дефинирана надлежност и материјални ресурси. Дали постои волја, на хартија да, има договор на четирите партии, но дали вистински се работеше на ова во овој изминат период не сум сигурен, за тоа друг треба да одговори. Фактор:Дали вие лично проверивте кај вас дома и дали на вашата адреса можеби имате уфрлено гласачи? Новаковски: Ова можеби за Вас е новина , но и до сега можевте да се проверите, овој систем постои од 2009 година, пред тоа беше во Министерството за правда.Друго е прашањето што ке покажат сегашните податоци. Но, да се проверив, кај мене нема запишано повеке гласачи од тие што треба да се. М.Ј.
Слично

Поврзани вести