Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Николов: Рударството  е пред колапс, потребни се итни мерки!

ИНТЕРВЈУ Николов: Рударството  е пред колапс, потребни се итни мерки!
Рударството и вадење на камен во структурата на индустриското производсво учествуваат со 18% . Во рударскиот сектор работат околу 540 компании, 180 компании се во рударството, а 360  компании работат во производството на неметални минерални суровини. Вкупниот извоз од рударскиот сектор изнесува над 160 мл.долари. Оваа индустрија сега се соочува со најтешките денови, два рудници се веќе затворени, рударите се под стечај, а некои од нив работа побараа надвор од државата, вели во интервју за Фактор Николајчо Николов од Македонската асоцијација на рударство. Фактор: Со какви проблеми во моментов се соочува рударско-металуршката индустрија во земјава? Николов: Рударската и металуршката индустрија моментално се сoочуват со една од најголемите кризи, забележана од осамостојувањето на Рeпублика Македонија. Оваа е секако поголема криза од онаа во 2008/2009 година,затоа што тогашната беше главни финансиска криза која за среќа траеше кратко време. Денешната криза е комплексна: политичка, економска, а со тоа и финансиска, а е како последица на нарушените односи на големите сили како што се Америка, Русија, Кина и Европа. Забележан е пад на вкупното производство во Кина поради намалената побарувачка, а Кина е еден од најголемите потрошувачи и произведувачи на металите. На пример 40 % од вкупното производство на бакар во светот оди во Кина. Побарувачката на металите е намалена, што е и една од  основните причини за падот на цената на истите. Во посиромашните рудници (помала содржина на металите) продажната цена е помала од производствената цена(случај со Бучим,Злетово,Фени  и други).Така рудниците за металични суровини и покрај високите производствени резултати полека запаѓаат во криза. Фактор: Зошто сметата дека следната година може да биде полоша од кризната 2008 година? Николов: Како што веќе кажав кризата во 2008 беше поинаква. Од 2016 година кризата е многу покомлексна и само разумното однесување на големите сили може да ја ублажи истата. Од друга страна се гледа дека големите сили, напротив имаат за цел до максимум да си наштетат една на друга и ние мора да ги трпиме последиците. Погледнете ја енормно ниската цена на нафтата,која има тенденција и кон понатамошно паѓање. Се тежи производителите на нафта и гас (Русија) да дојдат во колапс и да пропадне нивната економија. Фактор: Што треба да се направи за да се надминат проблемите? Кои се барањата на компаниите од оваа индустрија? Николов: Бидејки се работи за приватни компании, ние не можеме да очекуваме некоја посебна помош од никого, бидејки ќе пресудат економските законитости. Но очекуваме разбирање од државата и владата за секојдневните проиблеми, како и смалување на давачките кои ги имаме, и експидитивно решавање на нашите барања. Фактор: Колку луѓе вработува оваа индустрија? Николов: Во рударскиот сектор заедно со преработувачката индустрија од овој сектор работат над 13.000 работници. Фактор: Колкаво е учеството на оваа индустрија во вкупната економија? И какви се податоците за извозот од оваа индистрија изминатите неколку години наназад? Николов: Рударството и вадење на камен во структурата на индустриското производсво учествуваат со 18% . Во рударскиот сектор работат околу 540 компании,180 компании се во рударството, а 360  компании работат во производството на неметални минерални суровини. Моментално има издадени над 350 концесии за детални геолошки истражувања. Вкупниот извоз од рударскиот сектор изнесува над 160 мл.долари. Фактор: Рудниците Тораница и Злетово се во стечај. Колку работници останаа без работа, и колкав беше извозот од овие компании и учеството во вкупната економија? Николов: Рудниците за олово и цинк кои работеа во состав на ИНДО МИНЕРАЛИ се веќе во стечај. По мое мислење главната причина е лошото менаџирање на истите. Рудникот Тораница е перспективен и не би требало да се затвори. Можеби треба да се оди на варијантата за обединување на овој рудник со рудникот САСА. Во Тораница и Злетово работат над 1.000 одлични рудари и жално е за нив и нивните семејства. Дел од нив веќе бараат леб во соседните држави. Како МАР побаравме Владата на Репубика Македонија да направи се за продолжување на работата во овие рудници и покрај економската криза. Фактор: Се зборува и за проблеми во компанијата Фени. Што се случува таму, имате информации? Николов: Фени Индустри е единствениот производител на фероникел во Република Македонија. Бидејки цената на никелот веќе е под производствената ФЕНИ најавува смалување на производството и времено отпуштање на работници. Бидејки проблемите се сложени,комплексни и нажалос на подолг рок, потребно е владата на РМ да направи национална платформа за надминување на кризата. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести