Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју НАЗИМ РАШИДИ: Кризата ќе мора да се реши политички, но не со тие што ја донесоа оваа криза!

Интервју НАЗИМ РАШИДИ: Кризата ќе мора да се реши политички, но не со тие што ја донесоа оваа криза!
“Владеачката партија денес нема никаков легитимитет.  Доколку истите луѓе бидат дел од процесот за решавање на кризата тоа ќе биде најголемата иронија и за подсмев од граѓаните. ВМРО ДПМНЕ како политичка партија ќе мора да биде дел од процесот за решевање, но откако ќе помине процесот за утврдување на одговорноста”, за сите узурпации.  Долгогодишниот дописник на Би-Би-Си од Македонија и Тв водител во интервју за ФАКТОР вели дека Албанците во Македонија се повеќе немаат доверба во актуелните партиски водства. Назим Рашиди констатира дека - “Ако во 2001, само дел од граѓаните (Албанци) не им веруваа на институциите, сега е радикално зголемена недовербата кон Власта. Никој не и верува на оваа држава.“ Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Лидерот нa СДСМ  најави  дека никого нема да амнестира и дека ќе ги објави сите матерјали  во кои има индиции за криминал.  Дали со ова  Зоран Заев  отвори битки на три фронта, контра ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА? Во време кога цела држава, сите нејзини институции се во криза, најголем непријател на сите е незаконитоста, без копромисно, без милосно владеење. Па битката не е против никоја партија туку врз сите тие што преку партијата, било која, злоупотребувале позиции. Ова што се случува е огромна можност во Македонија да се постават нови демократски стандарди, врз политички, демократски и нови етички начела кон кои ќе се водат сите во иднина. Во случајот сите се згорчени и албанци, и македонци, сите. Па оваа над-етничка згорченост може да се искористи за доброто на сите. Бидејќи сега, како никогаш до сега, сите (ќе)сфатат дека едно се правата и равноправноста за што уште има потреба, но друго се злоупотребите со користење секакви аргументи, па и тие меѓуетнички. Кризата ќе мора да се реши политички, но не со тие што ја донесоа оваа криза. Ако партиите жонглираат со нивната неодговорност тое е дно, но на граѓаните им е јасно што се случува и политичарите се прочитани. ФАКТОР: Дали на овој начин СДСМ  ги губи ДУИ и ДПА како можни сојузници  за излез од  политичката криза  и евентуално формирање на преодна Влада  без  учество на    владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ? Во Македонија сите мора да сфатат, дека ВМРО, ДПА, ДУИ, СДСМ не се само овие политичари кои денес се на чело на партиите. Oдговорност мора да има и тие што се вмешани во било кои незаконски активности ова треба да го знаат. А партиите мора да најдат други одговорни лица, кои ќе знаат да ја водат Владата и државните приоритети. Јас не мислам дека нема незаменливи во партиите. Има само такви кои сакаат партијата ја користат да се скријат во нејзините скутови. ФАКТОР: Дали евентуалното   формирање преодна  влада, без учество  на најголемата  владејчката партија,  би имала легитимитет да решава крупни прашања? Владеачката партија денес нема никаков легитимитет. Па ако истите луѓе бидат дел од процесот на решавање на кризата тоа ќе биде најголемата иронија и подсмев кон граѓаните. ВМРО ДПМНЕ како политичка партија ќе мора да биде дел од процесот за решевање, но откако ќе помине процесот за утврдување на одговорност. Потоа,  сигурен сум дека други членови со други визии ќе знаат да бидат одговорни, но и да бидат гаранти дека повеќе ова што го гледаме нема да се повтори.  Во спротивно ништо нема да има никаква смисла. ФАКТОР:  Дали ли премиерот Груевски  во ситауцијава на длабока  политичка криза  свесно му подава рака  на лидерот на ДПА  Мендух  Тачи? Да ја зајакне  својата или позиција на ДПА  во ситуација на  фронт од тдирекни напади од страна на опозиција? Нај веројатно ако тоа е точно, очигледно се бараат начини да се одржи власта што е можно подолго. Во спротивно ќе требаше да има редица оставки. Мислам дека овој акт, повеќе се однесува кон ДУИ и другите мали партии од владеечката коалиција или пратенци индивидуалци, кои срамежливо признаваат дека ова што го слушаме е ненормално, но сепак не се осмелуваат да се повлечат од коалицијата. Премиерот со ова праќа пораки дека уште “долго ќе бидам во власт“. Срамно е за сите нив, за тие што признаваат но не се огласуваат јавно, што не се оградуваат од целата ситуација. Не е време за сеирџии и за неодлучни дали да излезат и јавно со ставовите дека Македонија е во најнеприфатлива позиција од независноста, во се подлабока политичка криза. ФАКТОР: Како би функцинирал новиот владин состав   во која би партиципарале  две најголеми албански партиии  и што би ги поврзало Груевски со непомирливите Ахмети и Тачи? Кредибилитетот на албанските партии во очите на Албанците е сериозно нарушен, во ваков случај само ќе се потврдат ставовите дека за нив нај важно е само да бидат на власт, а не интересите на граѓаните. Не верувам дека ќе биде можна таква коалиција.  Во ваков случај „до смрт“ ќе бидат заробени граѓаните. Но во било кое сценарио, која била друга влада, ќе треба да организира нови избори, што ќе треба да се прифатат од сите дека ќе бидат фер и правични, демократски и без насилства врз волјата на гласачите. За ова да се случи ќе мора дел од овој процес на компромиси да биде и опозицијата. Во спротивно ќе има само продолжување на кризата, со голем ризик, со огромни последици: држава, за институции на кои веќе никој нема да им верува за многу години. Ова ќе биде погубно. ФАКТОР: Дали единствениот   излез од кризата може да се бара  преку  меѓународно посредништво  или постојат други алтернативни решенија? Прво треба да се прифати од сите дека Македонија е во најсеризна криза после независноста. Ако во 2001, само дел од граѓаните (албанците) не и веруваа на институциите, сега е радикално зголемена недовербата кон Власта. Никој не и верува на оваа држава. Но власта, особено ВМРО ДПМНЕ, ова не го прифаќа. Решението ќе почне да биде јасно кога ова партија ќе ја прифатри бруталната реалност за својата непримерна и злоупотребена моќ. Меѓународниот фактор ќе биде битен за да биде гарант на фер процес. Но, ВМРО ДПМНЕ, како клучен играч не гледа добронамерно во замешателството на странците. Тие на меѓународниот фактор не гледаат како на партнер. Тие го сметаат за соучесник на прогласениот„пуч“, кога велат дека прислушувањето е дело на разузнавачките служби и нивните домашни квислинзи. Па повторно е јасно дека било кој од надвор, кој ќе се вклучи во решавање на кризата, ќе треба да се прифати како битен фактор. Мислам дека намерно ова нема да се случи за да се пролонгира заминувањето од власта. Но без меѓународниот фактор, како гарант за транспарентност, правичност, и фер процес, решението за решавање на кризата тешко да се пронајде.
Слично

Поврзани вести