Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Мухамед Зекири: Никола Груевски ќе мора да прифати избори кои тој нема да ги организира!

ИНТЕРВЈУ Мухамед Зекири: Никола Груевски ќе мора да прифати избори кои тој нема да ги организира!
Драматична и непредвидлива докрај, ќе биде 2015 година, прогнозира Мухамед Зекири. „Кога велам драматична мислам пред се’ од безбедносен аспект и меѓуетничките односи. Сето ова по себе подразбира дека и во политички и економски план ќе биде непредвидлива 2015 година. Дека ќе биде изборна година веќе е извесно , но како ќе дојдеме до нив и што ќе се случува потоа останува да видиме“ ,  вели за Фактор главниот и одговорен уредник на Алсат-М . За Мухамед Зекири „бомбата“ што ја најавува лидерот на СДСМ може да предизвика екплозија на народот, но владејачката ВМРО ДПМНЕ е способна до тој степен што може да ја активира целокупната своја  машинерија и за евентуалната експлозија на народот да ја обвини опозицијата без разлика што ќе говорат доказите на СДСМ. Главниот и одговорен уредник на Алсат-М мисли дека е можно  „Украинско сценарио“ . „На политичките партии најлесно им е да си играат со меѓуетничките односи  во земјава кои се лесно запаливи, и не им треба многу труд за да ја постигнат целта“ ,  оценува Мухамед  Зекири. Фактор: Владеjачкато мнозинство остана без мнозинство во намерата да им ги одзеде пратеничките мандати на опозицијата. Ако верификуавњето на оставките на СДСМ не се решение како што вели лидерот на ДУИ Ахмети, тогаш што би можело да биде излез од политичкиот ќорсокак ? Мухамед Зекири:Единствен излез е да се принуди Никола Груевски да преговара со опозицијата и да прифати наредните избори да не ги организира актуелната владеачка коалиција. Се друго е безпредметно.  Тоа како и да е ќе се случи во 2015 само која цена ке ја платат граѓаните останува да видиме. Фактор: Дали ви се чини дека претседателот на ДУИ Али Ахмети се обидува да се стави во улога на посредувач меѓу ВМРО-ДПМЕ и СДСМ  во нормализирање на полтичкиот дијалог? Мухамед Зекири: Ахмети не е во позиција некаде да посредува. Си има доволно проблеми во сопствените редови кои сам си ги создаде со слепото прифаќање на се што од него ќе побара Груевски. Така што тој во моментов бара начин како да се извлече пред своите сопартијци, а богами и пред коалицискиот парнтер Груевски кому едно ветуваше,  а очигледно сега не е во состојба да го испорача поради големиот отпор што постои внатре во ДУИ. Ова го велам по тоа што се случуваше во Централното претседателство на ДУИ кога се дебатираше за новиот предлог грб на земјата, односно ЛАВОТ. Фактор:Колку се реални предупредувањата  на ДУИ од можно „Украинско сценарио“ и дали со ова  партијата се обидува да се амнестира  од доцнењето во евроинтеграциите и  нерешениот спор со Грција кои се нивен  врв приоритет ?  Мухамед Зекири:Не дека не се реални, апсолутно се реални ама јас мислам дека нема да се случи такво нешто поради доцнењето во евроинтеграцискиот процес , туку бидејки такво нешто очигледно ни спремаат коалициските партнери кој не доведоа и се доведоа во безизлезна ситуација. Евентуален конфликт за нив е единственото излезно решение така што за тоа што ќе ни се случува секако ќе најдат дежурен виновник . Фактор:   Опозцијата веќе неколку месеци  најавува т.н. „бомба“ со која ќе го принуди премиерот Груевски да си поднесе оставка. Може ли реално  доклументот да предизвика експлозија кај народот што би предизвикало серизони потреси во земјата? Мухамед Зекири:Зависи што  има како доказен материјал опозицијата. Ако лидерот на опозицијата е толку уверен во тоа што го говори веќе неколку месеци реално е да се очекува и експлозија на народот. Но сметам дека владеачката ВМРО ДПМНЕ е толку способна и поседува таква машинерија и за евентуалната експлозија на народот ќе ја обвини опозицијата без разлика што ќе гворат доказите на СДСМ. Фактор: Македонија има интегрирано образование, но само на хартија. Зошто сеуште не можат да се надминуваат јазичните бариери, етничките предрасуди и стереотипи и каде го лоцирате проблемот во етничката поделеност? Мухамед Зекири:Во политиката. Ако ги гледаме последиве студентски  протести гледаме дека таму нема јазични бариери таму не им пречи заедно да протестираат и македонци и албанци и останатие припадници на етничките заедници. Политиката е таа која што ги создава намерно бариерите. На политичките партии најлесно им е да си играат со меѓуетничките односи  во земјава кои се лесно запаливи, и не им треба многу труд за да ја постигнат целата иако сепак мислам дека народоот полека се освестува и се буди.  Што се однесува до обазовниот систем никогаш не бил во полоша состојба и никогаш поразделени не биле етничките заедници. За запрепастување е според мене дечиња од албанска етничка припадност да не го зборат македонскиот јазик а уште пострашно е дека овој феномен е со по застапен и кај дел од средношколците. А да не збориме дека во рамките на образовнот процес некој од надлежните планира или пак има вољја да воведе макар и факултативно децата од македонска припадност да може да бираат евентуално да учат албански јазик. Фактор: Се нагласува потребата од јакнење на меѓуетничките односи, притоа како да се занемаруваат  несогласувањата  во  македонскиот блок. Постои ли опасност од  македонско-македонски  конфликт? Мухамед Зекири:Искрено не верувам дека може такво нешто да се случи. Не дека поделеноста и во македонскиото општество не е големо, но сепак мислам дека такво нешто нема да се случи. Нема затоа што така се поставени работите а незадоволните ,,македонци,, се уплашени немаат доволно храброст и нема реално кој да ги води за да дојде до некаква промена во земјава. И затоа си тераат по онаа народната трпи и трај си. Сепак сметам дека битката за подобра Македонија не може да се дообие ако незадоволните ,,македонци,, или ,,албанци,, и останатите ја водат одвоено. Само здружени и заедно може да допринесат за промена и за подобра Македонија. Злото кое владее со земјава мора да се победи. Фактор : Каква ќе биде генерално 2015 година на политички, економски , меѓуетнички и меѓународен план? Мухамед Зекири:Драматична и непредвидлива докрај, таква ќе биде за жал според мене 2015. Кога велам драматична мислам пред се од безбедносен аспект и меѓуетничките односи. Сето ова по себе подразбира дека и во политички и економски план ќе биде непредвидлива до крај. Дека ќе биде изборна година веќе е извесно , но како ќе дојдеме до нив и што ќе се случува потоа останува да видиме. разговараше Горазд Чомовски Фактор во серија интервјуа со дел од македонските новинари и уредници ќе се обиде да одговори на повеќе прашања што го тиштат македонското општество. Што добивме во 2014, а што очекуваме во 2015 година. Ги интервјуиравме Катерина Блажевска, Мухамед Зекири, Мирка Велиновска, Драган Павловиќ Латас, Катарина Синадиновска, Мирче Јовановски. Сите интервјуа ќе бидат објавени денеска (сабота 3 јануари).
Слично

Поврзани вести