Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Мухамед Зекири: По објавувањето на аудио снимките за Младенов се гледа крајот на владеењето на Никола Груевски

Интервју Мухамед Зекири: По објавувањето на аудио снимките за Младенов се гледа крајот на владеењето на Никола Груевски

Мора да се изврши  нова истрага  за  загинуавњето на новинарот Никола Младенов од независни тела  а не од   од овие кој се под контрола на  премиерот  Груевски и неговите најблиски соработнци, вели  за Фактор  новинарот Мухамед Зекири. Главниот  уредник на Алсат-М е згрозен  од   примитивниот речник  кој власта го користи  во дисквалификациите и оцрнувањето на  на доајенот  на македонското новинарство  како и кон  други новинарски пера.

„Младенов бил трн во око не само на оваа власт тука на секоја, затоа што секогаш имал критичен однос на работите кои ги правеле владите без разлика која била таа. А оваа која владе речиси 10 години најмалку е навикната да биде критикувана и секој кој аргументирано ќе каже нешто против неа одма беше и е мета на притисоци и етикетирања, “, вели Зекири.  Револтот меѓу граѓаните секојдневно расте, и за добро на државата е добро да си заминее иоваа владејачка гарнитура.

„Стравувам дека владата односно фамилијата е спремна да предизвикуваа инциденти од различен тип како што се и меѓуетницки тензии за дефокуисирање на јавноста. Но граѓаните се многу посвесни и тешко потпаѓаат на провокацците го читаат и ги читаме како БУКВАР“, оценува Мухамед Зекири

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Јавното обвинителство  пред  две години  по кратка постапка   се  произнесе дека загинувањето на новинарот Никола Младенов   било  несреќен случај.  По обелоденувањето  на т.н бомба за сопственикот на неделникот Фокус  СДСМ   побара  реобновување на истрагата.  Власта  нема ништо против нова истрага. Нели  ви е ова малку индикативно ?

Во однос на политичката криза ,  главниот уредник на Алсат-М проценува дека премиерот Груевски ќе се бори до крај и ќе бара излез , но дека нема излез за него и сите кој што се огрешиле ќе треба кривично да одговараат .

Зекири: Индикативно е што владата чекаше толку долго односно да се објави бомбата па дури потоа да излезе да каже дека немаат ништо против нова истрага/ Замислете они биле свесни дека имало шпекулации дека истрагата имало недостатоци и отфорила многу дилеми и сомневања ама си молчеле. Со бомбата за Младенов видовме од самите разговори на министерката со нејзиниот помошник дека клучни докази биле прикриени, како што е бојата во самата кола што остава простор за сомневање дека била удрена од друга кола и исфрлен од патот. Лоциран преку мобилем , а дел го нема, камерите не работеле , тврделе дека нема белешки односно фискални од патарините и дека нимој не ги доставил а колегата Кежаровски кој ги најде исгтите изјави дека ги доставил токму на полицијата. Затоа имаше и ќе има сомнежи за несреќата се додека не се изврши повторна истрага за истата од независни тела не од овие кој се под целосна контрола на Груевски и фамилијата.

Фактор: Како го оценувате примитивиот речник  во разговорите наводно на владините функционери, каде повеќепати се слушаат навредливи зборови за Младенов, како „хохштаплер, корумпиран, злобен“, како и за повеќе новинари, кои се нарекувани „комуњари“, „лудаци“ и „будалетинки“ ? 

Зекири: Тоа е грозно! Тоа само уште еднаш потврдува со какви се не луѓе си имаме работа. Само малку човечност да има кај некој од нив не би ги употребувале тие  изрази ама за жал нема ни грам.

Фактор: Поранешниот   разузнавач  Јанко Бачев  во  едно интервју за  Фокус  ќе рече „Едноставно така му било пишано на Никола Младенов да биде под постојан надзор на македонската тајна полиција, без оглед дали на власт е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.  Зошто  Младенов  бил  трн  во око   на политичките гарнитури особено на актуелната  и постои  ли простор да се сомневаме  дека тој е ликвидиран ?

Зекири: Младенов бил трн во око не само на оваа власт тука на секоја, затоа што секогаш имал критичен однос на работите кои ги правеле владите без разлика која била таа. А оваа која владе речиси 10 години најмалку е навикната да биде критикувана и секој кој аргументирано ќе каже нешто против неа одма беше и е мета на притисоци и етикетирања и што уште не . Затоа Младенов беше трн на око затоа што беше вистински професионалец.

Фактор: Постои ли опасност овој револт да се  зголеми,  по објавувањето на  случајот  со Младенов и најавата дека  ќе следуваат  аудио-снимки поврзани  со ликвидцијата на момчињата кај  Смилковско езеро кои  наводно содржат материјали кои се контроверзни или откриваат одредени непријатни моменти?

Зекири: Апсолутно постои  и мислам дека револтот е, и ќе биде оправдан. Затоа што се работи за човечки судбини а некој си поигрувал со чуствата и на семејствата на жртвите и семејствата на обвинети за работи кои можеби не ги извршиле и секако со чуствата на сите граѓани на оваа земја.

Фактор: Ја “пресретнува’ ли Груевски  можноста да се промени значењето на настаните, на пример,  објавувањето на  т.н бомби, револтот на граѓаните  по објавувањето на  снимките за Мартин Нешкоски, и со тоа не дозволува да се доведат под прашање односите на моќ и целата општествена стварност во која постои силен култ за неговата непогрешливост, непобедливост и бескомпромисност? 

Зекири: Тој се обидува тоа да го направи и доброволно нема да признае ништо како шго продолжува да прави и ќе глуми до крај. Но работите се отидени предалеку да верува и самиот тој дека може да ги пресретнува настаните што следеат. Се гледа крајот на неговото владеење. А за неговата понатамошна судбина ќе решат граѓаните и некој иден правен независен систем на оваа наша земја.

Фактор:  Каква разврска   очекувате  на кризата, опозицјата најавува протести за 17 мај, не се исклучуваат и контра протести. Можно ли е  ситуација да ескалира ?

Зекири: На 17 мај не верувам дека такво нешто ќе се случи иако стравувам дека владата односно фамилијата е спремна да предизвикуваа инциценти претхподно од различен тип како што се и меѓуетницки тензии за дефокуисирање на јавноста. Но граѓаните се многу посвесни и тешко потпаѓаат на провокацците го читаат и ги читаме како БУКВАР.

Фактор: Дали Груевски се бори да остане на власт, или веќе   бара  решение  да  се спаси  од евентуално кривично гонење по објавувањето на наводните инкриминирачки материјали  на опозицијата?

Зекири: Тој ќе се бори до крај и ќе бара излез секако , но мислам дека нема излез за него и сите кој што се огрешиле без кривично гонење . од сето тоа што досега слушнавме дека правеле и начинот на кој владееле има сторено толку кривични дела што е тешко да го докаже и докажат спротивното.

Слично

Поврзани вести