ИНТЕРВЈУ МИШУРАЦ, ХТВ: Состојбата во Македонија потсетува на времето на Туѓман во Хрватска
Искрено, мислам дека Груевски направи грешка кога одлучи да ја налути ЕУ и да се приближи кон Русија. Да бидеме реални, Европа за такво нешто има морков и стап, вели во интервју за „Фактор“ познатиот хрватски новинар, дел од Хрватската Телевизија, Вјеран Мишурац.
„Состојбата во Македонија ме потсетува на владеењето на Туѓман во доцните деведесетти. И поради состојбата со медиумите и поради поделбата на општеството за важните политички прашања кои го дефинираат демократскиот дискурс“, смета Мишурац.
Очекува разврска на кризата во Македонија некаде во септември.
„Во повеќето земји на ЕУ прва таква снимка ќе значи рушење на владината коалицијата, предвремени избори, политичката смрт на актерите во афера и промена на врвот на партијата, за како така да се спаси угледот на партијата. Од она што го слушнав, најжешката бомба допрва треба да се слушне, и она што кај мене предизвикува посебен куриозитет се однесува на случајот на "Монструм". Чекаме со начулени уши“ вели Мишурац.
„Разврската ќе биде лекција за сите во регионот, јасен патоказ кој дефинира дали улицата е двонасочна или еднонасочна, или на неа е забранет сообраќајот за некои возила. Додека јас ова го пишувам, некој веќе го поставува тој знак“, смета познатиот новинар.
Фактор: Колку денови сте во Скопје, и каков е Вашиот впечаток за овој град, особено на архитектурата и на проектот "Скопје 2014"?
Мишурац: Во Скопје сум 12 дена, од денот на инцидентот во Куманово, но доаѓам редовно и приватно. Шар Планина е една од моите омилени места за скијање, а дружењето и излегувањето во Скопје, на тоа доаѓа како природно продолжение на приказната. Во овој град имам пријатели и може да се каже дека за состојбата во Македонија сум упатен не само професионално, туку, и низ лична димензија - начинот на кој политиката ги крои животите и го дефинира секојдневието, перспективите на обичните луѓе за иднината.
Што се однесува до проектот „Скопје во 2014“, главно, претпоставувам поради профилот на луѓето со кои се дружам, слушнав негативни мислења. Но, генерално, истите мислења преовладуваат и во разговорите со луѓе кои не ги познавам, и со кои разговарав во текот на овој последен работен престој.
Квалификациите беа: "кич", "Дизниленд", "Трансформери" и слично. Единствениот човек кој за сите овие скулптури, изјави нешто добро го сретнав во кампот на приврзаници на ВМРО пред Собранието. Тоа беше пензионер кој го негува мислењето дека Скопје со помош на овој проект од градот налик на Пјонгјанг нагло се трансформира какко пандан на Виена и Будимпешта.
Лично јас пак повеќе го делам првото мисење. Не можете на кола „Стоеден“ да вградите копија на статуата од Rolce-Роyce и да се преправаме дека одеднаш се возиме во Rolce-Royce, а автомобилот и натаму „тропа“. Има нешто и во моторот, телото, шасија, пренос ... Општо – има нешто во механизмите кои го прават да работи како Rolce-Royce, а не како Стоеден. Ако парите што можеш да ги инвестираш во подобрување на овие механизми се фрлат на статуата, тогаш не си направил многу, освен во очите на оние на формата им е поважна од содржината. Еден мој пријател, кој е љубител на trash -поетика, за проектот „Скопје 20143, рече: " Тоа е толку лошо – што е добро“ .
Фактор: Што мислите за политичката ситуација во која се наоѓа Македонија?
Мишурац: Мислам дека, барем во моментов, сме сведоци на ќор-сокак на внатрешно-политичката сцена. Од една страна, Никола Груевски има изборен легитимитет, иако со своите дела во текот на неколку мандати едноставно не може да го отсликаат како олицетворение на демократијата. На собирот на неговите поддржувачи ги покажа мускулите, покажа дека луѓето кои гласаат за него не се мит, дека тие се подготвени да застанат зад него. Од друга страна, слушнав многу приказни за тоа како луѓето се регрутирани да дојдат на митингот, преку SMS порака со наведено одредено време и место на собирот, како се ставени знаци до имињата на оние кои дошле и оние кои не дошле на митингот, па се до порано пуштање од работа на државните службеници.
На овој митинг не видов албанското знаме, само македонски, и тоа знамето на ВМРО, знамето на македонскиот народ и некои српски. Тоа беше типичен партиски настан, во суштина сосема поинаков од опозициските протести што се одржаа еден ден пред тоа, кога видовме мешани знамиња на сите етнички заедници кои живеат во Македонија. На сите нив им смета начинот на кој владеее Никола Груевски, а тој впечаток се засили со снимките што ги објави во јавноста, Зоран Заев. Сите што дојдоа свесни се дека демократијата значи почитување на процедурите, а не произволно да донесуваат одлуки во согласност со дневното расположение на власта - во спротивно демократија не би била ништо друго освен диктатура која, ете на на секои четири години, ќе има право да ја замени друга диктатура. Затоа, сите знамиња се вееја пред Владата, а фактот дека голем број од знамињата се со црвена боја со црн орел и дека сите тие се виореа против политичката партија ДУИ, би требало Али Ахмети, да го натера да размисли.
Затоа и некој рече: "Во неделата дојде оној кој сакаше, во понеделникот оној кој мораше". И тоа е навистина суштината на приказната.
Фактор: Вие направивте репортажа за камперите кои спијат пред зградата на владата, и за кампери кои спијат пред Собранието? Како гледате на овие две групи луѓе?
Мишурац: Ќе ви одговорам многу кратко. Камперите пред Владата се побројни. Таму може да се видат македонско, албанско знаме и знамиња во различни бои во истиот шатор. Присутни се многу граѓански иницијативи, невладини организации – некаков пресек на општеството. Во другиот табор се само Македонци, голем број од нив се млади лица, а на статуа (ете повторно статуи) основач на ВМРО се ставени знамето на Македонија и партиското знаме. При тоа еден од нив специјално му нареди на другиот друг, (кој знаеше српски јазик), пред камерите исклучиво да зборува на македонски јазик. Повторно имаме иста приказна за содржината и формата.
ГРУЕВСКИ ЈА НАЛУТИ ЕВРОПА КОГА СЕ ПРИБЛИЖИ КОН РУСИЈА
Фактор: Во вашите извештаи го споменавте проектот „Турски тек“. Како ја гледате поврзаноста со овој проект и актулната политичка состојба во земјата но и тезата за „акумулирано незадоволство кај граѓаните“?
Мишурац: Искрено, мислам дека Груевски направи грешка кога одлучи да ја налути ЕУ и да се приближи кон Русија. Да бидеме реални, Европа за такво нешто има морков и стап. Се разбира, самата е виновна за овој развој, прво затоа што таа се преправаше дека сè е во ред се додека и одговараше и дека единствениот проблем беше спорот околу името на земјата. Да се разбереме, тој спор е апсурден, и единствениот критериум се сведува на тоа кој имал среќа да биде прв во Унијата, има и лост на притисок.
Но, колку што отфрлањето на ЕУ и НАТО звучеше како добар изговор за вртење кон Исток, треба да се земе во предвид фактот дека Македонија е премногу мала и геостратешки изолирана, а премногу блиску до европскиот двор за така да си дозволи произволни екскурзии во непознатото, а во исто време да се преговара со ЕУ. Со цел да внимавам и да не се влезам во зоната на шпекулациите ќе кажам дека не знам кој го му ги даде на Заев компромитирачките снимки за власта, и дека јас, како новинар, би сакал да го дознаам одговорот на тоа прашање, затоа што, пред се станува збор за феноменалена новинарска приказна. Но, кој и да е "доставачот“ и без разлика за чии интереси работел, самите снимки, ако се автентични, даваат поразителна слика за однесувањето на носителите на извршната власт. Доволно за како што велите, "акумулираното незадоволство кај граѓаните."
МЕ ВООДУШЕВИЈА ЛУЃЕТО ОД КУМАНОВО
Фактор: Дали слушнавте некоја од бомбите на опозицијата. И што Ви остави најголем впечаток?
Мишурац: Не можев, а да не ги слушнам. Дури има и микс од песна со нив, која, додека јас ова го пишувам, добива култен статус. Што да се каже, интересни се, нема што. Во повеќето земји на ЕУ прва таква снимка ќе значи рушење на владината коалицијата, предвремени избори, политичката смрт на актерите во афера и промена на врвот на партијата, за како така да се спаси угледот на партијата. Од она што го слушнав, најжешката бомба допрва треба да се мслушне, и она што кај мене предизвикува посебен куриозитет се однесува на случајот на "Монструм". Чекаме со начулени уши.
Фактор: Што мислите за конфликтот во Куманово. Дали бевте таму?
Мишурац: Да, јас бев во Куманово, најблиску што можеше да се пријде за време на конфликтот. Ја видов сликата и еден ден подоцна, во понеделникот. Сликите беа исти како во Хрватска во 1991 година. Видовме многу, но го задржавме професионализмот. Наместо да носиме инстант судови - за тоа кој, како, кога и во чие име, регрутирал и испратил луѓе да ја дестабилизираат Македонија – за што не постојат докази, и прашање е дали воопшто ќе се појават - ние се фокусиравме на тоа како граѓаните гледаат на конфликтот Куманово. Ме одушевија Македонците, Албанците и муслиманите, кои заедно ги следеа оклопни возила како влегуваат и излегуваат во затворениот простор. Еден на друг си упаѓаа во зборувањето, ги завршува мислите, како да не можат да го дочекаат моментот во кој ќе ме просветлат и објаснат како тоа не е меѓуетнички конфликт како во 2001 година и дека двата народа нема да ја загризат повторно истата мамка. Со кој и да зборував тој ден, тој ми кажа истото. И тоа ме охрабрува.
РАЗВРСКАТА НА КРИЗАТА ЌЕ БИДЕ ЛЕКЦИЈА ЗА СИТЕ ВО РЕГИОНОТ
Фактор: Какво е Вашето мислење за владата предводена од премиерот Никола Груевски?
Мишурац: Тоа ме потсетува на владеењето на Туѓман во доцните деведесетти. И поради состојбата со медиумите и поради поделбата на општеството за важните политички прашања кои го дефинираат демократскиот дискурс - дозволениот опсег, така да се каже "пристојни" можности за политичко дејствување. Некои работи во една демократија едноставно "не се носат", и ми се чини дека во Македонија сега е во процес на редефинирање на она што се "носи".
Фактор: Дали побаравте интервју со премиерот Никола Груевски? И што мислите за неговиот однос со медиумите?
Мишурац: Да се пошегувам: Дали Вие побаравте една милијарда долари на Барак Обама? Не, затоа што знаете дека нема да добиете. Или можете да ги добиете под услови кои ќе Ве принудат да се откажете. Јас не се согласувам со однапред дефинирани и дозволени прашања.
Фактор: Каква политичка разврска очекувате од оваа ситуација?
Мишурац: Јас немам кристална топка, но знам дека на среден рок оваа криза треба да се реши, инаку би била погубна за Македонија. Ова не е прашање на политичка кариера, туку многу повеќе од тоа. Во текот е одлучување за стратегија на една земја за следните неколку децении, визијата за иднината во оваа област, во голема гео-стратешка игра која Западот не сака да ја изгуби. Се сомневам дека кризата може да се развлече до есен.
Фактор: Како тоа ќе се одрази на состојбата нашиот регион?
Мишурац: Тоа зависи каква ќе биде разврската. Тоа ќе биде лекција за сите во регионот, јасен патоказ кој дефинира дали улицата е двонасочна или еднонасочна, или на неа е забранет сообраќајот за некои возила. Додека јас ова го пишувам, некој веќе го поставува тој знак.
Н.С.

Слично