Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ МЕТО КОЛОСКИ: Пратениците од дијаспората не покажаа ништо, но изборниот модел може да се реформира!

ИНТЕРВЈУ МЕТО КОЛОСКИ: Пратениците од дијаспората не покажаа ништо, но изборниот модел може да се реформира!

Поважно е да се испијат по три кафиња отколку  амбсадорите да бидат во контакт со исeлениците. Претседателот на ОМД ги поттикнува македонските лидери да излезат од прегратките на странските медијатори во реализацијата на договорите за иднината на Македонија.

“Не е спорно дали или не треба гласот на иселениците… Досегашниот модел треба да се реформира. Неопходни се повеќе гласачки места. Во Македонија се на секој агол, а во САД треба да се лета  и по 3000 километри за да дојде до официјално гласачко место и да го изрази своето право. ”... Според Колоски ,  нашинците  ширум светот треба електронски  или пак  по пошта да гласаат за да не биде голем трошок на државата и на народот на Македонија.                                                                                      

Претседателот на ОМД , е зачуден колку пари се трошат за набљудувачи. “Зарем тој процес не може да се гради врз систем на волонтери избрани од секоја партија по еден претставник во избирачките места, како што се прави во САД? “                            

За Колоски, пратениците што ја претставуваат македонстата дијаспора не покажале  активен однос во Парламентот.   

Дијаспората очекува кај партиите да преовлада државничко однесување, а не теснопартиските  и лични интереси , потенцира во викенд интервјуто за Фактор претседателот на ОМД.

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: ОМД ја повика меѓународната заедница да не се меша во внатрешните работи на државата , но е очигледно дека четирите македонските партии не можат сами  да постигнат  договор за прашањата  што се дел од Договорот „Пржино“.  Како  очекувате  ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА да постигнат согласност без помош однадвор кога  речиси за сите точки имаат дијаметрално спротиставени  позиции ?

Колоски: Време беше лидерите на сите партии  државнички да се однесуваат, а не партиските интереси да ги стават над националните. Не можеме да дозволуваме да немаме своја кичма. Се е можно ако има волја. Проблемите треба сами проблемите да си ги решиме а не да чекаме од меѓународната заедница готови закони. Тоа што народот во Македонија дозволуваа само четири партии да влијат во општеството е друго прашање.По нашата изјава веќе добивме коментари дека сме биле како задграничен комитет на ВМРО. Во Македонија ако некој има свој став веднаш се смета  дека е дел од една или друга партија. ОМД има свој став и одсекогаш работела и ќе го штити интересите на единствената партија - татковината Република Македонија. Не ВМРО, не СДСМ,  ДУИ или ДПА! ОМД е непартиска, невладина, непрофитна организација.

METO KOLOSKI

Фактор: Партиите во „пет до 12“ , како резултат на  упорноста на  странските олеснувачи  се договорија за изборот и името на специјалниот јавен обвинител. Рокот за  договор за изборната регулатива е пробиен, а  не  се  затворени  уште неколку  точки кои се дел од постигнатиот  договор во Пржино.

Колоски: Тоа не резултат на странските олеснувачи, туку поради подготвеноста на партиите во Република Македонија  да направат компромис. Овој пат од него нема секој да биде задоволен како и при изборот  Специјалниот јавен обвинител. Нашата организација и ислениците очекуваат да преовлада државничко однесување, а не тесно партиски и лични интереси.

АКО ИМА ИЗЛЕЗНОСТ НЕКА ИМА ПРАТЕНИЦИ ОД ДИЈАСПОРАТА

Фактор: Изборот на пратениците од дијаспората е направен со нееднаков број на гласови како што е во матичната земја. Гласањето на иселениците, коишто досега "обезбедуваа" тројца пратеници во 123-членото Собрание е спорно од најмалку две причини: нееднаквоста на гласот - пратеник од дијаспората да се избира и со само 900 гласови, а пратеник од Македонија - во просек со 8.000 гласови, како и финансиската нееднаквост, зашто, само за тројца пратеници од дијаспората, според дел од набљудувачите на изборите, се трошат над милион евра, или 25 до 30 проценти од буџетот за избори?

Колоски: ОМД даде решение на овој проблем. Не е спорно дали или не треба гласот на иселениците. Тие се дел од македонската реалност и имаат загарантирано уставно право да избираат и да бидат избрани. Досегашниот модел треба да се реформира. Неопходни се повеќе гласачки места. Во Македонија се на секој агол, а во САД треба да се лета и по 3000 километри за да дојде до официјлано гласачко место и да го изразиме своето право.

Има искуства со електронско или поштенско гласање како Естонија, Холандија, САД и други држави. Зачуден сум дека толку пари се трошат за набљудувачи кога може систем на волонтери избрани од секоја партија по еден претставник во избирачките места, како што се прави во САД. Но и избраните пратениците од дијаспората имат обврска да ги застапуваат не само интересите на ислениците. За нас се важни и сите стратешки одлуки за межународната  политика  и ориентација на државата.

Пратениците што ја претставуваат македонската дијаспора не покажаа активен однос во Парламентот, но и не им се дава можност, на пример, да одржат  говор за некој јубилеј на некоја црква или организација или фолклорно друштво. Неможеме сите да биде задоволни од секој кој ќе биде избран, тоа е и демократија.

Можеби оваа јавна дебата ќе ги потикне пратениците да бидат уште поактивни, но не само од Дијаспората. Погледајте ги и анализирајте ги и партениците што се од матичната средина. И некои од нив не доаѓаат на седниците, претворени се во гласачка машина без јавно проговрен збор или конструктивна дебата. А сите плата добиваат од народот на Република Македонија.

Хрватска има одличен систем за пратеници од Дијаспората. Како членка на ЕУ и НАТО, дозволува до 6 пратеници од нејзината емиграција, но поради излезеноста на гласачи во последните избори, Дијаспората сега доби само 3 пратеници. Ова би било добро решение и за Македонија, ако не излезат доволно за 1 пратеник, нека нема пратеник, ако излезат 20,000 и повеќе нека имаат 3 пратеника. Нека им ја префрлат топката на македонските граѓани во странство.

МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА МОРА ДА БИДЕ ПООПЕРАТИВНА

Фактор: Колку се доволни аргументите на дијаспората дека треба да биде  вклучена во политичкиот живот во Македонија затоа што  тие нвестираат  дома со само тоа што доаѓаат во татковината  и трошат на пари . Но од друга страна , македонските иселеници  не плаќаат данок во земјава?

Колоски: Верувам може да се пронајдат начини како да се плаќа данок, а верувам има многу кој плаќаат данок. Но тоа претпоставува и далеку поефикасни модели за добивање на лични документи без што неможе да се регистираш во из орачкиот список. Се чини дека и македонската дипломатија мора да биде пооперативна. Има начини како да бидат услугите повеќе за Дијаспората отколку внатре. Зошто патни исправи неможе да се добиваат преку пошта? Затоа мора да се работи 8 часови на денот, а не по три кафиња во кафулињата за да помине денот.

Фактор: Како технички е најдобро да се  изведе  гласањето на дијапсората - во колку изборни единици да се гласа, дали електронски или на некој друг  начин?

Колоски: Неможам да коментирам за изборни единици оти тоа Македонија треба да го реши.  Но треба да се програмира пред се електронско или пак поштенско гласање или двете за да не биде голем трошок на државата и на народот на Македонија.

Фактор: Колку  реално евентуалното укинување или ограничување на правото на глас на граѓаните на Република Македонија кои живеат надвор од земјата ќе ја загрози врската помеѓу дијаспората и татковината?

Колоски: Исполитизирање на македонската дијаспора нема да биде добро за никого. Нашата партија треба да биде Македонија, а не ВМРО, СДСМ, ДУИ, или ДПА, или други. Огромен е потенцијалот на македонската дијаспора, но тие досега не се искористени за доброто на државата. До максимум каде треба. ОМД работи на тоа и гледате самите какви убави проекти имаме да ја подлабочиме врската помеѓу нас и татковината. Таа спона неможе никој да ја прекине. Од Ирска со векови се одселувале, но сега Ирска е еконосмки реобновена и поради цврстите и капитал односи со нејзината Дијаспора. Слична е состојбата и во Израел, но има и други примери.

Мојата порака до сите – не дозволувајте да ви ја крои некој судбината, вие/ние сме тие кој ќе ја градиме иднината. САД, ЕУ и други ни се пријатели, но ние сме народ со кој со векови се борел да опстане. Во 1991 година ја добивме нашата слободна татковина каде ние сме одлучувачи. Мораме да бидеме горди со нашата дијаспора која од секош се борела за Македонија.

Слично

Поврзани вести