ИНТЕРВЈУ МАРТИНОВСКИ: Аболицијата е автогол на власта
“Срамната аболиција, потпишана од Иванов, дури и за луѓе за кои не е покренaта кривична постапка, е најбезочен напад против меѓународните демократски и правни стандарди за рамноправност и еднаквост пред законот.”
Ерупцијата на гласноста на граѓаните е лава на бес што беше “толку многу потиснуван и премолчуван што е природно, неопходно и здраво за нашето општество што престана да се молчи”.
Владимир Мартиновски e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач, фотограф. Работи како вонреден професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Во интервју за Фактор тој со категоричен став – доста беше молк. Според него Претседателот нa државата ја продлабочи кризата до непредвидлива разврска.
“Бесрамноста оди дотаму што инктиминираните политичари очекуваат од „народот“ да им даде нов мандат, откако се прогласија за неказниви „богови“, кои имаат контрола и врз судовите и врз претседателот кој, за мир во куќата, им ги „проштева сите прегрешенија.“
Таман човек ќе си рече „од ова не може полошо“, а веќе наредниот ден смислиле нов бисер, вели Мартиновски кој беше дел од Професорскиот пленум кој аргументирано се противеше на измените во Законот за високо образование .
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Некои од страв и несигурност, некои од конформизам, некои беа навикнати да бидат со наведната глава, па на прсти можеа да се избројат универзитетските професори и интелектуалци кои гласно ги критикуваат негативните појави во општеството. Од каде одеднаш таа ослободена внатрешна потреба за јавно изнесување на крититчки мислења, ставови што ги оцртуваат хоризонтите на времето во коешто живееме?
Проф.Мартиновски: Да почнеме од стравот и несигурноста. Јавна тајна е дека критичкото мислење и слободата на изразување во нашата земја со години се угнетувани преку широка палета злоупотреби на власта: од искривоколчената лустрација до низата пропагандни линчови на интелектуалци, од различните методи на застрашување на поедици и институции до различни облици на замолчување преку клиентелизам и корупција, од затворањето или (присилното) купување на медиуми до противзаконското рушење на објекти кои чинат милиони евра, од пролиферација на закони во кои зборот „глоба“ го има во секој втор ред до селективната примена на истите закони.
На пример, во иницираниот Закон за високо образование, Декан на факултет би го демнела затворска казна во секоја трета одредба. Во други околности политичарите од власта, под сомнение дека сториле невидени криминали, со еден потпис незаконски се аболираат од гонење.
Да не забораваме дека одмаздољубието на власта многу наши сограѓани ја почувствуваа и сѐ уште ја чувствуваат на своја кожа. Стравот систематски е влеван во коски со години. Оттука може да се објаснат наведнатите глави на голем број луѓе, кои не можат да си поверуваат на што сѐ е подготвена оваа власт. Но толку многу е поттиснувано и премолчувано што е природно, неопходно и здраво за нашето општество што престана да се молчи. Доста беше молк! Многу луѓе дигнаа глава бидејќи сфатија дека дури и да ја закопаат главата во песок, нивната совест ќе ги прогонува.
Мислам дека денес треба да им се оддаде признание на сите што години наназад имаа храброст да ги критикуваат негативните појави во општеството. Горд сум што познавам голем број такви личности: уметници, писатели, професори, новинари... Можеби на почетокот тоа беа „гласови во пустиња“, но денес сѐ повеќе луѓе достоинствено, смело и аргументирано искажуваат критички согледби. Граѓаните го надминуваат наметнатиот страв, меѓу другото, бидејќи да се молчи е еден вид соучесништво.
Фактор: Граѓанските активисти стануваат сѐ погласни, но дали се реално и доволно моќни навистина да станат предводници на промените?
Проф.Мартиновски: Млада македонската демократија е во фаза кога граѓанскиот активизам е повеќе од неопходен. Во отсуство на услови за демократска политичка борба, добро е што граѓаните стануваат активни и гласни, сфаќајќи дека политичките процеси сите нѐ засегаат и дека е крајно опасно и нездраво да им се препуштат исклучиво на владејачките политички елити, кои очигледно се заборавиле во своите властољубиви и клептомански незаситни апетити.
[caption id="attachment_213041" align="aligncenter" width="520"]
Платеништвото не е нова појава во човековата историја и има безброј примери со слични епилози. Жално е кога луѓето се понижуваат, се навредуваат и се деградираат како што тоа се прави деновиве[/caption]
Можеби пресвртната точка во овој сегмент се случи токму благодарение на студентскиот активизам, кој е во подем и покажува дека младите луѓе не размислуваат само да ја напуштат земјата (како што обично се вели), туку дека сакаат (и можат) рамноправно да учествуваат во демократските промени на својата земја.
Граѓанскиот активизам несомнено се развива и како резултат на отпор кон неподносливата доза на погрешни потези на власта, но и од смелоста на проектот „Вистината за Македонија“, која ги потврди многу нешта во кои сите се сомневавме и од кој се вџасува меѓународната заедница.
Очигледно е дека власта се плаши од автентичниот граѓански активизам, кој одлучно бара правда и владеење на правото. Креирајќи контра-пленуми и контра-движења, власта преку еден од своите „портпароли“ неодамна се закани дека планира дури и да укинува граѓански здруженија и политички партии, што би бил еден од последните недвосмилени маркери за авторитарно и диктаторско владеење.
Фактор: Макијавели во своето култно дело „Владетелот“, ќе рече дека армија на платеници никогаш не е приврзана за господарот, ниту за земјата која наводно треба да ја штити. Дали граѓанскиот и интелктуален ум овој пат ќе надвладее или политичкиот дилетантизам и натаму ќе остане на сцена?
Проф.Мартиновски: Платеништвото не е нова појава во човековата историја и има безброј примери со слични епилози. Жално е кога луѓето се понижуваат, се навредуваат и се деградираат како што тоа се прави деновиве. Можеме да видиме дека најгласните „бранители“ на длабоко компромитираната и криминогена политичка „елита“ се темелно искомпромитирани личности, кои повеќепати имаат менувано дресови.
Но во актуелната криза во Македонија е страшно и тоа што на многу наши сограѓани им се врши мобинг и нечовечен притисок на работните места, преку замената на тезите дека ако работат во државната администрација се должни да работат за интересите на раководството на партијата на власт.
А прашање е дали политичкиот дилетантизам на власта има граници. Таман човек ќе си рече „од ова не може полошо“, а веќе наредниот ден смислиле нов бисер! Проектот „Скопје 2014“ е доволно пластичен пример: од модерен град на светстака солидарност од престолнината направија предмет на срам и потсмев.
Како капак на сѐ, неодамнешната одлука на злоупотребениот Уставен суд и апсурдната аболиција на Претседателот, чиишто мандат е исто така под основано сомнение, се веројатно најголемиот „автогол“ со кој власта и пред домашната и пред меѓународната јавност целосно и недвосмислено се демаскираше и ја призна заснованоста за потребата од санкционирање на нивните криминални „игри без граници“.
Не знам дали некој воопшто им поверува кога кажаа дека би сакале, ама ете, демек, не можеле да ја одбијат аболицијата, како што тоа го сторија опизициските политичари.
Фактор: Власта легитимирана на изборите, дозволи да ја компормитира својата легитимација до ниво на делегитимизирање, со јавно презентираните примери на драстично кршење постоечки закони, корупцијата и политички непотизам. Можно ли е денес да се остане неутрален?
Проф.Мартиновски: Неутралноста е можеби комфорна, но најпогубната опција, а од ден на ден мислам дека сѐ повеќе луѓе тоа го сфаќаат. На злото одлучно мора да му се каже НЕ!
Неопходно е да се врати суспензираната правна држава: не може човек да лежи 3 години затвор за 150 ќебапи, а политичари кои дневно по 150 пати ги кршеле (и сѐ уште ги кршат) сите можни закони и Уставот да бараат нови мандати, под плаштот на неморалната и нелегитимна аболиција.
Со уште едни нелегитимни и нефер избори не може да се излезе од кризата, туку со исцрпно и доследно санкционирање на злоупотребата на власта. Секој што ѝ мисли добро на нашата земја кога-тогаш мора да застане зад правдата, која одлучно и достоинствено почнува да се враќа во нашата земја преку дејствувањето на СЈО.
[caption id="attachment_139925" align="aligncenter" width="520"]
Бесрамноста оди дотаму што инкrrиминираните политичари очекуваат од „народот“ да им даде нов мандат, откако се прогласија за неказниви „богови“, кои имаат контрола и врз судовите и врз претседателот кој, за мир во куќата, им ги „проштева сите прегрешенија“.[/caption]
Фактор: Од каде потребата граѓаните да се делат на наши и ваши, на патриоти и предавници, на луѓе кои се про&контра НАТО и ЕУ?
Проф.Мартиновски: Поделбите и поларизациите се дел од манипулативните стратегии на власта, за кои, мора да им се признае, дека се мајстори. Политичката борба подразбира партиите да имаат различни визии и идеи за иднината на земјата, но очајно е што пропагандната машинерија на власта деноноќно ги етикетира неистомислениците и опонентите како „предавници“.
На тој начин имаат огромна одговорност во сеењето омраза меѓу луѓето. Говорот на омраза стана доминантен стил во провладините медиуми, што е секако една од неколкуте стожерни причини за неможноста да се организираат демократски и фер избори. Сценариото е познато: власта постојано бара нови непријатели, за да се прикаже како „спасоносна“, „месијанска“ и „патриотска“. Таа хазардерска игра и ја донесе до судирот со НАТО и ЕУ, а последиците од тој непромислен судир ќе ги почувствуваме наскоро сите.
Фактор: „Влада на народот, од народот, за народот“, цитат од едно обраќање на Абрахам Линколн се смета како дефиниција на демократијата и рамноправноста. Дали и колку политичките елити се свесни дека обврската за вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки за државата не завршуваат со денот на изборите?
Проф.Мартиновски: Токму срамната аболиција, потпишана од Иванов, дури и за луѓе за кои не е покренета кривична постапка, е најбезочен напад против меѓународните демократски и правни стандарди за рамноправност и еднаквост пред законот. Бесрамноста оди дотаму што инкrrиминираните политичари очекуваат од „народот“ да им даде нов мандат, откако се прогласија за неказниви „богови“, кои имаат контрола и врз судовите и врз претседателот кој, за мир во куќата, им ги „проштева сите прегрешенија“. Аболицијата буквално е капката што ја прели чашата полна неправди.
Фактор: Во една книга на Андре Малро прочитав дека „уметноста е достоинството на човештвото“. Можеби на прв поглед звучи бомбастично, но прашањето ми е со што друго може да се пофали човештвото?
Проф.Мартиновски: Еве тазе пример: деновиве целата планета го чествува јубилејот 4 века од смртта на ренесансните писатели Сервантес и Шекспир. Со низа изложби, симпозиуми, предавања, трибини и театарски претстави Македонија токму во екот на политичкава криза активно учествува во глобалното чествување, покажувајќи ја свеста за универзалната вредност на врвните уметнички дела на овие писатели. Точно е дека звучи бомбастично, ама уверен сум дека и во минатото и денес во нашата земја се создавала и се создава уметност која може да го брани човековото достоинство и по неколку века. Но човештвото може да се пофали и со многу други работи. Пред неколку дена во Скопје беше човек кој и покрај тоа што нема ни раце ни нозе секојдневно им помага на голем број луѓе на целата планета. Такви луѓе има и околу нас. А и секој од нас може да му помогне некому, а и да помогне работите да тргнат на подобро.
Фактор: Академик Влада Урошевиќ за вашата стихозбирка „Побрзај и почекај“ смета дека денес е смелост да се пишува за љубовта. Како да останеме единствени, да преживееме без никого да повредиме, да се движиме со крената глава и на крајот на денот да заспиеме со чиста совест?
Проф.Мартиновски: Понекогаш се вели дека пишувањето за љубовта во усл
ови на морални и политички кризи е еден вид бегство. Но можеби тоа е и обид да се укаже дека токму отсуството на љубов е една од клучните причини за тие кризи. И кога се пишува за љубовта всушност се пишува за исконската потреба за слобода, оти слободата е предуслов за љубов. И обратно. Уверен сум дека сепак можеме да одиме напред со кренати глави и со чиста совест токму кога од неми набљудувачи се вложуваме себеси во борбата за слобода и правда. Таа битка не е ни краткотрајна ни лесна, ама што друго ни преостанува?

Слично