ИНТЕРВЈУ МАЛЕСКА: Професорите не се ангели, но најавената реформа е одмазднички чин на приучени докторанти!
Одговорноста за квалитетот на образованито лежи кај професорите, факултетите во целина и универзитетот и кај образовната политика на владата. Академската заедница не е виновна што има слаб квалитет во образованито,вели во интервју проф. Мирјана Малеска. Универзитетскиот професор и ментор на Докторската школа при Св. Кирил и Методиј вели дека постои систем за унапредување и проверка на знаење, но на професорите, а студентите се тие кои со анонимен прашалник ги оценуваат професорите. „Има сериозни слабости а целиот процес се води набрзина, одмазнички од страна на оние кои инаку се стекнаа на брзина и со протекција со магистратури и докторати“ , оценува Малеска. Нејзината проценка е дека претседтелот Иванов нема да се „дрзне“ да оди спроти владините политики. „Се разбира дека ќе стави потпис. Кој е тој, впрочем? Каква самостојност до сега покажа“.
Во однос на политичката криза која подолго време тлее , Малеска излезно решение гледа во формирање на Влада на широка коалиција, каде СДСМ ќе земе учество, според изборниот резултат! „ Она што го забележувам е дека опозицијата во последно врме е отсутна од политичката сцена. Го оставија политичкиот простор на Студентскиот и Професорскиот пленум, синдикати и други организации , во надеж дека ќе се случи некој голем преврат. СДСМ треба да покаже одредена флексибилност “, констатира проф.Малеска која од 2001-2012 година беше дел од наставно-научниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа.
разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Парламентот го изгласа контроверзниот Закон за високо образование. Меѓу професорската фела владее поделеност во однос на тоа дали треба или не студентите да полагаат државен. Дали и колку најавените реформи навлегуваат во универзитетската автономија ?
Mалеска: Ќе започнам со една аналогија, која доста зборува. Во деведесетите години, кога академик Ѓорѓи Ефремов, кој беше министер за наука, најави реформи во образованието, при што постави стандарди кои тој ги сметаше, во тој момент за светски, речиси сите универзитетски професори се дигнаа на нозе! Власта се мешала во автономијата на Универзитот! Ефремов беше компетентен човек, а сепак под притисок, најавената реформа тогаш пропадна.
Сакам да кажам, дека мнозинството од професорите не сакаат да им се нарушува комодитетот, што често го именуваат како автономија. Тие, покрај тоа, се и суетни луѓе и тоа не треба да се потценува во анализите. “Кои се ТИЕ од власта, да ни кажат што треба да правиме!” И на крајот, погледнете го списокот на редовни и хонорарни приходи, што, на пример кружи на еден од “профитабилните “факултети на Универзитетот “Кирил и Методиј” а е званичен документ издаден од надлежна институција. На врвот се професори кои остварувале приход(редовен и хонорари) некогаш и по 7000 ЕУ месечно! Дали очекувате дека тие сакаат нешто да се смени?
Никој не го спречуваш досега Универзитетот и факултетите да поведат иницијатива за реформа на образованито, бидејќи е ноторен факт дека има застарени програми, слаба литература, слаби професори, голем број магистрски тези кои поминуваат без сериозна проверка, дека се подаруваат оценки итн. Постојат списоци, на кои се гледа дека некои професори имаат нереално голем број на докторанти за што добро се наплаќа. Знаете, постои хиерархиска структура на моќ на факулттите и на врвот, по правило не се најдобрите. Тие структури обично дејствуваат во спрега со политиката и ним им одговара статус кво. А останатите се соучесници или си молчат. Ако некој крене глас, нема да помине баш најдобро.
Тоа не значи дека најавената реформа е добра. Напротив, таа има сериозни слабости а целиот процес се води набрзина и одмазнички од страна на оние кои инаку се стекнаа на брзина со магистратури и докторати! Па, на пример, проверете за колку време од пријавување до стекнување на докторат поминало, кога станува збор за политичарка од владеачката партија, доктор по етнологија? Вкупно една година! Кога би имало ревизија на овие трудови, многу магистратури и докторати би биле одземени од нивните сопственици! На тоа, треба да се додаде дека власта изгуби морално право некого да критикува бидејќи на Универзитетот, се примени луѓе надвор од процедура, само зашто си обезбедиле средства од Министрството за образование и наука.
Кои се тие, можете да претпоставите.
Уште нешто: Во отсуство на опозицијата од Собранието, за каков отворен и демократски процес може да стане збор? Зарем укинување на Болоњскиот систем на образование 3+2 и поминување на систем 4+1/2, не заслужува опстојна анализа и дебата, зошто тоа се прави? Се се сведе, на крај на понижување на сите кои работат на Универзитет, па и на оние кои тоа не го заслужиле.
Фактор: Студентскиот пленум одлучно вели „НЕ“, за воведување на државен испит. Најавија поинаков начин на протест како кампување пред универзитетите , одржување настава на отворено, а не исклучуваат и оспорување на законот пред Уставниот суд. Мсилите ли дека ќе успеат во намерата да го предомислат владејачкото мнозинство и да биде повлечен овој законот?
Малеска: Апсолутно сум против државен испит за студентите бидејќи одговорноста за квалитетот на образованито лежи кај професорите, факултетите, Универзитетот и кај образовната политика на владата. Студентите не се виновни за слабиот квалитет на образованието. Барем не се повиновни од сите предходно споменати. Знаете ли дека регрутацијата на наставниот кадар не е скогаш да се прими најдобриот? Знаете ли дека има “професори” кои најголемиот дел времето го трошат на својот приватен бизнис, пицерии, концесионери на плажи и сл.? Знаете ли дека се поттикнува секој професор, па и оние приучените во најкраток рок да издадат свој учебник? Се прашувам дали државниот испит нема да биде утврдување на некое полу-знање?
Во светот постои систем за унапредување и проверка на знаење, но на професорите. Студентите се тие кои преку анонимна анкета ги оценуваат профсорите. Покрај тоа, постои и систем во кој професори преку следње на настава, ги оценуваат своите колеги професори. Надворешни проценки прават и професори од странство, според опредлена методологија. Уште да додадам дека програмите и литературата се исто така дел од процесот на евалуација. Меѓутоа, реформите, како што ги нарекува владата не треба да се донесат без договор, разбирање и прифаќање на оние на кои се однесуваат.
Фактор: Како гледате на поделеноста меѓу универзитетските професори. Сведоци сме на про&контра ставови. Професорскиот поленум бара од претседателпот Иванов да стави вето, додека нивни колеги од „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“ ја нагласуваат неопходноста од спроведување на реформи кои придонесат во подобрување на квалитетно на високо образование?
Малеска: Страшно! Таа поделеност зборува за ниското ниво на политичка па и општа култура. Но најповеќе за авторитарниот карактр на власта. Кај се видело и чуло да протестираат оние што се задоволни и ја подржуваат власта? Поттикнување на контра-пленуми, контра студентски протести и слично е најниското ниво на кое паднал демократскиот процес во оваа земја. Тоа е одвратително и се прашувам кои се тие луѓе што учествуваат во овој заговор против демократијата во земјата. Каде им е елементарната простојност ? Секако, секој може да изнесе свое мислење за и против, но протести за подршка е апсурд....
Фактор: Како го толкувате ставот на претседателот Иванов дека во однос на тоа дали ќе стави вето или не постапи како претседател, а не како професор. Мислите ли дека шефот на државата нема да нема да стави потпис на указот ?
Малеска: Се разбира дека ќе стави потпис. Кој е тој, впрочем? Каква самостојност до сега покажа во однос на извршната власт? На тоа место дојде по воља на други, без да постави било какви сопствени услови. Така го доби и вториот мандат. Срамота, бидјќи, барем во овој случај можеше да каже нешто посуштински за реформа во образованието!
Фактор: 2015 стартуваше со револт на академската заедница поради новините во високото обраозвание, постои незадоволство од одлуката за плаќање на придонеси, СОНК најави генерален штрајк поради неипсолнување на барањето за зголемување на платите за 25 отсто , како и за укинување на казните на наставниците вовбедени врз основа на екстерното оценување. Дали на Македонија влегува посериозна економско-социјална криза?
Малеска : Власта е како снежна топка., која се тркала низбрдо. Се повеќе групи и поединци се лепат на нејзината моќ (и добивка). Но и тоа има крај, кога ќе се обединат сите оние што не се задоволни. Сега се случува таков процес. Погледнете ги водачите на Професорскиот пленум. Тоа се професори кои во минатото ја подржуваа власта и кои оваа власт ги делегирала и им плаќала дневници за да членуваат во Венецијанска комисија или да патуваат на бројни собири во странство....Сега се против. Нешто слично ќе се случи, особено кога ќе треба да се отплатува задолжувањето што оваа власт го направи во име не граѓаните, а го потроши, барем она што се гледа, на непродуктивн начин.....
Фактор: СДСМ го бојкотира Парламентот. Во меѓувреме владејачкото мнозинство усвојува закони, се најавуваат уставни измени, промена на грбот.. Кон што води ваквата ситуација во земјата во услови на немање политички дијалог, закочени евроатлански аспирациии, нерешен спор со името, кревки меѓуетнички односи?
Малеска: Насилство! Насилство на наводното мнозинство! Бидејќи изборите, по многу точки, како што ОБСЕ тоа го направи, се ставени под сомнение. Мнозинството, ако е мнозинство, не може да прави се. Да ја укине, на пример, опозицијата, што владеачката партија упорно, на најразлични начини, тоа го правеше. Нашата слика пред ЕУ и светот не е баш убава! Без опозиција, нема парламнтарна демократија. Нема која да ги артикулира спротиставните ставови и интреси. Тоа се виде и сега, во врска со реформита во образованието. Власта се потпира на популизам и национализам, што сеуште е добитна комбинација на овој дел од светот но е опасна за интеграцијата на македонското мултиетничко општество. Коалицијата на власт(ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) е коалиција од интрес и тоа во брутална смисла на зборот. Но барем граѓаните се отрезнуваат и евентуално во иднина можно е и да се обединат, без оглед на етничката припадност, околу прашањето за односот граѓани-власт, управувачи и управувани.
Фактор: Колку одлуката е правилна одлуката на СДСМ да не се враќа во Парламентот без претходно прифаќање на петте услови , и дали “бомбата“ која долго време ја најавуваат е само купување време во ситуација на безидејност како да му се спротистават на својот политички ривал?
Малеска: Отсуството на опозицијата од Собранието и нанесе голем удар и штета на владеачката гарнитура. Тие поставија услови, што всушност мегународната задница, ги повторува повќе години по ред, особено по избори, во извештаите на ОБСЕ. Меѓутоа, колку може опозицијата да издржи надвор од стуктурата на власт? Не долго, зашто активистите бараат и очекуваат награда за својот ангажман! Според мене, можеби извесна флексибилност на опозицијата, може да донесе подобар резултат. Политичка влада на широка коалиција, каде СДСМ ке земе учество, според изборниот резултат! Тоа значи компромис, се разбира, но за тоа барање претпоставувам, опозицијата може да обезбеди меѓународна подршка и посредување.
Но далку сме од тоа.....Во моментот, опозицијата како да се повлече од политичката сцена. Ја препушти политичката борба на Студентскиот и Професорскиот пленум, и други организации , во надеж дека ќе се случи нешто неочекувано. Нема да се случи, а тоа убаво го артикулира Проф. Ванковска кога му се обрати на Груевски: “Ние не сме против владата, туку....итн “....Ми изгледа како да го пропуштија моментот агресивно да се наметнат со свои предлози како да се реформира високото образование....

Слично