Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ МАЛЕСКА: Договорот од Пржино е загрозен и може да пропадне!

ИНТЕРВЈУ МАЛЕСКА: Договорот од Пржино е загрозен и може да пропадне!
Договорот од Пржино е загрозен и може да пропадне, вели во интервју за Фактор, универзитетскиот професор и  ментор на Докторската школа  при  Универзитетот  Св. Кирил и Методиј, Мирјана Малеска. Малеска посочува дека лекцијата што требаше да се научи досега е дека излезот од политичката криза, создадена со обелоденување на прислушнуваните разговори, е дека мора да се стремиме кон подемократско и поправедно општество. Фактор: Што беше пресудно за одлуката на ВМРО ДПМНЕ да оди на избори на 24 април, и во еден ден да се донесе одлука и за распуштање на Собранието и за формирање на преодна Влада? Малеска: ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби иницијативата, а тоа во политиката најчесто значи губење на изборни гласови. Шокот од политичките бомби на опозицијата, каде се обелоденуваат криминалот и корупцијата на носители на власта беше толку голем, што владејачките партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), под притисок на меѓународната заедница (Европската унија и САД) мораа да прифатат решенија кои им го загрозија дотогашниот начин на владеење како на пример министер за внатрешни работи од страна на опозицијата и специјално јавно обвинителство и слични решенија на контрола на власта, предвидени со договорот од Пржино! Се најдоа во трка со време: дали ќе биде побрза правдата или тие побргу ке стигнат до нови избори и евентуално нов мандат, без притоа да се даде шанса на специјалното јавно обвинителство да истражи кој за каква злоупотреба е виновен. Решија да изведат “блицкриг” и ја да превземат иницијативата во свои раце, закажувајќи предвремени избори без договор со опозицијата. Во нашата, во основа авторитарна политичка култура, ова само по себе им носи предност на избори! Или барем така мислат... Фактор: Дали поради ваквите случувања на политичката сцена, е загрозен договорот од Пржино и дали може целосно да пропадне? Малеска: Да, со ова договорот од Пржино е загрозен и може да пропадне. Лекцијата што требаше да се научи досега е дека излезот од политичката криза, создадена со обелоденување на прислушнуваните разговори, е дека мора да се стремиме кон подемократско и поправедно општество. За почеток, партиите на власт и опозиција морат да соработуваат и да исполнат се што се договориле и потпишале. Можеби секоја страна прави опструкции, но несомнено најгоелмите опструкции доаѓаат од оние кои располагаат со најсилни ресурси и имаат најмногу што да изгубат - а тоа се носителите на власта. Покрај тоа, тие знаат дека може, кога тогаш да ги стигне спората правда и да одговараат, најмалку за злоупотреба на службената должнст и за непочитување на законите! Според тоа, најодговорни за можното пропаѓање на овој процес и продлабочување на кризата е коалицијата на власт. Фактор: СДСМ соопшти дека во вакви околности со непречистен Изборен законик и нерегулирана состојба во медиумите нема да оди на избори на 24 април,  какви одлуки или каков избор имаат во ваква ситуација, дали е подобро да одат или да ги бојкотираат изборите на 24 Април? Малеска: Зависи каква е нивната перцепција. Доколку се искрени во изјавите дека се борат за подобра, попросперитетна , послободна и подемократска земја, тогаш немаат многу избор. Ќе мора да го напуштат преговарачкиот процес и да не учествуваат на избори. Треба да им се оддаде признание на луѓето што ја водат опозицијата. Обелоденувајки корупција, тие многу ризикуваати и се наоѓаат под постојана закана. Затоа, не верувам дека така лесно ќе го отфрлат тоа што досега го стекнаа, довербата на граѓаните. Фактор: Дали е согласно Уставот и законите Собранието да се распушти и тоа да важи после еден месец? Малеска: Не е. Вистина, некогаш, во кризни моменти, задничката политичка волја може да создаде ситуација која отпосле ќе се озакони, но во конкретниот случај немаше ургентност ниту заедничка политичка волја.Според мене одлуката е резултат на самоволие или како се вика во политичката теорија „насилство на мнозинството”. Интересите на структурата на власт се толку силни и толку изврзани, што се ќе направат и се ќе згазат, ако треба само да останат на своите привилегирани места. Фактор: Министрите од СДСМ сеуште ја немаат потпишано свечената изјава за учество во преодната Влада, не  дојдоа на собраниската седница, како го коментирате ваквиот потег на СДСМ? Малеска: Консеквентно на одлуката на СДСМ да не учествува на избори, би било да не учествува ни во техничката влада која ќе ги подготвува изборите. Но во своето соопштување, СДСМ остави малку поддотворена врата дека нивните органи, дополнително ќе одлучат за тоа. Лично ќе се разочарам, доколку решат министрите да останат во власта.Компромиси се вообичаени и пожелни во политиката, но сега е клучниот момент, СДСМ да покаже за што се бори. Фактор: Како ги коментирате последните изјави еврокомесарот Јоханес Хан,  дека  преферира консензуално решение за датумот за изборите од сите политички партии кои според него треба да се држат до сите свои обврски според политичкиот договор? Малеска: Хан, кажа она што секој разумен политичар од Запад би го кажал: договорете се заеднички за датмот на изборите и исполните го она што го превземавте. Не верувам дека представницие на меѓународната заедница ќе гледаат благонаклоно кон оваа одлука за распишување избори. Напротив, датумите се важни, но многу поважен е самиот политички процес на фер натпревар, на дијалог и компромис. Наукусо, дали се усвоени “правилата на игра”, кои ќе овозможат демократски и фер избори; независно судство; силно специјално јавно обвинителство кое ќе може да истера правда во однос на содржината на прислушнуваните разговори итн. Фактор: Дали последните случувања ја вратија политичката криза во безизлез? Малеска:Политичките решенија затвораат еден проблем, но речиси истовремено отвораат нови проблеми. Некогаш во криза се раѓаат решенија . Бидејќи кризата ни помогна да видиме каде сме и каде одиме и да се научат некои лекции, пред се политичарите,но и граѓаните. Дали цената ќе биде висока, тоа е прашањето. Тука останува само надеж, дека нема прескапо да ги платиме тие лекции, но во политиката и во животот се е можно. Р.Ф
Слично

Поврзани вести