Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Маја Протугер: Се додека партиската книшка одлучува за Вас, луѓето ќе бараат пофер општества!

ИНТЕРВЈУ Маја Протугер: Се додека партиската книшка одлучува за Вас, луѓето ќе бараат пофер општества!
“Сакав да видам како е да живеам на ново место и нов почеток, да живеам во земја каде што има понормален пазар на труд и каде ќе можам да напредувам во кариерата - земја со поголем избор на работни места, кои се достапни за сите”.  Како образована и работно ситуирана, како девојка од градската шема, Маја Протугер беше лице за контакт во една странска амасада. Ја познаваа сите новинари. И кога никој не стигна ниту да прашаат каде е, таа се јави од Канада.      “Еден мој пријател од студиите кој наскоро заминува за Америка,  тоа воопшто не го прави поради желба да живее во странство. Напротив, огорчен е што заминува. За жал, секојдневните  предизвици со кои се соочува како партиски неопределен граѓанин му ја прелеаа чашата”, вели Маја Протугер, одговорна за корпоративни комуникации во Скотланд банк. за Фактор. Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека  во континуитет расте бројот на  граѓани  кои се заминуваат од Македонија.  Што беше пресудно во вашиот случај да решите да заминете од земјата? Протугер: Искрено не знам што беше пресудно - неколку причини ме мотивираа. Како прво, имавме договор со мојот сопруг, кој се врати во Македонија после пет години живеење во Канада, дека ќе пробаме да живееме таму. Второ, ми беше предизвик; сакав да видам како е да живеам на ново место, почнувајки од почеток. И трето, сакав да живеам во земја каде што има понормален пазар на труд и каде ќе можам да напредувам во кариерата - земја со поголем избор на работни места, кои се достапни за сите. Maja so semejstvoto Фактор: Застрашувачка е бројката околу 250.000 иселени лица од нашата држава во изминатите 15 години, тоа е повеќе од 10% од вкупниот број на жители на нашата земја. Со ова ние сме на 23-то место во светот на држави на кои им бегаат граѓаните. Зошто се поголем е процентот луѓе кои песпективата ја бараат надвор од Македонија? Протугер: Верувам дека секој си има своја причина: поголем простор за делување, творење, поголеми можности за економски напредок, порамноправно општествово, правила кои важат за сите, ослободеност од преголемата моќ на политичиките партии на власт, наспроти независни и отчетни институции во служба на граѓаните. На пример, еден мој пријател од студиите кој наскоро заминува за Америка,  тоа воопшто не го прави поради желба да живее во странство. Напротив, огорчен е што заминува. За жал, секојдневните  предизвици со кои се соочува како партиски неопределен граѓанин му ја прелеаа чашата. Иако е искусен, квалификуван и проверено квалитетен наставник во средно училиште (со супериорни резултати од екстерно тестирање), не му се дава простор да работи, а во исто време тој простор го пополнуваат партиски кадри, кои се помалку или воопшто неквалификувани. Затоа, пак ке речам: секој има своја причина но, се додека при вработување ѝ се дава приоритет на партиската книшка наместо на квалитетот, искуството и квалификациите, луѓето ке продолжат да бараат пофер услови за живеење надвор од Македонија . Фактор: Пред три години ја напуштивте Македонија, иселувајќи се од Кандата. Торондо е вашиот дом. Колку време ви требаше за да се  акомодирате на новиот живот и што е она што Канда им го нуди на странските кои се доселуват во оваа земја? Протугер: Сеуште се акомодирам на многу работи, но во тоа е и убавината - работите не се лесно-предвидливи и има многу за учење. Канада нуди структуирано општество, јасни правила што важат за сите, поголем избор, повеке можности. Има многу услуги кои државата им ги нуди на новодојденците, како совети за вработување, бесплатни часови по англиски јазик и слично. Сепак, на почетокот е тешко, бидејки работодавците најчесто ве ценат според работното искуство во Канада, а не според она што сте го имале пред доаѓањето. Фактор: Во Скопје работевте во амбасадата на Велика Британија  во Македонија задолжена за односи со јавност.  Дали ова ви го олесни патот  во потргата по работа и како една македонка за релативно кратко време стигна до позицијата  офицер за комуникација  во Скотлатнд банк? Протугер: Секако дека искуството и знаењето што го стекнав во Британската амбасада ми помогна многу. Не знам колку ми олесни бидејки за многу работни места бев преквалификувана, а некои работодавци пак не го ни земаа предвид. Заклучок од моето искуство тука е дека за добивање интервју за работа тука најголема улога игра личната препорака. Личната препорака функционира бидејки тој што ве препорачува го заложува својот углед за вас, па сите се многу внимателни. И секако, доколку не се покажете успешен на работното место, никој нема да ве задржи - без оглед на препораката. maja so sestrite Фактор: Имате две сетстри кои  живееат и работат во Македонија. Колку е тешко да  си одалечен од своите најблиски и дали би им сугерирале и на нив да ги спакуваат куферите и да купат билет во еден правец? Протугер: Тоа ми е најтешко. Многу ми недостигаат сестрите и ништо не може да ми го компензира тоа чувство. Многу би сакала да беа тука со мене, но никому не би му сугерирала да ги спакува куферите и да купи билет во еден правец. Тоа е многу лична одлука и секој има свои мотиви за останување во Македонија, или заминување во странство. Не мислам дека се е црно во Македонија ниту пак дека се е сјајно „на запад.“ Сепак, секој си прави листа на приоритети и одлучува кој аспект на живеењето му е поважен. Од друга страна, ние од Македонија сме среќни што имаме каде да се вратиме. Тој избор го немаат многу од моите тукашни пријатели од Босна и Херцеговина.
Слично

Поврзани вести