ИНТЕРВЈУ м-р Дарко Димитров: Новите европски образовни програми нудат одлични можности за младите!
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во чија надлежност е управување и имплементација на ЕУ програмите во Република Македонија од областа образованието, обуката, младите и спортот од 2014 година стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус, а со тоа земјава стана програмска земја која ги има истите можности како и земјите членки на Европската Унија. Нив ги има многу, едноставно треба само да се разгледаат и искористат- вели во интервју за Фактор, м-р Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Програмата „Еразмус плус“, вели тој им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, стажирање, предавања, воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции. Во периодот октомври-декември Агенцијата подготвува нова промотивна кампања за се поголема видливост на програмите и нивно доближување до граѓаните и институциите од земјава. Инаку Димитров важи за главен "виновник" за враќање на довербата кон Националната агенција, транспарентноста при распределбата на фондовите предвидени за европските програми и рамноправен пристап на сите заинтересирани кои бараат подобри образовни можности.
Фактор: Република Македонија учествува рамноправно со сите земји на Европската унија во програмата Еразмус+. Кои се можностите кои ги нуди овој проект и каква е искористеноста на фондовите за Еразмус плус и кои се досегашните искуства ?
М-р Д. Димитров: Станува збор за проекти кои придонесуваат кон личниот и професионален развој на учесниците во мобилностите, студенти, професори, наставници, обучувачи, млади. Наши корисници можат да бидат основни и средни училишта, детски градинки, универзитети, институции за стручна за обука, институции за образование на возрасни, бизнис секторот, невладини организации, младински организации, донесувачи на одлуки во областа на образованието и сите други субјекти кои сакаат европските образовни практики да ги воведат во секојдневно работење. Генерализирано, Еразмус+ нуди можности за корисниците за обука во странство или креирање на заеднички проекти на теми од заеднички интерес помеѓу различни партнерски институции.
Согласно повикот кој беше објавен за предлог проекти за Програмата Еразмус + 2014 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одобри 65 проекти, а со Договор за грант се обврзани 97,7 % од средствата во висина од 2.708.818 евра. Во однос на 2015 година, засега Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има одобрено 57 проекти, а со договор за грант се обврзани 87,8 % од средствата во висина од 3.633.224 евра. Дополнително, во тек е процес на аплицирање за проекти од областа на млади 3 рок, како и Високо образование – соработка помеѓу програмски и партнерски земји 2 рок, со што очекуваме уште поголема искористеност и обврзување на средства за 2015 година односно повторно да имаме искористеност на фондовите од над 95% . Дополнително, НА ќе грантира 10 проекти во вкупна висина од 231.857 евра во однос на Клучната акција К219 наменети за училишта од Република Македонија како партнери во проекти селектирани во други ЕУ земји.
Фактор: Дали граѓаните се доволно информирани за ефективно искористување на европските фондови и можности за унапредување на знаењето?
М-р Д. Димитров: Да, со оглед дека НА активно спроведува промотивни кампањи, па така, во пресрет на роковите за поднесување на апликации за програмата Еразмус+ 2015 година, во периодот јануари-март, Националната агенција спроведе интензивна промотивна кампања со основна цел да мотивира што поголем број институции во програмата Еразмус+. Кампањата беше структурирана на начин што обезбеди покривање на што поголем дел од територијата на Република Македонија и опфати голем број заинтересирани потенцијални корисници. Националната агенција оддржа 16 инфо денови за зголемување на видливостана програмата Еразмус Плус, една Валоризациона конференција и две конференции за ЕКВЕТ. Поради изразената заинтересираност во текот на промотивната кампања, Националната агенција дополнително организираше и 15 структурирани работилници (за различни типови на аплицирање - по поле и по клучна акција), за вкупно 374 ученици. За учество на работилниците беше објавен он-лајн повик на веб страната на Националната агенција, на кој учесниците сами се пријавуваа, што овозможи да се оцени нивото на заинтересираност за учество на потенцијалните корисници во програмата Еразмус+.
Мора да истакнеме дека НА активно е присутна и на социјалните мрежи, а особено на официјалниот ФБ профил - https://www.facebook.com/na.org.mk/timeline/
Исто така, информирањето е засилено со редовното квартално издавање на е-гласилото Мобилност-МК, кое се дистрибуира преку 800 регистрирани корисници, а истото е достапно и на Веб порталот на НА – www.na.org.mk
Освен тоа, секоја година Националната агенција подготвува анализи за географската застапеност на пристигнатите апликации и грантираните проекти, и врз основа на тие анализи организира поинтензивна информативна кампања во регионите кои се помалку застапени во процесот на аплицирање во тековната година.
Фактор: Последниве години интензивно се работи на промоција за управување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во РМ. Пред неколку месеци имавте повик за промотори на Еразмус +. Кои се тие, во кои региони и која е нивната улога, а секако и кога ќе ги чекаме резултатите од нивната работа?
М-р Д. Димитров:Главната улога на Промоторите е реализација на активности преку кои ќе се даваат информации на регионално ниво за можностите и начинот на користење на програмата Еразмус +. Тие досега веќе ги отпочнаа зададените активности, а во периодот што доаѓа активностите ќе се интензираат со планираната промотивна кампања.
Фактор: Дали ќе има повик за е-твининг амбасадори?
М-р Д. Димитров: Да, тоа е предвидено со работната програма за 2015 година, повикот јавно ќе биде објавен на нашите Веб-портали - www.na.org.mk ; www.etwinning.mk
Фактор: Еразмус + програмата како и европските мрежи Еуропас и Евридика се само дел од можностите за унапредување на знаењето, но постојат и други иницијативи во кои младите можат активно да се вклучат? Што практично нуди секоја од нив и има ли новитети кои ќе ги спроведете во иднина?
М-р Д. Димитров: Еуропас е портфолио од пет документи што ги прават стекнатите вештини и квалификации јасни и лесно разбирливи во Европа. Овие документи им помагаат на граѓаните да ги претстават своите вештини и квалификации ефективно кога бараат работа или обука, од друга страна им помагаат на работодавачите да ги разберат вештините и квалификациите на работната сила.
Евридика обезбедува информации и анализи за Европските образовни системи и политики. На институциите одговорни за образовните системи и политиките во Европа им обезбедува анализи и информации од европско ниво коишто им помагаат во процесот на донесување на одлуки.
ЕТвининг е Интернет платформата која дава можности за виртуелни проекти со партнерства на повеќе училишта од повеќе земји, со искористување на предностите што ги дава Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во процесот на комуникација и колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можноста да создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното и средното образование.
Од 2014 година, НА се вклучи во Еурогајденс, Еуродеск и ЕКВЕТ, а во 2015 година во акцијата Транснационални активности за соработка.
Еурогајденс како мрежа на европско ниво е многу значајна во кариерата. Таа спроведува водство и советување за образовниот и кариерниот развој и ја поддржува интернационализацијата на водството и советување.
ЕКВЕТ придонесува кон унапредување на Стручното образование и обука, преку развој и спроведување на методологија за подобрување курикулумите и плановите за стручна обука согласно принципите за учење базирано на стекнување вештини и модуларизација, а во насока на нивно усогласување со европските трендови за имплементација нa ЕКВЕТ, развој на нов силабус за обуките, акредитација на нови програми, обука на советници од надлежни јавни институции, обука на наставници и компании за имплементација на нови програми.
Еуродеск е меѓународна асоцијација која работи со национални партнери кои ја сочинуваат Еуродеск мрежата. Главната цел на Еуродеск е понуди одговори на прашањата од тагетираните групи како и да обезбеди пристап до квалитетни европски информации во однос на Програмите. Содржината на понудените информации од Европско или национално ниво, се однесува на финансирањето, контакти и ресурси, со посебен фокус на финансирање активности и можностите кои се понудени од страна на Европската комисија кои вклучуваат млади луѓе и оние кои работат со нив.
Транснационални активности за соработка меѓу националните агенции претставуваат инструмент на располагање на НA поддршка на програмата Еразмус+ во исполнувањето на своите цели и приоритети. Нивната цел е да се обезбеди додадена вредност и зголемувањето на квалитетот и влијанието во целокупното спроведување на Програмата. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од 2015 година подржува учесници од Македонија да земат учество на настаните организирани преку Транснационални активности за соработка во Европа, во полето на млади и училишно образование.
Сето ова ќе придонесе на развој на македонскиот образовен систем и приближување кон целите на ЕУ зацртани во стратегијата Европа 2020.
Фактор: Дали овие програми нудат адекватни и одржливи решенија кога станува збор за полесен пристап до пазарот на труд и вклучување во бизнис секторот?
М-р Д. Димитров: Да, самата идеја на програмата е унапредување на вештините и знаењата, нивно препознавање на европско ниво и полесен пристап до пазарот на трудот на учесниците активно вклучени во процесот на имплементација. На пример, практикантите студенти, ученици, како и кадрите од нашите институции, со стекнтатите искуства стануваат покомптентни и добиваат предност во вработувањето на европско ниво. Исто така, во дел од грантираните проекти од клучната акција 2 Стратешки партнерства во изминативе две години, како главна тема на проектите е токму прашањето на поголема вработливост на невработените преку организирање на разни обуки, креирање на нови модули и наставни планови во соработка со партнерски институции од ЕУ. Воедно, во дел од грантираните проекти активно се вклучени и неколку компании од Република Македонија кои допринесуваат кон вклучувањето на бизнис секторот во имплементацијата на проектните активности.
Фактор: Националната агенција години наназад беше мета на критики поради непотизмот и нетранспарентно доделување на грантови од програмата „Младите во акција“ и “Доживотно учење” кои завршија пред две години. Сепак остана отворено прашањето и недовербата дали програмите кои се во тек и оние кои допрва ќе им бидат понудени на заинтересираните ќе ја имаат истата судбиба? Што се прави за надминување на ваквите лоши последици и како ќе се врати довербата?
М-р Д. Димитров: Како резултат на доброто работење, Националната агенција од 2014 година стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус, а со тоа Р. Македонија стана Програмска земја, на што претходеше успешен (еx-ante compliance assessment) од страна на Европската комисија како дел од постапката за полноправно учество во Еразмус плус (процес кои го поминуваат сите Национални агенции во Европа) согласно Европската регулатива. Националната агенција во Р. Македонија беше првата агенција во Европа која успешно го заврши овој процес со позитивни резултати и затоа се стекна со статус полноправна членка, а граѓаните на Р. Македонија ги имаат истите можности во Еразмус плус, како и граѓаните на земјите членки на Европската Унија. Отука произлегува дека Националната агенција работи во согласност со највисоките европски стандарди и крирериуми во сите области во кои таа делува.
Воедно имајќи го во предвид позитивното работење на Националната агенција, во периодот од 2013 година ЕК и овозможи на Националната агенција да се вклучи и во водечките ЕУ иницијативи во областа на образование, обука и млади односно Националната агенција да стане носител на ЕУ иницијативите: Еуропас, Евиридика, Е-твининг, Еурогајденс, ЕКВЕТ и Еуродеск.
Ве информирам и дека при процесот на доделување на грантови Националната агенција користи и надворешни евалуатори од странство (како и софтверот на Европската комисија – ИКТ алатка која ја користат агенциите носители на Еразмус плус програмата за евалуација преку која постојан увид во работата има и ЕК) како и надворешни членови на Комисија за селекција што е исто така позитивно оценето од страна на ЕК.
Фактор: Кои се нови проекти кои ги планирате во иднина?
М-р Д. Димитров: Во моментов се подготвуваме за учество во новата иницијатива на ГД, Образование и култура – Јутвики (Youth Wiki), која ја добивме во надлежност за управување, што е уште една потврда за успехот на Националната агенција и нејзиното меѓународно реноме.
разговараше Светлана Божиновска
Фактор: Последниве години интензивно се работи на промоција за управување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во РМ. Пред неколку месеци имавте повик за промотори на Еразмус +. Кои се тие, во кои региони и која е нивната улога, а секако и кога ќе ги чекаме резултатите од нивната работа?
| ПРОМОТОРИ на Програмата ЕРАЗМУС+ за 2015 |
| 1. Совет за превентива против малолетничка деликвенција - Кавадарци |
| 2. Здружение на граѓани - Биосфера-Центар за едукација, заштита на животната средина и природа - Битола |
| 3. Средно општинско училиште - Гимназија Кочо Рацин - Велес |
| 4. Средно општинско училиште - Св. Наум Охридски - Македонски Брод |

Слично