ТОПЛОТНИ ПУМПИ за квалитетно греење: европски тренд сѐ поприсутен во Македонија!
Освен конвенционалните начини за греење на домот, на македонскиот пазар веќе се достапни и нови, енергетски ефикасни уреди, кои нудат нов концепт на греење и ладење. Топлотните пумпи користат обновливи извори на енергија (вода, воздух, сонце) и при тоа директно влијаат на намалување на количината на штетни гасови CO2, како и на намалување на потрошувачката на енергија, вели во интервју за Фактор Љубомир Илков, првиот човек на ИЦС Груп, фирма која се занимава со вградување на вакви системи во земјава. Тој прави детална проценка за трошоците за вградување, но и за заштедите што ги нуди овој систем. Според Илков, во поддршка на искористувањето на енергетски ефикасните системи мора посериозно да се вклучи и државата, која засега поддржува само вградување на сончеви колектори.
Фактор: Кои се предностите на топлотните пумпи во споредба со другите системи за греење достапни во Македонија?
Љ.Илков: Топлотните пумпи се енергетски најефикасни уреди за загревање. Нивната ефикасност се движи од 3 до 5 пати повеќе од кој било конвенционален извор на енергија. Имено со потрошен 1 kWh електрична енергија, се добива 3 до 5 kWh топлотна енргија, или изразено во парични средства, 1 kWh топлотна енергија добиена од топлотна пумпа се движи околу 1.5 денар, додека топлотна енергија добиена од останатите извори на енергија (пелети, нафта за домаќинства, струја, градско греење), се движи од 3.5 до 7 денари за 1 kWh топлотна енергија.
Исто така топлотните пумпи користат обновливи извори на енергија (вода, воздух, сонце) и при тоа директно влијаат на намалување на количината на штетни гасови CO2, како и на намалување на потрошувачката на енергија. Имено , од еколошки и енергетски аспект се комплетно прифатливи за таргетите кои ги има поставено Европската унија, но и Македонија - намалување на штетните гасови за 20%, намалување на потрошувачката на енергија за 20% и користење на обновливата енергија во вкупниот енергетски биланс на една земја со 20% до 2020 година.
Овозможуваат голем комфор за корисникот, нивното користење е крајно едноставно, трошоците за одржување се ниски и не бараат секојдневна посветеност како кај останатите конвенционални системи за греење (пелети, дрва, нафта). И секако со користењето на топлотните пумпи се овозможува и ладење на предвидениот простор, што со користење на друг конвенционален извор на загревање не е можно, односно потребни се дополнителни инвестиции за обезбедување на други системи за ладење на просторот.
Топлотните пумпи овозможуваат загревање на санитарна вода со ефикасност од 3 до 5 поголеми електрични грејачи, така да во некои случаи не е потребно инсталирање на сончеви колектори (повратокот на инвестицијата за сончевите колектори би бил преку 15 години).
Фактор: Зошто овој начин на греење/ладење се уште не е распространет во земјава како во другите европски земји?
Љ.Илков: Во Европа процентот на вградени топлотни пумпи во новите објекти се движи и до 35% од вкупните системи за греење (гас, градско греење и др.). Во Македонија ц.ц. 75% од населението како извор за греење користат дрво, 13% струја, и ц.ц. 12 % користат централно греење (градско и индивидуално).
Според мене, причините за ваквата состојба е секако релативно ниската куповната моќ на нашите граѓани, но и недоволната информираност на јавноста за бенефитите од користењето на топлотните пумпи. Помеѓу населението постои одредена доза на недоверба во однос декларираните заштеди со топлотните пумпи.Но таа недоверба од година во година станува се помала, бидејќи позитивните искуства од веќе вградените топлотни пумпи се најдобрата препорака за новите инвестиции.
Фактор: Кога граѓаните размислуваат дали да вложат во некој систем за греење, едно од клучните прашања е – цената. Дали е скапо вградувањето на топлотни пумпи?
Љ.Илков: Почетната цена за вложување за кој било конвенционален централен систем за греење, кој е приклучен на градско греење, или има сопствен извор – котел на нафта, струја, пелети- цената би се движела од 25 до 35 еур/м2. Ако се земе во предвид дека со овој систем се решава само греењето, потребата за ладење на предвидениот простор би се решила со дополнителна инвестиција од околу 10 до 15 еур/м2 за инсталирање на сплит клима уреди.
Така доаѓаме до вкупна инвестиција од 35 до 50 еур/м2 за конвенционален систем за греење со дополнително вградени и сплит клима уреди. Доколку се решите да инвестирате во енергетски ефикасен систем кој користи топлотни пумпи, кој ви овозможува греење, ладење и загревање на санитарна топла вода - вкупната инвестиција би се движела од околу 55 до 80 еур/м2. Цената варира во зависност од производителот на опремата, но и од вкупната површина која се грее или лади, односно колку е поголема површината цената по единица м2 паѓа.
Доколку се користат инвертер клима уреди , кои исто така може да се користат за загревање на просторот цената за инвестирање би била од 25 до 35€/м2.
Еден таков вид на произвот е Алтермата (топлотна пумпа) која е наменета за домаќинства и нуди енергетско- ефикасно централно греење, ладење и припрема на санитарна топла вода. Овој производ , според своите карактеристики, можности и перформанси е светски лидер во својата категорија.
За поголемите комерцијални објекти ДАИКИН има производ кој, во едно е и нивен патент, VRV- системите – четврта генерација ,кои се почесто се користат за загревање, ладење и вентилирање на канцелариски простории, трговски центри и сл. Овој систем се каректеризира со голема енергетска ефикасност, модуларност, високо ниво на автоматизираност и ниски експлоатациони трошоци.
ДАИКИН има цела палета на други производи како што се: сплит и мулти сплит инвертер клима уреди, водено и воздушно ладени топлотни пуми (чилери), клима комори,вентилконвектори, рекуператори, системи за ладилна техника, итн.
Фактор: Какво е вашето искуство во Македонија, дали почесто вакви системи вградуваат домаќинства или компании и зошто е тоа така?
Љ.Илков: Компаниите се тие што се директно заинтересирани да инвестират во системи кои имаат ниски експлатациони трошоци, бидејќи заштедата на енергија дирекно се одразува на нивната добивка.
Но во последно време како се зголемува цената на енергенсите и како расте свеста за имплементирање на енергетски ефикасни мерки, се повеќе и домаќинставта се одлучуваат за инвестирање во топлотните пумпи дали тоа било инвертер сплит клима уреди или централни системи за греење и ладење. Соодносот на инвестиција е некаде 80% наспроти 20% во корист на компаниите.
Љ.Илков: Македонија се има обврзано да ги имплементира Европските дериктиви за енергетска ефикасност, преку стратегијата за развој на енергетиката во Македонија.
Според Акциониот план за енергетска ефикасност, задачите се: намалување на потрошувачката на примарната енергија, заштеда до 9% на енергија до 2018 година, диверзификација на енергенсите, а уделот на обновливите извори на енергија во финалната потрошувачка да достигне 21% до 2020.
Енергетската ефикасност, а со тоа и користењето на топлотните пумпи како енергетски ефикасни уреди за греење и ладење, се економски одржлив концепт кој овозможува намалување на потребата за енергија, еколошки се најповолни и овозможуваат креирање на нови работни места. Со инвестирањето на 1 евро во енергетска ефикасност, како да сме инвестирале 2.2 евра во снабдувањето со енергија со што би се заштедиле огромни парични средства.
Затоа стимулирањето, преку разни субвенции од страна на државата за што поголемо имплементирање на енергетски ефикасните системи за греење и ладење, корист би имала самата држава (намалени трошоци за енергија), крајните корисници (намалени трошоци за греење и поголем комфор) , компаниите кои имплементираат вакви систем, ќе имаат можност за креирање на нови работни места.
Фактор: Како компанија која веќе е активна на македонскиот пазар, имате веќе искуство со вградување на овој тип системи. Можете да ни наведете неколку примери на објекти каде сте ги инсталирале?
Љ.Илков: Нашата листа на реализирани енергетски ефикасни системи е голема, затоа ќе спомнам само неколку од нив кои се карактеризираат по својата намена и видот на системот за греење и ладење.
- Стамбен комплекс Soravia Resort – Олимписко Село – Скопје ц.ц. 5500 м2, инсталирани топлотни пумпи, кои обновливата енергија ја земаат од земјата до длабочина од 125м, преку 37 сонди. Топлинската енергија во ноќните часови се складира во акумулатор за енергија од 300м3, кога цената на електричната енергија е многукратно пониска, наспроти дневната тарифа. Ефикасноста на овој систем е 6 пати. Вака комплексен систем е единствен во Македонија но и во поширокиот регион.
- Деловен објект Net Elektroniks – Скопје со површина од ц.ц. 1500 м2, Инсталиран е VRV- систем кој ја користи подземната вода како обновлив извор на енергија. Овој систем има огромна ефиксност која се движи од 5 до 6 пати.
- Клиничка болница Аџибадем Систина – Скопје, каде се инсталирани топлотни пумпи вода-вода или попознати геотермални пумпи, со вкупен топлински капацитет од ц.ц. 1.100 kW, и енергетска ефикасност од 3.5 до 4.
- Модуларно основно училиште во општина Илинден со вкупен топлински капацитет од ц.ц. 170 kW, и енергетска ефикасност од 3.5 до 4 пати.
- Голем број на индивидуални објекти каде имаат инсталирано топлотни пумпи кои го користат воздухот како обновлив извор на енергија (Altherma ), но и подземната вода со инсталирање на геотермални пумпи.
Заедничко на сите овие и многу други корисници се веќе докажаните ниски експлоатациони трошоци, комфорот и скоро никаквото одржување на системите.
Б.А.

БАНКИТЕ НУДАТ ПОВОЛНИ КРЕДИТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТФактор: За колку време потоа се враќа инвестицијата? Љ.Илков: Доколку се земе во предвид разликата на инвестицијата помеѓу конвенционалните системи за загревање и системите кои корисат енергетски ефикасни топлотни помпи, повратокот на инвестицијата се движи од 1 до максимум 5 години, што е во секој случај паметна инвестиција. Во последните неколку години, комерцијалните банки нудат поволни кредитни линии кои се строго наменети за подобрување на енергетската ефикасност на објектите како што е подобрувањето на термичката изолација на објектот, инсталирањето на енергетски ефикасен систем за греење и останати активности кои би допринеле за подобрување на енергетската ефикасност. Каматните стапки се веќе од 4.7%. Фактор: Застапник сте за производите на јапонската фирма Даикин за Македонија. За кого се наменети овие системи? Можат ли да ги користат и домаќинства и поголеми комерцијални објекти? Љ.Илков: Заедно со моите двајца партнери Владимир Минчов и Љубомир Маневски си поставивме цел – ИЦС ГРУП да биде фирма која на македонскиот пазар ќе понуди енергетско- ефикасни решенија за греење, ладење и вентилирање, за сите сектори , користејќи исклучиво обновливи извори на енергија, а при тоа максимално да ги оптимизираме решенијата во однос на барањата на инвеститорот и потребната инвестицијата. За ваков концепт- квалитетот на опремата и нејзината разновидност е од исклучително значење. Ние тоа го го пронајдовме во светскиот лидер на топлотни пумпи –ДАИКИН Јапонија. ДАИКИН во своето 90 –годишно постоење има развиено голема палета на производи, наменети како за домаќинставта така и за комерцијално – индустриските објекти.
Еден таков вид на произвот е Алтермата (топлотна пумпа) која е наменета за домаќинства и нуди енергетско- ефикасно централно греење, ладење и припрема на санитарна топла вода. Овој производ , според своите карактеристики, можности и перформанси е светски лидер во својата категорија.
За поголемите комерцијални објекти ДАИКИН има производ кој, во едно е и нивен патент, VRV- системите – четврта генерација ,кои се почесто се користат за загревање, ладење и вентилирање на канцелариски простории, трговски центри и сл. Овој систем се каректеризира со голема енергетска ефикасност, модуларност, високо ниво на автоматизираност и ниски експлоатациони трошоци.
ДАИКИН има цела палета на други производи како што се: сплит и мулти сплит инвертер клима уреди, водено и воздушно ладени топлотни пуми (чилери), клима комори,вентилконвектори, рекуператори, системи за ладилна техника, итн.
Фактор: Какво е вашето искуство во Македонија, дали почесто вакви системи вградуваат домаќинства или компании и зошто е тоа така?
Љ.Илков: Компаниите се тие што се директно заинтересирани да инвестират во системи кои имаат ниски експлатациони трошоци, бидејќи заштедата на енергија дирекно се одразува на нивната добивка.
Но во последно време како се зголемува цената на енергенсите и како расте свеста за имплементирање на енергетски ефикасни мерки, се повеќе и домаќинставта се одлучуваат за инвестирање во топлотните пумпи дали тоа било инвертер сплит клима уреди или централни системи за греење и ладење. Соодносот на инвестиција е некаде 80% наспроти 20% во корист на компаниите.
КОРИСТЕЊЕТО НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ СИСТЕМИ КРЕИРА НОВИ РАБОТНИ МЕСТАФактор: Кога се зборува за енергија од обновливи извори и за евтина енергија, во европските земји најчесто државата се вклучува во поддршка за нејзино поголемо искористување. На кој начин државата може да ги стимулира граѓаните повеќе да се свртат кон овој тип системи и да ги напуштат фосилните горива?

Слично