Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, КД ФОНДОВИ: Каматните стапки ќе растат во блиска иднина!

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, КД ФОНДОВИ: Каматните стапки ќе растат во блиска иднина!
Во интервју за Фактор, Лазе Камчев од КД Фондови, ја анализира светската економија, посочувајќи дека позитивните макроекономски податоци влеваа надеж дека референтната каматна стапка на Американската Централна Банка - ФЕД ќе биде повисока, но тоа не се случи, а гувернерката на ФЕД, Џенет Јелен, изминатово лето сеуште наоѓала причини за да ја аргументира пасивноста. Но, притисокот на “глобалната асиметрија”, претставува закана за позитивната економска динамика и тоа наговестува зголемување на каматните стапки во блиска иднина, вели Камчев.  Тој посочува и дека во последната деценија, Кина стана водечка светска сила и нејзината економска ситуација има значителни импликации врз глобалната крвна слика. Во одредени суровини е далеку најголем производител и потрошувач. Рекордер во јаглен, “запалиле” повеќе од 50% од светската потрошувачка. Фактор: Американската Централна Банка засега не ги зголемува референтните каматни стапки. Каков сигнал се праќа и дали може да се очекува нивно зголемување? Лазе Камчев: Помина речиси една деценија (од крајот на јуни 2006 година), откако Американската Централна Банка (ФЕД) последен пат ја зголеми референтната каматна стапка. Кон крајот на 2008 година, финансиската криза доживеа кулминација. Како одговор на оваа криза, ФЕД-от ги намали каматните стапки помеѓу 0 и 0,25 проценти.  Таа исто така започна и со купување на обврзници на секундарниот пазар, со цел да се постигне намалување на долгорочните каматни стапки. Позитивните макроекономски податоци влеваа надеж дека референтната каматна стапка на ФЕД ќе биде повисока, но тоа не се случи. Гувернерката на ФЕД, Џенет Јелен, изминатово лето сеуште наоѓаше причини за да ја аргументира својата пасивност. Но, притисокот на “глобалната асиметрија”, претставува закана за позитивната економска динамика и тоа наговестува зголемување на каматните стапки во блиска иднина. После објавата на податоци за пазарот на работна сила во САД, во споредба со очекувањата од страна на аналитичарите, во месец октомври, САД создаде значително повеќе работни позиции. Се создадоа 271.000 работни места, наспроти очекуваните 100.000 што беа потребни за да се одржи исклучително ниската стапка на невработеност од 5%. Со тоа се продолжува трендот за намалување на невработеноста во САД. Покрај тоа, забележан е раст на платите за 2.5%, што е во чекор со номиналниот раст на БДП на САД. Врз основа на претходно напишаното, ќе биде исклучително тешко да се аргументира нивната пасивност во декември. Дури и за тие што осетија зголемување на вредноста на американскиот долар наспроти еврото, шпекулираат дека до крајот на идното лето ќе настане паритет на валутите и ќе бидат во уште поголема добивка. Поради тоа, се очекува нов бран иницијативи на Европската централна банка. Но, треба да се напомене дека таа една деценија на ниски каматни стапки, позади себе остава тешко мерливи последици. За Европјаните, aмериканската сага е еден вид на увертира за иднината, која што ќе се рефлектира во наредните две години. Фактор: Што се случува во економијата на Кина ? Лазе Камчев: Во последната деценија, Кина стана водечка светска сила и нејзината економска ситуација има значителни импликации врз глобалната крвна слика. Во одредени суровини е далеку најголем производител и потрошувач. Рекордер во јаглен, “запалиле” повеќе од 50% од светската потрошувачка. Лидери се, исто така, во потрошувачката на повеќе други суровини. Имено трошат 40-50 проценти од светската потрошувачка на алуминиум, никел, бакар, железна руда и олово. Кај нафтата и гасот процентот е малце понозок. Растот на БДП во последните петнаесет години, е потикнат од страна на инвестиции. Повеќето од нив се потребни, но се во завршна фаза издигнување на непотребен капацитет, кој за сега е напуштен. Бизнис моделот на инвестиции е завршен и властите сакаат да ја трансформираат економијата, која ќе биде слична на онаа на Американците. Потрошувачите доаѓаат во прв план. Оваа трансформација не е, и нема да помине лесно, но ќе бидат изведени пред лицето на нестабилноста на пазарот. Ова најдобро се гледа преку берзата, која во последниве години, се движи од една крајност во друга. За правилна инвестиција потребно е да се навлезе подлабоко и да се најдат компании кои од сите овие случувања ќе излезат како победници. Во последниве години, имаме напишано, за правилен пристап на инвестирање во Кина. Се прашувате дали е подобро да се купи Данон кој продава детско млеко, или некој локален провајдер? Дали е подобро да се купи BMW или Great Wall Motor? Нема само еден одговор. Сепак постојат некои многу важни факти, како што се потешкотиите на тешките индустрии, комплексноста на големи движења на пазарот на акции, исто така. Меѓутоа, тоа е голема земја со голем потенцијал. Има такви, кои котираат или имаат исклучително голема продажба на кинескиот пазар. Факт е дека во делот на иновациите во технолошкиот свет во Кина, моментов е во полн замав. Луѓето плаќаат да патуваат, купуваат, и тоа се преку телефон. Овој сегмет и во иднина ќе расте над просекот. Овие факти ги потврдуваат кинеските компании, кои се нивни клиенти, потрошувачи. Алибаба, Баиду,Тенцен, Цтрип се некои од поголемите кои ја трансформираат кинеската економија. Во наредните години Кина ќе биде тесно фокусирана, со тоа што секој сегмент ќе расте брзо. Така да, ситуацијата нема да изгледа толку лошо како што во моментов претставува. Селекцијата на инвестиции ќе бидат ограничени, сепак во одредени сектори се донесоа убави приноси. Фактор: Што може да се очекува на полето на ивестициите во светски рамки? Лазе Камчев: Индексот на акциите ширум светот,после падот во четвртиот квартал во октомври повторно постигна позитвивна стапка на раст. Светскиот берзански индекс MSCI достигна до 9,4%, поради растот на берзанскиот индекс во развиените пазари Eвропа и Aмерика што достигна 9,5% и 8,2% ( принос во евра). Индексот на пазар на капитал во земјите во развој (БРИК) достигна 8,17% раст. Волатилноста на цените на акциите во октомври во однос на предходниот месец го смали погледот на инвеститорите, меѓутоа тој е усмерен кон среден и долг рок, кој ќе бидат најпогодени од одлуките на централните банки. Во декември, инвеститорите  ќе ги очекуваат претставувањата на нови мерки од двете централни банки Американскиот(ФЕД) и Европската централна банка(ECB). ФЕД-от би требало сериозно да размисли во однос на подигнување на каматната стапка, а ЕЦБ и банката на Jапонија (БОЈ) повторно најавуваат зголемување на износот на ре-откуп на обврзница. БОЈ во октомври повторно не го достигна посакуваното ниво на потрошувачката, така што очекувањето продолжува. Приказната за Volkswagen се уште не е завршена, нејзината цена на задолжување во обврзници, најверојатно поради најавените тужби ќе се зголеми. Извештајот на банкарски заеми на ЕЦБ се покажа дека се подобрени условите за кредитирање на банките. Вондредните мерки на Европската централна банка се уште не успeа да ги зголеми индексот на потрошувачките цени, кој во септември остана негативен на -0,1%. Вредноста на PMI за еврозоната во октомври достигна најголема вредност во последниве два месеца (54,0) и покажува бавно но сигурно заздравување. Грчките банки идентификувани од Европската централна банка  потребни се 14,4 милијарди свеж капитал, од кои 4,4 милијарди евра, мора да се обезбеди за постоечките сопственици. Во моментов течат договорите за висината и формата на интрумент, кој ќе им помогне на грчкиот фонд за спасување (HFSF). Раст на БДП во Кина за третиот квартал беше позивитивно изненадување (+6,9 на годишно ниво), и покрај фактот дека тоа претставува најниско ниво од 2009 година. Економското забавување се должи на пониската стапка на раст на индустрискиот сектор и понискиот извоз. Русија го суспендира намалувањето на каматните стапки и постави цел инфалцијата пред економскиот раст.
Слично

Поврзани вести