ИНТЕРВЈУ ЌУЛАВКОВА: Желбата по пари и моќ ја направи власта криминална и насилна!
На Македонија и’ треба скршнување од беспатицата, каде не доведе овој криминоген режим, кон патот на граѓанските слободи, демократските и социјалните институции. Академик Катица Ќулафкова во интервју за Фактор оценува дека Договорот од Пржино е компромисен, како што може да се очекува од еден договор меѓу закрвени страни, во услови на пред конфликтна состојба .
„Пржино отвори перспектива само со Специјалното јавно обвинителство. Но овој проект, за да биде финализиран неопходно е успешно да се комплетира со соодветните судски и др. инстанци. Дефинитивно треба да се случи морална катарза во Македонија, одговорните и нечесните функционери да одговараат пред законот и конечно да се промовира начелото на морална, политичка и кривична одговорност“.
Според неа, ВМРО ДПМНЕ е исклучително вешта во спинување на вистината и на стварноста, па така и од поплавата и невољата на луѓето прави политичка пропаганда и се обидува финансиски да профитира, без да oдстапи од своите мегаломански проекти. Опозицијата и пред се СДСМ е фатен во стапицата на овој метод на медиумско спинување и на институционална поддршка на спинот, па и таа се обидува да парира со некои свои постапки.
“Егзистенцијалната криза го нагризува и нашиот човечки, национален и државотворен идентитетот ... Македонската држава нема вредност без македонскиот народ. Ни името не ја спасува ако го изгуби народот. ДПМНЕ со години се залага за „ветер и магла“ наместо за стварни, опипливи, мерливи, долгорочни вредности. Тие направија инверзија на материјалната и вистинската стварност со некоја религија на идентитетот, што доведува до крах на македонското национално битие и на граѓанска Македонија, воведувајќи нè во некоја нова ера на етнички манипулации и анимозитети, конверзии и инверзии. А, криминалниот ум, суштински, не познава етнички граници.“
За академик Ќулавкова , на Македонија и’ се потребни нови приоритети, враќање на некои традиционални принципи – граѓански слободи и права, квалитетно образование, стимулирање на вистинските и врвните вредности, самостојна наука, морални и доблесни лидери, меѓународен углед, правда, нормализација на инситуциите на државата, вели академик Катица Ќулавкова.
„Државата законски, со тапија, ја отуѓи територијата на Македонија, ја задолжи нацијата толку многу што веројатно тоа ќе се надоместува со многу валкани зделки (распродажба на националните природни и културни богатства), миграцијата стана незапирлив процес, тонеме во примитивизам, разнебитени сме од внатре, така што логично е да очекуваме ревизија на нашиот имиџ, редефинирање на политиките спрема Македонија, како на регионален, така и на поширок меѓународен план“, оценува членот на МАНУ и универзитетски професор на Филолошкиот факултет.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Континуираната морална криза во македонското општество се забележува речиси во сите сфери од човековото живеење. Може ли општеството да живее без цврста морална структура и зошто ни се случува ерозија на етичките вредности?
Академик Ќулавкова: Не е проблем кога едно општество ќе навлезе во криза, проблем е кога не умее да излезе од неа. Македонија влегува од криза во криза. Таа стана нашиот код, наш знак за распознавање, сосотојба на духот. Толку многу се навикнавме на шок ситуации што сме се одвикнале од нормален живот, заборавивме што е среќа. Спаѓаме во редот на најнесреќните народи на светот. Политичкиот имунитет на граѓаните е целосно опаднат. Избирачите се навикнуваат дека е нормално што политичарите и функционерите се нечесни, па се релативизира криминалот (злосторството, а со него и злосторничкото здружување, т.н. мафија) и, следствено, нема волја, ја губи надежта да се бори против криминалот. Така, отрпнати на финансиски, еколошки, културни, образовни, медиумски, идентитетски и други злосторства, Македонците станаа немоќен народ, без капацитет да се борат против диктатура и експлоатација. Тие допуштаат да бидат манипулирани и злоупотребени, тие мислат дека е нормално да бидат покорни, безгласни, безлични, непретприемчиви, пасивни, маргинални. Македонците живеат во тешка, безживотна сенка. Мнозинството од нив се борат за гол опстанок, а луѓе кои се борат за опстанок се подложни на секаков вид манипулација. Животот во Македонија е гол опстанок, лишен од смисла, а да не зборуваме за некоја возвишена духовна смисла.
Егзистенцијалната криза го нагризува и нашиот човечки, национален и државотворен идентитетот. Егзистенцијалната криза причинува масовни миграции. Доаѓаме до сознание дека суштествено, антрополошко својство (константа) на Македонците е идентитетската флуидност, поткупливоста, извесен ропски менталитет. 1903 година, во периодот од Илинденското востание, еден француски конзул во Битола има кажано дека за тогашни милион франци, кога би ги имал, би можел да ги конвертира сите Македонци во Французи. Иронично, ама поучно. Денес за „милион евра“ се купуваат гласовите на луѓето за ДПМНЕ и за нивната национално сомнителна, штетна, ако не и поразителна политичка матрица. Матрица на приватизација на сите ресурси од страна на една Фамилија, енормно задолжување на државата и на народот кое е увод во некој следен трансфер на природните, човечките и другите ресурси во рацете на глобалните корпорации. Финансиското задолжување е увод во системско задолжување – идеолошко, морално, културно, национално, еколошко...
Тоа создава култура на ограничено живеење, кога постојано се бира меѓу две зла. Тие не се во состојба да гледаат подалеку од себе, во заедницата, губат чувство за заедница, за визија, напредок, слобода. Жал ми е што го велам ова, тоа е филозофија на очај, ама подобро е да се каже оти јавно кажаниот збор некогаш, како бел ангел (да се потсетиме на Карл Г. Јунг), може да ја отклучи заклучената енергија на единката и на заедницата и да поттикне некаква позитивна реакција – свест, бунт, отпор, непокорност, слободарски дух. Љубовта спрема слободата е сподвижник на општествените промени, затоа што претходно го придвижува човечкиот и колективниот дух, а тоа го менува системот на вредности, односно води кон промена на владејачките структури, и, што е уште поважно, до промена на владејачкиот режим.
[caption id="attachment_232336" align="aligncenter" width="670"]
Парите ги оправдуваат средствата, би се рекло дека е нивното мото. Криминалот ги оправдува средствата. Диктатурата не бира средства за да опстане.[/caption]
На Македонија и’ треба скршнување од беспатицата на криминогениот режим кон патот на граѓанските слободи, демократските и социјалните институции. На Македонија и’ се потребни нови приоритети, враќање на некои стари приоритети – граѓански слободи и права, квалитетно образование, стимулирање на вистинските и врвните вредности, самостојна наука, морални и доблесни лидери, меѓународен углед, правда, нормализација на државата... Македонската држава нема вредност без македонскиот народ. Ни името не ја спасува ако го изгуби народот. ДПМНЕ со години се залага за „ветер и магла“ наместо за стварни, опипливи, мерливи, долгорочни вредности. Тие направија инверзија на материјалната и вистинската стварност со некоја религија на идентитетот, што доведува до крах на македонското национално битие и на граѓанска Македонија, воведувајќи нè во некоја нова ера на етнички манипулации и анимозитети, конверзии и инверзии. А, криминалниот ум, суштински, не познава етнички граници.
Македонија е речит пример кој го потврдува ова правило. Сите сме сведоци како добро функционираат двете етнички поларизирани партии, ДПМНЕ и ДУИ. Антиподни од гледна точка на етничкиот „кампус“ врз којшто се конституирани, тие се тесно усогласени на план на криминогениот принцип секој да владее на својата територија. Македонија ја поделија на зони на етно-политичка власт. Да не беше така, ДУИ одамна ќе ја напуштеше коалицијата. Ние имаме етнички кантонизирана Македонија, ама во всушност имаме криминогена поделба на влијание и на интереси. Спецификата на македонската состојба денес е што она кое би требало да биде криминално подземје, кај нас е институционално инсталирано и игра некаква водечка општествена улога. Толку е неверојатно, што народот не може да излезе од шок состојба и да каже „доста е“. Кажува, ама треба тоа кажување да биде и масовно и поткрепено од интелигенцијата, интелектуалците и од водечките образовни, научни и културни институции.
ПОПЛАВИТЕ СЕ БЕДА НА ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ
Фактор: Од една страна, се бара да не се „политизира“ поплавата, а од друга, и двете најголеми партии се обидуваат од оваа несреќа политички да профитираат. Во првите реакции дури и лидерството на СДСМ не сакаше да бара одговрност за причините на катастрофата и хаосот во реакациите на институциите?
Академик Ќулавкова: Да, ДПМНЕ е исклучително вешта во спинување на вистината и на стварноста, па така и од човечката трагедија прави политички и финансиски профит (ќар, добивка). СДСМ е фатен во стапицата на овој метод на медиумско спинување и на институционална поддршка на спинот, па и таа се обидува да парира со некои свои постапки. Времето (тајмингот) на поплавите им оди во прилог на ДПМНЕ – тие ќе се обидат да ги изманипулираат членовите на партијата и приврзаниците финансиски и политички. Се случи, на терен, една грозоморна и гротескна ситуација, навистина за да се сними филм и да се напише роман: ДПМНЕ направи раздор дури и меѓу луѓето кои настрадаа во поплавите, нудејќи помош селективно, на своите приврзаници, одбивајќи помош на другите, ги подели Македонците на свои, вистински Македонци и други Македонци, оние кои се туѓинци односно кои не се ДПМНЕ. Трагикомично, бедно. Бедата на ДПМНЕ се виде на дело овој август 2016. Бедата на лажниот патриотизам и на искривоколчениот национализам. Бедата на примитивизмот. Една антимакедонска стратегија без преседан во историјата. Но, морам да подвлечам, веќе е толку проѕирен нивниот метод на обратна проекција и на обратен трансфер на одговорноста и на вината: ДПМНЕ никогаш за ништо не е виновна и одговорна (партија, владејачка постава, одделни функционери), секогаш е виновна и одговорна опозицијата, значи СДСМ.
Патолошки трансфер, бескрупулозен, криминоген, нецивилизиран, очајнички. Ако ги изгубат изборите тие ќе изгубат имунитет, институции кои ги штитат, правдата ќе чукне на нивната врата, затоа тие го користат секој миг, секоја прилика да го обвинат политичкиот опонент. Таквиот пристап се официјализирше и може да биде предмет на анализа и на образование за тоа како не треба да се владее во една цивилизирана и граѓанска демократија, односно како се владее во една примитивна и мултиетничка тиранократија, криминокартија...
Тие немаат идеал, не пак духовна вредност. Нивната вредност се парите, туѓите пари, туѓиот имот и како да го освојат, без остаток. И тука не бираат средства. Едноставно ги отсрануваат и се изопштуваат сите оние кои им стојат на патот. Немаат милост. Парите ги оправдуваат средствата, би се рекло дека е нивното мото. Криминалот ги оправдува средствата. Диктатурата не бира средства за да опстане. Прилагодија закони за нивните потреби, па сега “законски” ја тиранизираат нацијата, природата, економијата, образованието... Имаат законско покритие за поморот на нацијата. Имаат институции кои ги спроведуваат без поговор таквите закони, таквата квази законитост и праведност.
Но, она што посебно фасцинираше овие денови по ’поплавата скопско 2016’, е независниот граѓански сектор, младите ентузијасти и анонимни личности кои покажаа на дело што е морал, што е хуманост, што е помош, како треба да се реагира во критични ситуации. Некој спасувал стотици семејства од чиста смрт на скопската обиколница, пренасочувајќи ги во сообраќајот, нешто за коешто се должни институциите, друг изготвил мапа на настраданите подрачја, трет организирал двонеделна систематска теренска и техничка помош, друг хуманитарни акции од различен вид...
Сите тие знајни и незнајни лица се херои со хуман и лидерски потенцијал. Тие ни ја враќаат довербата дека во Македонија може да се обнови цивилизацијата само ако се смени власта и ако во политиката се вклучат навистина способни личности со морален интегритет и со хумани визии. Време е опозицијата да се обедини, апсолутно, и да се потпре не само врз непосредното членство, туку и врз независните и слободно мислечките граѓани и интелектуалци. Само така ќе дојде до нормална смена на режимот и до напредок во државата. Треба да извлечеме многу поуки од поплавите, како по однос на почитување на кодот на природата, така и на почитување на човечкиот код, начелото на солидарност, хуманост, чесност и пожртвуваност.
ИНДИВУДИАЛИЗМОТ Е СОТРЕН
Фактор: „Човекот се смета за умен, не по своите присеќавања на своето минато, туку според одговорноста кон својата иднина“, напишал британскиот писател Џорџ Бернард Шо. Во овие 25 години независност само еден министер поднесе оставка поради морална одговорност, иако бевеме сведоци на војни, убиства, и разни кризи. Зошто според Вас политичката одговорност во Македонија е мисловна именка?
Академик Ќулавкова: Тоа е последица на тиранократскиот систем: од една страна, индивидуализмот е сотрен во корен, никој не функционира индивидуално и според личните определби, туку според хиерархискиот канон, а од друга страна секој, помалку или повеќе е дел од криминогениот синџир: поткупени, уценети, прислушувани и на некој начин „врзани“ лица. Пониските ешалони имаат подребни интереси, ама и т.н. испран мозок. Со идеологемите на „библиската земја“, „името не го даваме“ (сè друго про-даваме), Македонците - најдревниот народ, антиквизацијата на националниот идентитетот и на урбаниот пејзаж, всушност се создаде еден мисловен и идеолошки параван кој ги прикри стварните деструктивни дејствија на владејачката структура, обележана од неколкуте смртни гревови - среброљубие, властољубие, неморал, а во исто време и од непотизам, доушништво, прислушување, контрола на електронската комуникација...
Паѓа во очи дека тие имаат најдено многу добри агенции/агенти кои се специјализирани за консултации за тоа како да се дојде и да се опстане на власт дури и кога се работи за сомнителни структури во секој поглед. Конечно, по една деценија, неодговорното и неморално однесување стануваат основна парадигма, небаре така треба, небаре е тоа препорака како треба за да се владее. Токму поради отсуството на морални вредности кај властодршците, и во политиката и во економијата, денешново време е лишено од хармонија и од суптилност, а духовната култура е потценета и закржлавена.
Ние се соочивме со пеколното лице на политиката и на „дискурсот на моќта“. Власта е секогаш во право па дури и ако презема дејствија против интересите на нацијата и на граѓаните и на институциите. Како ние тоа го дознаваме, па се разбира преку провладините медиуми оти други (речиси и да) нема. Слободните граѓани слободно си разговараат приватно, ама нивниот глас никој не го слуша. Ако и го чуе, веднаш се јавува некој авторитетен толкувач на политичката ситуација и со сиот арсенал за деградирање на противникот им кажува на масите како треба да мислат. И така, повторно, во тој мрачен „ѓаволски круг“.
Фактор: Станавме политички поларизирано општество, запоставувајќи ја политичката култура. Анимозитетот меѓу клучните чинители во државата тешко се премостува. Оној кој мисли различно од другите е мета на омаловажување, деградирање, дискредитирање. Како при една ваква состојба можеме да говориме и да повикуваме на национално обединување? Кому му одговара да бидеме разединети, неединствени, да живеееме од денес за утре?
Академик Ќулавкова: Станува сè поочигледно дека разединувањето на македонското општество не е стихијно и случајно, туку е отслик на една систематичност, на една последователност, небаре се работи за намерно разединување и поларизација по сите основи: политичка, културна, јазична, економска и др. Наместо синергија меѓу власта и опозицијата во прилог на напредок на државата, за општа благосостојба и развој, во политичкиот живот преовладуваат страсти од најнизок вид, екстремни анимозитети, невиден говор на омраза, клевета, спинувани информации, партиски перални, трикстар и митомански медиуми, сè со цел да се глорифицира и да се мистифицира владејачката партија, а да се дискредитира опозицијата, особено традиционално највлијателниот СДСМ. Македонците ни несреќата не ги обединува, за жал! До тој степен е стигната разединетоста и пизмата на дпмнеовците против сите оние кои не се идентификуваат со ’мејн стрим’ партиската матрица. Гледаме како божемната национална партија на Македонците ги изневерува токму нивните национални интереси, ама имаат медиуми кои ги покриваат тие политички изневери.
По една деценија владеење, објективната стварност во Македонија е таква што наскоро, претпоставувам, ќе се одрази и на надворешен план, односно во политиките на меѓународните институции спрема македонското прашање и статусот на Македонија. Државата законски, со тапија, ја отуѓи територијата на Македонија, ја задолжи нацијата толку многу што веројатно тоа ќе се надоместува со многу валкани зделки (распродажба на националните природни и културни богатства), миграцијата стана незапирлив процес, тонеме во примитивизам, разнебитени сме од внатре, така што логично е да очекуваме ревизија на нашиот имиџ, редефинирање на политиките спрема Македонија, како на регионален, така и на поширок меѓународен план.
’ДА ВИДИШ - ДА НЕ ВЕРУВАШ’ Е МАКЕДОНСКАВА РАБОТА ДЕНЕС
Фактор: Дали Договорот од Пржино може да биде појас за спасување на Македонија или е само привремено решение за спласнување на тензиите. Претседателот на МАНУ неодамна порача дека е потребно што поскоро Македонија да добие стабилна, а не хибридна Влада?
Академик Ќулавкова: Договорот од Пржино е компромисен, како што може да се очекува од еден договор меѓу закрвени страни, во услови на пред конфликтна состојба, да не речам - на граѓански судар, на апсурдна политичка ситуација, и тоа најмногу поради недостаток на политички морал и одговорност на владејачките структури (фатени на дело во недело, а пак тврдат дека се невини, и повеќе од тоа, дека се спасители и промотори на македонскиот прогрес!). ’Да видиш - да не веруваш’ е македонскава работа денес. Изместена, искривена, разобличена, патолошка состојба на умот! Ниту еден чинител не е моќен нешто да измени, нема коректив ни куратив за ’забеганоста’ на власта, да се послужам со нивен термин.
[caption id="attachment_232335" align="aligncenter" width="670"]
по однос на екстремното нарушување на културниот и Еколошкиот урбан пејзаж на Скопје, МАНУ треба да го соопшти својот став и пред јавноста и пред надлежните државни институции со цел да ги осуети непроценливите штети[/caption]
На тој, план Пржино отвори перспектива со Специјалното јавно обвинителство, но овој проект – за да биде финализиран успешно – неопходно е да се комплетира со соодветните судски и др. инстанци. Дефинитивно треба да се случи морална катарза во Македонија, одговорните и нечесните функционери да одговараат пред законот и конечно да се промовира начелото на морална, политичка и кривична одговорност.
Фактор: Можна ли е политичка без правна разврска. Во јавноста има негодувања поради равенството кое се прави меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев. Има ли Македонија капацитет и лидерство подготвено за крупни одлуки или се се сведува на борба за власт без концепт за иднината на земјата и нејзините граѓани ?
Академик Ќулавкова: Мислам дека обидите за дискредитација на Зоран Заев, а преку него и на опозицискиот фактор, се само сегмент на стратегијата на демонизирање на опозицијата и боготворење на ДПМНЕ. Не може да се релативизираат до тој степен нештата за да се стигне до ситуација кога ќе се изедначи злосторникот со свидетелот и обвинителот, со оној кој го разоткрива злосторството и се обидува да го осуети неговото натамошно функционирање. Македонските граѓани, а не само македонската опозиција, се жртви на систематско нарушување на човековите права и слободата на изразот (прислушкување), во Македонија фатил длабоки корени т.н. ’државен терор’ (познат во теоријата), така што крајно време е да се деконструира таквиот недемократски систем и да се детронизира, да отиде таму каде што му е местото, надвор од стварноста. Да се прочистиме од вишокот на надзор и казна, на измами и на глоби... Имало злочин, треба да има и казна, така вели народната мудрост, така има кажано Достоевски...
Фактор: Претседателот на МАНУ Таки Фити, во едно интервју, најави дека оваа институција нема да молчи, неговиот претходник академик Владо Камбовски порача дека Академијата не е дневно-политички интерпретатор. Дали сметате дека МАНУ треба побрзо да реагира за значајни општествено-политички и културни настани што ја засегаат државата ?
Академик Ќулавкова:Нема дилема дека МАНУ, како и било која друга национална академија на науките и уметностите не е дневно-политички коментатор. Од друга страна, врвниот научен и академски ум би требало да ги толкува низ научна аргументација и со научна методологија клучните развојни процеси во општеството, во културата и во уметноста, како и собитијата од стратешки интерес за државата и за човештвото. Светот денес е соочен со ревизија со наследените културни и цивилизациски вредности и категории (традиција, нација, секуларизам, културна меморија, идентитет, цивилно општество) и науката треба да ги толкува и теориски и прагматично последиците од таквата ревизија, на локален и на поширок план. Науката е повикана, морално, стручно, споредбено и научно, да ги толкува ваквите коренити промени, да понуди теориски алатки за осуетување на катастрофалните последици, да превенира, да биде важен субјект во развојниот дијалог, некогаш да ги опоменува политичките субјекти, да практикува една суптилна и софистицирана социо-културна интерпретација или херменевтика.
Значи, луксуз е ако науката се определи за рамнодушно посматрање на реалноста. Водечкиот научен ум по правило е иконокластичен, ги демистифицира заблудите и конзервативните сфаќања, го поттикнува цивилизацискиот напредок, значи во никој случај не е индиферентен и анемичен. Но секоја реакција претпоставува и соодветна стручност, што ќе рече не мора секогаш МАНУ како целина да настапува, може тоа да го прават и одделните истражувачки центри, или академиците како индивидуи со углед, знаење и интегритет.
На пример, по однос на екстремното нарушување на културниот и еколошкиот урбан пејзаж на Скопје, МАНУ треба да го соопшти својот став и пред јавноста и пред надлежните државни институции со цел да ги осуети непроценливите штети (мислам на проектот Скопје 2014, на кич споменикот на Мајка Тереза, на нарушувањето на природниот и урбан баланс на реката Вардар и на централното и епицентрално подрачје на Скопје, Водно, Скопска Црна Гора, Охрид, Шара, и др.). МАНУ нека се служи со својот научен дискурс, ама нека ги изложи благовремено и ефикасно своите аргументи и препораки.
Значи, ако се направи јасна дистинкција меѓу дневно-политички говор и научен говор, нема да има сомнение дека МАНУ треба да биде важен субјект во дефинирањето на стратешките развојни политики на Р. Македонија. Не е добро да се маргинализира науката, ни од страна на државата, ни од страна на самата академска заедница. Инаку, општо земено, научните дејности во РМ се до таа мера потценети и финансиски деградирани, што навистина е неопходен радикално поинаков пристап во третманот на науката и научните институции. Сите високо развиени и прогресивни држави вложуваат во науката. Македонската држава е тука на дното, каков што е впрочем и нејзиниот развој и прогрес.
Фактор: Се има впечаток дека Академијата постојано „крои“ некакви научни стратегии, но без некаков ефект. Нели сметате дека ни недостига научно аргументирана дебата не само за Ванчо Михајлков, Тодор Александров, туку и за поновата македонска историја за политичките „јунаци“ од 90 тите години па сè до денес?
Академик Ќулавкова: За историските прашања, како и за културните, еколошките, медицинските, информатичките и сл., треба да дадат одговор соодветните одделенија и академици. Навистина треба да бидеме поефикасни, но исто така и медиумите треба да бидат посензибилини на научниот дискурс, да ги следат нашите научни истражувања, конференции, резултати од работата и да ја известуваат јавноста. МАНУ има многу поголем прилог во науката и уметноста одошто е тоа познато на медиумите и на јавноста.
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ СООЧУВА СО НЕКОЛКУ КЛУЧНИ ИСКУШЕНИЈА
Фактор: Во услови на постојано негирање на македонскиот јазик дали постои стратегија како да го сочуваме јазикот како основна клетка на македонскиот идентитет и гледате на сè почестото користење на интернационализми?
Академик Ќулавкова: Македонскиот јазик се соочува со неколку клучни искушенија. Во минатото, едно од нив беше престижот на српско/хрватскиот јазик во печатените и електронските медиуми, па имавме постојан комплекс дека говориме помалку значаен јазик. По однос на бугарскиот, пак, имаме и ние предрасуди и тие имаат за развиеноста на јазиците, а фактите говорат дека се работи за два јазика со голем знаковен и моделативен, уметнички потенцијал. Излеговме, со осамостојувањето, од заедницата на јужнословенските јазици и се најдовме втурнати во сосема поинаква јазична констелација.
Денес, пак, се поставува прашањето кој (ќе) го учи македонскиот јазик, дали го говорат сите македонски граѓани, дали е тоа јазик на територијата на целата држава РМ, зошто се наметнува, крајно несензибилно и симптоматично, опцијата сите Македонци да го учат албанскиот јазик, зошто се враќа современиот литературен македонски јазик на позициите на одделните дијалекти, фрагментиран и нерафиниран во електронската комуникација, на порталите и на социјалните мрежи, има ли РМ финансиски капацитет да го издржи мултијазичниот притисок во администрацијата и во институциите, и сл.
Државата го сведе финансирањето на проектите од областа на проучувањето на македонскиот јазик на минимум, со закана дека ќе се влошува ситуацијата на тој план. Само ентузијазмот на некои наши колеги го одржува постоењето на некои проекти и нашето присуство на меѓународен план (лингвистичките атласи на пример, европскиот и општословенскиот, славистичките конгреси, македонистиката на светските универзитети). Парадоксално, ама т.н. патриотска партија изгради најрестриктивен однос спрема македонистиката и македонскиот јазик, како и спрема научните установи од посебен национален интерес, денес во голема мера деградирани (во финансиска и во кадровска смисла).
Ние не можеме да избегнеме од фактот дека македонскиот јазик спаѓа во групата словенски јазици. Би било логично, во образовниот систем, да се стимулира учењето, по избор, на еден до два словенски јазици, од соседството и пошироко. Премногу застранивме со потценувањето на јазичниот идентитет, а со тоа и на културниот идентитет на Македонците.

Слично